TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Утре протест на новинарите: „Овде сме, тепајте!!!“

А1 - 29.09.2002

Уредникот на радио „Тумба“, Зоран Божиновски, кој на почетокот на оваа седмица беше претепан од „лав“ на МВР се уште е во болница. Здружението на новинарите на Македонија поради овој и уште четириесетина нерешени случаи на физички напади на новинари утре ќе протестира пред МВР под мотото: „Овде ...

Новинарите организираат протест под мото "Овде сме, тепајте !!!"

Утрински - 28.09.2002

В понеделник македонските новинари пред МВР "Овде сме тепајте !!!" - е мотото под кое Здружението на новинарите на Македонија в понеделник ќе излезе на мирен протест пред МВР. Протестот ќе почне во 12,05 часот, што треба да симболизира дека веќе е доцна и дека македонските новинари немаат повеќе ...

Продолжен притворот на "лавот" Горан Тајто на 30 дена

Утрински - 28.09.2002

По претепувањет?на кумановскиот новина?Зора?Божиновски КУМАНОВО - По предло?на Основнио?јаве?обвините?на Куманово, истражниот судија на Основнио?су?на Куманово, Светисла?Трајковски, вчер?спроведе истраг??му одреди мерк?притво?во траење од 30 дена на осомничениот Гора? Трајковски-Тајт?за извршено ...

Притворен Горан Трајковски, новинарите на протест

А1 - 27.09.2002

Денеска околу 13 часот на Горан Трајковски, осомничен за претепувањето на новинарот Зоран Божиновски, му е одредена мерка притвор со времетраење од 30 дена. Истражниот судија од Основниот суд во Куманово, задолжен за случајот, мерката притвор ја донел врз основа на кривичните пријави за насилство и ...

"Лавот" Тајто и се предал на полицијата

Вест - 27.09.2002

ПОЛИЦИСКА РАЗВРСКА НА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА НОВИНАРОТ НА КУМАНОВСКОТО РАДИО "ТУМБА" Горан Трајковски -Тајто, осомничен за претепувањето на новинарот Зоран Божиновски од кумановското радио "Тумба", вчера, во придружба на неколку старешни, и се предал на кумановската полиција Горан Трајковски ...

Приведен осомничениот "лав" Горан Тајто

Утрински - 27.09.2002

Претепаниот кумановски новинар Зоран Божиновски пренесен в болница во Скопје КУМАНОВО - Вчера претпладне, околу 10 часот, во СВР-Куманово е приведен осомничениот Горан Трајковски-Тајто за физички напад и нанесување тешки телесни повреди врз новинарот на "Фокус", Канал 5 и Радио Тумба, Зоран ...

Уапсен "лавот" што го претепа Божиновски

Дневник - 27.09.2002

ПО УПАДОТ ВО КУМАНОВСКОТО РАДИО "ТУМБА" Кумановската полиција вчера го уапси Горан Трајковски-Тајто, припадник на полициската единица за брзи интервенции "Лавови", осомничен за бруталното претепување на Зоран Божиновски, новинар на приватното радио "Тумба".

Тајто и се предаде на полицијата

А1 - 26.09.2002

Утрово околу 10 часот во кумановската полициска станица е приведен Горан Трајковски - Тајто, кој од полицијата, како и од Зоран Божиновски, е осомничен за завчерашното претепување новинарот во просториите на радио „Тумба“. Според полициски извори, тројца старешини од единицата за брзи интервенции ...

Тепачот на новинарот под закрила на раководството на МВР

Вест - 26.09.2002

КУМАНОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ - ТАЈТО Е НАПАЃАЧОТ НА УРЕДНИКОТ НА РАДИО ТУМБА Бидејќи кумановската полиција имала информации дека Тајто е припадник на "лавовите", побарала од централата во Скопје да биде приведен во полициската станица до вчера во 8 часот и таков договор бил ...

Новинарите ќе организираат протест пред МВР

Вест - 26.09.2002

ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ УРЕДНИКОТ НА РАДИО ТУМБА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ Доколку до петок истражните органи не преземат соодветни мерки за нападот и физичкото малтретирање на новинарот Зоран Божиновски, Здружението на новинари на Македонија, в понеделник пред МВР ќе организира протест со мото "Овде сме, ...

"Лавот" Горан Тајто сe уште не е уапсен од полицијата

Утрински - 26.09.2002

Остри реакции на кумановската јавност по претепувањето на новинарот Зоран Божиновски КУМАНОВО - До вчера претпладне, во осум часот, требаше да биде приведен "лавот" Горан Трајковски - Тајто (29) од Куманово, осомничен за физичкиот напад и претепување на новинарот Зоран Божиновски во неделата по ...

