TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грција да ги почитува правата на новинарите

Дневник - 18.10.2008

Грција да ги почитува правата на новинарите Меѓународната федерација на новинарите ја повика грчката влада да обезбеди почитување на правата на новинарите од локалните авторитети близу границата со Македонија.Заменик-генералниот секретар на федерацијата, Пако Оди, изјави дека грчката влада треба да даде објаснување за околностите под кои неодамна беа приведени македонски новинари.

Грчката левица бара војската да си оди од Забрдени

Утрински - 17.10.2008

Грчката левица бара војската да си оди од Забрдени Двајца приврзаници на левичарската партија Синаспизмос вчера побараа од министерот за одбрана на Грција војската веднаш да биде дислоцирана од селото Забрдени, Леринско. Пратениците во форма на пратеничко прашање побараа од Евангелос Неимаракис да биде дислоциран воениот камп во Забрдени и да престанат воените вежби, со оглед на тоа што тие вежби ...

Ситуацијата во Леринско се смирува

Н.Македонија - 17.10.2008

Членовите на Виножито вчера го отвориле прашањето за ситуацијата во Леринско во рамките на пленарното собрание на Европскиот парламент. Во последниве два дена во Брисел престојуваат членот на Виножито Атанас Парисис и претседателот на партијата Павле Воскопулос. Тие одбија да соопштат детали од посетата во Брисел, но велат дека прашањето е отворено, а работите добиваат позитивен развој.

Студен туш од Брисел

Н.Македонија - 17.10.2008

Македонија завчера доживеа студен туш од Брисел во обидот на официјалните претставници на ЕУ и на НАТО да им ја пренесе сликата што веќе подолго време се случува во селата во северна Грција населени со Македонци. Шефер и Солана не ја сфатија, односно не сакаа сериозно да ја сфатат тежината на инцидентите во Леринско, иако, како што можевме да разбереме, внимателно го ислушале секој збор што им го ...

Грчката влада да ги преиспита апсењата на македонски новинари

Канал5 - 17.10.2008

Меѓународната федерација на новинарите со седиште во Брисел, денеска ја повика грчката влада да ги преиспита апсења на македонски новинари во близина на Леринско. Во нивната реакција се вели дека грчките власти треба да ги проверат информациите зошто властите не ги почитувале правата на новинарите.

Македонците од Леринско ќе бараат прекин на вежбите на грчката војска во близина на селата

Канал5 - 17.10.2008

Македонците од Леринско вечерва ќе се сретнат со претставници на локалната власт на која ќе побараат да прекинат вежбите на грчката војска во близина на селата. Средбата следува пет дена по нередите во Леринско кога четворица Македонци од Забрдени беа приведени во полиција. Обвинителството против нив поведе постапка за пружање отпор на властите, непослушност и попречување на сообраќајот.

Грција да го истражи апсењето на македонските новинари

Вечер Прес - 17.10.2008

Меѓународната федерација на новинарите ја повика грчката влада да ги истражи извештаите дека локалните власти во близина на границата со Македонија, не ги почитувале правата на македонските новинари. "Ја разбираме загриженоста поради снимање во близина на безбедносни и воени институции, но веруваме дека грчката влада мора да даде целосно објаснување за околностите под кои се уапсени овие ...

Да престане грчката тортура врз Македонците

Време - 16.10.2008

Здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија вчера испратија протестни писма до Обединетите нации и до Европската унија, во кои бараат да интервенираат кај грчките власти за тие да престанат со агресивното однесување, малтретирање и прогонување на Македонците од северниот дел на Грција, каков што беше случајот со приведувањето на Македонците во Леринско.

Панцир за танго

Утрински - 16.10.2008

„За танго се потребни двајца“, рече Дора Бакојани деновиве и тоа е така се' до моментот кога партнерот пред аргентинскиот танц не се облече во панцирен елек. Вметнувањето „тенковска“ дипломатија во најделикатната фаза на грчко-македонскиот спор околу името, реално гледано и не беше некој мудар потег на официјална Атина.

Рикер без коментар за Леринско

Утрински - 16.10.2008

Американскиот амбасадор изјави дека не е запознат со сите факти за да ја разбере ситуацијата По настаните во околината на Лерин, соседна Грција, каде што во селото Забрдени дојде до инцидент меѓу локалното македонско население и полицијата, и протерувањето новинари од Република Македонија, не стивнуваат реакциите.

