TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прчевски и Зиков ќе разговараат за Красниќи

А1 - 28.08.2005

Обвинителите се враќаат од одмор. Утре, понеделнички, ќе се сретнат државниот обвинител Александар Прчевски и скопскиот Стерјо Зиков. Според Зиков, ќе го разгледаат случајот Красниќи, судското повлекување на потерниците против него, како и улогата на обвинителството на досегашната постапка.

Црвенковски и Бучковски конечно се сретнаа

А1 - 27.08.2005

По неколкуте преписки, Претседателот и Премиерот конечно се сретнаа. Разговараа за Красниќи. Доцна синоќа во вилата Билјана во Охрид, на средбата Премиерот дошол во друштво на министерката за надворешни, Илинка Митрева. Тој нејзиното присуство го претстави како дел од разговорите за надворешната ...

МЕРИ 4 ПИШТОЉА

Вест - 27.08.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска МИНИСТЕРКАТА ЗА ПРАВДА ЗНАЕ САМО ЗА ЕДЕН ЗАКОН. ЗАКОН КОЛТА Имавме голема срека што сам се предаде Агим Красничи. Само така можеше да дознаеме дека 18 август станал Ден на независното судство во Македонија.

Случајот „Красниќи“ мора да се расчисти

Време - 27.08.2005

ЦРВЕНКОВСКИ ВО СТРУГА Сомнеж, револт и загриженост во јавноста предизвика постапката на обвинителството и одлуката на истражниот судија во случајот „Красниќи“, имајќи предвид за колку тешки кривични дела тој се товареше, изјави претседателот Бранко Црвенковски на својот вчерашен престој во Струга.

Агим институција

Вест - 27.08.2005

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Ако не сакаш да подмачкаш, сам ќе си се мачкаш 1 Претседателката на Основниот суд 1 Добрила Кацарска по укинувањето на потерницата за Агим Красниќи се сликаше на телевизија и гордо изјави: "Докажавме дека судот е независен.

Повлекувањето на потерницата за Красниќи е добар потег

Утрински - 27.08.2005

Според ПДП ТЕТОВО - „ПДП се согласува со начинот на кој е решен проблемот со Агим Красниќи. Тој бил пред истражен судија, дал изјава, а судијата како независен орган донел одлука дека во случајов нема кривично дело за кое треба да се одреди притвор.

Разузнавачите еден месец преговараа со Красниќи, тврди Груевски

Утрински - 27.08.2005

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните случувања во земјава Груевски ја поздрави одлуката на Владата ЕСМ да го продава во фази "Повлекувањето на потерницата за Агим Красниќи за нас не е изненадување. Како што објавивме пред еден месец, државните служби за разузнавање веќе цел месец имаа преговори со ...

Кондово е во Владата

Дневник - 27.08.2005

Павле ТраЈанов Поранешниот премиер Хари Костов со привремена улога во политиката и со дневно-употреблив статус на кобајаги-интелектуалец, се обидуваше да биде духовит и цинично објавуваше дека опозицијата не може да собере 150.

Красниќи е марионета на власта

Дневник - 27.08.2005

НИКОЛА ГРУЕВСКИ Повлекувањето на потерниците против Агим Красниќи за ВМРО-ДПМНЕ не е изненадување оти пред месец дена објавивме дека власта контактира со Красниќи и дека е прашање на време е кога ќе се склучи договор со него.

Красниќи во шема низ скопските кафулиња

Дневник - 27.08.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА СУДЕЊЕТО Агим Красниќи завчера во ноќните часови се забавуваше низ кафулињата во центарот на Скопје. Во друштво на девојка, беше гостин во елитните кафулиња, кои се во "шема". Пријателите го честат, а тој сака сето тоа да се прави подискретно, зашто да го препознаваат другите.

Се е, всушност, логично

Дневник - 27.08.2005

Милан Банов Иако, се разбира, повлекување на потерницата по Агим Красниќи предизвикува повеќе негативни расположенија, пред се, разочараност и гнев, во суштина случајот е само уште една тажна епизода од сивото македонско секојдневие, па според тоа, шокот од ваквиот исход на "случајот Кондово" е ...

Што кажал Красниќи?

Дневник - 27.08.2005

Ѓунер Исмаил Од оној момент кога јавноста дозна дека на Красниќи (Агим), меѓу другото, од страна на надлежен суд, му е изречена судска мерка со која е симнат од листата на барани лица, како во Македонија, така и во странство, во земјава стана многу интересно! Имено, дотичниот Агим (заради кој, ...

Црвенковски: Дали со Красниќи некој свесно го крши Уставот?

