TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Љубов во "Бокешки Д-мол"

Вечер Прес - 02.04.2005

Српската актерска дива Милена Дравиќ доаѓа во Скопје, заедно со Центарот за култура од Тиват со претставата "Бокешки Д-мол", која ќе се одигра утревечер во 20.30 ч. во Салонот на МОБ. Во претставата која во Македонија ја донесе М&Н Агенцијата, играат уште и Јелена Џокиќ, Андрија Милошевиќ, Младен ...

"Трачери" во Вега

Вечер Прес - 02.04.2005

Т. Б. Трачери на 15 април во 21 часот ќе одржат концерт во скопскиот клуб "Вега", преку која во живо ќе го промовираат своето најново ЦД, "Шлагери од Содома". На свирката, освен овие песни, ќе бидат исполнети и најуспешните хитови од претходните проекти "Клати и тркалај" и "Купи ме".

Газдата на "Мис проект" го "помести" процесот

Вечер Прес - 02.04.2005

Поради отсуство на Миодраг Мисалјовски вчера во Основниот Суд Скопје 1 е одложено судењето за фиктивна набавка на 281.000 парчиња муниција. За сомнителната набавка на муницијата за потребите на Единицата за брза интервенција "лавови", обвинети се генерелот Горан Стојков, помошничката за финансии на ...

"ЕМО" повторно се враќа на акционерите

Вечер Прес - 02.04.2005

Врховниот суд на Македонија ја одби тужбата на "Арарат" од Никшиќ со што го потврди решението на второстепената владина комисија, со кое е поништена трансакцијата со акциите на охридски "ЕМО" на Македонската берза. Станува збор за 36,16 проценти од капиталот на "ЕМО" за кој "Арарат" платил 49 ...

"Место праски превезувавме лешеви"!

Вечер Прес - 02.04.2005

Пратениците на СПС завчера ја напуштија седница на Собранието на Србија, на која се расправаше за законот за семенски материјал, во знак на протест поради "скандалозниот говор" на министерката за земјоделство Ивана Дулиќ- Марковиќ, која претходниот ден на собраниската говорница изјави: "Во ...

Италијанците се враќаат на "Евросонг"

Вечер Прес - 02.04.2005

Италијанската национална телевизија РАИ, е еден чекор поблиску до враќањето на "Евровизија". Речиси е дефинитивно дека италијанскиот победник на "Сан Ремо 2005", Франческо Ренџа ќе настапи како гостин на годинашниот "Евросонг".

Премиерот Грос "преживеа"

Вечер Прес - 02.04.2005

ПРАГА, 2 АПРИЛ (МИА). - На чешката Влада, предводена од премиерот Станислав Грос на вчерашната парламентарна седница не и беше изгласана недоверба, откако се гласаше по иницијативата на опозицијата, поради финансискиот скандал на најмладиот европски премиер.

Американците "креваат раце", Министерството е на потег

Вечер Прес - 02.04.2005

Кој ќе одговара за скандалот со организирањето на конференцијата во Охрид во 2003 година, кога Лазар Еленовски, претседател на Евроатлантскиот клуб на Македонија од две места зел пари за иста работа. Тој пред година и пол добил грант или неповратни средства од Амбасадата на САД во Скопје за ...

"Падна" десет години недостапниот Сефер Сулејманов

Вечер Прес - 02.04.2005

Триесетгодишниот Сефер Сулејманов од велешкото село Бузалково, обвинет за кривично дело убиство, по кого во 1995 година беше распишана меѓународна потерница, деновиве, е фатен во Белгија и се наоѓа во притвор. Сулејманот ќе биде екстрадиран во Македонија штом ќе биде завршена постапката од страна ...

Агенцијата бара македонски "Тројхан"

Вечер Прес - 02.04.2005

Агенцијата за приватизација официјално бара од Владата на Република Македонија да и дозволи да се трансформација во инвестициски фонд кој би менаџирал со државниот капитал во нејзино име и за нејзина сметка. Ако Владата донесе ваква одлука што е во рамки на нејзините ингеренции и овластувања со ...

За само два месеци граѓаните "заштедиле" 31 милион евра

Вечер Прес - 01.04.2005

Дека граѓаните се повеќе им веруваат на домашните банки, говори податокот според кој заштедите на населението во македонските банки интензивно се зголемуваат. За само два месеци од годинава, македонските граѓани во банките на име заштеда депонирале дури 31 милион евра! Според официјалните податоци, ...

Закажан "Охрид фест 2005"

Вечер Прес - 01.04.2005

Интернационалниот музички фестивал "Охрид фест" ќе се одржи на 25, 26 и 27 август. Ликот на оваа манифестација останува ист- една народна, една забавна и една интернационална вечер. На "Охрид фест" , како и досега ќе настапат многу познати пејачи од кај нас и од Балканот, како и пејачи од ...