Мирно во Забрдени, напнато во соопштенијата

Дневник - 16.10.2008

Мирно во Забрдени, напнато во соопштенијата Состојбата во село Забрдени, Грција, вчера беше мирна по неодамнешната полициска интервенција против локалното население, кое протестираше против воените вежби и приведувањето новинарски екипи од Македонија.

Протестно писмо до Грција

А1 - 15.10.2008

„Со право реагираат Македонците од северна Грција за воените вежби на грчката армија во близина на селото Забрдени“, изјави Никола Костурски, претседател на Заедницата на протерани етнички Македонци од Грција. „Пред неколку години беа фрлени експлозивни средства со радиоактивно зрачење на нивните ниви и потоа беше мерено нивото на радиоактивност“, објаснува Костурски.

Дипломатите без коментар за настаните во Леринско

А1 - 15.10.2008

Странските дипломати, претставниците на ОБСЕ и ЕУ во Македонија избегнуваат да коментираат за интервенцијата и приведувањето на четворица Македонци од леринско и испитувањето во полициска станица на македонските новинари од А1, А2 и Нова Македонија.

Обвинителството во Лерин сеуште без одлука

А1 - 15.10.2008

Леринскиот јавен обвинител се уште не донесол одлука дали и за кое дело ќе покрене обвинение против Македонците кои учествуваа во инцидентот во Забрдени во понеделникот. Се разгледува можноста блокадата на локалните жители на локалните воените возила да се третира како акт насочен против грчката државата, но засега според информации од учесниците во инцидентот, обвинителот во Лерин имал материјал ...

Македонците ги запреа грчките тенкови

Време - 15.10.2008

Под притисок на локалното население, кое два дена протестира пред воениот камп во селото Забрдени, грчката армија вчера ги прекина воените вежби кои се одржуваа во неколку лерински села. Македонските власти остро реагираа на настаните, а грчката полиција вчера приведе група македонски новинари кои известуваа за настанот.

Инцидентот во Лерин ги вжешти односите меѓу Атина и Скопје

Утрински - 15.10.2008

Македононското МНР остро протестираше за приведувањето на четворица новинари кај Лерин Димитар Чулев Остро реагираше Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера по информацијата дека грчките власти најпрво приведоа и по еденчасовниот апс протераа четворица македонски новинари кои во Грција се упатија да известуваат за најновите настани во околината на селото Забрдени каде ...

Грција нe пречека со рација

Дневник - 15.10.2008

Репортерските екипи на „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на телевизиите „А1“ и „А2“ беа принудени со полициска придружба да го напуштат Забрдени со образложение дека тоа го барале жителите на селото и оти сме го нарушувале мирот Македонските репортери во Грција работеа под надзор на полицијата Грчката полиција вчера ги спречи новинарите од повеќе медиуми од Македонија да ја дознаат вистината за ...

„Виножито“: Ни се враќа хунтата

Дневник - 15.10.2008

Наместо трактори и комбајни, воени возила во Забрдени Употребувајќи методи од времето на воената диктатура од периодот 1967-1974 година, полицијата кршеше раце и нозе и влечеше жени и деца. На четири лица им стави лисици, вклучувајќи го и претседателот на Општинскиот совет на Лофи/Забрдени, се вели во соопштението од ЕФА „Виножито“ за последниот инцидент во Забрдени.

МНР и' упати демарш на грчката амбасадорка

Дневник - 15.10.2008

Македонското МНР вчера реагира на приведувањето на македонските новинари од страна на грчката полиција во село Забрдени , Леринско, и за инцидентот побара објаснување од грчката амбасадорка во земјава, Александра Пападопулу. Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, на грчката амбасадорка и' упатил усмен демарш.

Со тенкови не се ораат ниви

Дневник - 15.10.2008

„Воопшто не ми е гајле што правите... Не ми е гајле дали ќе умрете од рак. Бидејќи живеете на границата, вие мора да ги толерирате и армијата и пукањата додека траат вежбите. Ако не ви се допаѓа, можете да се преселите преку границата!“. Вака грчки полициски офицер „ги смирувал“ протестите во селото Забрдени, Леринско, населено со Македонци.

