TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сараево: Уапсени три лица осомничени за поставување бомба во трговски центар во Витез

Р.С.Европа - 11.10.2008

Босанската полиција денеска соопшти дека уапси три лица, осомничени дека поставиле експлозивна направа во трговски центар во градот Витез, во централниот дел на Босна. Воо четвртокот при експлозија на бомба загина едно лице, а уште три беа ранети. Причината за бомбашкиот напад се уште не е позната.

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ДЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВИТЕЗ

Телма - 10.10.2008

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ДЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВИТЕЗ Едно лице загина, десет се повредени, меѓу нив и едно бебе во експлозија на бомба што се случи денеска околу 13 часот во трговски центар во градот Витез во Босна и Херцеговина.

Експлозија во супермаркет во Босна

Н.Македонија - 10.10.2008

Едно лице било убиено, а три биле повредени во експлозијата што се случила во супермаркетот на трговскиот центар „ФИС“ во босанскиот град Витез, јави Б92.

Експлозија во трговски центар во Босна

А1 - 09.10.2008

Еден маж загина, а други пет лица се повредени, меѓу кои и едно бебе, при експлозија што попладнево се случи во трговски центар во градот Витез во Босна, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, се работи за бомба која веројатно од далеку ја активирало непознато лице.

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БОСАНСКИОТ ГРАД ВИТЕЗ

Сител - 09.10.2008

- Експлозивна направа беше активирана денеска околу 12.40 часот во трговскиот центар ФИС во Витез, изјави Љубица Томашевиќ, портпарол на полицијата во Травник. Според неа, еден човек загинал и три се повредени од кои едно е во критична состојба. Томашевиќ наведе дека во тек е истрага за инцидентот.

Експлозија во трговски центар

Вечер Прес - 09.10.2008

Вчера, во експлозија во трговски центар во босанскиот град Витез загина едно лице, а три се повредени, од кои едно е во критична состојба, соопшти полицијата.

Загинати и повредени во експлозија во Витез

Нетпрес - 09.10.2008

Во трговскиот центар ФИС во Витез денеска се случила експлозија во која според првичните информации, имало загинати и повредени, рекол заменик директорот на Агенцијата за истрага и заштита на Босна и херцеговина, Драган Лукач.