TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Георгиевски со остри напади до Груевски

А1 - 26.12.2004

Само неколку дена по понудата на Георгиевски до Груевски за заедничко коалицирање на локалните избори, денеска, Љубчо Георгиевски остро го нападна. Тој го обвини Груевски дека под негово раководство, ВМРО-ДПМНЕ во изминативе две години, скршнала од патот на традиционално десничарска политичка ...

Ако му требаме, нека дојде во ВМРО-ДПМНЕ

Време - 25.12.2004

ГРУЕВСКИ ОДГОВОРИ НА ПОНУДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера го покани Љубчо Георгиевски да се врати во ВМРО-ДПМНЕ и да помогне во напорите за победа на СДСМ на претстојните локални избори, ако тоа навистина му е целта.

Груевски ја одби понудата на Георгиевски за коалиција

Утрински - 25.12.2004

Мали се шансите да дојде до предизборна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна Многу мали се шансите ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна да коалицираат на претстојните локални избори: Никола Груевски, вчера, по потпишувањето на повелбата за коалицирање со две мали партии на етничките заедници, посредно, ја ...

Владејачките партии со една, опозицијата со две предизборни коалиции?

Утрински - 25.12.2004

Последни подготовки на партиите во пресрет на локалните избори идната година Во коалицијата „За Македонија заедно" остануваат истите партии што победија на парламентарните избори во 2002 Борис Георгиевски Политичките партии на терен засилено ја подготвуваат логистиката и инфраструктурата за ...

Груевски ќе коалицира и со Шакиќ и со Милетиќ

Утрински - 25.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ го проширува коалицискиот блок Наспроти понудата за коалицирање од ВМРО-Народна, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ продолжува со зацртаната идеја за окрупнување на опозицискиот блок пред локалните избори. По завчерашното потпишување на повелбата со Либералната партија, ...

Груевски го потсети Георгиевски на партиската адреса

Дневник - 25.12.2004

ПО ПОНУДАТА ЗА КОАЛИЦИЈА Ние се уште сме на улицата Македонија, 17А, па ако намерите за коалиција му се искрени нека повели, му порача Никола на Љубчо Со партиите со кои договараме коалиција обично разговараме лично, а не преку медиумите.

Не сакам да кажам дека в година не чека војна

Дневник - 25.12.2004

интервЈу: ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, НЕФОРМАЛЕН ЛИДЕР НА ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА Македонија ќе има тешка година. Кон економските проблеми ќе се надоврзат безбедносните и ќе ескалираат и едните и другите. Не предвидувам војна, но предвидувам жаришта и кризни ситуации.

Груевски: Љубчо, јави се на "Македонија" 17

Вечер Прес - 25.12.2004

-Доколку сака да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ господинот Љубчо Георгиевски треба да се обрати на адреса "Македонија" 17 . Георгиевски дошол до сознание дека само со ВМРО-ДПМНЕ може да се победи СДСМ. Очекувам дека ќе направи одреден чекор, зашто тој, се уште е член на ВМРО-ДПМНЕ, а ние сме на истата ...

Груевски: „Нема писмена понуда за коалицирање со ВМРО-Народна“

А1 - 24.12.2004

Груевски денеска одговара - не може да зборува во името на партијата за коалиција со ВМРО Народна, затоа што од таму не добиле писмена понуда. Ако Георгиевски сфатил дека само заедно со ВМРО-ДПМНЕ може да победи на локалните избори и да ја смени власта, тогаш тој треба да го направи следниот чекор.

ВМРО-ДПМНЕ: На Данајците не се верува

Вест - 24.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ ниту ја прифаќа, ниту ја одбива понудата на Љубчо Георгиевски за коалиција, бидејќи таква понуда официјално не е пристигната кај нив. Тие констатираат дека понудата на Георгиевски е контрадикторна и со голема доза на неискреност и сомнеж.

Љубчо му нуди коалиција на Груевски

Вест - 24.12.2004

ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Можна коалиција на ВМРО- Народна со ДПА Љубчо Георгиевски, во името на ВМРО-Народна партија, вчера јавно понуди разговори за изборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, со цел ефикасно да се победи СДСМ и неговите коалициони партнери.

Во ВМРО-НП преминаа 65 отсто од членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Време - 24.12.2004

ТЕТОВО Дури 65 проценти од членството на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово пристапија во општинскиот разгранок на ВМРО-народна партија, велат од оваа партија. -Во нашиот разгранок пристапници потпишаа 1. 270 лица - изјави генералниот секретар на ВМРО-НП, Ѓоко Серафимовски, на вчерашна прес- конференција.