Македонците од Егејскиот дел на Македонија протестираат поради грчките воени притисоци

Кирилица - 15.10.2008

- По 60 години од граѓанската војна повторно се јавуваат агресивни и негаторски односи во активностите на грчката држава спрема Македонците во Егејскиот дел на Македонија, но и во Република Македонија. Ненајавеното и насилно изведување на завчерашната воена вежба во близина на Забрдени има за цел да го негира потеклото на граѓаните од тој дел на Грција, но и се што е од македонско потекло, рече ...

ПРОТЕСТНО ПИСМО ДО ГРЧКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА

Сител - 15.10.2008

ЗАЕДНИЦАТА НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ НА ПРОТЕРАНИТЕ ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЦИ ОД ГРЦИЈА ПРОТЕСТНО ПИСМО ДО ГРЧКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА Заедницата на организациите на протераните етнички Македонци од Република Грција со седиште во Битола, денеска во Грчкиот конзулат во градот врачи протестно писмо поради немилите настани што викендов се случуваа во леринските села на северна Грција.

Грчкото обвинителство ќе им суди на приведените Македонци од Леринско за отпор и непослушност

Канал5 - 15.10.2008

Полициското апсење на четворицата Македонци од Леринско кои протестираа против воените вежби на грчката армија во северниот дел од Грција заврши со обвинение против нив. Пред грчкиот суд ќе одговараат за отпор кон властите и блокирање на сообраќајот. Вака ги товари грчкото обвинителство.

Известени сите меѓународни организации

Вечер Прес - 15.10.2008

Известени сите меѓународни организации Релевантните меѓународни фактори, Европската унија и НАТО за последните случувања во Грција поврзани со македонското малцинство, се запознаени преку протестната нота, што беше испратена прво до официјална Атина, рече вчера министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Инцидентот во Лерин ги вжешти односите меѓу Атина и Скопје

Нетпрес - 15.10.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Инцидентот во Лерин ги вжешти односите меѓу Атина и Скопје Остро реагираше Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера по информацијата дека грчките власти најпрво приведоа и по еденчасовниот апс протераа четворица македонски новинари кои во Грција се упатија да известуваат за најновите настани во околината на селото Забрдени каде што грчката армија изведува ...

ВЕЧЕР: И Македонци и Егејци приведени во Северна Грција

Нетпрес - 15.10.2008

ВЕЧЕР: И Македонци и Егејци приведени во Северна Грција Три македонски новинарски екипи на А1, А2 и Нова Македонија вчера беа приведени од страна на грчката полиција во селото Забрдени, Леринско. Новинарите Горан Момировски, Горазд Чомовски и Мери Јордановска и снимателот Роберт Јанковски биле приведени за време на извршувањето на нивните професионални обврски.

Владата загрижена за случувањата во леринско

А1 - 14.10.2008

Од МВР вечерва информираа дека го засилиле полициското обезбедување пред грчкиот конзулат во Скопје за да не дојде до евентуално нарушување на јавниот ред и мир. Владата на Република Македонија соопшти дека изразува сериозна загриженост за денешните случувања во леринско. Премиерот Груевски утре ќе го информира Брисел за случувањата во северна Грција.

Македонија со протестна нота до Грција

А1 - 14.10.2008

Македонија и врачи протестна нота на Грчката амбасадорка поради приведувањето на македонските новинарски екипи претпладнево во Грција. Попладнево Александра Пападопулу била повикана во министерството за надворешни работи да објасни зошто грчката полиција од селото Забрдени, леринско ги привела новинарот Горан Момироски и снимателот Игор Јанковски од А1, новинарот Горазд Чомовски од А2 Телевизија ...

Новинарите во станица, демонстрантите на суд

А1 - 14.10.2008

Откако вчера Македонците од Забрдени и уште неколку други села во општината Овчарани се судрија со грчката полиција, денеска во Забрдени е релативно мирно. Четворицата приведени изутрината беа пуштени од затворот во Лерин. Според локалните лидери во Забрдени, обласниот обвинител во Лерин се откажал од кривично гонење, но во изјава за Би-Би-Си тој сепак изјавил дека тие ќе бидат судени.

Ослободени притворените во Лерин

BBC - 14.10.2008

Ослободени се четворицата жители на село Лофи или Забрдени, приведени по синоќешните кошкања меѓу селани кои протестираа против одржувањето воени маневри на грчката армија на северот од земјата, Но шефот на полицијата во Флорина (Лерин), за БиБиСи на македонски рече дека нив ги очекува судење.

