Носејќи го дресот на Михаил Балак лидерот на германската фудбалска репрезентација со број 13, алудирајќи на бројот под кој е листата на СДСМ на гласачкото ливче во петката, претседателот Владо Бучковски првпат од почетокот на изборната кампања синоќа во Охрид не изусти ниту еден збор против лидерот ...
До вчера беше рокот што премиерот Бучковски го постави на винарската визба „Повардарие“ да си го намири долгот кон државата во висина од еден и пол милион евра. Оттаму информираат дека доставиле барање за една од банките за кредит и чекаат одговор.
Садам Хусеин, црни Бучковски, арамии, криминалци, српски заложници. Вака лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО сакаат да ги освојат гласовите на граѓаните. Паднаа маските. А предизборно ветуваа дека ќе се занимаваат самите со себе, со она што го направиле и што понатаму.
„ПОВАРДАРИЕ“ До вчера беше рокот што премиерот Владо Бучковски и директорката на УЈП Петра Митева при неодамнешната посета на „Повардарие“ и го поставија на визбата да си го намири долгот кон државата. Долгот на „Повардарие“ кон УЈП изнесува 1,5 милион евра.
ВМРО-ДПМНЕ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД На само неколку дена пред завршувањето на кампањата лидерот на СДСМ Владо Бучковски е се понервозен бидејќи му е јасно дека ја губи довербата кај народот и кај многумина во неговата партија, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на завчерашниот митинг во ...
ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ вчера го обвини премиерот Владо Бучковски дека со продажбата на плацот во Карпош за само 16 евра за квадратен метар продолжува да ги промовира склучувањата договори во четири очи. „ Бучковски уште еднаш покажа дека е промотор на непосредните спогодби.
ВМРО-НП Портпаролот на ВМРО-Народна партија, Александар Ѓорѓиев, на денешната прес-конференција рече дека политичката предизборна кампања добива загрижувачки размери и ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за создавање виртуелна политичка понуда, со цел да се избега од реалноста.
ВМРО-Народна партија е згрозена од нивото на политичката комуникација помеѓу лидерите на СДСМ Владо Бучковски и ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Партискиот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера рече дека Бучковски и Груевски постапуваат како Бранко Црвенковски на изборите во 2002 година, кога се заканувал ...
Владо Бучковски, лидерот на СДСМ не може многу да се надева на претстојните парламентарни избори, предвидуваат јапонските астролози. Според нивните претскажувања направени според поставеноста на ѕвездите, Бучковски кој е роден во знакот на Тигар не може да биде успешен лидер, туку само добар ...
Владо Бучковски во времето кога беше министер за одбрана не одговорил на барањата на Јавното обвинителство, во кои се барале извештаите од случаите Карпалак и Љуботенски пат во конфликтот 2001 година. Тогашниот заменик јавен обвинител Михајло Маневски итното барање, адресирано до Бучковски го ...
По 5 јули Македонија ќе ја добие најодговорната Влада која ќе ги реши најголемите проблеми, а Македонија ќе ја почне економската преродба, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во првата изборна единица Никола Груевски претставувајќи ја изборната програма на партијата на митингот што се ...
Градскиот плоштад во Скопје обоен е во сино, боите на коалицијата „За Македонија заедно“, бојата на СДСМ. Ова е централен митинг, затоа што ќе бидат претставени сите 120 кандидати за пратеници на оваа коалиција. Предвидено е на почетокот на говорат шесте носители на листи, а некаде околу 21 часот е ...
Останаа уште четири дена до крајот на оваа изборна кампања. Издржавме четири години, а ќе издржиме уште четири дена со сите навреди. Бучковски е во паника и затоа навредува, бидејќи ќе изгуби се. Колку тој е понервозен, јас сум посмирен, зошто гледам на каде оди работата, рече синоќа лидерот на ...
Останаа уште четири дена од изборната кампања, издржавме четири години, а ќе ги издржиме и сите навреди. Бучковски е во паника и навредува, бидејки ќе изгуби се. Колку тој е понервозен јас сум посмирен зашто гледам на каде оди работата, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на Митингот во ...
Македонија треба да има фер и демократски избори. Македонија треба да победи на изборите, а тоа ќе се случи доколку портокаловите го признаат поразот вечерта на петти јули, им се обрати челникот на СДСМ Владо Бучковски на жителите од Капиштец.
