TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Незадоволните туристи да бараат пари од туристичките агенции

Дневник - 26.08.2006

Македонските туристи, кои поради пожарите предвреме се вратија од летувањето во Ханиоти во Грција, треба да бараат отштета од туристичките агенции, а не од осигурителните компании. Во осигурителните куќи, во кои изминативте денови дошле дел од туристите по налог на агенциите, тврдат дека патничкото ...

Огнот ја пеплоса туристичката сезона

Време - 25.08.2006

РЕАКЦИИ ПО ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА Големите пожари на грчките полуострови Халкидики и Пелопонез најмногу ги погодија туристичкиот и земјоделскиот сектор во земјата, пишува грчкиот весник „Етнос“. Според весникот, сите поголеми хотели во близина на изгорените шуми се испразнети, а илјадници странски ...

Странски туристи пристигаат во Охрид

А1 - 24.08.2006

Првата организирана група со 30 туристи од Русија што во Охрид пристигна со чартер линијата Москва - Охрид, го скрши мразот на одамна најавените гостувања на русите на крајбрежјето за што беа потпишани договори со руските тур оператори. „Македонија не е толку позната во Русија зашто жалам.

Вратените туристи ќе бидат финансиски обесштетени

Време - 24.08.2006

ПО ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НА ХАЛКИДИКИ Македонските туристи што се вратија од Халкидики поради пожарот кај градот Ханиоти ќе добијат финансиско обесштетување, најверојатно во износот на уплатениот аранжман, потврдија од туристичките агенции „Магелан“ и „Савана“.

Пожарот се шири на Халкидики

Вест - 24.08.2006

ХАЛКИДИКИ, 24 август, (ЕРТ) - Штетите предизвикани од пожарите кои избувнаа во понеделникот и на полуостровот Халкидики се непроценливи. Таму фронтот на пожарот се прошири од Неа Скиони до Касандрино. Поради ветровите на Халкидики пожарот продолжи да ХАЛКИДИКИ, 24 август, (ЕРТ) - Штетите ...

Пожарот ја опустоши Касандра

Утрински - 24.08.2006

Љубиша СтанковиЌ ПОЛИХРОНО - Крајот на туристичката сезона Грците го оценуваат како катастрофа. Ова не се должи на лошата туристичка сезона, туку поради големиот пожар што на Касандра однесе еден човечки живот, а петмина други се здобија со тешки изгореници по телото.

Пожарот на Халкидики не ги поколеба нашите туристи да заминат во Грција

Утрински - 24.08.2006

Од годишноодморците кои го напуштија полуостровот само 2.000 се македонски државјани ГЕВГЕЛИЈА - Пожарот што изминативе два дена беснееше на првиот крак на полуостровот Халкидики не поколеба нов бран македонски туристи да заминат таму на годишен одмор.

Колку пари заработивме од сезонава ќе остане мистерија

Капитал - 24.08.2006

Годинешнава туристичка сезона со зголемен број на туристи Колку пари заработивме од сезонава ќе остане мистеријаСекој што оваа година го посети Охрид можеше да примети дека повторно ни се вратија странските туристи. Слободните проценки на туристичките работници велат дека најмногу странски гости ...

Македонци остануваат на одмор во Ханиоти

Дневник - 24.08.2006

Во пожарот изгореа 50.000 квадратни метри шума и ќе треба 25 години за да се обнови Ситуацијата на Халкидики по завчерашниот голем пожар во Ханиоти, Пефкохори и во Полихроно се смирува, пожарот е сосема локализиран, а дел од туристите го продолжуваат својот годишен одмор во тие места.

Грчките весници за пожарот на Халкидики

А1 - 23.08.2006

Грчките весници денеска објавуваат на првите страници текстови за големиот пожар на Халкидики и според нив, денеска се очекува ослабување на ветровите поради што е можно да биде изгаснат до вечерва. Според весникот Етнос, постојат грешки на властите и тие довеле до огнената катастрофа на првиот ...

Пожарот во Халкидики одзема два човечки живота

А1 - 23.08.2006

Два дена по големиот пожар на Халкидики грчките власти ги собраа странските конзули. Им соопштија дека ги презеле сите можни мерки за заштита на туристите. „Сите гости кои што вообичаено летуваат во тој деол на Грција, а ги има од сите земји, ќе ги видат и идната година на истите места.

