Иран ќе ја отвори денеска границата со Ирак во регионот на курдската автономна област. Техеран, 7 октомври (МИА) - Иран ќе ја отвори денеска границата со Ирак во регионот на курдската автономна област, пренесува МИА. Техеран ја затвори границата во знак на протест против приведувањето на еден ...
Анкара Турција нема да изведе воена операција протите курдскире сепаратисти во северен Ирак, до посетата на премиерот Реџеп Ердоган на Соединетите Американски Држави (САД). Посетата на Ердоган на САД е закажана за петти ноември, пренесуваат локалните медиуми.
Анкара Турскиот парламент одобри испраќање на војници во северниот дел на Ирак за да ги уништат базите на курдските бунтовници, соопшти претседателот на Парламентот на Турција. Владата побара дозвола за едногодишна воена интервенција со еднократни или повеќекратни воздушни удари во Северен Ирак.
Багдад Седуммина ирачки полицајци се убиени во средата со експлозивна направа кога нивната патрола поминувала на пат близу Диванијах, на 180 километри јужно од Багдад, соопштија воени извори во Багдад. Експлозијата се случила цо моментот кога полициската патрола се приближувала кон местото Афак, ...
Багдад Најмалку шест лица загинаа, а други 25 се ранети во експлозија на автомобил бомба што денеска се случи во една од најпрометните улици во Багдад, соопштија ирачки владини и медицински претставници. Меѓу загинатите се и двајца ирачки војници.
Анкара Турско - ирачките разговори остварени денеска во Анкара дадоа позитивни резултати, поради што ќе продолжат во текот на денот. Ова денеска го соопшти претставник на ирачкото Министерство за одбрана, Мухамед Аскери. „Се водат многу важни разговори, чии што резултати се позитивни.
Москва Долниот дом на руската Дума ја повика Турција на воздржаност по најавите дека оваа земја ќе интервенира во северен Ирак за да се справи со курдските бунтовници. Државната Дума во едногласно усвоената резолуција наведува дека инвазијата врз Ирак во 2003.
Анкара Преговорите меѓу ирачка делегација и турски претставници посветени на турскиот конфликт со Курдите, започнаа утрината во Анкара. Ирачката делегација ја предводат министрите за одбрана и национална безбедност, а преговорите од турска страна ќе ги водат министрите за внатрешни и надворешни ...
Ирак нарача лесно вооружување од Кина во вредност од 100 милиони долари, бидејќи САД не можеле да одговорат на барањата на Багдад, пишува „Вашингтон пост“. Оружјето е наменето за ирачката полиција, каде што е вооружен секој петти полицаец - вели ирачкиот претседател Џалал Талибани.
Анкара Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да не вршат притисок врз Анкара во врска со спроведувањето на трансгранична операција во северен Ирак. „Нашите стратешки партнери – САД сега треба да дејствуваат заедно со нас“, изјави Ердоган во Букурешт, ...
Багдад Американската војска во Ирак денеска убила 25 припадници на шиитска паравоена формација, соопштија локалните власти. Акцијата била изведена северно од Багдад, а цел била групација за која се верува дека шверцува оружје од Иран.
Багдад Двајца американски војници се убиени, а други осум се ранети во различни инциденти во северен Ирак, соопшти американската команда. Еден војник загина, а други пет беа ранети при операција во близина на Баиџи, град богат со нафта.
БАГДАД - Полскиот амбасадор (во средина на фотографијата) во Ирак беше повреден во вчерашната експлозија во Багдад, изјави дипломатски извор во главниот град на земјата. На прашањето од новинарите дали цел на експлозијата бил полскиот дипломатски конвој, изворот изјави: „Да, токму така.
Бројот на луѓето заболени од колера во Ирак се искачи на 3.315 луѓе соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Бројот на починати од болеста е 14. Болеста првпат се појавила на 14 август во Киркук, Северен Ирак и е раширена во девет од вкупно 18 ирачки провинции.
Анкара Турски воени авиони бомбардираа позиции на курдските бунтовници на границата со Ирак во југоисточна Турција. Воените авиони, полетале од воздушната база во Дијарбекир, главниот град на населениот главно со Курди југоисточен дел на Турција, и уништиле редица позиции на Курдската работничка ...
Багдад Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени денеска во двојниот бомбашки напад извршен од бунтовници во јужно предградие на Багдад, соопштија медицински и безбедносни извори. Двете експлозии се случиле на улица во предградието Јиср Дијала. „Мета на првата бомба била група наемни работници.
Москва/Анкара Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја повика Турција да се воздржи од каква и да е голема воена операција во северен Ирак. Рајс оваа изјава ја соопшти во саботата за време на нејзината посета на Русија, откако ден порано телефонски разговараше со турскиот државен врв.
Багдад Најмалку седум лица се убиени, а 16 се ранети во два бомбашки напади извршени денеска во Багдад, соопштија безбедносните служби. Првиот напад е извршен врз минибус во југоисточниот кварт Зафаранија, при што загинаа четворица патници, а ранети се осум лица.
Полскиот амбасадор во Ирак е повреден денеска во Багдад при бомбашки напад врз конвојот возила во кој тој патувал, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Полска, Роберт Шањавски. Варшава, 3 октомври (МИА ) - Полскиот амбасадор во Ирак е повреден денеска во Багдад при бомбашки ...
Багдад Полскиот амбасадор во Ирак е ранет во експлозија што изутрината се случи во центарот на Багдад, официјално е соопштено. Според информациите, нападот бил извршен врз конвојот на амбасадорот, составен од три автомобили, што се движеле во центарот на главниот ирачки град.
Вашингтон Соединетите Американски Држави(САД) ја разгледуваат можноста за воздушни удари против курдските бунтовници во северен Ирак, јавуваат денеска американските медиуми. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во телефонски разговор со турскиот претседател Абдула Ѓул изјавил дека сериозно се ...
