TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ќе се бара решение за долгот, но не со пари од државниот буџет

Време - 07.07.2007

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ Ќе најдеме решение за долгот за јавното осветлување, но тој нема да се плати од државниот буџет, велат од Министерството за финансии, откако министерот Трајко Славески завчера ги убедил претставниците од ЕСМ-ЕВН да не ги ...

Нема веќе исклучување на осветлението на градските улици

Утрински - 07.07.2007

ЕВН нема да ги исклучува светилките на градските улици откако министерот за финансии, Трајко Славески, даде гаранции дека проблемот со долгот на Градот Скопје од еден милион евра ќе биде решен. На средбата на министерот со претставници на ЕВН не било разговарано на кој начин и кој ќе го плаќа ...

Никој не знае со чии пари ќе се плаќа долгот за улично светло

Дневник - 07.07.2007

Локалните власти немаат пари за враќање на долгот, државата не дава од својот буџет, а решението допрва ќе се бара Заостанатиот долг од 2 милиона евра за јавно осветление ќе си го платат Градот и општините, а државата ќе им помогне во наоѓање на начините како да се направи тоа, велат од ...

Владата го запре исклучувањето

Вечер Прес - 07.07.2007

Владата не дозволи да се случи второто, предупредувачко, исклучување на уличните светилки. Завчера, непосредно пред второто 30-минутно предупредување, околу 21 часот, владини претставници оствариле средба со раководството на ЕСМ-ЕВН, на која било договорено дека ќе се изнајде решение, не само за ...

Скопје куртули од темница

А1 - 06.07.2007

Скопје куртули од темнина, уличните светилки синоќа не се изгаснаа. Австријците се откажале од исклучувањето на струјата во градот, откако добиле ветување од министерот за финансии Трајко Славевски дека ќе се изнајде решение како да се подмири долгот кон ЕСМ.

Година и пол се барало решение за јавното осветлување

Време - 06.07.2007

СПОРЕД ХРОНОЛОГИЈАТА ШТО ЈА ОБЈАВИ ГРАДОТ Градските власти година и пол барале решение за проблемот со парите за јавното осветлување, односно за пропустот во Законот за комунални такси, се вели во хронологијата на преземените активности што ја објавиле на нивниот интернет портал.

Скопје повторно во мрак, надлежните никако да се договорат

Утрински - 06.07.2007

Граѓаните се заложници на политички препукувања меѓу власта и независниот градоначалник САЊА НАУМОВСКА Градските улици вчера повторно потонаа во мрак, овој пат половина час. ЕВН најавува дека исклучувањето ќе продолжи секоја втора вечер, а веројатно е дека ќе има и целовечерни исклучувања.

Повторно помрачување на улиците

Дневник - 06.07.2007

И синоќа Скопје требаше да остане без јавно осветление во периодот од 21.15 до 21.45 часот, бидејќи ЕСМ-ЕВН најави дека ќе го продолжи исклучувањето се' додека градските власти не го намират заостанатиот долг . Од компанијата велат дека во наредниов период исклучувањата ќе продолжат, како и апелите ...

Долгот никој не го прифаќа

Вечер Прес - 06.07.2007

Второто исклучување на уличните светилки, ЕСМ-ЕВН го зголеми за двојно. Синоќа канделабрите на скопските улици беа изгасени 30 минути, а доколку долгот и натаму остане неподмирен, следните денови тајмингот ќе се зголемува. За време на исклучувањето, семафорите на крстосниците ќе работат нормално.

Скопје секој втор ден во мрак

Вест - 05.07.2007

АКО ГРАДОТ НЕ СИ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ Уличното осветлување вечерва ќе биде исклучено половина час, задутре цел час, и времето на мракот ќе се зголемува се додека Градот и остнататите надлежни органи не почнат да го плаќаат долгот кон ЕВН ЕВН секој втор ден двојно ќе го зголемува времето на мракот по ...

Помрачувањата на улиците ќе траат се подолго

Време - 05.07.2007

ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ДОЛГОТ Исклучувањето на јавното осветлување од главните улици ќе трае се подолго, додека не се најде решение како да се плати долгот што го имаат градските власти, најавуваат од компанијата ЕСМ-ЕВН.