Пожарот на Халкидики се уште гори во некои подрачја

А1 - 23.08.2006

Генералниот македонски конзул во Грција, Владимир Симеонов, во изјава за А1 вели дека пожарот се уште гори во некои подрачја кои се оддалечени од населените места. Од брифингот со грчките власти не открива детали. Најпрво за тоа ќе го извести македонското МНР.

Туристите ги напуштија опожарените места на Халкидики

А1 - 23.08.2006

Од големиот шумски пожар на Халкидики остана само чадот и пепелта. Тие беа причината што и во текот на ноќта туристите кои се двоумеа дали да останат или да ја напуштат Грција, ги спакуваа куферите и ги напуштија туристичките места Полихроно, Ханиоти и Пефкохори.

Нема повредени Македонци, грчките власти изгубени

Време - 23.08.2006

ОД ОГНОТ НА ПОЛУОСТРОВОТ НА ОГНОТ Околу 20.000 туристи, меѓу кои околу 2.000 Македонци изминатата ноќ ја поминале собрани на плажите во обид да избегаат од пламените јазици на големиот пожар што завчера го зафати првиот крак на полуостровот Халкидики, во минатото познат и како Флегра (место на ...

Пеколен оган на Халкидики

Вест - 23.08.2006

ХАЛКИДИКИ (ЕРТ) - Пожарот што завчеравечер изби на полуостровот Халкидики полека ја губи силата. Пожарот ги зафати селата Полихроно, Ханиоти и Пефкохори, при што до пепел изгореа десетици куќи и деловни о ХАЛКИДИКИ (ЕРТ) - Пожарот што завчеравечер изби на полуостровот Халкидики полека ја губи ...

Цела ноќ се криевме во море

Вест - 23.08.2006

МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ МАСОВНО СЕ ВРАЌААТ ОД ХАЛКИДИКИ Страшно и ужасно, како да си во некој лош хорор филм, се околу тебе гори, луѓето се во масовна паника, а ти не знаеш што да правиш, дали ќе останеш жив, или тука се ќе заврши - беа првите зборови на Драган , откако го мина граничниот премин ...

Халкидики во пламен, илјадници туристи спасуваа глава

Утрински - 23.08.2006

Огнената стихија ги зафати Ханиоти, Пефкохори, Полихроно, при што почина едно лице Македонски туристи поминаа низ годишноодморски ноќен кошмар откако првиот крак на грчкиот полуостров Халкидики го зафати пожар од досега невидени размери.

Од Халкидики се вратија 1.000 македонски туристи

Утрински - 23.08.2006

Се проценува дека во загрозените подрачја на летување има околу 5.000 наши државјани ГЕВГЕЛИЈА – „Тоа беше страшно, едноставно, како да избегавме од пеколот. Огнената стихија се надвисна над Калитеја, а ветерот за миг со огромна брзина ги носеше огнените јазици од првите куќи на ридот над самиот ...

Луѓето во паника бегаа од Пефкохори

Утрински - 23.08.2006

Во малечкото гратче на Халкидики сж мирисаше на чад, пепелта леташе на сите страни ПОЛИХРОНО - Неподнослив мирис на чад, разлетана пепел, луѓе во паника и страв - таква е сликата од местото Полихроно, па сж до Пефкохори на првиот крак од полуостровот Халкидики во Грција.

Пеколна ноќ на Халкидики

Дневник - 23.08.2006

Нема повредени Македонци, а еден Германец е единствена жртва на огнената стихија што беснееше на површина од околу 40 квадратни километри Огнени јазици, чад, паника, луѓе што бегаат а не знаат каде, се дел од стравотната глетка во туристичките места Ханиоти, Пефкохори и Полихроно, на грчкиот ...

Пожарот на Халкидики ставен под контрола

Канал5 - 23.08.2006

Пожарот на првиот крак на Халкидики е под контрола, иако на изолирани позиции се уште им создава маки на пожарникарите. Опасноста за туристите и за населените места е минато. Штетите од огнената стихија се големи и допрва ќе се утврдуваат.

Се уште гори на Халкидики

Канал5 - 23.08.2006

Пожарот на првиот крак од полуостровот Халкидики, Касандра се уште не е изгаснат и според грчките медиуми, пожарникарите водат битка на 6-7 фронта кои се неповрзани еден со друг, пренесува МИА. Солун, 23 август (МИА) - Пожарот на првиот крак од полуостровот Халкидики, Касандра се уште не е изгаснат ...

