Се стркала конечно и баскетот, под обрачите. Почна 11-тото кошаркарско првенство на Македонија, веројатно никогаш послабо и понеквалитетно. На една рака се бројат играчите од репрезентативен формат кои останаа во домашните клубови.
ДЕНЕСКА СТАРТУВА ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА Победникот на Суперкупот, Никол ферт и новакот Карпош Соколи 2000 денеска во салата СРЦ" Кале" (17.30 ч.) ќе го одиграат отворачкиот натпревар од новата сезона во Првата кошаркарска лига.
Вардар Империјал му помогна на Никол Ферт Тоа што неколку денови се шпекулираше во кошаркарските кулоари во земјава вчера и официјално се потврди: во договор меѓу управите на Никол Ферт и на Вардар Империјал, за потребите на гостиварци во натпреварите од Челенџ-купот, кои за нив почнуваат на 29 ...
Победникот на годинешниот Супер куп, Никол Ферт засега е без нови имиња во составот. Од четворицата странци, кои дојдаа на проба и кои настапија во Супер купот, сега засега само со бекот Милош Голоскоковиќ се уште се водат преговори, но конкретен договор нема.