Дневник - 27.08.2005

шефот на дрЖавата НЕ ОТСТАПУВА Постапката на Обвинителството и на истражниот судија во случајот со Агим Красниќи оправдано предизвикаа сомнеж, револт и загриженост во јавноста, оцени вчера шефот на државата Бранко Црвенковски.

КАКО АГИМ КРАСНИЌИ ,,ДОЈДЕ САМ,, ПРЕД ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА

Канал5 - 27.08.2005

Како Агим Красниќи од Кондово се појавил пред истражниот судија во Скопска единица. Канал 5, од судски извори пренесува неколку детали, кои откриваат дека неговото појавување сепак била договорена работа. На 18 август, околу 14 часот во Основниот суд Скопје 1, било јавено дека доаѓа Агим Красниќи.

Понижување

Вечер Прес - 27.08.2005

Агим Красниќи се сонча во Струга. Алал нека му е и му посакувам многу сончеви денови. Како што дознавам, Бучко имал намера заедно со една одбрана кабинетска свита со европски манири, да ја посети оваа напатена душичка и да му однесе масло за сончање за да не изгори како гуштер на крајавгустовското ...

Црвенковски бара расчистување на случајот Красниќи

А1 - 26.08.2005

МВР ќе одговори до Владата, кога судот побарал од нив да ја повлечат потерницата против Красниќи и дека полицијата не е поврзана со појавувањето на Красниќи пред суд. И Министерството за правда ќе одговара на владиниот прашалник за Красниќи.

Ако Красниќи не бил закана, да се каже кој бил

Време - 26.08.2005

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА, ПРОФЕСОРКА ПО ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И УСТАВНО ПРАВО Диана Младеновска Како Агим Красниќи, преку ноќ, престана да биде закана за безбедноста на државата и кој треба да одговара за создавањето тензија во која јавноста подолго време се држеше, се некои од прашањата за кои разговаравме со ...

Владата бара рапорт за случајот „Красниќи“

Време - 26.08.2005

КОЈ ГЛУМИ ЛУДИЛО? Мери Јордановска МВР и Министерството за правда да кажат зошто ја повлекле потерницата против Агим Красниќи и да подготват информација за целиот случај „Кондово“, ги задолжи вчера Владата надлежните министерства.

На Агим Красниќи ќе му се суди во септември?

Утрински - 26.08.2005

Не сопираат реакциите по повлекувањето на потерницата против познатиот насилник и криминалец од Кондово Владата ги задолжила министерствата за внатрешни работи и за правда да подготват информација за „случајот Кондово“ ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ По повлекувањето на потерницата и налогот за притвор и по ...

Красниќи, доказот-единец на Кацарска

Дневник - 26.08.2005

Ненад МирЧевски Некој повеќе, некој помалку, ама сите до вчера се сомневаа во независноста на македонското судство. Од денеска впечатокот е сосема поинаков. Двајца се целосно убедени во независноста: Кацарска и Красниќи. Судијка и криминалец.

МВР и Министерството за правда ќе реферираат за Красниќи

Дневник - 26.08.2005

ПО БАРАЊЕ НА ВЛАДАТА Владата вчера ги задолжи министерствата за внатрешни работи и за правда да подготват информација зошто е повлечена потерницата против Агим Красниќи и да и ја достават на првата наредна седница."Владата ги почитува заклучоците од последната седница на Советот за безбедност и ...

Власта веќе нема легитимитет

Дневник - 26.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ пораЧува ВМРО-ДПМНЕ е крајно огорчена од потегот на структурите на власта со кој, наместо да биде испратен во затвор, озлогласениот криминалец и терорист од скопско Кондово, Агим Красниќи, е пуштен на слобода. - Со овој антиуставен и антизаконски акт, спротивен на основните начела на ...

Поттик за криминалците

Вечер Прес - 26.08.2005

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со повлекувањето на потерницата за Агим Красниќи, власта им упатила порака на сите криминални елементи дека сопствената слобода можат да ја купат со оружје, окупирање населени места, сеење страв и неизвесност меѓу населението.

Красниќи тргнат од радикалните елементи во ИВЗ?!

Вечер Прес - 26.08.2005

Владата ги задолжила министерствата за внатрешни работи и за правда да подготват информација за т.н. случај Кондово и за причините поради која е повлечена потерницата против лицето Агим Красниќи. Владата во својата работа, раководејќи се по начелото на уставност и законитост, почитувајќи ги ...

Красниќи сепак го послуша Ахмети

А1 - 25.08.2005

„Апелирам до Агим Красниќи да се појави пред судовите, затоа што за делата што ги изврши сепак треба да одговара. Јас превземам одговорност и гарантирам дека нема да му се случи ништо, меѓутоа ќе сноси одговорност како секој граѓанин во Македонија“, изјави Али Ахмети на 15-ти јули 2005.

