TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Техеран ќе ја отвори границата кон Ирак во регионот на курдската автономна област

Канал5 - 07.10.2007

Иран ќе ја отвори денеска границата со Ирак во регионот на курдската автономна област. Техеран, 7 октомври (МИА) - Иран ќе ја отвори денеска границата со Ирак во регионот на курдската автономна област, пренесува МИА. Техеран ја затвори границата во знак на протест против приведувањето на еден ...

Одложена воената операција на Турција во Ирак

Макфакс - 07.10.2007

Анкара Турција нема да изведе воена операција протите курдскире сепаратисти во северен Ирак, до посетата на премиерот Реџеп Ердоган на Соединетите Американски Држави (САД). Посетата на Ердоган на САД е закажана за петти ноември, пренесуваат локалните медиуми.

Турскиот Парламент одобри испраќање војници во Ирак

Макфакс - 07.10.2007

Анкара Турскиот парламент одобри испраќање на војници во северниот дел на Ирак за да ги уништат базите на курдските бунтовници, соопшти претседателот на Парламентот на Турција. Владата побара дозвола за едногодишна воена интервенција со еднократни или повеќекратни воздушни удари во Северен Ирак.

Убиени седум ирачки војници

Макфакс - 07.10.2007

Багдад Седуммина ирачки полицајци се убиени во средата со експлозивна направа кога нивната патрола поминувала на пат близу Диванијах, на 180 километри јужно од Багдад, соопштија воени извори во Багдад. Експлозијата се случила цо моментот кога полициската патрола се приближувала кон местото Афак, ...

Најмалку шест лица загинаа во експлозија на автомобил бомба

Макфакс - 06.10.2007

Багдад Најмалку шест лица загинаа, а други 25 се ранети во експлозија на автомобил бомба што денеска се случи во една од најпрометните улици во Багдад, соопштија ирачки владини и медицински претставници. Меѓу загинатите се и двајца ирачки војници.

Турско - ирачките разговори даваат позитивни резултати

Макфакс - 06.10.2007

Анкара Турско - ирачките разговори остварени денеска во Анкара дадоа позитивни резултати, поради што ќе продолжат во текот на денот. Ова денеска го соопшти претставник на ирачкото Министерство за одбрана, Мухамед Аскери. „Се водат многу важни разговори, чии што резултати се позитивни.

Думата ја повика Турција на воздржаност

Макфакс - 06.10.2007

Москва Долниот дом на руската Дума ја повика Турција на воздржаност по најавите дека оваа земја ќе интервенира во северен Ирак за да се справи со курдските бунтовници. Државната Дума во едногласно усвоената резолуција наведува дека инвазијата врз Ирак во 2003.

Започнаа преговорите меѓу Турција и Ирак

Макфакс - 06.10.2007

Анкара Преговорите меѓу ирачка делегација и турски претставници посветени на турскиот конфликт со Курдите, започнаа утрината во Анкара. Ирачката делегација ја предводат министрите за одбрана и национална безбедност, а преговорите од турска страна ќе ги водат министрите за внатрешни и надворешни ...

Ирак порача оружје од Кина

Дневник - 05.10.2007

Ирак нарача лесно вооружување од Кина во вредност од 100 милиони долари, бидејќи САД не можеле да одговорат на барањата на Багдад, пишува „Вашингтон пост“. Оружјето е наменето за ирачката полиција, каде што е вооружен секој петти полицаец - вели ирачкиот претседател Џалал Талибани.

Ердоган – САД да не вршат притисок врз Турција

Макфакс - 05.10.2007

Анкара Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да не вршат притисок врз Анкара во врска со спроведувањето на трансгранична операција во северен Ирак. „Нашите стратешки партнери – САД сега треба да дејствуваат заедно со нас“, изјави Ердоган во Букурешт, ...

Американската војска убила 25 бунтовници

Макфакс - 05.10.2007

Багдад Американската војска во Ирак денеска убила 25 припадници на шиитска паравоена формација, соопштија локалните власти. Акцијата била изведена северно од Багдад, а цел била групација за која се верува дека шверцува оружје од Иран.

Двајца американски војници убиени во Ирак

Макфакс - 05.10.2007

Багдад Двајца американски војници се убиени, а други осум се ранети во различни инциденти во северен Ирак, соопшти американската команда. Еден војник загина, а други пет беа ранети при операција во близина на Баиџи, град богат со нафта.

Напад врз амбасадорот на Полска во Ирак

Утрински - 04.10.2007

БАГДАД - Полскиот амбасадор (во средина на фотографијата) во Ирак беше повреден во вчерашната експлозија во Багдад, изјави дипломатски извор во главниот град на земјата. На прашањето од новинарите дали цел на експлозијата бил полскиот дипломатски конвој, изворот изјави: „Да, токму така.

СЗО: Во Ирак регистрирани 3.315 заболени од колера

Канал5 - 04.10.2007

Бројот на луѓето заболени од колера во Ирак се искачи на 3.315 луѓе соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Бројот на починати од болеста е 14. Болеста првпат се појавила на 14 август во Киркук, Северен Ирак и е раширена во девет од вкупно 18 ирачки провинции.

