TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СМК поднесе жалба до Врховниот суд за референдумот

А1 - 14.11.2004

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров денеска, во законскиот рок, преку Државната изборна комисија поднесе жалба до Врховниот суд на Република Македонија во врска со резулатите од референдумот, што се одржа на седми овој месец.

Тодор Петров поднесе жалба до Врховниот суд за оспорување на резултатите од референдумското изјаснување

Канал5 - 14.11.2004

Тодор Петров е решен до крај да ја истера работата со референдумот.. Тој ќе оди до последната инстанца која законот му ја дозволува – Врховниот суд.. Петров денеска попладне ја поднел жалбата до Државната изборна комисија, 20 минути пред истекот на рокот.

Власта ја истрауматизира нацијата

Време - 13.11.2004

ТОДОР ПЕТРОВ ГО ПРОГЛАСИ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ФАЛСИФИКАТ На избирачкиот список имаше 300 илјади фиктивни избирачи, власта ги заплашуваше граѓаните, ги поткупуваше со брашно и со дрва за огрев, а Државната изборна комисија (ДИК) ги фалсификува резултатите, рече вчера Тодор Петров, иницијатор на ...

ВМРО-ДПМНЕ не му дозволила на Петров да повика на улична демократија

Утрински - 13.11.2004

Најголемата опозициска партија немала исти ставови со Светскиот македонски конгрес за одѕивот и одбила да практикува улична демократија Поради спорот околу референдумот Петров не присуствувал на потпишувањето на Декларацијата на Црвенковски Тодор Петров и опозициските партии се спукале непосредно ...

Петров се жали до Врховниот суд

Дневник - 13.11.2004

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес смета дека резултатите од референдумот што ги објави Државната изборна комисија се фалсификувани и затоа не ги признава. Претседателот на СМК, Тодор Петров, поднесе жалба до Врховниот суд откако ДИК го одби неговиот приговор.

Македонија "жртва" на сопствениот успех

Дневник - 13.11.2004

БилЈана Ванковска Кога и на меѓународната заедница # се случи Граѓанинот (на Македонија), тоа беше директен удар на една убаво замислена слика за "демократија без народ" Парадоксално, но во последните 13 години, Македонија како да е постојано "осудена" да го носи ореолот на success story.

Петров потврди дека има судир меѓу него и опозицијата

А1 - 12.11.2004

Петров денеска јавно потврди дека има судир меѓу него и партиите од опозицијата, кои застанаа зад референдумот. За него е симптоматично што неговите партнери од опозицијата го оставиле сам во намерата да ги оспори резултатите од референдумот и не поднеле ниту една жалба до Државната изборна ...

Петров нема право да поднесува приговори

Време - 12.11.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Државната изборна комисија (ДИК) вчера го отфрли приговорот на Тодор Петров, иницијатор на референдумот, кој се жалел дека имало неправилности и незаконитости во спроведувањето на референдумот од 7 ноември.

Силната партизација ја зароби демократијата

Време - 12.11.2004

ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Резултатите од референдумот делумно се одраз на недоволноразвиената демократија, која останува заробена помеѓу силната партизација и етнизација на граѓанското тело, се вели во соопштението на Граѓанското движење на Македонија.

Резултатите на референдумот треба да се прифатат

Утрински - 12.11.2004

Оцени на Граѓанското движење на Македонија Граѓанското движење на Македонија низ сопственото дејствување активно поддржа еден значаен демократски процес и ја зајакна сопствената структура и членство во земјава. Низ специфичната кампања тоа го потенцира и сопствениот идентитет во однос на сите други ...

Одбиено барањето на Петров за поништување на референдумот

Утрински - 12.11.2004

Одлука на Државната изборна комисија по приговорот на организаторот "Државната изборна комисија го отфрли приговорот на Тодор Петров како недозволен. ДИК најде дека Петров не се јавува како граѓанин, како што е пропишано со Законот за референдум, туку како овластен претставник на предлагачот на ...