НЕГОТИНСКИТЕ ЛОЗАРИ ПОРАЧАА Неготинските лозари вчера блокираа цистерна со вино да излезе од винарската визба „Повардарие“ откако разбраа дека Бучковски пак ги остави на цедило. Тие се револтирани зашто велат дека на премиерот му било поважно да ја наполни државната каса пред избори, наместо тие да ...
Помалите партии навиваат за партиско шаренило во идниот парламент Предизборната кампања од борба меѓу власта и опозицијата полека, но сигурно се претвора и во жесток дуел меѓу претставниците на т.н. мали и големи партии. Впечаток е дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Владо Бучковски и Никола ...
Главните политички играчи Груевски и Бучковски, буквално ќе се изедат меѓу себе Оливера Војновска Наспроти тврдењата дека преферираат цивилизирана кампања и нема да се спуштаат на приземното ниво на нивните политички противници, ВМРО-ДПМНЕ вчера, сепак, не одолеа на провокацијата и му го возврати ...
Ја сакаме Македонија многу повеќе од нашите противници. Не ја сака Македонија тој што постојано се удира во гради и шири пизма, сака верска нетрпеливост и национална омраза, а од друга страна чека шанса во хаосот, да собере, да грабне, порача лидерот на СДСМ Владо Бучковски на завчерашниот митинг ...
ВМРО-НП ја обвини власта дека Македонската телевизија ја ставила во улога на сервис на СДСМ и нивните коалициски партнери. Портпаролот Александар Ѓорѓиев изјави дека премиерот Владо Бучковски, вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерката Илинка Митрева на 20 јуни биле во МРТВ да бараат ...
Премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски во финишот на кампањата е во паника, напаѓа со жесток вокабулар, прета како свежо заклана кокошка, бидејќи не се плаши толку од изборниот пораз, туку од можноста да ја загуби слободата, зашто се заборавија во криминалот, рече Никола Груевски, претседател на ...
Говорите на Груевски и Бучковски на митинзите се загрижувачки. И двајцата зборуваат за апсења на шести јули, си упатуваат лични навреди и го дерогираат правниот систем, обвини денеска ВМРО Народна партија. Говорите на Груевски и Бучковски на митинзите се загрижувачки.
Неготинските лозари не веруваат во предизборните ветувања на премиерот Владо Бучковски дека пари за предаденото грозје ќе добијат по изборите. Бучковски завчера, со директорката на Управата за јавни приходи, Петра Митева ја посети винаријата "Повардарие" и соопшти дека имотот на визбата ќе се ...
- Брука. Вака го објасни владеењето на СДСМ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Штип. Тој го обвини Бучковски за голем криминал во претходните четири години. - Во паника се, рече Груевски, затоа што по 5 јули ќе ги откриеме кражбите што ги правеа во Министерството за одбрана со ...
„Брука за државата“ вака го објасни владеењето на СДСМ лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешниот митинг во Штип. Тој со остри зборови се нафрли на Бучковски обвинувајќи го за голем криминал во претходните четири години.
На Прилеп му е преку глава од лажни херои и од оние кои го промовираа теророт како принцип, рече синоќа лидерот на СДСМ Владо Бучковски. До победата се стасува со разум, но и со макотрпна работа, но и со убедување на неопределените, кои мислат дека работите се менуваат преку ноќ.
ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА ВО КУМАНОВО Владејачката структура во Куманово ги распродава речиси сите соголени кумановски фабрики на нивните стари, но и на нови пријатели од ДУИ, рече Петар Поп Арсов, кандидат за пратеник во изборната единица 2 на завчерашниот митинг на здружената опозиција на градскиот ...
НЕГОТИНО - УЈП и премиерот Владо Бучковски вчера попладне дојдоа во винарската визба „Повардарие" од Неготино за да направат попис на недвижен имот, по што ќе следува негова продажба и наплата на долговите кон сите доверители.
Премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Владо Бучковски, вчера се изјасни дека не барал поддршка од Приштина и Тирана за запирање на предизборните насилства во Скопје, туку само се заложил кај колегите Сали Бериша и Агим Чеку да ги осудат таквите случувања.
Експертите велат дека очекувале политичарите во кампањата да си упатуваат отровни стрели Оливера ВоЈновска Во финишот на кампањата, премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, ја заостри битката со неговиот главен политички ривал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, па повторно во игра ја ...
