Пред и по смртта на Тито, сите странски анализи, меѓу нив и анализите на ЦИА, беа дека Југославија ќе се распадне. Тоа сите го знаеја и се подготвуваа за "делба", освен македонските политичари кои не веруваа дека Македонија може да биде независна, самостојна држава.
На вчерашната среба на "зелените" со кандидатот на германскиот конзервативен блок Ангела Меркел, не само што не дојде до најавуваната можност за некакво нивно коалицирање, туку партијата на Јошка Фишер, кој го навести своето повлекување, ги отфрли сите опции за нивно учество во идната влада на ...
Минатата недела, со задоволство ја прифатив поканата на локалната телевизија во Гевгелија, за учество во емисијата на тема "Транзицијата и перспективите за Република Македонија". Темата на емисијата целосно соодветна на датумот (15 септември), денот кој најчесто се поврзува со крупните ветувања на ...
Прилепската фирма "Современ дом" доставила највисока понуда на тендерот за купување на скопската фабрика "Газела" во стечај. За купување на чевларата и гумарата, "Современ дом" понудил 1,902 милиони евра, додека физичкото лице Никола Михајлов, за истите два пакета понудил 1,75 милиони евра.
Општина Сарај го промовираше четвртиот столб од Наша страна ( www.nasastrana.org.mk ) преку кој ќе се добие соодветна евиденција и пребарување на работниот потенцијал во неа. Со матрицата, оваа скопска општина може да се пофали со сопствена берза на трудот, бидејќи во електронскиот центар се ...
Фармацевтската компанија "Јака 80" вчера изврши докапитализација на "Македонска банка" со 1,73 милиони евра, дознава "Вечер" од официјални извори. Парите на сметката на Банката се префрлени директно од оваа фирма која е доминантен сопственик на 70 отсто од капиталот на Македонска банка.
Најпознатиот илузионист на денешницата Дејвид Коперфилд на втори октомври во Белградската Арена од 20.30 часот ќе одржи магионичарско шоу. Влезниците по цена од 1500, 2000, 3000, 5000 (ВИП) и 10 000 динари (свечена ложа) можат да се обезбедат преку вебсајтовите њњњ.тицкетлине.цо.ѕу , ...
Високата мода обично нема многу допирни точки со спортските натпреварувања. Сепак, еден моден настан се случи токму во спортска арена. Еден од најпознатите и најмодерни стадиони во светот - "Ноу Камп" изминатава недела не беше дом само на шпанскиот шампион Барселона.
Опозиционите пратеници на седницата за гласање недоверба на Владата во неколку наврати посочија дека во КПД "Идризово" пред неколку дена се случил бунт, при што осудениците со ќерамиди фрлале по стражарите. Истата информација ја објавија и дел од медиумите, кои посочуваа дека затворениците не се ...
Министерството за образование до први јануари ќе им ги исплатува платите на наставниците од целоднева настава и дневен престој, но училиштата ќе имаат обврска сите средства да ги вратат, отакако ќе изнајдат начин да ги соберат по разни основи.
Жељко Обрадовиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора. По елиминирањето на ЕП, прво најави, а потоа и писмено ја потврди својата одлука за разделба од репрезентативниот состав на СЦГ: -Луѓето од сојузот, пред две години, ме замолија да го преземам кормилото, бидејќи никој ...
ТЕТОВО.- Интервјуто на Али Ахмети и неговото кажување дека Георгиевски му понудил да ја подели Македонија е чиста лага. Јас и Ахмети за време на војната разговаравме и го прашав дали тој сака да ја подели Македонија и зошто тогаш прогласува слободни зони, но не добив одговор.
Основното училиште "Јане Сандански" во населбата Дуќанџик, Општина Чаир, до крајот на идната недела ќе добие повеќенаменско спортско игралиште, како донација од Европската фудбалска федерација (УЕФА), најавува градоначалникот Изет Меџити.