"Портокаловата револуција" - туристичка атракција

Вечер Прес - 01.04.2005

Штандовите на украинските улици од неодамна нудат парфеми со портокалови врвци што се произведуваат во чест на неодамнешната победа на Виктор Јушченко. Голем број Украинци се горди на "портокаловата револуција", за која негуваат романтични чувства.

"Макпетрол" ја монтира опремата за гасната станица

Вечер Прес - 01.04.2005

Дел од еколошките автобуси на ЈСП "Скопје" веќе возат по скопските улици, но тие во моментов не користат гас како погонско средство, туку дизел гориво. Причина за тоа е што потстаницата за гас се уште не е готова, иако интензивно се работат на монтирањето на новата опрема.

Ирански принц го купува "Сончев Хвар"?

Вечер Прес - 01.04.2005

Внукот на последниот ирански шах, принцот Камран Пахлави, има намера на хрватската ривиера да гради луксузни хотели за светската елита. Тој смета дека Хвар и Дубаи се најдобрите светски места за вложување во туризмот, па затоа сака да ја купи хотелиерската фирма "Сончев Хвар".

Гласањето за "Евросонгот" на сметка на Телеком

Вечер Прес - 31.03.2005

По, со многу добра волја кажано, хаотичниот избор за претставник на нашава земја на Евровизија уште и допрва се плаќаат сметките. Имено, оние буквалните, телефонските сметки, односно импулсите пресметани за гласањето за евровизиски претставник на 19 февруари овој пат ќе бидат на сметка на ...

"Нови фосили" повторно се враќа во живот!

Вечер Прес - 31.03.2005

"Нови фосили", легендарниот хрватски бенд чии хитови ги слушаат сите генерации, повторно се собира! Според акцијата што ја спроведе "Вечерни лист" и дискографската куќа ОК-мјузик, под наслов "За добра стара времена", тие до летово ќе снимат албум со своите најголеми хитови, а на есен во "Ледената ...

Место "лада" Русите ќе возат "БМВ"?!

Вечер Прес - 31.03.2005

Властите во Русија се подготвени да им ги отворат вратите на познатите светски автомобилски производители. Деновиве рускиот премиер Михаил Фрадков потпиша историски документ, кој, според првите реакции, би можел да ги загрози домашните автопроизводители, кои годишно произведуваат по 25.000 возила.

Роналдо: "Само со голови ќе ги спречам критиките"

Вечер Прес - 31.03.2005

РИО ДЕ ЖАНЕИРО, 31 МАРТ (РОЈТЕРС).- Бразилскиот напаѓач Роналдо, кој минува низ еден од најтешките периоди во неговата кариера, изјави дека го прифаќа притисокот од неговите критичари и оти со постигнати голови ќе може да ги замолчи сите кои го критикуваат.

Крико Кастели на "Кока кола фјужн фестивал"

Вечер Прес - 31.03.2005

Крико Кастели ја започнува својата кариера како ДЈ во 1983 година во Рим, Италија. Диџејствотот била неговата прва љубов, но тој во 1990 година започнува продукција на сопствени ленти, кои ги издава во 1991 година за својата издавачка етикета "Romentertainment Records".

Алонсо со едната нога во "Ферари"

Вечер Прес - 31.03.2005

Михаел Шумахер по 14 години во Формула 1 ќе почне да размислува за крајот на спортската кариера. Порано или подоцна германскиот ас ќе го напушти натпреварувањето, а тимот на "скудеријата" треба да бара негов заменик. Според шпанскиот весник "Ас", шефовите на Ферари веќе пронашле таков пилот, а ...

Потврдена "единицата" на Мечкаровски

Вечер Прес - 31.03.2005

Стручниот совет на Судиската организација при ФФМ му ја потврди "единицата" на Димитар Мечкаровски, главен судија на средбата од 22. коло на Првата фудбалска лига, Работнички К.-Вардар (0:0). Според ова Мечкаровски автоматски е казнет со неделегирање на четири кола, но едно веќе одлежа со ...

Кафеаната "Т'га за југ" среде Хавана

Вечер Прес - 31.03.2005

Крсте Блажевски е помалиот од синовите на газда Љубе, човекот кој речиси 30 години ја водеше скопската кафеана "Т'га за југ" во Старата чаршија и кој успеа да направи вистински гурмански бренд. Сепак, тоа беа некои минати времиња, кога во чаршијата вриеше од посетители, кога Скопје надалеку беше ...