МВР и „Правда“ задолжени да подготват информации за Кондово

А1 - 25.08.2005

МВР и Министерството за правда се задолжени да подготват информација за случајот Кондово и таа да биде разгледана на наредната владина седница. Ова е одлучено на денешната седница на кабинетот на Бучковски. Одговорите кои ги очекува Владата се: „Кои се причините за повлекување на потерницата против ...

Красниќи нов министер!?

Вест - 25.08.2005

ЗА ИНАЕТ НА БРАНКО ПОСТАПКАТА Е ВО ТЕК И Владата и МВР и судот и СДСМ негираат дека имало некаков политички договор за укинување на потерницата против Агим Красниќи, а претседателот Црвенковски им се лути на сите оти тоа било спротивно на заклучоците донесени на седницата на Советот за бе Агим ...

Правно понижени и јавно навредени

Време - 25.08.2005

АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Одисејата Кондово заврши неславно. Барем за Македонија и за нејзините институции. Главниот јунак во оваа приказна сега веројатно некаде слави и ликува што повторно успеал да ја изигра правдата. Каква иронија! Сите тие големи најави од големите фактори за апсење на Агим ...

Кондовскиот силник ќе се протне низ законите

Време - 25.08.2005

ПО СКАНДАЛОЗНОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПОТЕРНИЦИТЕ Мери Јордановска Александар Божиновски Агим Красниќи, водачот на вооружената група од Кондово, и покрај парадите со оружјето и заканите за напад на главниот град, може да се протне низ законските дупки, тврдат правници.

Црвенковски бара расчистување на случајот со Красниќи

Утрински - 25.08.2005

Претседател Скопје - Претседателот Бранко Црвенковски побара итно расчистување на случајот со водачот на вооружената група Албанци од Кондово, Агим Красниќи, со цел да се избегнат пошироки и подолгорочни последици што би можеле да настанат.

Во "случајот Красниќи" е прекршен Уставот

Утрински - 25.08.2005

По доброволното појавување на Агим Красниќи пред истражните судски органи, повлечени потерниците и укината мерката притвор Претседателот Бранко Црвенковски изрази изненаденост и крајна загриженост во врска со таканаречениот "случај Кондово", односно доброволното појавување на Агим Красниќи во ...

Се закануваше дека ќе го гранатира Скопје

Утрински - 25.08.2005

Кој е Агим Красниќи, шерифот од Кондово Соња Крамарска За Агим Красниќи дури не се знае ниту колку години има. Според едни, тој има 25 години, според други 27, а според трети се наоѓа на возраст од 30 години. Красниќи првпат се појавил во медиумите во март 2003 година, кога како претседател на ...

Црвенковски: Oдговорност!

Дневник - 25.08.2005

Претседателот на државата Бранко Црвенковски побара од Владата итно да го расчисти случајот "Кондово". Според него, ако се точни обвинувањата од опозицијата за постоење договор за ослободување на Агим Красниќи, тоа претставува целосно негирање на правниот поредок, кршење на Уставот и на законите.

Бегај Малецка!

Дневник - 25.08.2005

Катерина Блажевска Не знам во кој затвор одлежува казна новинарката од Албанија Рајмонда Малецка, која заработи ќорка затоа што полицијата кај неа откри фотографии од Кондово, но каде и да е, "чесно" е и таа да фати магла од урнисаното затворско царството на Мери Младеновска.

Кацарска: Доказ за независноста на судството

Дневник - 25.08.2005

Повлекувањето на одлуката за притвор на кондовецот Агим Красниќи и неговите другари и повлекувањето на потерниците не е политичка одлука, туку, напротив, уште еден доказ дека во државава имаме независно судство, изјави вчера Добрила Кацарска, претседателка на Основен суд 1 во Скопје.

Опозицијата бара оставки за Красниќи

Дневник - 25.08.2005

ЖЕСТОКИ РЕАКЦИИ ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ПОТЕРНИЦАТА ЗА бандата од кондово Повлекувањето на потерницата по Агим Красниќи и неговите соработници од Кондово жестоко ја вознемири не само политичката, туку целата македонска јавност. Опозицијата бара оставки, почнувајќи со премиерот, и обвинува за тајни ...

ВМРО ДПМНЕ: Со Красниќи Владата го изгуби легитимитетот

Канал5 - 25.08.2005

Со антиуставниот и антидржавен акт на спогодбата со Агим Красниќи владата го девалвираше правниот поредок на Македонија и го изгуби својот легитимитет, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Со ова таа им отвори простор на идните криминалци, посочуваат во партијата.