Облешево на референдум, Чешиново на бојкот

Дневник - 12.11.2004

ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Жителите на општината Облешево на 28 ноември ќе излезат на референдум за да одлучат каде ќе биде седиштето на идната заедничка општина - во Облешево или во Чешиново. Одлуката за распишување референдум завчера донесе Советот на Општината Облешево, кој ќе подготви и ...

Власта не го потврди легитимитетот

Дневник - 12.11.2004

ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ на македониЈа Резултатите од референдумот претставуваат реален одраз на моменталните односи во Македонија и како такви треба да се прифатат - оценуваат во Граѓанското движење за Македонија. Според нив, апстиненцијата на повеќе од еден милион граѓани ја остава отворена дилемата за ...

Отфрлен приговорот на Петров

Дневник - 12.11.2004

ДИК Државната изборна комисија вчера го отфрли приговорот на Тодор Петров за нерегуларности на референдумот и за фалсификат на гласањето. - Приговорот на Петров, како овластен претставник на предлагачот на референдумот, е навреме поднесен, но е отфрлен како недозволен.

СМК -Тодор Петров за референдумските резултати

Канал5 - 12.11.2004

Опозициските лидери поради партиски интереси не се согласија да прогласат фалсификат на референдумот, вели Тодор Петров, отфрлајќи ги шпекулациите дека од одредени лидери бил советуван да замине во Австралија. По неговото 5-дневно целосно отсуство од мак Опозициските лидери поради партиски интереси ...

ДИК го одби приговорот на Петров

А1 - 11.11.2004

Државната изборна комисија денеска го одби единствениот приговор кој беше доставен до нив за фалсификат на референдумот. Со него СМК бараше референдумот да се поништи зашто бил нерегуларен, а резултатите кои ДИК ги објави да се прогласат за фалсификат.

МТВ, Сител, Канал 5 и Телма го прекршиле молкот за референдумот

Време - 11.11.2004

СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Македонската телевизија, Сител, Канал 5 и Телма го прекршиле молкот за референдумот, изјави вчера Ѓорѓи Варошлија, претседателот на Советот на радиодифузија. Советот забележа навивачко и сугестивно известување на водителот на телевизијата Сител, кој известувајќи за текот на ...

Неуспехот на референдумот не предизвика триумфализам кај албанските партии

Утрински - 11.11.2004

Албанските партии проценуваат дека по референдумот е зголемена довербата на Албанците спрема Македонците Биљали: По неуспехот на референдумот, зголемена е довербата на Албанците спрема Македонците и климата за градење заедничка држава кај Албанците сега е многу пооптимистичка Борис Георгиевски ...

Електронските медиуми го прекршија молкот

Утрински - 11.11.2004

Совет за радиодифузија Електронските медиуми за време на одржувањето на референдумот коректно ја завршиле својата работа, но сепак препораките од Советот за радиодифузија за покривање на референдумот не биле докрај ?совладани", односно почитувани од одредени медиуми.

МРТВ не ја исполни функцијата на јавен сервис за референдумот

Дневник - 11.11.2004

оценка на СОВЕТот ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Македонската радио-телевизија (МРТВ) не ја исполни обврската утврдена со препораките да емитува специјализирани емисии за информирање на граѓаните за регулативата поврзана со референдумот, со содржината на референдумското прашање и за начинот и за техниката на ...

ТОДОР ПЕТРОВ: РЕЗУЛТАТИТЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВАМ. МИНИСТЕРОТ ГИ ОТВОРИ КАФЕАНИТЕ, ГРАГАНИТЕ СЕ ИСПИЈАНИЈА И ГО ПРЕСПАА ...

Канал5 - 11.11.2004

Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на Тодор Петров поднесен за како што објаснил претседателот на Светскиот македонски конгрес начинот на кој бил спроведен референдумот.. Петров на седум страници со повеќе десетици примери ги образлож Државната изборна комисија денеска го ...

Советот на радиодифузија констатира прекршувања на референдумски молк

А1 - 10.11.2004

За време на тридневниот референдумски молк се забележани извесни прекршувања од страна на некои електронски медиуми, соопшти денеска Советот на радиодифузија. Претседателот на Советот, Ѓорѓи Варошлија на дееншната прес конференција рече дека карактеристичен е примерот на навивачко и сугестивно ...

