TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хајдер загина во сообраќајна несреќа

А1 - 12.10.2008

Јерг Хајдер, лидерот на Десничарскиот сојуз за иднината на Австрија и гувернер на австриската покраина Корушка, загина рано утрото во сообраќајна несреќа. 58-годишниот Хајдер управувал со службениот автомобил и ја загубил контролата над управувачот. Неговата смрт ја разбранува австриската јавност.

АВСТРИЈА - ХАЈДЕР ВОЗЕЛ СО ДВОЈНО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА

Сител - 12.10.2008

АВСТРИЈА - ХАЈДЕР ВОЗЕЛ СО ДВОЈНО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА Австриската полиција соопштила дека според досегашните сознанија, австрискиот политичар Јорг Хајдер кој вчера погина во сообраќајна несреќа, возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Загина Јерг Хајдер

Вечер Прес - 12.10.2008

Лидерот на популистичкиот десничарски Сојуз за иднината на Австрија и гувернер на австриската покраина Корушка, Јерг Хајдер загина во саботата во автомобилска несреќа, соопшти полицијата. Според првичните податоци, 58-годишниот Хајдер управувал со службениот автомобил и во моментот кога се обидел да претекне друго возило, ја загубил контролата над воланот и повеќе пати се превртел, додаде ...

Австрија: Хајдер возел со двојно поголема брзина од дозволената

Нетпрес - 12.10.2008

Австриската полиција соопштила дека според досегашните сознанија, австрискиот политичар Јорг Хајдер кој вчера погина во сообраќајна несреќа, возел со двојно поголема брзина од дозволената. Полицијата после реконструкцијата на настанот дала известување дека во моментот кога дошло до несреќата, Хајдер возел со брзина од 142 км на час, а на тој дел од пат била дозволена брзина од 70 км на час.

Клагенфурт: Во сообраќајна несреќа загина шефот а ултра десницата во Австрија Јерг Хајдер

Р.С.Европа - 11.10.2008

Шефот на австриската ултрадесничарска Слободарска партија Јерг Хајдер загинал изутрината во сообраќајна несреќа во близина на Клагенфурт. Според првичните информации, пеесет и осум годишниот Хајдер бил сам во возилото кое од засега неутврдени причини, при претекнување, излетало од патот.

ЗАГИНА АВСТРИСКИОТ "ДЕСНИЧАР" ЈЕРГ ХАЈДЕР

Телма - 11.10.2008

Гувернерот на Корушка и претседател на Популистичкиот Сојуз за иднината на Австрија Јерг Хајдер, загина во сообраќајна несреќа која се случи рано утрово во Клагенфурт. Според информациите од Австрија, Хајдер (58) бил сам во службениот автомобил, а од непознати причини излетал од патот.

Загина австрискиот политичар Јерг Хајдер

Форум - 11.10.2008

Гувернерот на Корушка и претседател на популистичкиот „Сојуз за иднината на Австрија“, Јерг Хајдер, почина од повредите здобиени во автомобилската несреќа рано утрото (11.10.2008) во Клагенфурт.

Австрискиот десничарски лидер Хајдер загина во сообраќајна несреќа

Алсат-М - 11.10.2008

Јерг Хајдер, лидерот на популистичкиот Сојуз за иднина на Австрија и гувернер на австриската покраина Корушка загина утрината во сообраќајна несреќа.

Загина австрискиот ултрадесничар Јерг Хајдер

Форум - 11.10.2008

Во автомобилска несреќа кај австриското градче Клагенфурт, во саботата сабајле загина лидерот на се’ посилното национално-десничарска Унија за Австрија, Јорг Хајдер.

Јерг Хајдер загина во автомобилска несреќа

Кирилица - 11.10.2008

Според првичните податоци, 58-годишниот Хајдер управувал со службениот автомобил и во моментот кога се обидел да претекне друго возило, ја загубил контролата над воланот и повеќе пати се превртел, додаде полицијата.

АВСТРИСКИОТ ДЕСНИЧАРСКИ ЛИДЕР ЈЕРГ ХАЈДЕР ЗАГИНА ВО АВТОМОБИЛСКА НЕСРЕЌА

Сител - 11.10.2008

АВСТРИСКИОТ ДЕСНИЧАРСКИ ЛИДЕР ЈЕРГ ХАЈДЕР ЗАГИНА ВО АВТОМОБИЛСКА НЕСРЕЌА Лидерот на популистичкиот десничарски Сојуз за иднината на Австрија и гувернер на австриската провинција Каринтија Јерг Хајдер загина рано изутринава во автомобилска несреќа, соопшти полицијата.

Загина австрискиот ултрадесничар Јорг Хајдер

Нетпрес - 11.10.2008

Австрискиот ултрадесничарски политичар и долгогодишен лидер на Слободарската партија Јорг Хајдер денеска го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Јерг Хајдер загина во сообраќајна несреќа

Макфакс - 11.10.2008

Јерг Хајдер, лидерот на популистичкиот Сојуз за иднина на Австрија и гувернер на австриската покраина Корушка загина утрината во сообраќајна несреќа, јавија локалните медиуми.