Уредникот на радио „Тумба“, Зоран Божиновски, кој на почетокот на оваа седмица беше претепан од „лав“ на МВР се уште е во болница. Здружението на новинарите на Македонија поради овој и уште четириесетина нерешени случаи на физички напади на новинари утре ќе протестира пред МВР под мотото: „Овде ...
В понеделник македонските новинари пред МВР "Овде сме тепајте !!!" - е мотото под кое Здружението на новинарите на Македонија в понеделник ќе излезе на мирен протест пред МВР. Протестот ќе почне во 12,05 часот, што треба да симболизира дека веќе е доцна и дека македонските новинари немаат повеќе ...
По претепувањет?на кумановскиот новина?Зора?Божиновски КУМАНОВО - По предло?на Основнио?јаве?обвините?на Куманово, истражниот судија на Основнио?су?на Куманово, Светисла?Трајковски, вчер?спроведе истраг??му одреди мерк?притво?во траење од 30 дена на осомничениот Гора? Трајковски-Тајт?за извршено ...
Денеска околу 13 часот на Горан Трајковски, осомничен за претепувањето на новинарот Зоран Божиновски, му е одредена мерка притвор со времетраење од 30 дена. Истражниот судија од Основниот суд во Куманово, задолжен за случајот, мерката притвор ја донел врз основа на кривичните пријави за насилство и ...
ПОЛИЦИСКА РАЗВРСКА НА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА НОВИНАРОТ НА КУМАНОВСКОТО РАДИО "ТУМБА" Горан Трајковски -Тајто, осомничен за претепувањето на новинарот Зоран Божиновски од кумановското радио "Тумба", вчера, во придружба на неколку старешни, и се предал на кумановската полиција Горан Трајковски ...
Претепаниот кумановски новинар Зоран Божиновски пренесен в болница во Скопје КУМАНОВО - Вчера претпладне, околу 10 часот, во СВР-Куманово е приведен осомничениот Горан Трајковски-Тајто за физички напад и нанесување тешки телесни повреди врз новинарот на "Фокус", Канал 5 и Радио Тумба, Зоран ...
ПО УПАДОТ ВО КУМАНОВСКОТО РАДИО "ТУМБА" Кумановската полиција вчера го уапси Горан Трајковски-Тајто, припадник на полициската единица за брзи интервенции "Лавови", осомничен за бруталното претепување на Зоран Божиновски, новинар на приватното радио "Тумба".
Утрово околу 10 часот во кумановската полициска станица е приведен Горан Трајковски - Тајто, кој од полицијата, како и од Зоран Божиновски, е осомничен за завчерашното претепување новинарот во просториите на радио „Тумба“. Според полициски извори, тројца старешини од единицата за брзи интервенции ...
КУМАНОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ - ТАЈТО Е НАПАЃАЧОТ НА УРЕДНИКОТ НА РАДИО ТУМБА Бидејќи кумановската полиција имала информации дека Тајто е припадник на "лавовите", побарала од централата во Скопје да биде приведен во полициската станица до вчера во 8 часот и таков договор бил ...
ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ УРЕДНИКОТ НА РАДИО ТУМБА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ Доколку до петок истражните органи не преземат соодветни мерки за нападот и физичкото малтретирање на новинарот Зоран Божиновски, Здружението на новинари на Македонија, в понеделник пред МВР ќе организира протест со мото "Овде сме, ...
Остри реакции на кумановската јавност по претепувањето на новинарот Зоран Божиновски КУМАНОВО - До вчера претпладне, во осум часот, требаше да биде приведен "лавот" Горан Трајковски - Тајто (29) од Куманово, осомничен за физичкиот напад и претепување на новинарот Зоран Божиновски во неделата по ...
НАТО, ОБСЕ, ЕУ и амбасадата на САД во Македонија Портпаролот на ОБСЕ, Волфганг Гревен, во име на својата организација, но и во име на американската амбасада во Македонија, на НАТО и на ЕУ, остро го осуди бруталниот напад врз новинарот на Радио Тумба од Куманово, Зоран Божиновски, додавајќи дека ...
Реакции по бруталниот напад врз новинарот на Радио Тумба Зоран Божиновски од Куманово Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија (ГИФИХ) најостро го осудува бруталното и грозоморно претепување на новинарот Зоран Божиновски во кумановското Радио Тумба, ...
ЗНМ со апел до надлежните ЗНМ поднесе кривична пријава против напаѓачот Здружението на новинарите на Македонија процесуира кривична пријава против Горан Трајковски-Тајто, кој претепаниот новинар Зоран Божиновски од Куманово го препозна како предводник на напаѓачите во кумановското Радио Тумба.
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПО СКАНДАЛОТ ВО РАДИОТО "ТУМБА" Кумановската полиција вчера привела четири лица за кои се сомнева дека тие завчера го претепале новинарот Зоран Божиновски во студиото на кумановското радио "Тумба". Портпаролот на МВР изјави дека ниеден од приведените не е припадник на "лавовите".
Во последните три години повеќе од 40 новинари биле нападнати или физички малтретирани при извршувањето на нивните работни задачи, тврдат во Здружението на новинарите на Македонија. Освен физички, не е мал бројот на оние новинари кои се заплашувани со цел да се спречи објективното информирање.
Кумановската полиција ја потврди изјавата на претепаниот новинар Зоран Божиновски и соопшти дека во насилството учествувал 29-годишниот Горан Трајковски - Тајто. Началникот на СВР Куманово, Живко Ефремовски денеска соопшти дека случајот ќе биде истеран до крај, а полицијата веќе има сознанија и за ...
Претставниците на меѓународната заедница во Македонија денеска силно осудувајќи го нападот на новинарот Зоран Божиновски од кумановското радио „Тумба“ и изразувајќи силна поддршка за слободата на печатот, ги повикаа властите да ги откријат напаѓачите и да ги изведат пред лицето на правдата.
НАСИЛСТВОТО ВРЗ НОВИНАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА Додека се емитувала полноќната радиопрограма, упаднале три непознати лица со маски на главите, вооружени со пиштол, метални прачки и со безбол палки, и физички го нападнале и претепале новинарот Зоран Божиновски (36), кој со скршеници на двете ...
Брутален напад врз новинар на неговото работно место во Радио Тумба Новинарот Зоран Божиновски, во раните утрински часови вчера, беше брутално претепан среде емисија на кумановското Радио Тумба. Тој е хоспитализиран во кумановската болница и е во стабилна состојба, но со сериозни телесни повреди на ...
нов упад во кумановското радио "Тумба" Зоран Божиновски, новинар на приватното радио "Тумба" од Куманово, бил претепан и тешко поведен од припадници на специјалната полициска единица "Лавови", кои насилно влегле во студиото, во вторникот рано наутро.
Новинарот на приватното радио „Тумба“ од Куманово Зоран Божиновски ноќеска бил претепан и потешко повреден од, како што тврди Божиновски, припадници на специјалната полициска единица „Лавови“, кои насилно влегле во студиото. Четворицата напаѓачи, од кои едниот, Горан Трајковски - Тајто, бил ...