МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ Ќе најдеме решение за долгот за јавното осветлување, но тој нема да се плати од државниот буџет, велат од Министерството за финансии, откако министерот Трајко Славески завчера ги убедил претставниците од ЕСМ-ЕВН да не ги ...
ЕВН нема да ги исклучува светилките на градските улици откако министерот за финансии, Трајко Славески, даде гаранции дека проблемот со долгот на Градот Скопје од еден милион евра ќе биде решен. На средбата на министерот со претставници на ЕВН не било разговарано на кој начин и кој ќе го плаќа ...
Локалните власти немаат пари за враќање на долгот, државата не дава од својот буџет, а решението допрва ќе се бара Заостанатиот долг од 2 милиона евра за јавно осветление ќе си го платат Градот и општините, а државата ќе им помогне во наоѓање на начините како да се направи тоа, велат од ...
Владата не дозволи да се случи второто, предупредувачко, исклучување на уличните светилки. Завчера, непосредно пред второто 30-минутно предупредување, околу 21 часот, владини претставници оствариле средба со раководството на ЕСМ-ЕВН, на која било договорено дека ќе се изнајде решение, не само за ...
Скопје куртули од темнина, уличните светилки синоќа не се изгаснаа. Австријците се откажале од исклучувањето на струјата во градот, откако добиле ветување од министерот за финансии Трајко Славевски дека ќе се изнајде решение како да се подмири долгот кон ЕСМ.
СПОРЕД ХРОНОЛОГИЈАТА ШТО ЈА ОБЈАВИ ГРАДОТ Градските власти година и пол барале решение за проблемот со парите за јавното осветлување, односно за пропустот во Законот за комунални такси, се вели во хронологијата на преземените активности што ја објавиле на нивниот интернет портал.
Граѓаните се заложници на политички препукувања меѓу власта и независниот градоначалник САЊА НАУМОВСКА Градските улици вчера повторно потонаа во мрак, овој пат половина час. ЕВН најавува дека исклучувањето ќе продолжи секоја втора вечер, а веројатно е дека ќе има и целовечерни исклучувања.
И синоќа Скопје требаше да остане без јавно осветление во периодот од 21.15 до 21.45 часот, бидејќи ЕСМ-ЕВН најави дека ќе го продолжи исклучувањето се' додека градските власти не го намират заостанатиот долг . Од компанијата велат дека во наредниов период исклучувањата ќе продолжат, како и апелите ...
Второто исклучување на уличните светилки, ЕСМ-ЕВН го зголеми за двојно. Синоќа канделабрите на скопските улици беа изгасени 30 минути, а доколку долгот и натаму остане неподмирен, следните денови тајмингот ќе се зголемува. За време на исклучувањето, семафорите на крстосниците ќе работат нормално.
АКО ГРАДОТ НЕ СИ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ Уличното осветлување вечерва ќе биде исклучено половина час, задутре цел час, и времето на мракот ќе се зголемува се додека Градот и остнататите надлежни органи не почнат да го плаќаат долгот кон ЕВН ЕВН секој втор ден двојно ќе го зголемува времето на мракот по ...
ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДОЛГОТ Исклучувањето на јавното осветлување од главните улици ќе трае се подолго, додека не се најде решение како да се плати долгот што го имаат градските власти, најавуваат од компанијата ЕСМ-ЕВН.
Вечерва ЕВН најави помрачување на сите улици Централната власт не чувствува вина за настанатиот проблем и одговорноста ја лоцира кај Костовски ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Градските улици денеска половина час ќе останат без струја, почнувајќи од 21,15 часот.
Државните и локалните власти и вчерашниот ден го искористија за меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за помрачувањето на главниот град И вечерва скопјани ќе шетаат по мрачни улици иако уредно ја плаќаат таксата за уличното осветление со сметките за струја.
Стотина скопски улици вечерва повторно ќе останат без осветлување. Овој пат мракот ќе трае половина час. Градоначалникот Трифун Костовски и министерот за финансии ниту денеска не најдоа компромисно решение за проблемот околу наплатата на долгот за струја кон ЕСМ тежок околу 2 милиони евра.
Скопје Половина час ќе биде исклучено вечерва уличното осветлување во Скопје, како предупредување од ЕВН до градските власти да го подмират неплатениот долг во висина од 2 милиони евра. Градските власти и Владата и денеска не успеаа да постигна согласност околу тоа кој треба да го плати долгот.
Уличните светилки вчера не се изгасија, но денеска времетраењето се зголемува и тие ќе бидат исклучени половина час, од 21.15 до 21.45 минути. Од ЕВН-ЕСМ информираат дека времетраењето на исклучувањето ќе се зголемува и доколку не се изнајде начин за наплата на долгот од милион евра направен за ...