Анкара Турскиот министер за внатрешни работи Али Бабаџан се очекува денеска да пристигне во Багдад на разговори за базите на курдските бунтовници во Северен Ирак, најавија ирачки официјални претставници. Најавата на посетата се наведува во соопштението од ирачкиот министер за внатрешни работи ...
Париз Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер изрази стравување од заострената состојба на турско – ирачката граница, каде вчера загинаа десеттина турски војници и неколку десеттина курдски бунтовници. „Вознемирени сме од фактот што нападот е извршен само четири дена откако турскиот ...
Багдад Американската војска во Ирак соопшти дека ликвидирала 49 бунтовници во три жестоки напади во Багдад. Во нападите, според ирачката полиција, загинале и 15 цивили, меѓу кои има и жени и деца. Овие информации не ги потврди американската војска, која меѓу другото, наведува дека делувала во ...
Багдад Илјадници британски војници би можеле да го напуштат Ирак до крајот на годината, најави денеска британскиот премиер Гордон Браун, кој допатува во ненајавена посета на Ирак. „Мислам дека до крајот на годината британските војници чиј број во моментов изнесува 5.500, би можел да се намали на ...
Багдад Нови 500 лица се заболени од колера во Ирак и со тоа бројот на заразените во цела држава се искачи над 3.000, соопштија ирачките власти. Најмногу заразени има во градот Киркук, а од болеста до сега починаа 15 луѓе. Епидемијата на колера се рашири поради загадената вода што ја пиеја луѓето.
Сиранк Турција распореди околу 100 илјади војници на пограничниот појас со Ирак, вооружени со тенкови, борбени авиони Ф-16 и хеликоптери, во очекување на можна инвазија врз Курдите во северен Ирак. Според турскиот министер за одбрана Векди Гонул, ситуацијата се уште не е ургентна, но “Турција ...
Анкара Турската влада ќе им даде на САД рок од неколку дена да ги неутрализираат курдските сепаратисти во северниот дел на Ирак, јавуваат турските медиуми. Премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува САД да преземат „брзи“ чекори против бунтовниците, кои во вчерашните судири со турската армија ...
Багдад Британскиот премиер Гордон Браун, утринава пристигна во ненадејна посета на Ирак, пренесуваат британските медиуми. Во моментов Браун има средба со неговиот ирачки колега Нури ал Малики, со кого се разгледуваат условите за намалување на бројот на британските војници во Ирак.
Уште три лица починаа од колера во Ирак и со тоа билансот на жртвите од болеста во оваа држава достигна 14 луѓе, соопшти Светската здравствена организација. До сега во Ирак регистрирани се 2.758 заболени од колера, а епидемијата постојано се шири.
БАГДАД, 1 октомври (ДПА) - Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ја отфрли необврзувачката резолуција на Американскиот сенат која повикува на поделба на Ирак според етничка припадност откако истата беше поздравена од курдскиот автономен регион.
Дванаесет лица се убиени откако курдски сепаратисти им наредија да се симнат од автобусот во југоисточниот дел на Турција и отворија оган кон нив, изјавија турски официјални лица. Се наведува дека меѓу жртвите во заседата има и цивили и вооружени лица, а само двајца патници успеале да се спасат.
Багдад Најмалку четири лица загинаа, а осум се ранети во напад извршен денеска со автомобил бомба во Тикрит, 180 километри северно од Багдад, соопшти полицијата. Автомобилот – бомба експлодирал при поминувањето на ирачка полициска патрола, а меѓу загинатите има и двајца полицајци.
Багдад Американскиот генерал Џефри Дорко ранет е синоќа во Ирак во напад на конвој на вооружените сили на американската војска, потврди Пентагон. Генералот Дорко е највисок американски претставник, кој е ранет во Ирак во текот на изминатите четири и пол години.
Анкара Турската армија убила 15 бунтовници од Работничката партија на Курдите (ПКК) за време на операцијата во југоисточниот дел на Турција, во близина на границата со Ирак. Генералштабот на турската војска ја потврди смртта на тројца војници во судирите од понеделникот во провинцијата Сирнак.
Брисел Високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана ја предупреди Турција да не навлегува во Северен Ирак за да се пресметува со курдските сепаратисти. „Ниту една можност, што дополнително би ја усложнило ситуацијата во Ирак не може да биде преземена, и ...
Анкара Најмалку девет турски војници загинаа во напад извршен од курдски бунтовници врз воена база во југоисточна Турција, близу до границите со Иран и Ирак, јавија воени претставници. Нападот бил извршен синоќа од борци на сепаратистичката Работничка партија на Курдите (ПКК) во планинаска област ...
Анкара Причина за теророт на Курдите со кои се соочува Турција е „вакуумот на власт во Ирак“, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој во обраќање пред Парламентот истакна дека Анкара не се откажува од дипломатското решавање на проблемот со курдските сепаратисти од Работничката ...
Анкара Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Владата подготвува планови за воена интервенција во Северен Ирак, во случај да има потреба од интервенција против курдските сепаратисти. „Изготвувањето на планот започна и е во тек“, рече Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање по ...
Багдад Најмалку 13 лица загинаа, меѓу кои две деца, а 52 се ранети изутрината во воздушни напади на американската војска извршени врз Багдад, јавија локалните медиуми. Американската војска потврди дека рано утрината извела воздушна операција врз багдадскиот шиитски кварт Садр Сити.
Багдад Уште три лица починаа од колера во Ирак и со тоа билансот на жртвите од болеста во оваа држава достигна 14 луѓе, соопшти Светската здравствена организација. До сега во Ирак регистрирани се 2 758 заболени од колера, а епидемијата постојано се шири.