Германија бара зголемување на земјоделското производство во земјите од Европската унија, што е спротивно на досегашната рестриктивна земјоделска политика на Унијата. Според германските агроексперти така ќе се спречи растот на цените на основните производи и недостатокот од храна.
Состојбата може да се надмине ако се зголеми понудата на земјоделски и прехранбени производи Маја Томиќ Храната во Македонија ќе поскапува во наредниот период како секаде во светот. Побарувачката за производи ќе расте и не може да се очекува дека цените ќе се намалуваат.
Локалните самоуправи од Прилеп Долнени и Кривогаштани, како и развојната регионална агенција "Преда Пелагонија", потпишаа меморандум за соработка со Федерацијата на фармерите на Македонија, со цел да се поттикне развојот на земјоделството.
Цените на храната во светот во јануари оваа година во споредба со истиот месец од минатата година се зголемиле за 33 проценти, а на енергијата која што е важен фактор и во производството на храна за 65 проценти Инфлацијата во Македонија е увезена.
Состојбата со сточарството во западна Македонија е само дел од општата слика на аграрот кај нас. Годините без стимулации, без владина поддршка ги десеткуваа стадата, ги преполовија фармите. Се гледа ли веќе стопирањето на овој негативен тренд? Агробизнисмените, сточарите и науката едногласни во ...
Меморандум за соработка денеска се потпиша помеѓу Федерацијата на фармери и општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Целта е заеднички да се идентификуваат потребите и проблемите на земјоделците и да се настапи со организирани проекти во земјоделството.
Премиерот Никола Груевски вчера во Скопје се сретна со претставници на земјоделските здруженија. "Овде сум во улога на претседател на ВМРО-ДПМНЕ", потврди Груевски по едночасовната затворена средба со земјоделците, која се одржа во Клубот на пратениците во Скопје.
Премиерот вчера се сретна со претставници на земјоделците, од кои побарал сугестии што треба да се подобри во оваа сфера. "Сакаме нашата програма да ги има информациите од теренот, а не само од експертите", рече Груевски. Тој истакна дека ќе биде задржан генералниот курс за поддршка на ...
ГРУЕВСКИ СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Ќе продолжи трендот на зголемување на стимулациите во земјоделство. Ова го вети премиерот Никола Груевски на вчерашната заедничка средба со луѓето од агробизнисот. - Останува генералниот курс за зголемување на субвенциите, така што в година ќе има 70 милиони евра, потоа 100 ...
Цената на храната нема да се намалува. Во услови на скромно земјоделско производство, зголемени трошоци и зависност на земјата од увоз, експертите се единствени во ставот за идните ценовни движења – можно е, предвидуваат цените да одат и нагоре.
Македонските земјоделци се задоволни од досегашната политика што ја спроведувала Владата, од зголемините средства кои се издвојуваат за поддршка, од субвенциите, но реагирале на нивната распределба, како и на распределбата на земјиштето.
Груевски, Ставрески и Славески, сите исправени пред земјоделците. Аграрот продолжува да биде нивен адут и во следните години. Не само европски туку и светски тренд е производството на храна, која ќе биде дефицитарна. Вистинско време да се покаже грижата за домашното производство и намалување на ...
Да се намалат административните процедури за добивање на субвенции, земјоделците да се насочат што да произведуваат за да бидат конкурентни на пазарот. Ова беа дел од критиките и препораките на земјоделските здруженија на денешната средба со премиерот Никола Груевски.
РЕГИОНАЛНИ ИСКУСТВА Откупот на македонски производи, спроведување на правилникот за млеко, проекти за рурален развој и за правилно искористување на парите од европските фондови се клучните теми за кои вчера разговараа македонскиот и словенечкиот министер за земјоделство.
Македонија ќе го искористи словенечкото искуство за прилагодување на македонското земјоделството кон европското. Словенечкиот министер за земјоделство Изток Јарц, по оваа посета заминува со оптимистички заклучоци, Македонија во поглед на земјоделството е на прав пат.