Осветлението на градските улици вечерва ќе биде исклучено половина час

Утрински - 05.07.2007

Вечерва ЕВН најави помрачување на сите улици Централната власт не чувствува вина за настанатиот проблем и одговорноста ја лоцира кај Костовски ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Градските улици денеска половина час ќе останат без струја, почнувајќи од 21,15 часот.

Мракот на улиците ќе стане секојдневје

Дневник - 05.07.2007

Државните и локалните власти и вчерашниот ден го искористија за меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за помрачувањето на главниот град И вечерва скопјани ќе шетаат по мрачни улици иако уредно ја плаќаат таксата за уличното осветление со сметките за струја.

Стотина скопски улици вечерва повторно ќе останат без осветлување

Канал5 - 05.07.2007

Стотина скопски улици вечерва повторно ќе останат без осветлување. Овој пат мракот ќе трае половина час. Градоначалникот Трифун Костовски и министерот за финансии ниту денеска не најдоа компромисно решение за проблемот околу наплатата на долгот за струја кон ЕСМ тежок околу 2 милиони евра.

Скопје вечерва половина час без улично осветлување

Макфакс - 05.07.2007

Скопје Половина час ќе биде исклучено вечерва уличното осветлување во Скопје, како предупредување од ЕВН до градските власти да го подмират неплатениот долг во висина од 2 милиони евра. Градските власти и Владата и денеска не успеаа да постигна согласност околу тоа кој треба да го плати долгот.

Денеска 30-минутен мрак

Вечер Прес - 05.07.2007

Уличните светилки вчера не се изгасија, но денеска времетраењето се зголемува и тие ќе бидат исклучени половина час, од 21.15 до 21.45 минути. Од ЕВН-ЕСМ информираат дека времетраењето на исклучувањето ќе се зголемува и доколку не се изнајде начин за наплата на долгот од милион евра направен за ...

Петнаесет минути мрак по скопските улици

А1 - 04.07.2007

Петнаесет минути мрак по скопските улици. Без струја останаа 100-тина улици, меѓу кои „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Илинденска“, „Водњанска“, улиците на влез и излез од градот и плоштадот. Австриските газди од ЕСМ го исклучија уличното осветлување како предупредување поради неплатени ...

Скопските улици и утре без струја

А1 - 04.07.2007

Скопските улици и булевари и утре ќе останат без струја. Овојпат ЕСМ ќе ја исклучи половина час. Австриските газди нема да престанат со акцијата, се додека не се платат долговите на градот. Доцна синоќа улиците на Скопје згаснаа 15 минути.

Скопјани ќе плаќаат за светло, а ќе живеат во мрак

Вест - 04.07.2007

ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА КОЈ ДА ГО ПЛАЌА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ Ниту скопските општини, ниту градот имаат пари да го платат долгот кон ЕВН за улично осветлување Скопјани и понатаму ќе плаќаат за улично осветлување, ама скопските улици ќе бидат во мрак, бидејќи ниту Градот, ниту скопските ...

Општините не го прифаќаат долгот, градот ќе тоне во мрак

Време - 04.07.2007

И ПО ИТНАТА СРЕДБА КАЈ КОСТОВСКИ НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕТО Ниту една од скопските општини не прифаќа да даде пари за да се врати долгот што градот го има за јавното осветлување, поради кој од вчера ЕСМ-ЕВН почна да ги исклучува уличните светилки по 15 минути дневно.

Градот немоќен сам да го реши проблемот, се соочи со исклучување на уличното светло

Утрински - 04.07.2007

ЕВН ја повика Владата за момент да ја остави политиката настрана и да го реши проблемот што е во интерес на недолжните граѓани ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Откако два пати го пролонгираше најавеното исклучување на уличното светло поради ненаплатен долг од Градот во висина од 45 милиони денари, ЕВН од вчера ...

Инкасатор крадел пари од ЕВН

Дневник - 04.07.2007

Инкасаторот од подружницата на ЕСМ-ЕВН во Пробиштип, П.С., е осомничен дека собраните пари за потрошена струја, наместо да ги уплатува во благајната во Електродистрибуција, ги присвоил за себе. - Вешто манипулирајќи со парите за потрошената струја П.С.