Совет за радиодифузија: Известувањето за референдумот коректно

А1 - 10.11.2004

Советот за радиодифузија констатира дека известувањето на телевизиите за референдумот било коректно. Ниту еден од медиумите, што ги прекршиле правилата, нема да биде казнет, бидејќи не станувало збор за избори. Медиумите коректно известуваа за референдумската кампања и за самиот референдум, ...

Џафери: Референдумот беше мамка

Време - 10.11.2004

ДПА Референдумот беше игра за да внесе забуна помеѓу Албанците, вели портпаролот на ДПА, Сулејман Рушити. Според него, односот на Македонците кон референдумот покажа дека Албанците со Законот за територијална организација и не добија којзнае што. - Исходот на референдумот не не изненади.

Облешевци бараат референдум, чешиновци не сакаат ни да чујат

Време - 10.11.2004

ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Жителите на општината Чешиново нема да излезат на референдум на 28-ми овој месец, иако Владата донесе одлука советите на Чешиново и на Облешево да спроведат локални референдуми. Со нив требаше да се реши несогласувањето каде ќе биде општинскиот центар и кое ќе биде името ...

На референдумот излегле 26,58 отсто гласачи

Време - 10.11.2004

ПОСЛЕДНИ РЕЗУЛТАТИ НА ДИК Одѕивот на гласачите на референдумот за територијална организација, одржан во неделата, е 26,58 отсто, соопшти вчера Зоран Таневски, портпарол на Државната изборна комисија. Според ДИК, на референдумот излегле 454.347 гласачи од вкупно 1.709.536 запишани избирачи.

Тодор Петров ќе ја тужи власта

Време - 10.11.2004

ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ Светскиот македонски конгрес (СМК) ќе поднесе кривични пријави против владејачките партии бидејќи ги фалсификуваа резултатите од референдумот, најави Тодор Петров, претседател на СМК, кој го поттикна референдумското изјаснување за опстанок на територијалната ...

Мојсиу ги поздрави резултатите од референдумот

Утрински - 10.11.2004

Албанија Тирана - Албанскиот претседател Алфред Мојсиу и честиташе на Македонија за неуспешниот референдум, оценувајќи го слабиот одѕив на гласањето како добар знак за зачувување на стабилноста во регионот. "Македонија со референдумот, без разлика што има Славјани, Албанци и други нации, покажа ...

Конечни резултати до крајот на неделата

Утрински - 10.11.2004

РЕФЕРЕНДУМ Конечните резултати од неделното гласање ДИК ќе ги соопшти по истекот на роковите предвидени за приговори и жалби, така што тие најрано може да се очекуваат до крајот на оваа или во почетокот на идната недела. Државната изборна комисија ги утврди резултатите од референдумот, според кои ...

Најдобро е Тодор Петров да замине во Австралија

Дневник - 10.11.2004

ПРЕПОРАКА ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ЛИДЕРИ Откако не успеа референдумот, за тебе е најдобро да заминеш во дијаспората. Добро е да одиш кај Македонците во Австралија. Ваков совет добил претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, од неколку лидери што беа членови на Координативно тело за ...

Сервис за јадење претплата

Дневник - 10.11.2004

Коментар - Марјан Блажевски Македонската радио-телевизија скандалозно докажа дека не е и покажа дека нема намера да биде јавен сервис за информирање. Имено, на денот кога во земјава се гласаше на референдум на МРТВ се гласаше за Евросонг! Јавноста од "својот" сервис очекуваше брзи и исцрпни ...

За МРТВ, Евровизија беше поважна од референдумот

Дневник - 10.11.2004

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ИНФОРМИРАЊЕТО НА ЈАВНИОТ СЕРВИС Македонската радио-телевизија (МРТВ) не известуваше за референдумот според функцијата што ја има - како јавен сервис да ги обезбеди сите потребни информации за граѓаните, смета Љубомир Јакимовски, професор по јавно мислење и поранешен претседател на ...

