Коментар - Сашо Кокаланов Во училиштето во Истибања е исто како во бања. Само што водата не е топла и лековита. Прокиснатите училници се смрзнувачка и за учениците, но и за наставата, која гневните родители ја "замрзнаа" во самиот почеток од учебната година.
поЧна поправката на уЧилиштето ВО ИСТИБАЊе Одборот на родители од виничкото село Истибања вчера одлучи 180-те ученици од основното училиште "Гоце Делчев" да ја продолжат наставата откако добиле гаранции од Министерството за образование дека руинираниот училиштен покрив ќе биде реновиран.
Првите луѓе на Министерството за образование не сакаа да им помогнат на 180 ученици од Виничко Иван Бојаџиски ШТИП - Вчера конечно се најде решение за големиот проблем на 180 основци од осумгодишното училиште во виничкото село Истибања.