Српскиот фолк-пејач Дејан Матиќ в сабота вечер ќе одржи концерт во ресторанот "Клуб кампинг" во Скопје. Концертот е во 23 часот, а пред него, за загревање ќе настапи позната македонска sвезда. Ова е прво гостување на Дејан во Скопје.
Српскиот фолк пејач Дејан Матиќ, в сабота, во "Клуб кампинг" во Градски парк ветува добра забава за своите обожаватели во Скопје. Почетокот на концертот, на кој пред Дејан гостите ќе ги забавува позната македонска фолк група, е некаде по 23 ...
По објавените информации дека во партијата постои разидување околу изборот на претседател на партијата, Јаневска ги редуцираше јавните настапи. Неа ја немаше на тригодишнината од "прославата на 15 септември" за кој дадоа сите лидери од власта и опозицијата. Остуството на в.д.
Портпаролот на претседателот на државата Бранко Црвенковски, доскорешната новинарка Татјана Цветковска, во иднина ќе се презива Лопарски. Таа денеска ќе "рипне во тавче" и ќе се венча за Илија Лопарски, кој како новинар работи во агенцијата Макфакс.
"13 небаксузни патувања" е името на новата детска серија што наскоро ќе почне да се емитува на програмата на МТВ. За реализацијата на серијата, инаку финансирана од Советот за радиодифузија, е задолжена продукцијата "Аурипигмент", сценарист е Кузман Кузмановски, а режијата е на Огнен Димитровски.
- Овие кошаркари не се луѓе, полоши немам сретнато. Чекав можеби да се договорат или здружат. Тие меѓу себе не разговараат, секој го гледаше својот интерес, работеа што сакаат, доаѓаа во хотел во пет наутро. Никој не слушаше она што се договаравме на тренинзите.
Денеска пред Вас, почитувани читатели, се наоѓа 13.000 број на "Вечер". Од 11 ноември далечната 1963 година "Вечер" е хроничар на времето низ кое минуваа и минуваат генерации и генерации читатели, бележник на настаните и секојдневието, и составен дел од спојот меѓу старото и новото, меѓу ...
Белградски "Генекс" распиша конкурс за продажба на осум свои недвижности, меѓу кои најатрактивни се: прекрасната куќа во Русанова улица во Загреб, хотелот "Вила Рашица" во Дубровник и бившиот хотелски комплекс "Шкраба" во Ровињ.
"Македонија фолк 2005" е најновиот бугарски фолк-фестивал чија "премиера" ќе биде на 24, 25 и 26 септемрви во Благоевград. Фестивал како фестивал, музика, песни млади момчиња и моми, секој сака да ги види и слушне, но повеќе од скандалозно е што Бугарите си прават приватна журка на која заштитен ...
Хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците од Македонија од 10 до 17 октомври во Скопје ќе ја одржат манифестацијата "Љубовта е љубов". Претставници на Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација на манифестацијата и даваат посебно значење, издигнувајќи ја на ниво на настан од ...
Месната индустрија "Пилко", компанијата за производство на здрава храна "Виталиа" и фирмата за сокови "Гудалат" се првите три компании од Македонија што го имплементираа системот за управување со безбедноста на храната - Анализа на опасности и критични точки.
На скопските улици од неодамна има нов бизнис - пополнување формулари за виза од страна на "стручни лица". Овие "експерти" патролираат пред амбасадите - најчесто оние од Европската унија и штом забележат дека некој излегува од амбасадата со формулар во раката, веднаш му приоѓаат и го прашуваат дали ...
Од денеска стартува наплатата на градскиот паркинг "Булевар Македонија 1", лоциран спроти Трговскиот центар "Рамстор". Во иднина граѓаните за паркирање на возилото ќе треба да издвојат по десет денари за час. Според надлежните во ЈП "Градски паркинг", денеска ќе биде отворен и соседниот паркинг ...
Струмичката група "Болеро" го печати вториот албум, во издание на "Сенатор рекордс" од Битола. Деби цедето "Родена за љубов" пред две години солидно ја претстави "личната карта" на овие академски музичари. Вториот албум само треба уште еднаш да ги потврди.