Владо Бучковски деновиве како грогиран боксер прета со рацете, како да чека некој од СДСМ да му фрли бела крпа, зашто е готов, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на завчерашниот митинг во Куманово. Тој рече дека „криминалната и неспособна владејачка гарнитура на изборите нема проблем само ...
Владата ќе им го плати на неготинските лозари грозјето што во минатата година и' го предадоа на винарската визба „Повардарие“, но се' уште чекаат пари. За оваа намена пари ќе бидат обезбедени од касата на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.
Најголемата опозициска коалиција "За преродба" на завчеравчерашниот митинг во Куманово, му порача на претседателот на СДСМ Владо Бучковски дека е готов. - Го гледам Бучковски деновиве како грогиран боксер прета, мрда со рацете како да чека ќе има ли некој од СДСМ да му фрли бел пешкир, како заклана ...
Во посета на винарската визба „Повардарие“ беа премиерот Владо Бучковски и директорката на УЈП Петра Митева. Посетата доаѓа по владината седница каде се расправало за „Повардарие“. Одлучиле, по претходно извршениот попис во визбата, виното да го продаваат на аукција, а по изборите да се оди со ...
Заедно го направивме првиот караван за Лешок. Ми велеа да не одам на Попова Шапка. Тоа го повторуваа исти луѓе, еднаш обоени во црвено-црно, сега префарбани во портокалово. Го говореа луѓето кои го создадоа хаосот, кои сакаа поделба на Македонија затоа што сакаа да се изгуби трагата на парите.
„ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО“ ВО ШТИП Ние социјалдемократите треба да и дадеме тон на оваа кампања и да им кажеме не на насилството и на оружјето, рече Владо Бучковски на завчерашниот митинг во Штип. Пред насобраните граѓани Бучковски директно му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните заплиснати од нови бранови на силни ветувања, кои стануваат се поголеми како што наближува денот на изборите Соња Крамарска Првото полувреме од изборната кампања завршува неславно, со многу тепачки и инциденти кои ги задушуваат вообичаените изборни пароли што граѓаните очекуваа(т) да ги ...
Никола Поповски е домаќин кој обезбеди средства за нови проекти, а не арамија како Никола Груевски, порача лидерот на СДСМ Владо Бучковски на прексиноќешниот митинг на коалицијата „За Македонија заедно“ во Штип. Според него, владејачката коалиција е „чудото за кое говорат другите“, на која ...
Според Бучковски експлицитно, а според Грдото пајче, имплицитно - јас сум лидер на србизацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Освен ова, сум се осмелил по вооружените предизборни пресметки помеѓу ДУИ и ДПА да напишам: оној што со оружје дошол на власт, со оружје и ќе си оди.
Што е заедничко помеѓу португалската фудбалска репрезентација и нашата коалиција ги праша вчера штипјани лидерот на СДСМ Владо Бучковски и им одговори, португалците ги победија портокаловите завчера, а ние ќе ги победиме на пети јули.
„ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО“ ВО БИТОЛА Четири години мака мачевме да ја стабилизираме Република Македонија и успеавме за инает на сите душмани, за инает на сите оние што ширеа само песимизам и пизма, на сите оние што не веруваа во Македонија, рече Владо Бучковски на завчерашниот митинг на коалицијата „За ...
Четири години мака мачевме да ја стабилизираме Република Македонија и успеавме за инает на сите душмани, за инает на сите оние кои ширеа само песимизам, на сите оние кои не веруваа во Македонија, рече Владо Бучковски на синоќешниот митинг на коалицијата „За Македонија заедно“ што се одржа на ...
ЗАГРИЖЕНОСТ ВО СИТЕ ПАРТИИ Владо Бучковски, претседател на СДСМ, и Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, завчера апелираа до сите политички субјекти да ги прекинат предизборните инциденти. Груевски вели дека во државата се почитува атмосфера што не е ни слична на скандинавски избори.
Победата по секоја цена - поважна од предизборната слика за Македонија Соња Крамарска Предизборните инциденти продолжуваат со несмалена жестокост иако партиите секој ден со полни усти критики бараат да запре насилството. Но, по сж изгледа, тие дење апелираат, а ноќе оперираат.
ВМРО-Народна БИТОЛА - „Од што се плашат Бучковски и Груевски што не сакаат да се соочат со најплуканата, најетикетираната и најнапаѓаната личност во оваа држава која едноставно ги моли своите противници да седнат очи в очи и да разговараат", ги праша во Битола своите политички опоненти неформалниот ...