Македонците се живи и здрави

Вечер Прес - 23.08.2006

Огромниот пожар на Халкидики, односно на првиот грчки крак Касандра е речиси локализиран. Повредени и загинати туристи од Македонија нема. Има грчки, но и странски лица кои се хоспитализирани поради проблеми со дишењето од густиот чад, а според непотврдените информации од грчките спасувачки служби, ...

Нема повредени македонски туристи од пожарот на Халкидики

А1 - 22.08.2006

Никој од македонските туристи не е повреден во пожарот, потврди за А1 генералниот конзул на Република Македонија во Солун Владимир Симеонов. Амбасадорот на Република Македонија во Грција, Благој Ханџиски, е во постојан контакт со грчките власти.

Почна враќањето на Македонците од Халкидики

А1 - 22.08.2006

Почна враќањето на Македонците преку граничниот премин Богородица од традиционалните туристички атракции на кракот Касандра. Правот на автомобилите сведочеше што се случувало во текот на ноќта. „Па ние се вративме од плажа во апартманот и со затворени врати и прозори.

Пепел и чад на полуостровот Халкидики во Грција

А1 - 22.08.2006

Од големиот шумски пожар што синоќа односно во попладневните часови избувна во Халкидики може да се каже дека пожарот е локализиран, ставен под контрола, меѓутоа овде е многу тешко и многу жешко. Насекаде има чад има пепел иако според локалните власти пожарот е под контрола локализиран и во ...

Страв и паника меѓу оние чии најблиски се на Халкидики

А1 - 22.08.2006

Страв и паника меѓу оние чии најблиски се на Халкидики и неизвесност кај луѓето кои допрва треба да отпатуваат во Грција. Во туристичките агенции постојано ѕвонат телефоните. Се јавуваат да прашаат дали се безбедни туристите од опожарените места, како и кога ќе се вратат, дали има струја, вода.

Нема повредени македонски државјани во пожарот на Халкидики

Канал5 - 22.08.2006

Грчките власти се обидуваат да се справат со големиот пожар на полуостровот Халкидики. Огнената стихија од вчера вечер го пустоши првиот крак – Касандра. Најпогодени се познатите туристички места во централниот дел - Криопиги, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори.

Агенциите ги повлекуваат туристите од Халкидики

Канал5 - 22.08.2006

Бројни јавувања во туристичките агенции од роднини и блиски на оние што летуваат на Халкидики. Се интересираа за нивната состојба, за тоа дали агенциите обезбедиле превоз за оние што сакаат да се вратат. Бројни јавувања во туристичките агенции од роднини и блиски на оние што летуваат на Халкидики.

Стотици македонски граѓани од синоќа ја поминуваат грчката граница

Канал5 - 22.08.2006

Илјадници туристи ја напуштаат Грција. Силниот пожар и пеколната ноќ во Ханиоти и Пефкохори им го пресече летниот одмор. Меѓу нив и стотици македонски граѓани. Илјадници туристи ја напуштаат Грција. Силниот пожар и пеколната ноќ во Ханиоти и Пефкохори им го пресече летниот одмор.

Во Охрид врие од туристи

Време - 21.08.2006

ПО ТОПЛОТНИОТ БРАН ШТО ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА Река од туристи викендов потече кон Охрид за да го избегне топлотниот бран што во последниве денови ја зафати Македонија. Повеќе од 30.000 туристи ги наполнија хотелските и приватните сместувања.

Македонија под вршник - плажите преполни со викендаши

Утрински - 21.08.2006

Изминатиот викенд Скопје беше празно, а улиците пусти поради исклучително високите температури Тропските горештини од над 40 Целзиусови степени кои ја погодија земјава изминатиот викенд ги наполнија охридските, струшките и дојранските плажи.

Рекорден број патници

Вечер Прес - 21.08.2006

На граничниот премин Богоридица во првите шест месеци од годинава е регистрирано поминување на 1,5 милиони патници, а само во последните два месеци, јули и август, уште милион. Сумарната бројка на патници од почетокот на годинава досега е за 25 проценти поголема од минатогодишната, кога се ...