Со старо црковно пеење во Соборниот храм "Св. Климент Охридски" на 23 септември (18 ч.) ќе биде отворено 31. издание на "Струшката музичка есен". На фестивалот, кој ќе трае три дена, музиколозите, покрај другото ќе дискутираат и за македонската средновековна музика.
Наместо како што беше најавено под итно да се распише меѓународен тендер за избор на консултант што ќе треба да ја спроведе постапката за усогласување на концесиските договори на “Телеком”, Мобимак и на Космофон предвидено со новиот Закон за електронски комуникации, Владата формира единаесетчлена ...
"Денеска речиси се е бренд. А успешниот бизнис треба да знае што е добар бренд". Ова е еден од заклучоците на Џон Далтон, директор на "ЛСПР" од Англија, на вчерашната прес-конференција, на која беше претставена првата лондонска школа за односи со јавноста во Македонија.
Вчераутро околу 3.45 часот на патот Гевгелија - Богородица во сообраќајна несреќа загина Драган Донов од Стојаково. Триесетгодишниот Донов бил совозач на мотоцикл "јамаха" што го управувал неговиот соселанец, четири години помладиот Т.С.
Новиот директор на КПД "Идризово", Јовица Стојановиќ, во последниот месец откако е дојден на новата функција, направил генералка на затворот. Во неколкуте контроли по ќелиите и скришните локации на затворениците биле пронајдени и оздемени поголеми количества дрога, мобилни телефони, а биле иснесени ...
Среќните мигови на двајцата млади скопјани кои својата љубов ја крунисаа со свадба во ресторанот "Супер ефтинија" за малку ќе се претвореа во кошмар. Саботната семејна веселба ќе завршеше трагично. На "фајронт" се случи инцидент. Прво се степаа сватовите, а потоа се пукаше, од "берета".
"Македонска банка" е во преговори со реномираната француска банка "Сосиете Женерал" за продажба на доминантниот пакет во оваа наша, некогаш една од водечките банки во земјава, дознава "Вечер" од банкарски извори. Неофицијално се зборува дека менаџментот на Македонска ги направил првичните контакти ...
Британскиот "Форин офис" потврди дека во зградата на амбасадата на Велика Британија во Загреб вчераутро дошло до експлозија, во која е повредено едно лице. Нема повредени меѓу дипломатскиот персонал на амбасадата. Портпаролот на амбасадата Теса Фрас потврди дека експлозијата се случила околу 7.30 ...
Околу 630 работници од "Тутунскиот комбинат" од Прилеп од денеска, па во наредните два месеца се упатуваат на принуден одмор се до стартот на откупната кампања. Вака одлучи бордот директори со цел да ги намали загубите во оваа компанија. Одлуката предизвика вознемиреност кај дел вработени.
"Супер херој на хуманоста" е мотото на големата хуманитарна акција за помош на децата без родители која беше промовирана вчера и која ќе трае во следните три месеци. Во овој период, 20 проценти од секој купен производ со ликот на стрип јунакот Супер Тоше направен според ликот на популарниот пејач ...
Работниците и механизацијата на јавното претпријатие "Улици и патишта" деновиве крпеа дупки и бележеа коловози во шест скопски општини. Во Општина Ѓорче Петров беа санирани улици во населбата Кисела Јабука и во село Волково и локалниот патот од Волково до Кучково.
Режисерот Дарко Митревски речиси го заврши сценариото за новиот филм "Лош англиски или како ја оженив мајката на Мила Јововиќ". Тројца копродуценти: "Новотни и Новотни" од Австрија, "Минерва Пикчрс" од Рим и лондонскиот продуцент Мајкл Колвен веќе влегоа "во игра", а можно е тоа да го стори уште ...
Здружението за лозари "Ековита" од Неготино изготви проект со кој ќе бидат опфатени три неготински села Црвени Брегови, Криволак и Пепелиште. Во овие села, како што деновиве кажа Маја Тодорова, жителите ќе се анкетираат за тоа дали се заинтересирани за одгледување на печурка-"буковка".