Турската армиja бомбардира позиции на Курдите на границата со Ирак

Макфакс - 04.10.2007

Анкара Турски воени авиони бомбардираа позиции на курдските бунтовници на границата со Ирак во југоисточна Турција. Воените авиони, полетале од воздушната база во Дијарбекир, главниот град на населениот главно со Курди југоисточен дел на Турција, и уништиле редица позиции на Курдската работничка ...

Најмалку осум лица убиени во двоен бомбашки напад

Макфакс - 04.10.2007

Багдад Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени денеска во двојниот бомбашки напад извршен од бунтовници во јужно предградие на Багдад, соопштија медицински и безбедносни извори. Двете експлозии се случиле на улица во предградието Јиср Дијала. „Мета на првата бомба била група наемни работници.

САД ја повикаа Турција на воздржаност

Макфакс - 04.10.2007

Москва/Анкара Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја повика Турција да се воздржи од каква и да е голема воена операција во северен Ирак. Рајс оваа изјава ја соопшти во саботата за време на нејзината посета на Русија, откако ден порано телефонски разговараше со турскиот државен врв.

Најмалку седум убиени во два напади во Ирак

Макфакс - 04.10.2007

Багдад Најмалку седум лица се убиени, а 16 се ранети во два бомбашки напади извршени денеска во Багдад, соопштија безбедносните служби. Првиот напад е извршен врз минибус во југоисточниот кварт Зафаранија, при што загинаа четворица патници, а ранети се осум лица.

Полскиот амбасадор во Ирак повреден при експлозија во Багдад

Канал5 - 03.10.2007

Полскиот амбасадор во Ирак е повреден денеска во Багдад при бомбашки напад врз конвојот возила во кој тој патувал, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Полска, Роберт Шањавски. Варшава, 3 октомври (МИА ) - Полскиот амбасадор во Ирак е повреден денеска во Багдад при бомбашки ...

Полскиот амбасадор во Ирак ранет во експлозија

Макфакс - 03.10.2007

Багдад Полскиот амбасадор во Ирак е ранет во експлозија што изутрината се случи во центарот на Багдад, официјално е соопштено. Според информациите, нападот бил извршен врз конвојот на амбасадорот, составен од три автомобили, што се движеле во центарот на главниот ирачки град.

САД размислуваат за воздушни удари против бунтовниците во северен Ирак

Макфакс - 03.10.2007

Вашингтон Соединетите Американски Држави(САД) ја разгледуваат можноста за воздушни удари против курдските бунтовници во северен Ирак, јавуваат денеска американските медиуми. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во телефонски разговор со турскиот претседател Абдула Ѓул изјавил дека сериозно се ...

Шефот на турската полиција во Ирак

Макфакс - 03.10.2007

Анкара Турскиот министер за внатрешни работи Али Бабаџан се очекува денеска да пристигне во Багдад на разговори за базите на курдските бунтовници во Северен Ирак, најавија ирачки официјални претставници. Најавата на посетата се наведува во соопштението од ирачкиот министер за внатрешни работи ...

Загриженост поради турско - курдскиот конфликт

Макфакс - 02.10.2007

Париз Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изрази стравување од заострената состојба на турско – ирачката граница, каде вчера загинаа десеттина турски војници и неколку десеттина курдски бунтовници. „Вознемирени сме од фактот што нападот е извршен само четири дена откако турскиот ...

Убиени 49 ирачки бунтовници

Макфакс - 02.10.2007

Багдад Американската војска во Ирак соопшти дека ликвидирала 49 бунтовници во три жестоки напади во Багдад. Во нападите, според ирачката полиција, загинале и 15 цивили, меѓу кои има и жени и деца. Овие информации не ги потврди американската војска, која меѓу другото, наведува дека делувала во ...

Илјадници британски војници би можеле да го напуштат Ирак

Макфакс - 02.10.2007

Багдад Илјадници британски војници би можеле да го напуштат Ирак до крајот на годината, најави денеска британскиот премиер Гордон Браун, кој допатува во ненајавена посета на Ирак. „Мислам дека до крајот на годината британските војници чиј број во моментов изнесува 5.500, би можел да се намали на ...

Нови 500 лица заболени од колера во Ирак

Макфакс - 02.10.2007

Багдад Нови 500 лица се заболени од колера во Ирак и со тоа бројот на заразените во цела држава се искачи над 3.000, соопштија ирачките власти. Најмногу заразени има во градот Киркук, а од болеста до сега починаа 15 луѓе. Епидемијата на колера се рашири поради загадената вода што ја пиеја луѓето.

Турција распореди 100 илјади војници на границата со Ирак

Макфакс - 02.10.2007

Сиранк Турција распореди околу 100 илјади војници на пограничниот појас со Ирак, вооружени со тенкови, борбени авиони Ф-16 и хеликоптери, во очекување на можна инвазија врз Курдите во северен Ирак. Според турскиот министер за одбрана Векди Гонул, ситуацијата се уште не е ургентна, но “Турција ...