„Демонстрација на сила“

BBC - 14.10.2008

Вчера во северниот дел на Грција, во близина на македонско- грчката граница, кај селото Лофи, познато и како Забрдени, дошло до напнатост меѓу локалното население и грчките воено- полициски сили. Жителите од селата кај Лерин, претежно етнички Македонци, се обиделе да ја спречат воената вежба кај времениот камп, затворен пред десетина дена по нивно барање заради здравствени и безбедносни причини.

Скопје: Владата загрижена поради инцидентот меѓу грчката армија и населението во Леринско

Р.С.Европа - 14.10.2008

Владата на Република Македонија соопшти дека изразува сериозна загриженост за  случувањата во Леринско, откако А1 телвизија објави дека едно лице е полесно повредено, а четворица се притворени во инцидентите, кога локалното население се обидело да спречи вежба на грчката армија.

Инциденти во леринско – приведени Македонци

Алсат-М - 14.10.2008

Најмалку еден Македонец е повреден, а четворица се приведени, во инцидент што се случи во леринско, откако локалното население се обиде да спречи вежба на грчката армија. Според информациите објавени на интернет страницата на партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“ повикувајќи се на изјави на локалното население од селата во околината на Лерин инцидентите се случиле ...

Груевски ќе го извести Брисел за инцидентите во Лерин

Форум - 14.10.2008

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги информира властите во Брисел за вчерашниот инцидент во леринско, Егејска Македонија кога грчката полиција во судир со локалното население во село Забрдени повреди едно лице, а четворица приведе. Владата доцна синоќа соопшти дека изразува сериозна загриженост за случувањата во леринско.

Ослободени четворицата приведени во Лерин

Форум - 14.10.2008

Четворицата уапсени во вчерашните инциденти во Забрдени леринско утрово биле ослободени од истражниот судија кој го водел случајот, дознаваме од жители на селото. Грчката полиција се исплашила дека инциденти може да добие поголеми размери, а селаните од сите околни села во леринско се заканиле дека ќе се појават пред судницата и ќе протестираат, коментираат жители од Забрдени.

Грчката полиција апси Македонци од Леринско

Н.Македонија - 14.10.2008

Инциденти, апсења и тепачки се случуваа вчера меѓу Македонците од северна Грција и грчката армија, откако армијата ги обнови воените вежби во близина на леринското село Забрдени. Четворица жители од Забрдени се уапсени, еден е полесно повреден, а учесниците во протестите сведочат дека грчката армија тепала жени, деца и старци.

Макеоднија ќе бара ОБСЕ да прави извештај за Леринско

Форум - 14.10.2008

Високиот комесар за човекови права во ОБСЕ веднаш да ја посети Грција и да изготви извештај за состојбите со човекови права особено по вчерашните случувања во селата Забрдени, Овчарани и Горничево - леринско во кои грчката полиција повреди едно лице, а четворица приведе откако локално население се противеше на тоа грчката војска да се стационира во околината.

Протестна нота за Грција

Форум - 14.10.2008

Македонското министерство за надворешни работи денеска ќе врачи протесна нота до грчката дипломатија за тоа што тројца македонски новинари пладнево беа уапсени во Лерин додека известуваа за настаните во Збрдени, леринско. Нотата ќе биде предадена во 15.30 на грчката амбасадорка Александра Пападопулу која е повикана во македонското МНР.

Виножито: Грција со методи од времето на диктатурта

Форум - 14.10.2008

Доколку не се прекине со воената вежба во Леринско одговорноста за евентуални нови инциденти и жртви ќе биде само на грчките власти, порачуваат денеска од партијата на Македонците во Грција, Виножито. „На кој друг дел од грчката територија се применува насилство за да се спречат мирни демонстрации од локалното население кое бара да не му се спроведуваат воени вежби во неговата близина? Како ...

Македонија со протесна нота поради приведувањето на новинарите

Алсат-М - 14.10.2008

Македонското Министерство за надворешни работи и врачи протестна нота на грчката амбасадорка во Скопје Александра Пападопулу До ова доаѓа по денешните настани кога грчката полиција приведе и на неколку часа ги задржа на информативен разговор македонските новинари во Грција кои беа на извршување на нивната професионална задача.

