TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Партиите не признаваат дека претерале со трошење

Време - 05.10.2006

ЌЕ ИМ СЕ НАЈДЕ ЛИ ТРАГАТА НА ПАРИТЕ ОД КАМПАЊАТА? Најголемите политички партии не признаваат дека потрошиле повеќе пари за кампањата од предвидениот законски лимит од 1,7 милион евра, како што завчера обвини Државната комисија за спречување на корупцијата.

Некои финансиери на кампањите се врвна тајна

Дневник - 05.10.2006

СДСМ не посочила ниедно име во финансискиот извештај до ДИК за потрошените пари во кампањата, а на ВМРО-ДПМНЕ се непокриени околу 980.000 евра Државната изборна комисија ги чека Коалицијата „За Македонија заедно“ и други партии во финансиските извештаи да ги допишат имињата на граѓаните и фирмите ...

Најголемите партии потрошиле четири пати повеќе од дозволеното

Време - 04.10.2006

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ОТКРИ ВМРО-ДПМНЕ потрошила повеќе од 4 милиони евра, а коалицијата „За Македонија заедно“ 3,3 милиони евра за платено политичко рекламирање преку електронските медиуми за време на парламентарните избори, покажува анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само за ТВ-реклами потрошиле 7,6 милиони евра

Утрински - 04.10.2006

Најголемите коалиции двојно го пробиле лимитот што го определува Изборниот законик КАТИЦА ЧАНГОВА Коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ само за платени ТВ-реклами во текот на дваесетдневната кампања за парламентарните избори 2006 потрошиле фрапантни 468 милиони денари или 7,6 милиони евра.

Партиите за кампањата трошеле над дозволеното

Дневник - 04.10.2006

Според пресметките на Комисијата, ако не добиле попусти, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Македонија заедно“ само за телевизиско рекламирање потрошиле повеќе отколку што им е законски дозволено за целата кампања Коалицијата „За Македонија заедно“, ДПА и ПЕО, и покрај законската обврска, не дале ...

Медиумските попусти за партиите се донации

Вечер Прес - 04.10.2006

Коалицијата за Македонија заедно за рекламирање преку електронски медиуми потрошила 3.373.828 евра, а ВМРО-ДПМНЕ 4.250.000 евра. Од Антикорупциската комисија наведуваат дека во овие суми не е пресметан попуст доколку бил даден Колицијата За Македонија заедно и ВМРО-ДПМНЕ потрошиле повеќе пари во ...

ДПМНЕ и СДСМ потрошиле повеќе пари за кампања од дозволеното

А1 - 03.10.2006

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ потрошиле дупло повеќе пари за изборната кампања од законски предвидениот лимит. Ги прекорачиле дозволените еден милион и 700 илјади евра, соопшти денеска Антикорупциската комисија. Води владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Антикорупциска гo уловеше вишокот потрошени пари на партиите во предизборната кампања

Канал5 - 03.10.2006

ВМРО ДПМНЕ потрошила околу 4,5 милиони евра за рекламирање преку телевизии, весници и билборди. Коалицијата на СДСМ дала околу 3,5 милиони евра. Антикорупциската комисија излезе со конкретни бројки. ВМРО ДПМНЕ потрошила околу 4,5 милиони евра за рекламирање преку телевизии, весници и билборди.

Антикорупциска: Надминат лимитот на пари во изборната кампања

Макфакс - 03.10.2006

Скопје Коалицијата За Македонија заедно, ДПА и ПЕО, три месеци по одржувањето на парламентарните избори, не ги откриваат главните финансиери за изборната кампања, а главните партии го надминале лимитот дозволен со закон за рекламирање во медиумите.