Турција привремено ги одложи нападите во северен Ирак

Макфакс - 02.10.2007

Анкара Турската влада ќе им даде на САД рок од неколку дена да ги неутрализираат курдските сепаратисти во северниот дел на Ирак, јавуваат турските медиуми. Премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува САД да преземат „брзи“ чекори против бунтовниците, кои во вчерашните судири со турската армија ...

Британскиот премиер во ненадејна посета на Ирак

Макфакс - 02.10.2007

Багдад Британскиот премиер Гордон Браун, утринава пристигна во ненадејна посета на Ирак, пренесуваат британските медиуми. Во моментов Браун има средба со неговиот ирачки колега Нури ал Малики, со кого се разгледуваат условите за намалување на бројот на британските војници во Ирак.

Нови три лица починаа од колера во Ирак

А1 - 01.10.2007

Уште три лица починаа од колера во Ирак и со тоа билансот на жртвите од болеста во оваа држава достигна 14 луѓе, соопшти Светската здравствена организација. До сега во Ирак регистрирани се 2.758 заболени од колера, а епидемијата постојано се шири.

Ирачката влада против поделба на земјата

Вест - 01.10.2007

БАГДАД, 1 октомври (ДПА) - Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ја отфрли необврзувачката резолуција на Американскиот сенат која повикува на поделба на Ирак според етничка припадност откако истата беше поздравена од курдскиот автономен регион.

Курдски бунтовници убија 12 луѓе во Турција

Утрински - 01.10.2007

Дванаесет лица се убиени откако курдски сепаратисти им наредија да се симнат од автобусот во југоисточниот дел на Турција и отворија оган кон нив, изјавија турски официјални лица. Се наведува дека меѓу жртвите во заседата има и цивили и вооружени лица, а само двајца патници успеале да се спасат.

Најмалку четворица загинати во бомбашки напад во Тикрит

Макфакс - 01.10.2007

Багдад Најмалку четири лица загинаа, а осум се ранети во напад извршен денеска со автомобил бомба во Тикрит, 180 километри северно од Багдад, соопшти полицијата. Автомобилот – бомба експлодирал при поминувањето на ирачка полициска патрола, а меѓу загинатите има и двајца полицајци.

Американски генерал ранет во Ирак

Макфакс - 01.10.2007

Багдад Американскиот генерал Џефри Дорко ранет е синоќа во Ирак во напад на конвој на вооружените сили на американската војска, потврди Пентагон. Генералот Дорко е највисок американски претставник, кој е ранет во Ирак во текот на изминатите четири и пол години.

Турската армија ликвидирала 15 курдски бунтовници

Макфакс - 01.10.2007

Анкара Турската армија убила 15 бунтовници од Работничката партија на Курдите (ПКК) за време на операцијата во југоисточниот дел на Турција, во близина на границата со Ирак. Генералштабот на турската војска ја потврди смртта на тројца војници во судирите од понеделникот во провинцијата Сирнак.

Солана:Турција да не навлегува во Северен Ирак

Макфакс - 01.10.2007

Брисел Високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана ја предупреди Турција да не навлегува во Северен Ирак за да се пресметува со курдските сепаратисти. „Ниту една можност, што дополнително би ја усложнило ситуацијата во Ирак не може да биде преземена, и ...

Девет турски војници убиени од курдските бунтовници

Макфакс - 01.10.2007

Анкара Најмалку девет турски војници загинаа во напад извршен од курдски бунтовници врз воена база во југоисточна Турција, близу до границите со Иран и Ирак, јавија воени претставници. Нападот бил извршен синоќа од борци на сепаратистичката Работничка партија на Курдите (ПКК) во планинаска област ...

„Вакуумот на власт во Ирак“ причина за теророт на Курдите врз Турција

Макфакс - 01.10.2007

Анкара Причина за теророт на Курдите со кои се соочува Турција е „вакуумот на власт во Ирак“, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој во обраќање пред Парламентот истакна дека Анкара не се откажува од дипломатското решавање на проблемот со курдските сепаратисти од Работничката ...

Ердоган ги потврди плановите за навлегување во Северен Ирак

Макфакс - 01.10.2007

Анкара Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Владата подготвува планови за воена интервенција во Северен Ирак, во случај да има потреба од интервенција против курдските сепаратисти. „Изготвувањето на планот започна и е во тек“, рече Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање по ...

Најмалку 13 загинати во воздушен напад на американската војска врз Багдад

Макфакс - 01.10.2007

Багдад Најмалку 13 лица загинаа, меѓу кои две деца, а 52 се ранети изутрината во воздушни напади на американската војска извршени врз Багдад, јавија локалните медиуми. Американската војска потврди дека рано утрината извела воздушна операција врз багдадскиот шиитски кварт Садр Сити.

Нови жртви на колера во Ирак

Макфакс - 01.10.2007

Багдад Уште три лица починаа од колера во Ирак и со тоа билансот на жртвите од болеста во оваа држава достигна 14 луѓе, соопшти Светската здравствена организација. До сега во Ирак регистрирани се 2 758 заболени од колера, а епидемијата постојано се шири.