Петнаесет минути мрак по скопските улици. Без струја останаа 100-тина улици, меѓу кои „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Илинденска“, „Водњанска“, улиците на влез и излез од градот и плоштадот. Австриските газди од ЕСМ го исклучија уличното осветлување како предупредување поради неплатени ...
Скопските улици и булевари и утре ќе останат без струја. Овојпат ЕСМ ќе ја исклучи половина час. Австриските газди нема да престанат со акцијата, се додека не се платат долговите на градот. Доцна синоќа улиците на Скопје згаснаа 15 минути.
ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА КОЈ ДА ГО ПЛАЌА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ Ниту скопските општини, ниту градот имаат пари да го платат долгот кон ЕВН за улично осветлување Скопјани и понатаму ќе плаќаат за улично осветлување, ама скопските улици ќе бидат во мрак, бидејќи ниту Градот, ниту скопските ...
И ПО ИТНАТА СРЕДБА КАЈ КОСТОВСКИ НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕТО Ниту една од скопските општини не прифаќа да даде пари за да се врати долгот што градот го има за јавното осветлување, поради кој од вчера ЕСМ-ЕВН почна да ги исклучува уличните светилки по 15 минути дневно.
ЕВН ја повика Владата за момент да ја остави политиката настрана и да го реши проблемот што е во интерес на недолжните граѓани ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Откако два пати го пролонгираше најавеното исклучување на уличното светло поради ненаплатен долг од Градот во висина од 45 милиони денари, ЕВН од вчера ...
Инкасаторот од подружницата на ЕСМ-ЕВН во Пробиштип, П.С., е осомничен дека собраните пари за потрошена струја, наместо да ги уплатува во благајната во Електродистрибуција, ги присвоил за себе. - Вешто манипулирајќи со парите за потрошената струја П.С.
Иако со измените на Законот за комуналните такси долгот на Градот треба да го враќаат општините , тие не сакаат ни да слушнат за тоа Скопските општини немаат намера да се вклучат во намирувањето на долгот за улично осветление кон ЕСМ-ЕВН и покрај заканите на австриската компанија дека главниот град ...
Скопските улици утре повторно ќе останат без осветлување. Исклучувањето ќе трае подолго, 30 минути . ЕВН предупредува доколку не се реши проблемот и не се плати заостанатиот долг за уличното осветлување во наредните денови исклучувањето ќе трае подолго.
Од 21.15 до 21.30 часот во мрак потонаа 99-те главни и магистрални улици, поголемиот број на сервисни улици и објекти кои се врзани на главната мрежа Скопските улици, сепак, ќе останат без струја. Од 21.15 до 21.30 часот, вчера, во мрак потонаа 99-те главни и магистрални улици, поголемиот број на ...
Можноста скопските улици да останат без улично осветлување, по се' изгледа, треба да се разбере во поширока смисла на зборот. Градот не само што во својот буџет нема средства за исплата на долгот за уличното осветлување кон ЕВН-ЕСМ, туку нема пари ниту за одржување и реконструкција на столбовите од ...
Скопје вечерва ќе биде во 15-минутен мрак. Без улично осветлување главниот град ќе остане од 21 часот и 15 минути до 21 часот и 30 минути. Австриските газди од ЕСМ ќе го секнат напојувањето поради неплатен долг од два милиона евра. Ова е предупредување, велат од ЕСМ.
МЕРКА ЕВН денеска ќе ги исклучи светилките бидејќи помина рокот за изнаоѓање решение за долгот на градот ЕВН денеска ќе ги исклучи светилките на градските улици, бидејќи помина рокот од една недела за изнаоѓање решение за долгот од 120 милиони денари, информираат во Градот Скопје.
ЕВН-ЕСМ денеска ќе го исклучи уличното осветление на Скопје поради неплатен долг од два милиона евра, направен во последните две години . - Ќе се исклучат околу 100 улици во главниот град, но не и семафорите за да не се создаде хаос.
Скопските улици вечерва 15 минути ќе останат без осветлување. По 21 часот ЕВН предупредувачки ќе ги исклучи поради неплатениот долг на градот за уличното осветлување. Скопските улици вечерва 15 минути ќе останат без осветлување.
Скопските улици вечерва ќе бидат во мрак. Според надлежните во ЕВН-ЕСМ се работи за предупредувачко исклучување на уличното осветлување од 15 минути во вечерните часови. ЕВН-ЕСМ денеска ќе ги остави скопските улици во мрак поради долгот што Градот го има кон ЕСМ.
ГЕОРГ ВАЛДНЕР, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЕСМ-ЕВН Ивана Билбиловска Кога ЕВН влезе во македонскиот бизнис со струја реши да ги научи граѓаните дека сметките требаат да се плаќаат навреме. Исклучуваа населби, државни институции, а најавуваа и исклучување на скопските улици од мрежата.