Георгиевски му нуди на Груевски коалиција што ќе го урне СДСМ

Време - 24.12.2004

ОТКАКО СЕ ПОДЕЛИЈА Диана Младеновска ВМРО-народна вчера ја повика ВМРО-ДПМНЕ на преговори за формирање коалиција што на претстојните локални избори би можела лесно да ги победи СДСМ и неговите партнери. Понудата што завчера ја утврдил извршниот комитет на ВМРО-народна партија, вчера на ...

Георгиевски му понуди коалиција на Груевски за локалните избори

Утрински - 24.12.2004

Непристоен предлог или искрена намера на ВМРО-Народна за изборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ Бичиклиски: Не можеме да разбереме што сака Георгиевски. Сака коалиција, а се залага партиите да си ги испробаат силите на изборите СаШко Димевски Љупчо Георгиевски, како што самиот за себе вели “сивата ...

Груевски зачуден од понудата на Георгиевски

Дневник - 24.12.2004

ВМРОВСКИ КАЛКУЛАЦИИ ПО ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД Љубчо Георгиевски од ВМРО-народна вчера и понуди коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, својата довчерашна партија. Во партијата на Никола Груевски понудата ја оценија како контрадикторна, но не ја отфрлија.

Груевски: “Не преку медиумите, туку лично Георгиевски да дојде во нашиот штаб и да разговараме за коалицирање,,..

Канал5 - 24.12.2004

,, Не преку медиумите, туку лично Георгиевски да дојде во нашиот штаб и да разговараме за коалицирање,,.. Ова е одговорот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за вчерашната понуда на Љубчо Гергиевски, ВМРО - Народна и ВМРО ДПМНЕ да коалицираат на ,, Не преку медиумите, туку лично Георгиевски да ...

Георгиевски му понуди коалиција на Груевски

А1 - 23.12.2004

Љубчо Георгиевски со непристоен предлог до Никола Груевски. Тој и неговата ВМРО Народна денеска му понудија на ВМРО-ДПМНЕ да отпочнат разговори за формирање на коалиција за заеднички настап на локалните избори. Основата на коалицијата, односно распределбата на местата би се вршела по принципот - ...

Партнерство за победа на избори

Вест - 23.12.2004

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Либералната партија Никола Груевски и Стојан Андов, вчера ја потпишаа Повелбата за стратешко коалицирање."Овие потписи се рамка за стратешко партнерство за претстојните локални и парламентарни избори на кои што веруваме дека коалицијата ќе победи", рече лидерот на ВМРО ...

Ќе победиме на изборите и ќе ги решиме проблемите

Време - 23.12.2004

ГРУЕВСКИ И АНДОВ ДАДОА ЗБОР Никола Груевски и Стојан Андов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Либералната партија, вчера ја потпишаа Повелбата за стратегиско коалицирање на претстојните локални и парламентарни избори. Повелбата, како што беше најавено, наскоро треба да ја потпишат и други опозициски ...

Груевски и Андов во стратегиска коалиција

Време - 23.12.2004

И ЦРНО НА БЕЛО Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Либералната партија на Македонија, Никола Груевски и Стојан Андов, вчера во Скопје потпишаа Повелба за стратегиско коалицирање во пресрет на локалните избори 2005 година. - Овој чин е резултат на крајно влошените политички, економски и демократски односи.

Груевски и Андов потпишаа повелба за стратегиско партнерство

Утрински - 23.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ и ЛП вчера во Скопје го создадоа костурот на опозицискиот блок за локалните избори Повелба со иста содржина им е понудена и на други опозицски партии со кои се очекува да се потпише вакво партнерство СаШко Димевски ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија вчера во Скопје традиционалното ...

Народна ги "освои" комитетите во Драчево

Утрински - 23.12.2004

ПРЕМИНИ Два месни комитета на ВМРО-ДПМНЕ од селото и од населбата Драчево завчеравечер комплетно преминаа во редовите на ВМРО-Народна. Ова е постапка на маргинална група членови на партијата, од кои еден дел пред извесно време беше и сменет од функциите во комитетите, изјавија вчера во ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и Андов удрија потпис за коалиција

Дневник - 23.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ЛП, Никола Груевски и Стојан Андов, вчера ја потпишаа повелбата за стратегиско коалицирање. Тие го објаснија партнерството како заедничка борба против погрешната економска и социјална политика на власта.