Државата и Градот не ги спасија скопјани од темница

Дневник - 04.07.2007

Иако со измените на Законот за комуналните такси долгот на Градот треба да го враќаат општините , тие не сакаат ни да слушнат за тоа Скопските општини немаат намера да се вклучат во намирувањето на долгот за улично осветление кон ЕСМ-ЕВН и покрај заканите на австриската компанија дека главниот град ...

Славески бил неодговорен, а Костовски безобразен ескалираат препукувањата меѓу финансии и градот

Канал5 - 04.07.2007

Скопските улици утре повторно ќе останат без осветлување. Исклучувањето ќе трае подолго, 30 минути . ЕВН предупредува доколку не се реши проблемот и не се плати заостанатиот долг за уличното осветлување во наредните денови исклучувањето ќе трае подолго.

Тотално замрачување на скопските улици

Вечер Прес - 04.07.2007

Од 21.15 до 21.30 часот во мрак потонаа 99-те главни и магистрални улици, поголемиот број на сервисни улици и објекти кои се врзани на главната мрежа Скопските улици, сепак, ќе останат без струја. Од 21.15 до 21.30 часот, вчера, во мрак потонаа 99-те главни и магистрални улици, поголемиот број на ...

Уличните светилки сами паѓаат

Вечер Прес - 04.07.2007

Можноста скопските улици да останат без улично осветлување, по се' изгледа, треба да се разбере во поширока смисла на зборот. Градот не само што во својот буџет нема средства за исплата на долгот за уличното осветлување кон ЕВН-ЕСМ, туку нема пари ниту за одржување и реконструкција на столбовите од ...

Вечерва Скопје ќе биде во 15-минутен мрак

А1 - 03.07.2007

Скопје вечерва ќе биде во 15-минутен мрак. Без улично осветлување главниот град ќе остане од 21 часот и 15 минути до 21 часот и 30 минути. Австриските газди од ЕСМ ќе го секнат напојувањето поради неплатен долг од два милиона евра. Ова е предупредување, велат од ЕСМ.

Скопските улици од денеска во мрак

Утрински - 03.07.2007

МЕРКА ЕВН денеска ќе ги исклучи светилките бидејќи помина рокот за изнаоѓање решение за долгот на градот ЕВН денеска ќе ги исклучи светилките на градските улици, бидејќи помина рокот од една недела за изнаоѓање решение за долгот од 120 милиони денари, информираат во Градот Скопје.

Скопје денеска во мрак

Дневник - 03.07.2007

ЕВН-ЕСМ денеска ќе го исклучи уличното осветление на Скопје поради неплатен долг од два милиона евра, направен во последните две години . - Ќе се исклучат околу 100 улици во главниот град, но не и семафорите за да не се создаде хаос.

Скопје во мрак - ЕВН ќе го исклучи уличното осветлување

Канал5 - 03.07.2007

Скопските улици вечерва 15 минути ќе останат без осветлување. По 21 часот ЕВН предупредувачки ќе ги исклучи поради неплатениот долг на градот за уличното осветлување. Скопските улици вечерва 15 минути ќе останат без осветлување.

Скопје денеска во мрак?!

Вечер Прес - 03.07.2007

Скопските улици вечерва ќе бидат во мрак. Според надлежните во ЕВН-ЕСМ се работи за предупредувачко исклучување на уличното осветлување од 15 минути во вечерните часови. ЕВН-ЕСМ денеска ќе ги остави скопските улици во мрак поради долгот што Градот го има кон ЕСМ.

Нема привилегирани неплаќачи, сите ќе ги исклучуваме

Време - 02.07.2007

ГЕОРГ ВАЛДНЕР, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЕСМ-ЕВН Ивана Билбиловска Кога ЕВН влезе во македонскиот бизнис со струја реши да ги научи граѓаните дека сметките требаат да се плаќаат навреме. Исклучуваа населби, државни институции, а најавуваа и исклучување на скопските улици од мрежата.