Роберто Дуран "заработи" 10 копчиња на раката

Вечер Прес - 30.03.2005

Боксерскиот великан Роберто Дуран ја повреди раката, на која "зработи" 10 копчиња, откако падна од моторот, изјави неговата сопруга. Фелисидад Дуран изјави дека на нејзиниот 53-годишен маж му биле санинирани и повредата на рамото, но и модринките по телото и нозете.

Легендарната кафеана "Т'га за југ" сред Хавана?!

Вечер Прес - 30.03.2005

Не е новинарска патка - вистина е. Кога со странските инвестиции ни оди некако килаво, можело и обратно. Имено, набргу, сред главниот град на Куба, прекрасната Хавана, ќе изникне панданот на легендарната скопска кафеана во Старата чаршија "Т,га за југ".

"Планетариум" го освои фестивалот во Лос Анџелес

Вечер Прес - 30.03.2005

Филмот "Планетариум" на светскиот уметник Киро Урдин и режисерот Иван Митевски доби прва награда во интернационалниот дел за најдобар документарен филм на "Њујорк интернешнал индепендент филм& видео фестивал". Овој фестивал се одржува на четири места во Америка, а "Планетариум" беше прикажан во Лос ...

"Златната рипка" во рацете на Благоја Николовски

Вечер Прес - 30.03.2005

"Три еко-желби се малку, две уште помалку, но ако размислиш подобро можеби најдобро е да се почне со една желба, право на здрава животна средина". Ова е содржина на СМС-пораката испратена од Благоја Николовски, пензионер од Битола чиј дом во иднина ќе го краси сликата "Златна рипка" изработена од ...

Груевски ги честеше "своите" градоначалници

Вечер Прес - 30.03.2005

Жива музика, политички лидери, нови градоначалници, новинари... вака изгледаше, вчера ресторанот "Ново Скопје" кај Старата железничка, во кој се честеа победниците од здружената опозиција. Први пристигна новинарите, потоа еден по еден славениците од разни делови на Македонија.

Скопска двојка низ "скенер"

Вечер Прес - 30.03.2005

Дали судството ја прими пораката со објавувањето на американската листа на судски случаи, што со години се тегнат во недоглед? На ваквото прашање надлежните институциите се уште не дале конечен одговор, но, сепак, мора да се признае дека прогресија има.

Година на "црвениот туризам„

Вечер Прес - 30.03.2005

Кинеските власти ја прогласија 2005 година за "година на црвениот туризам„ и ги промовираат посетите на локациите од комунистичката историја, за да го подигнат угледот на владеачката партија и да ги унапредат селските области.

Трета смена за дијализа и во "Железарница"

Вечер Прес - 30.03.2005

Центарот за дијализа во "Железарница", најверојатно, веќе од наредната недела ќе мора да воведе трета смена. Налогот за тоа е издаден од Министерството за здравство како ургентно решение за проблемот со недостиг на место за дијализа во Скопје.

Српските тајкуни ги плаќаат "хашките сметки"?

Вечер Прес - 29.03.2005

Тесно поврзана група српски тајкуни, создадена во времето на Милошевиќ, систематски и тајно купува фирми, ако требе и со нерегуларни средства, гради политичка моќ, но станува мецена и организатор на разни акции. Нивното наводно мото е: "Ќе ги плаќаме политичарите, ќе ги контролираме како секој ...

"Младост" почна со работа

Вечер Прес - 29.03.2005

Пливачкиот базен "Младост" во скопската населба Карпош започнува со работа. Проблемите со греењето на водата веќе се надминати, така што овој базен е отворен секој ден од 7 до 24 часот. "Водата сега е 24 степени Целзиусови, со тенденција да порасне до 26.

Екипирани ординации со години "бараат" кадар ?!

Вечер Прес - 29.03.2005

Повеќе десетици стокмени и опремени амбулатни со сите "нишани", со години официјално не работат само поради немање на кадар?! Тие имаат виза за просторот и опремата, а за да ја комплетираат дозволата за работа потребен им е уште лекар и средно медицински персонал.

Во функција апаратот за најсовремена "брахи терапија"

Вечер Прес - 29.03.2005

На Институтот за онкологија, до крајот на неделава во функција ќе биде предаден новиот најсовремен апарат за "брахи терапија", што како донација е обезбеден од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена. Со него се докомплетира техничката инфраструктура на оваа установа, како една од ...

По зимскиот сон "Премиерот" повторно во акција

Вечер Прес - 29.03.2005

"Ола, ла, ла" е насловот на долго најавуваната емисија на Хелена Роза, која ќе може на ТВ-екраните да ја гледаме кон крајот април - ни изјавија организаторите "Томато" и "Премиер продукција". Оваа емисија ќе биде еден своевиден микс од разговори со познати личности, мини квиз со вредни награди, ...