Красниќи се сонча во Струга

Вечер Прес - 25.08.2005

Многу контроверзи исфабрикува случајот "Красниќи". МВР се оградува од каква било одговорност за негово апсење, а во судот и немале многу што да кажат. Првите велат само дека пријавите и натаму им се во сила и ќе го гонат до крај, а вторите оти врз основа на Законот за облигациони односи ја повлекле ...

СДСМ: Нема амнестија за Красниќи

Вечер Прес - 25.08.2005

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најенергично и во целост ги отфрли и осуди сите конструкции и лажни обвинувања за наводен договор меѓу оваа партија и демократската унија за интеграција за некаква амнестија на Агим Красниќи.

Црвенковски - загрижен

Вечер Прес - 25.08.2005

Претседателот Бранко Црвенковски е изненаден и крајно загрижен во врска со информациите пласирани во текот на вчерашниот ден во медиумите, а поврзани со т.н. случај "Кондово". "Станува збор за сериозни обвинувања и ако овие информации се покажат како точни, тоа би значело целосно негирање на ...

Реакции на опозицијата за амнестијата на Красниќи

А1 - 24.08.2005

Опозицијата не отстапува од тврдењето дека зад повлекувањето на потерниците против водачот на вооружената група во Кондово Красниќи, стои политички договор меѓу владеачките СДСМ и ДУИ. За ВМРО-ДПМНЕ, во амнестирањето на Красниќи, судската власт имала само второстепена улога - опозициската партија ...

За судот, ослободувањето на Красниќи е законско

А1 - 24.08.2005

Одлуката за повлекување на потерниците и притворот за Агим Красниќи е законска и доказ за независното судство - вака ја брани својата чудната одлука претседателката на Основниот суд Скопје 1 Добрила Кацарска. На судот му било доволно што Красниќи сам дошол да си даде изјава, по што било оценето ...

Агим Красниќи сам се јавил кај судијата

Време - 24.08.2005

ПОВЛЕЧЕНА ПОТЕРНИЦА Водачот на вооружената група од Кондово Агим Красниќи со уште неколку соборци завчера сам се јавил пред истражниот судија од Основниот суд Скопје, поради што судот ја повлекол меѓународната потерница по него.

Акција за ослободување на Красниќи

Дневник - 24.08.2005

повлеЧена потерницата против бандата од КОНДОВО Министерството за внатрешни работи ги повлече потерниците против Агим Красниќи и неговите соработници, по налог на истражен судија, пред кого дале изјави. Тоа го потврди Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Красниќи го напуштил Кондово и заминал на одмор

Канал5 - 24.08.2005

Ова е пицеријата „Фа – Фа“ во Кондово, местото каде што секој ден отседнуваа Агим Красниќи и неговите другари. Красниќи денеска не беше таму. Кафе пиевме со неговиот помал брат Бесим. Тој не сакаше да го снимаме. На кафе- муабетот ни рече дека Агим е на одмор со сопругата и детето кои пред неколку ...

Реакции за укинувањето на притворот на Красниќи

Канал5 - 24.08.2005

Претседателот Бранко Црвенковски изненаден од сериозните обвинувања на медиумите до македонските институции за случајот на Агим Красниќи. Доколку овие информации се покажат како точни, тоа би значело негирање на правниот поредок и кршење на Уставот и законите на државата, велат од кабинетот на ...

МВР: Полицијата не го придружуваше Красниќи до судот

Канал5 - 24.08.2005

Министерството за внатрешни работи најенергично ги отфрла информациите пласирани во дел од средствата за јавно информирање според кои полицијата го придружувала Агим Красниќи до истражниот судија во Основниот суд Скопје 1. Министерството за внатрешни работи најенергично ги отфрла информациите ...

Агим Красниќи ослободен

Вечер Прес - 24.08.2005

- Криминалецот од Кондово, Агим Краниќи во четвртокот минатата недела со полициска придружба бил спроведен во Општинскиот суд 1 во Скопје, каде пред истражен судија дал изјава, а потоа бил пуштен. По сослушувањето на Краниќи против кого се водат повеќе постапки пред судот за сторени кривични дела, ...

Повлечени потерниците против Красниќи

А1 - 23.08.2005

Агим Красниќи е слободен човек. Желбата му ја исполнија истражните органи, судијата го сослушал човекот кој цела година ги предводеше вооружените групи во скопско Кондово и ги повлекол сите потерници против Красниќи. МВР го прифатило тоа. Каде е Агим Красниќи? Во Кондово не е.

Красниќи бил на суд

Канал5 - 23.08.2005

Контроверзната кондовска група предводена од Агим Красниќи на распит пред официјалните истражни органи. Канал 5 дознава дека спроведувањето на Красниќи и неколкумина од неговата група до истражниот судија било направено под посебни мерки и исклучителна тајност.