Совет за радиодифузија – резултати од мониторингот на медиумското известување за време на референдумот

Канал5 - 10.11.2004

29 те медиуми кој беа набљудувани за време на референдумот генерално ги почитувале препораките на советот за радиодифузија. Сепак според советот сите медиуми биле доведени во дилема - да бидат професионални и да известат од важен настан како прославата по 29 те медиуми кој беа набљудувани за време ...

ГЛАСАЛЕ 26,58 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ

Вечер Прес - 10.11.2004

Конечната бројка на излезени избирачи на референдумот за територијална организација е 454.347, соопшти вчера Државната изборна комисија. Ова значи дека, на 7 ноември на гласање излегле 26,58 отсто од граѓаните запишани во Единствениот избирачки список, чиј вкупен број е 1.709.536.

ДИК: На референдумот излегле 26% од гласачите

А1 - 09.11.2004

26,58% од граѓаните со право на глас, излегле на референдумот. Ова се последните резултати, кои попладнево ги соопшти Државната изборна комисија. Според ДИК, на референдумот гласале 454.347 граѓани, што значи дека референдумското прашање не добило поддржка од граѓаните.

До ДИК се уште нема пристигнато приговор за референдумот

А1 - 09.11.2004

До Државната изборна комисија се уште нема пристигнато ниту еден приговор за воочени неправилности при гласањето на референдумот во неделата. Рокот за поднесување на приговори до општинските изборни комисии, истекува утре, по што, во рок од 48 часа, односно до петок, членовите на ДИК, истите треба ...

Граѓаните презедоа контрола врз власта

Време - 09.11.2004

ЕКСПЕРТИ ГИ АНАЛИЗИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ Александра М. Митевска Референдумот не успеа, но граѓаните испратија јасна порака до политичарите - да внимаваат на секој потег за да не го навлечат незадоволството на избирачите.

Најмногу гласачи во Кисела Вода, а најмалку во Дебар

Време - 09.11.2004

ДИК ОБРАБОТИ 95 ПРОЦЕНТИ ОД ПОДАТОЦИТЕ Првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија покажуваат дека на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа гласале 26,24 проценти од населението.

ЛДП: Резултатот од референдумот не е победа на власта

Вест - 09.11.2004

Според Либерално-демократската партија на референдумот излегле 26,1 отсто од гласачите, но резултатот не и прави место на власта за триумфалност туку и дава јасен сигнал да работи поефикасно, посебно на економски план, изјавија вчера од оваа партија.

Ни еден приговор за референдумот

Вест - 09.11.2004

И покрај генералното оспорување на резултатите од референдумот од претставникот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, вчера до Државната изборна комисија немаше доставено ниту еден приговор за евентуални нерегуларности.

Позитивна оцена, но и критика за избирачкиот список

Време - 09.11.2004

ОБСЕ ЗАДОВОЛЕН ОД РЕФЕРЕНДУМОТ Првичните резултати на Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР покажуваат дека референдумот е во согласност со стандардите за изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа, а денот на референдумот и кампањата што претходеше се спроведени во општо тивка и редовна ...

Нема место за триумфализам

Време - 09.11.2004

ЛДП ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Резултатот од референдумот не е триумф на власта, ниту пораз на опозицијата, туку е победа на граѓаните, кои упатија јасна порака дека Македонија сака и заслужува да биде дел од ЕУ и од НАТО, оцени вчера ЛДП.

На референдумот победи Македонија

Време - 09.11.2004

СПОРЕД ПРЕМИЕРОТ ХАРИ КОСТОВ На референдумот нема победници и поразени, туку победи Македонија, рече премиерот Хари Костов на вчерашната прес-конференција во Владата. Според Костов, граѓаните покажаа дека се за развој и унапредување на меѓуетничките односи, за суверенитетот и територијалниот ...

Врховниот суд да го прогласи референдумот за нерегуларен

Време - 09.11.2004

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес не ги прифаќа резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) и ќе побара Врховниот суд да го прогласи референдумот за нерегуларен, најави Тодор Петров, претседател на СМК.

