TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Босанците паднаа во четвртиот обид

Вест - 20.02.2004

Победа на македонската фудбалска репрезентација во пријателскиот меч со Босна и Херцеговина Фуриозно одиграно прво полувреме и ефектен гол на Горан Пандев. - Во 37. минута, од слободен удар Шаќири ја погоди пречката Во четвртиот меѓусебен натпревар, по поразот во Зеница и двата нерешени исхода, ...

Ил феномено Горан Пандев

Време - 20.02.2004

ФУДБАЛ - ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ: МАКЕДОНИЈА - БИХ 1-0 Златко Крстевски Горан Пандев докажа дека е македонски фудбалски феномен, откако завчера со маестрална игра беше клучен играч во победата на Македонија над Босна и Херцеговина со 1-0, во пријателскиот меч во Скопје.

Пандев творец на првата победа над БиХ

Утрински - 20.02.2004

Во контролен натпревар прекинат шестмесечниот пост на фудбалската репрезентација на Македонија Емил Китановски Со извонредниот гол на Горан Пандев во 22 минута фудбалската репрезентација на Македонија во пријателски натпревар со 1:0 ја совлада силната селекција на Босна и Херцеговина, предводена од ...

Пандев го израмни есапот со Босанците

Дневник - 20.02.2004

ФУДБАЛ - ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ МАКЕДОНИЈА КОНЕЧНО ПОБЕДИ Единствениот прецизен удар беше доволен да ги стопли околу 10.000-те премрзнати гледачи на Градски Македонската фудбалска репрезентација го израмни есапот со Босанците, совладувајќи ги со 1-0 во пријателскиот меч, завчеравечер во Скопје.

Канатларовски денеска сака победа над БиХ

А1 - 18.02.2004

Се освен победа ќе биде неуспех за македонската фудбалска репрезентација на денешниот пријателски меч против Босна и Херцеговина. Ова е ставот на сите македонски репрезентативци, но најмногу е запален селекторот Драги Канатларовски, кој како никогаш досега има желба за одмазда, зашто пред четири ...

За Канатларовски и за Слишковиќ само победа доаѓа предвид

Вест - 18.02.2004

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18 ч.) во пријателски меч се среќава со БиХ Канатларовски: Босанците мора конечно да паднат. - Слишковиќ: Пораз не доаѓа в предвид. - Шаќири: Најважно е да победиме. - Барбарез: Во 2004.

Ако има ред, "црвено-жолтите" се на потег

Дневник - 18.02.2004

ФУДБАЛ - ВЕЧЕРВА (18 Ч.) ТЕСТ-СРЕДБА МАКЕДОНИЈА - БИХ Ако има некој ред на нештата, тогаш македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот (18 часот) контролен натпревар со Босна и Херцеговина е на потег. Победата се наметнува како императив за верба во сопствените можности и за подобра ...

Натпреварот меѓу Македонија и БиХ ќе се одигра утре на Градски во 18 часот

А1 - 17.02.2004

Главниот настан, дуелот меѓу најдобрите репрезентации на Македонија и на Босна и Херцеговиа е утре. Селекторот Канатларовски на последниот трениг попладнево ги имаше сите повикани фудбалери. По него Канатларовски за А1 го најави најверојатниот состав за средбата.

"Колективната игра е ваша предност"

Вест - 17.02.2004

Според заменик капитенот во репрезентацијата на БиХ, Мухамед Коњиќ Според заменик капитен на репрезентацијата на Босна и Херецговина и играч на англискиот Ковентри, Мухамед Коњиќ колективната игра што ја негува нашата репрезентација ќе биде предност за македонскиот национален тим пред утрешната ...

Тренерите посакуваат фудбалска претстава со многу голови

Утрински - 17.02.2004

Прес-конференција во врска со утрешниот фудбалски натпревар Македонија - Босна и Херцеговина Емил Китановски Вчера во хотелот "Александар Палас" во Скопје, се одржа заедничка прес-конференција по повод претстојниот пријателски фудбалски натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Босна и ...

Шумуликоски останува да се бори за место во Зенит

Дневник - 17.02.2004

за утрешниот тест-меЧ со БиХ во СкопЈе - Ќе имаме разбирање и на Величе Шумуликоски ќе му излеземе пресрет. Отсуството од тренажниот процес во Зенит, каде што се пресели зимава, според неговиот тренер ќе има последици за нашиот репрезентативец.

Канатларовски: „Мечот со БИХ е можност да видиме до каде сме стигнати“

А1 - 16.02.2004

Во очекување на последниот натпревар на Кометал Ѓорче Петров, интермецо за нашата спортска јавност ќе биде пријателскиот фудбалски двомеч меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Младите селекции ќе ги одмерат силите утре во Прилеп, а главниот настан е в среда во Скопје.

Трајанов отпадна, Шумуликоски неизвесен

Вест - 16.02.2004

Проблеми за селекторот Канатларовски пред мечот со БиХ Со проблеми околу составот се сретна селекторот на нашата фудбалска репрезентација Драган Канатларовски - Цапар на стартот од подготовките за пријателскиот меч против Босна и Херцеговина.

Трајанов во аут поради повреда, Шумуликовски неизвесен

Утрински - 16.02.2004

Стартуваа подготовките на фудбалската репрезентација пред дуелот со БиХ Емил Китановски Фудбалската репрезентација на Македонија вчера во Скопје ги започна мини подготовките пред контролниот дуел со селекцијата на Босна и Херцеговина кој ќе се одигра задутре на Градскиот стадион во Скопје.