Еден полесно повреден и четворица притворени Македонци во инцидентот што вчера се случи во леринско

Кирилица - 14.10.2008

Еден Македонец е полесно повреден, а четворица се притворени во инцидентите што се случија вчера попладне во леринско, откако локалното население се обидело да спречи вежба на грчката армија, објави телевизијата А1. Откако пред десетина дена грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, грчки воени сили вчера повторно пристигнаа во ...

Македонската Влада сериозно загрижена заради случувањата во леринско

Кирилица - 14.10.2008

попладне објави дека едно лице е полесно повредено, а четворица се притворени во инцидентите што се случија во леринско, откако локалното население се обидело да спречи вежба на грчката армија. Пред десетина дена грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, но грчки воени сили денеска повторно пристигнаа во регионот, придружувани со ...

Протестот на етничките Македонци во Забрдени, Леринско нема политички мотиви

Канал5 - 14.10.2008

Ситуацијата во Леринско се смирува. Четворицата приведени жители од селото Забрдени рано изутрината околу два часот и 30 минути се пуштени на слобода откако вчера грчката полиција ги приведе поради протестите на населението против воени вежби на грчката армија.

Грчката полиција не им дозволи на македонските новинари да снимаат во Забрдени

Канал5 - 14.10.2008

Новинарските екипи кои утрово се обидоа да снимаат во Забрдени беа спречени од полицијата, испрашувани во станица и со придружба вратени до границата. Снимањето не е овозможено од полицијата за да не се вознемирувале селаните. - Не пресретна полиција под сомневање дека сме сликале или можеби ќе сликаме воени објекти и воени возила. Бевме приведени во полициска станица. Таму седевме час и половина.

Протестна нота на МНР до Канцеларијата за врски на Грција

Канал5 - 14.10.2008

Скопје, 14 октомври (МИА) - Министерството за надворешни работи попладнево и врачи протестна нота на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје Александра Пападопулу поради  приведувањето на четворицата македонски новинари во близина на селото Забрдени, Република Грција.

Протестна нота до Канцеларијата за врски на Грција

Кирилица - 14.10.2008

Министерството за надворешни работи попладнево и врачи протестна нота на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје Александра Пападопулу поради приведувањето на четворицата македонски новинари во близина на селото Забрдени, Република Грција.

И Македонци и Егејци приведени во Северна Грција

Вечер Прес - 14.10.2008

Ваквиот однос на Грција е преседан. За приведувањето на новинарите дознав во Шевенинген. Реагиравме и претходно за приведувањето на македонското население, но ова ги надмина сите очекувања, изјави Премиерот Никола Груевски Три македонски новинарски екипи на А1, А2 и Нова Македонија вчера беа приведени од страна на грчката полиција во селото Забрдени, Леринско.

Владата изразува загриженост за инцидентите во леринско

Нетпрес - 14.10.2008

Македонската влада изразува сериозна загриженост, поради судирот на грчката армија со локалното население во леринско. По инцидентите што се случиле вчера во леринско, кога едно лице е полесно повредено, и четворица Македонци се притворени, од страна на грчката армија.

“Виножито“: Воени сцени во Забрдени

Нетпрес - 14.10.2008

Здружението “Виножито“ реагира дека во полињата во близина на селата населени со Македонци во северна Грција, некој сака да “го имплементира законот на посилниот со методи од дивиот запад“. “За жал некои луѓе никогаш нема да се опаметат“, велат од “Виножито“, алудирајќи на воените вежби придружени со тенкови во селата како Забрдени.

МНР: Апсењето на новинарите е непочитување на слободата на движење и изразување

Нетпрес - 14.10.2008

Министерството за надворешни работи по повод денешното приведување на четворица македонски новинари во близина на селото Забрдени, Грција, попладнево на шефот на грчката Канцеларија за врски во Скопје, Александра Пападопулу и врачи протестна нота, информираат од МНР.

Навтемборики: Атина ја отфрли протесната нота на Скопје

Нетпрес - 14.10.2008

Министерството за надворешни работи на ПЈРМ и врачи вербална протесна нота на раководителката на бирото за врски на Грција во Скопје, Александра Пападопулу, објави електронското издание на грчкиот весник “Навтемборики“. Причината, како што наведува весникот, е задржувањето на четири македонски новинари во Грција, близу селото Лофи.