Осуда на бруталниот напад врз новинарот од Радио Тумба

Утрински - 26.09.2002

НАТО, ОБСЕ, ЕУ и амбасадата на САД во Македонија Портпаролот на ОБСЕ, Волфганг Гревен, во име на својата организација, но и во име на американската амбасада во Македонија, на НАТО и на ЕУ, остро го осуди бруталниот напад врз новинарот на Радио Тумба од Куманово, Зоран Божиновски, додавајќи дека ...

Силеџиите сакаат да го замолчат јавниот збор

Утрински - 26.09.2002

Реакции по бруталниот напад врз новинарот на Радио Тумба Зоран Божиновски од Куманово Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија (ГИФИХ) најостро го осудува бруталното и грозоморно претепување на новинарот Зоран Божиновски во кумановското Радио Тумба, ...

Новинарите ќе протестираат ако не се откријат напаѓачите

Утрински - 26.09.2002

ЗНМ со апел до надлежните ЗНМ поднесе кривична пријава против напаѓачот Здружението на новинарите на Македонија процесуира кривична пријава против Горан Трајковски-Тајто, кој претепаниот новинар Зоран Божиновски од Куманово го препозна како предводник на напаѓачите во кумановското Радио Тумба.

Немало "лав" меѓу осомничените за претепаниот новинар

Дневник - 26.09.2002

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПО СКАНДАЛОТ ВО РАДИОТО "ТУМБА" Кумановската полиција вчера привела четири лица за кои се сомнева дека тие завчера го претепале новинарот Зоран Божиновски во студиото на кумановското радио "Тумба". Портпаролот на МВР изјави дека ниеден од приведените не е припадник на "лавовите".

Зачестени физичките напади врз новинари

А1 - 25.09.2002

Во последните три години повеќе од 40 новинари биле нападнати или физички малтретирани при извршувањето на нивните работни задачи, тврдат во Здружението на новинарите на Македонија. Освен физички, не е мал бројот на оние новинари кои се заплашувани со цел да се спречи објективното информирање.

МВР потврди дека Тајто е еден од напаѓачите на Божиновски

А1 - 25.09.2002

Кумановската полиција ја потврди изјавата на претепаниот новинар Зоран Божиновски и соопшти дека во насилството учествувал 29-годишниот Горан Трајковски - Тајто. Началникот на СВР Куманово, Живко Ефремовски денеска соопшти дека случајот ќе биде истеран до крај, а полицијата веќе има сознанија и за ...

Меѓународната заедница го осуди нападот на новинарот

А1 - 25.09.2002

Претставниците на меѓународната заедница во Македонија денеска силно осудувајќи го нападот на новинарот Зоран Божиновски од кумановското радио „Тумба“ и изразувајќи силна поддршка за слободата на печатот, ги повикаа властите да ги откријат напаѓачите и да ги изведат пред лицето на правдата.

"Лавови" претепале новинар на кумановското Радио Тумба

Вест - 25.09.2002

НАСИЛСТВОТО ВРЗ НОВИНАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА Додека се емитувала полноќната радиопрограма, упаднале три непознати лица со маски на главите, вооружени со пиштол, метални прачки и со безбол палки, и физички го нападнале и претепале новинарот Зоран Божиновски (36), кој со скршеници на двете ...

Кумановски "лав" го претепал Зоран Божиновски

Утрински - 25.09.2002

Брутален напад врз новинар на неговото работно место во Радио Тумба Новинарот Зоран Божиновски, во раните утрински часови вчера, беше брутално претепан среде емисија на кумановското Радио Тумба. Тој е хоспитализиран во кумановската болница и е во стабилна состојба, но со сериозни телесни повреди на ...

Лавови претепале новинар

Дневник - 25.09.2002

нов упад во кумановското радио "Тумба" Зоран Божиновски, новинар на приватното радио "Тумба" од Куманово, бил претепан и тешко поведен од припадници на специјалната полициска единица "Лавови", кои насилно влегле во студиото, во вторникот рано наутро.

„Лавови“ го претепале новинарот Зоран Божиновски

А1 - 24.09.2002

Новинарот на приватното радио „Тумба“ од Куманово Зоран Божиновски ноќеска бил претепан и потешко повреден од, како што тврди Божиновски, припадници на специјалната полициска единица „Лавови“, кои насилно влегле во студиото. Четворицата напаѓачи, од кои едниот, Горан Трајковски - Тајто, бил ...