ГЕОРГИЕВСКИ ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА- ДЕНЕСКА ОД ПОЗИЦИЈА НА СИВА ЕМИНЕНЦИЈА МУ ПОНУДИ КОАЛИЦИЈА НА ГРУЕВСКИ ВО БИТКАТА ...

Канал5 - 23.12.2004

ВМРО-Народна партија денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да им се приклучи на претстојните локални избори, односно да коалицираат, оти, како што рече на денешната прес-конференција Љубчо Георгиевски, само така може да се победи Социјалдемократскиот сојуз на М ВМРО-Народна партија денеска ја повика ...

ЉУБЧОВИСТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ПРЕВРАТ

Вечер Прес - 23.12.2004

Љубчо Георгиевски по локалните избори ќе се обиде за последен пат да го обедини партиското членство преку одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа иницијатива поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ јавно проговори пред членовите на општинските организација на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево, кои завчера ...

ВМРО ДПМНЕ и ЛП потпишаа повелба за коалицирање

А1 - 22.12.2004

Груевски и Андов денеска со своите потписи потврдија дека ќе ја продолжат досегашната коалициска соработка - и на локалните избори ќе настапуваат заедно. Потписите ќе важеле и за парламентарните избори. Тие ветуваат дека со уште десеттина опозициски партии - на граѓаните ќе им понудат конкретна ...

Во коалицијата се очекуваат уште десетина партии

Време - 22.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП ЌЕ ПОТПИШАТ ПОВЕЛБА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ Диана Младеновска Пеце Стефановски Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ЛП, Никола Груевски и Стојан Андов, денеска ќе потпишат повелба за стратегиско коалицирање на претстојните локални избори.

Стојан Андов и Никола Груевски за прв пат со заеднички потписи на повелба за стратешко коалицирање

Канал5 - 22.12.2004

Традицијата продолжува, со ново - стари актери.. Стојан Андов и Никола Груевски за прв пат со заеднички потписи на повелба за стратешко коалицирање.. Тоа, како што рекоа, го прават пред се заради претстојните локални избори, но најавија дека пот Традицијата продолжува, со ново - стари актери..

Груевски и Љубчо здружено во вториот круг ?

Вечер Прес - 22.12.2004

Со ВМРО-Народна може да се коалицира во вториот круг на гласање за градоначалници. Ова е компромисното решение што е подготвен да го направи Никола Груевски во преговорите за формирање на поширок опозиционен сојуз кој ќе настапи на локалните избори наредната година.

КОАЛИЦИИ ПО НОВА ГОДИНА

Вечер Прес - 22.12.2004

Поканата на Доста Димовска, претседателка на ДРУМ, за изборно коалицирање на опозицијата, од вчера е на разгледување и во ВМРО-народна. Во партијата ниту потврдуваат, ниту негираат дека е можна коалиција со ДРУМ. Во партијата на Георгиевски коалицирањето меѓу Груевски и Стојан Андов, го сметаат ...

Либералите отворени за коалицирање

Вест - 21.12.2004

Либералната партија изготвила политичка платформа за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори."Текстот на платформата го доставивме до оваа партија и очекуваме деновиве да ја потпишат. Таа е отворена и за сите други опозициски партии кои сакаат да ни се придружат за поголем успех на ...

Андов го потврди пактот со Груевски, Доста ги кани сите

Време - 21.12.2004

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА? Диана Младеновска Доста Димовска, претседателка на новоформираната ДРУМ (Демократско-републиканската унија на Македонија), вчера јавно ги повика сите десноцентристички, опозициски партии на преговори заради поблиска меѓупартиска соработка и разгледување на можноста за ...

ДОСТА БАРА ПАРТНЕР

Вечер Прес - 21.12.2004

Демократско-републиканската унија на Македонија вчера достави предлог до ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Народна, ВМРО-Македонска, Либерална партија, ДПА и Демократска алтеранатива за "поблиска меѓупартиска соработка" и влегување во предизборна коалиција на претстојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во коалиција за локалните избори

А1 - 20.12.2004

Најавеното коалицирање за претстојните локални избори од страна на либералите со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска го потврди и партијата на Груевски. Деновиве, овие две партии ќе потпишат и повелба за стратешко коалицирање.

Димовска нуди помирување меѓу вмровците

А1 - 20.12.2004

На 3 месеци пред локалните избори, екс потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Димовска, сега со новата партија ДРУМ, нуди помирување на таборите меѓу вмровците. Димовска ќе се обиде да ги смири Груевски и Георгиевски, за да настапат заедно на изборите.