Инциденти во леринско – приведени Македонци

Макфакс - 14.10.2008

Еден Македонец е повреден, а четворица се приведени, во инцидент што денеска се случи во леринско, откако локалното население се обидело да спречи вежба на грчката армија. Веста вечерва ја јави скопската телевизија А1, повикувајќи се на изјави на локалното население од селата во околината на Лерин, во егејскиот дел на Македонија.

Македонската влада изрази загриженост за случувањата во северна Грција

Макфакс - 14.10.2008

Македонската влада доцна синоќа изрази сериозна загриженост за случувањата во околината на Лерин, северна Грција. Ова е првична реакција на македонската влада, по информациите објавени во неколку медиуми дека во околината на Лерин дошло до судир помеѓу припадници на македонското население и специјалните сили на грчката полиција.

Демонстрантите од леринско на суд

Макфакс - 14.10.2008

Четворицата приведени Македонци, кои вчера протестираа против воените маневри на грчката армија во леринско, денеска се ослободени, но ќе одат на суд. Шефот на полицијата во Лерин, за БиБиСи на македонски рече дека нив ги очекува судење. Повеќе жители од селото Забрдени се повредени во протестот, а на едно лице му била скршена раката.

„Виножито“: Грција одговорна за последиците

Макфакс - 14.10.2008

Грчките власти ја сносат целосната одговорност за што ќе случи во иднина, доколку армијата веднаш и засекогаш не ги прекине вежбите, во околината на селото Забрдени (северна Грција), порача денеска партијата на Македонците „Виножито“. Партијата информираше дека жителите на четири села: Забрдени, Баница, Горничево и Овчарани вчера им застанале на патот на грчките воени и полициски сили, со цел да ...

Протестна нота до Грција

Макфакс - 14.10.2008

Македонија денеска и врачи протестна нота на Грција поради приведување на четворица македонски новинари во близина на селото Забрдени, леринско. „Апсењето на новинарите е грубо кршење на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права и непочитување на документите на ОБСЕ кои се однесуваат на слободата на движење и изразување“, се укажува во протестната нота, што попладнево на грчката ...

Судар на грчката армија со локалното население во леринско

А1 - 13.10.2008

Еден полесно повреден, и четворица притворени македонци, по инцидентите што се случија попладнево во леринско. Откако пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, денеска грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот. Овој пат придружувани со силни полициски сили и механизирани возила на армијата.

Утре протести во Северна Грција

А1 - 13.10.2008

Не е лесно во земја каде има недостаток на демократија да се остваруваат малцински права. По денешните инциденти, утре ќе има протести, но не очекувам тие да бидат масовни“, ова за Студио 2 го изјави Павле Васкополус, претседател на „Виножито“ Како се случи инцидентиот? -Имаше втор обид на грчката армија да го користат уште еднаш теренот, да направат воени вежби на тој терен, и да ги притиснат ...

Судир на грчка полиција со Македонци во леринско

Форум - 13.10.2008

Еден полесно повреден и четворица притворени Македонци е билансот од инцидентите што попладнево се случија во леринско откако локалното население не ја пуштило грчката армија да се стационира во околината. Пред десетина дена грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп што пред извесно време го постави во близна на селото Забрдени.

ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ ПРИТВОРЕНИ ВО ЛЕРИНСКО

Сител - 13.10.2008

Еден полесно повреден, и четворица притворени македонци, по инцидентите кои се случиле попладнево во леринско, Откако пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, денеска грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот. Овој пат придружувани со силни полициски сили и механизирани возила на армијата.

Судар на грчката армија со локалното население во леринско

Нетпрес - 13.10.2008

Еден полесно повреден, и четворица притворени Македонци, по инцидентите што се случија попладнево во леринско, објави А1 ТВ. Откако пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, денеска грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот. Овој пат придружувани со силни полициски сили и механизирани возила на армијата.

Утре протести во Северна Грција

Нетпрес - 13.10.2008

Не е лесно во земја каде има недостаток на демократија да се остваруваат малцински права. По денешните инциденти, утре ќе има протести, но не очекувам тие да бидат масовни“, ова за Студио 2 го изјави Павле Васкополус, претседател на „Виножито“.