Ограничениот број неправилности не го нарушија процесот

Вест - 09.11.2004

СПОРЕД НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОДИХР Набљудувачите на ОДИХР, организацијата која е дел од ОБСЕ посетиле 803 гласачки места. Во 96 отсто од нив го оцениле гласањето како добро или мошне добро, а истиот процент важи и за постапката на броењето на гласовите.

Слаб одѕив, бојкот и многу неправилности

Време - 09.11.2004

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Одѕивот на гласачите на референдумот беше слаб, власта и Албанците бојкотираа и имаше многу неправилности при гласањето, соопшти Дарко Алексов, претседател на граѓанската асоцијација „Мост“, на вчерашната средба со новинарите.

Со негласање граѓаните се изјаснија за 84 општини

Утрински - 09.11.2004

Над 1,2 милиона граѓани со избирачко право не дадоа поддршка за опстанок на старата територијална карта со 123 општини Одѕивот од 26 проценти или околу 450.000 излезени граѓани на гласачките места не ги постигна дефинираните цензуси за успешност КАТИЦА ЧАНГОВА Седмоноемврискиот референдум за ...

Македонија го положи испитот за патот кон ЕУ

Утрински - 09.11.2004

Странските медиуми со големо интересирање известуваат за референдумот Лондон - Бојкотирајќи го референдумот, македонските граѓани им рекоа "не" на националистите и го положија испитот за евроатланска интеграција на земјата. Ова е заеднички коментар на британските медиуми, кои вчера известуваа за ...

Костов: На референдумот победи Македонија

Утрински - 09.11.2004

Премиерот оцени дека нема победници и поразени по граѓанското изјаснување Владата е подготвена евентуалните слабости од функционирањето на територијалната организација и децентрализацијата да ги решава во од "Нема победници, нема поразени.

Петров не го призна резултатот од референдумот

Утрински - 09.11.2004

Координативното тело на опозициските партии незадоволно од слабиот одѕив на граѓаните Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, по завршувањето на гласањето во неделата вечер изјави дека нема да ги прифати официјалните резултати од ДИК.

„За“ гласаа 410.000 граѓани

Утрински - 09.11.2004

Според првичните неофицијални резултати на ДИК, на гласање излегоа 26,24 отсто од граѓаните, со што референдумот беше прогласен за неуспешен На референдумското гласање излегле 436.202 граѓани од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, од нив 409.886 одговориле "за", а против биле 21.471.

Гласањето ги запази стандардите на ОБСЕ

Утрински - 09.11.2004

Прелиминарен извештај на Меѓународната набљудувачка мисија за референдумот "Референдумот, главно, ги почитуваше стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа", соопшти вчера шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР во земјава, Фридрих Бауер, презентирајќи го прелиминарниот извештај на странските монитори ...

За "Мост" главна карактеристика е слабиот одѕив

Утрински - 09.11.2004

Според набљудувачите од невладиниот сектор на гласањето за референдумот Регистрирано неотворање и ненаверемено отворање на гласачки места, нивно дислоцирање, физички пресметки и прекини во гласањето Главна карактеристика на овој референдум за територијална организација е нискиот одѕив на гласачите, ...

Опозицијата го призна поразот, власта вели дека сите победија

Утрински - 09.11.2004

Партиите со разумност ги примија резултатите од референдумот Еден ден по референдумот, без емоциите од неделата, партиите вчера ги дадоа првичните оцени за неуспешната граѓанска иницијатива за промена на Законот за територијална органзиација на општините.

"Неуспешниот референдум, пораз за националистите"

Дневник - 09.11.2004

СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЕДНОГЛАСНИ Според "Дејли телеграф", вооружени банди и униформирани албански бунтовници се појавиле во неделата во предградијата на Скопје и околните села, заканувајќи се со нови насилства Странските медиуми вчера речиси едногласно оценија: неуспехот на референдумот претставува ...