"Мерцедесот" на Еклстоун останал без тркала

Вечер Прес - 29.03.2005

ЛОНДОН, 29 МАРТ (РОЈТЕРС).- Британските весници вчера објавија дека на новиот сребрен "мерцедес" на босот на Формула 1, Берни Еклстоун му биле украдени две тркала во текот на викендот. Автомобилот бил паркиран пред неговата куќа во Лондон. "Ми направија проблеми.

Народна "ќари" на ДПМНЕ

Вечер Прес - 29.03.2005

ВМРО - Народна ќе "ќари" уште еден пратеник од успехот на новите политички противници од ВМРО-ДПМНЕ. Александар Флоровски е следен на кандидатската листа и тој треба да дојде на местото на Коце Трајановски, избран за градоначалник на Гази Баба.

Бугарските "бомби" се подготвуваат за Ирак

Вечер Прес - 28.03.2005

Поп-фолк фуриите Камелија, Рени и Ивана се подготвени да полетаат за Ирак за да го подигнат моралот на бугарските војници, кои се наоѓаат таму. Идејата за тоа пред една недела произлегла од бугарската национална ТВ и приврзаничките за весело расположение веднаш ја прифатиле.

"Цунами" на Берза

Вечер Прес - 28.03.2005

Деновиве завршува првиот инвестициски "цунами" бран на македонскиот пазар на капитал. Ова го тврдат берзанските играчи и експерти, но и егзактните берзански показатели кои говорат дека само во првиот квартал цените по акција кај сите десетте котирани компании кој го прават берзанскиот индекс се ...

Најгрд меѓу грдите "Рамстор"

Вечер Прес - 28.03.2005

По цели девет месеци мистерија и затвореност, менаџерскиот тим , во петокот одлучи: Ќе ги повикаме новинарите, ќе ги послужиме со сокче, ќе им поделиме прес-материјали, па ќе им ставиме заштитни шлемови на глава и ќе ги прошетаме низ, речиси готовиот објект "Рамстор Македонија".

Ни "Свети Петар" не му помогна!

Вечер Прес - 28.03.2005

РИМ, 28 МАРТ (МИА). - Ватиканските пожарникари завчера фатиле маж со ментален проблем, кој се качил на куполата на црквата "Свети Петар" во Рим и од папата Јован Павле Втори побарал да им помогне на децата без родители. Лицето повеќе од два часа стоело на врвот на куполата.

"Калашников, калашников...!"

Вечер Прес - 28.03.2005

ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ Демократската партија на Албанците реши да го бојкотира вториот круг од локалните избори и симболично, место избирачките кутии, да ги "полни" кошаркарските обрачи. Оправдувањето за ваквиот потег го најде во "насилството, употребата на оружјето, увозните косовски ...

Весел "Банкрот"

Вечер Прес - 28.03.2005

Алчноста, како прва и основна карактеристика на луѓето кои во себе немаат ништо освен жедта за азно, а тоа го поткрепуваат со простотија, знае да изроди страдение, но и несовесно и бесчувствено судирање со вистината оти азното не купува памет.

Патеката на надвозникот "Газела" за два месци

Вечер Прес - 28.03.2005

Градежна екипа на "Бетон", минатата недела почна со изградба на новата пристапна патека којашто од пешачкиот надвозник "Газела", поточно од кејот ќе да води до булеварот "Илинден". Новата патека ќе биде долга 400 метри и ќе се поплочува со бехатон-плочки.

Половина од невработените се "илегалци"

Вечер Прес - 28.03.2005

Бројките што ги објави Секцијата на жените при ССМ дека според нивните сознанија во земјава на црно работат од 150 до 200 илјади лица, покажува дека практично невработеноста и не е толку голема. Тоа значи дека половината од евидентираните невработени, а тоа се околу 400 илјади, сепак, работат и ...

Становите се осигуруваат само додека е "жешко"

Вечер Прес - 28.03.2005

По катастрофалниот пожар што ја зафати зградата со број 8 на улицата "Горги Сугаре" во населбата 11 Октомври осигурителните компании започнаа со поголеми маркетинг кампањи. Тие велат дека во последниве два дена граѓаните се повеќе бараат информации за можностите за осигурување на имот, а според ...

"Експорт импорт" ќе се спасува со Закон

Вечер Прес - 28.03.2005

ШТИП.- Министерот за финансии, Никола Поповски, при последната посета на Штип, пред вториот круг од изборите, изјави дека Владата на Македонија подготви закон за санација на "Експорт импорт банката" на Методи Смиленски, која е во стечај.

Монетарна и фискална политика - "Џандар збира"

Вечер Прес - 28.03.2005

Тие кои се занимаваат со макрофинансиските прашања во државата ќе се сетат дека во средината на 90-тите години на минатиот век, односно во првите пет години од осамостојувањето на Република Македонија во монетарната област беше присутна т.н.