TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лековите повторно поевтинуваат?

Време - 06.10.2007

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СЕ ВОВЕДУВААТ ЕДИНСТВЕНИТЕ ЦЕНИ Наташа Бошковска Лековите може повторно да поевтинат за околу еден месец, кога се очекува да се донесе единствениот ценовник за нив. Бирото за лекови треба да ги определи единствените цени за секој лек и во овој момент ги собира податоците за неговото ...

Владата не признава дека згрешила со лековите

Утрински - 04.10.2007

Измена во последен момент за скапите лекови Владата завчера одлучи да ја намали стапката на данокот на додадена вредност и за скапите лекови, но не признава дека намерно или случајно е направена грешка и овие медикаменти беа испуштени со првиот бран на намалувањето на ДДВ од 18 на пет отсто.

Пониски цени за скапите лекови

Дневник - 04.10.2007

Владата одлучи да го намали ДДВ-то и за скапите лекови. Помал данок отсега ќе се пресметува и за цитостатици, крвни деривати, хепарин, средства за контрацепција, хормони, забарски цемент и за други препарати. Овие лекови не беа вметнати во првата одлука, со која ДДВ-то на лековите се намали од 18 ...

Владата го намалува ДДВ-то за сите лекови

Време - 03.10.2007

ЌЕ ЈА ИСПРАВААТ ГРЕШКАТА Данокот на додадена вредност ќе биде намален и за скапите лекови. Владата одлучила да го намали, откако првично тие беа изземени од листата на лекови кај кои беше предвидена корекција на ДДВ-то од 18 на пет проценти.

Лековите поевтини за 11 отсто

Време - 02.10.2007

ПОРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ-ТО Најголем дел од лековите во аптеките се продаваат за цени пониски за 11 проценти. Со намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на пет проценти, веледрогериите и производителите ги поевтинија аналгетиците, антибиотиците, препратите за крвен притисок, за срце, ...

По написите во „Утрински“, Владата ќе ги поевтини скапите лекови

Утрински - 02.10.2007

Пропустот го направиле во Министерството за финансии зaшто не знаеле дека и биолошките препарати се лекови Добро е што се поправа грешката со лековите ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА По написите во „Утрински весник“, Министерството за финансии ќе се коригира. Ќе поевтинат и скапите лекови.

Поевтинија лековите и компјутерите

Дневник - 02.10.2007

Кај јавниот транспорт единствено поевтинија билетите за железничките линии Поевтинија лековите, компјутерите, сончевите колектори и делумно јавниот транспорт. Наместо од петокот, кога Даночната управа објави почеток на примената на новите бенефицирани стапки на ДДВ, овие производи и услуги ...

Од денеска се намалува јавниот превоз

Канал5 - 01.10.2007

Поевтинија цените на билетите во железничкиот сообраќај. Од идната недела се намалува и цената во градскиот јавен превоз и на компјутерите. Стартуваа измените во законот за ДДВ- то според кој данокот се намали од 18 на 5 отсто. Поевтинија цените на билетите во железничкиот сообраќај.