Референдумското гласање било регуларно

Дневник - 09.11.2004

ПРВИ ОЦЕНКИ НА ОДИХР Референдумот, главно, беше во согласност со меѓународните стандарди за изборни процеси, а ограничениот број неправилности не го нарушија целокупниот процес, соопшти вчера мониторинг-мисијата на ОДИХР по првата оценка за гласањето во неделата.

Гласови за смена на законот

Дневник - 09.11.2004

ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА Светскиот македонски конгрес, кој е овластен набљудувач и иницијатор на референдумот, не ги прифаќа резултатите од Државната изборна комисија, соопшти Тодор Петров, претседател на СМК, на завчерашната прес-конференција на Координативното тело за спроведување на референдумот.

На референдумот излегле 26,24 отсто избирачи

Дневник - 09.11.2004

НЕЦЕЛОСНИ РЕЗУЛТАТИ На референдумот гласале 26,24 проценти од вкупниот број гласачи, според првичните нецелосни податоци на Државната изборна комисија. Од 1.709.536 избирачи, на гласање излегле 436.202, од нив за Законот од 1996 година гласале 414.731, против биле 21.471, а 4.845 гласачки ливчиња ...

Референдумот успешен, победи демократијата

Дневник - 09.11.2004

СДСМ Вечерва нема ниту победници ниту поразени. Граѓаните покажаа дека гледаат кон иднината, а не кон минатото. Македонија денес повеќе од кога и да е е единствена и цела, порача прексиноќа потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски по објавувањето на референдумските резултати.

Петров сакал да прогласи успешен референдум!?

Дневник - 09.11.2004

несогласУВАЊА Тодор Петров, иницијатор на референдумот, прексиноќа сакал да објави дека одѕивот на граѓаните на гласањето бил поголем од 50 отсто, но лидерите на партиите во Координативното тело спречиле да го направи тоа, дознава "Дневник".

Македонија најголем победник

Дневник - 09.11.2004

ОЦЕНКИ НА ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ Граѓаните на Македонија покажаа дека иднината на земјата ја гледаат во ЕУ и во НАТО и дека одбиваат да се вратат назад, оценија владејачката ДУИ и опозициската ПДП по исходот од референдумското гласање.

-455 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ИЗЛЕГЛЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, 427 ИЛЈАДИ ГЛАСАЛЕ ,,ЗА,, - ДИК ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ

Канал5 - 09.11.2004

454.347 избирачи гласале на референдумот одржан в недела, што претставува одзив од 26,58 отсто од вкупно регистрираните 1.709.536 гласачи.. Со овие резултати денеска излезе Државната изборна комисија, според која ,,ЗА,, се изјасниле 427.112, а против 22.2 454.347 избирачи гласале на референдумот ...

СЕ` УШТЕ БЕЗ ПРИГОВОРИ

Вечер Прес - 09.11.2004

Според 95,43 отсто обработени податоци од страна на Државната изборна комисија, одѕивот на гласачите е 26,24 отсто. Од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, на гласање излегле 436.200 гласачи. Од нив, "за" гласале 409.886 граѓани, а "против" биле 21.471. Неважечки лив- чиња имало 4.845.

СЛАБОСТИТЕ ЌЕ СЕ ИСПРАВААТ ВО ОД^

Вечер Прес - 09.11.2004

Според оценката на Владата на РМ, вчерашното референдумско изјаснување на граѓаните помина во безбедна, фер и демократска атмосфера, главно во согласност со меѓународните изборни стандарди. Граѓаните на РМ, независно дали се одлучија за гласање по референдумското прашање или се воздржаа од ...

РЕФЕРЕНДУМСКА ЛЕКЦИЈА

Вечер Прес - 09.11.2004

ПИШУВА: ПРЕДРАГ ДИМИТРОВСКИ Ете, и тоа "чудо" заврши. Законот за новата територијална организација на државата го мина и последниот филтер, непосредното изјаснување на граѓаните, преку референдумот како највисок демократски дострел.

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН САД?

Вечер Прес - 09.11.2004

Референдумското изјаснување ни влегува во мода. По овој неделниот, за новата територијална организација на државата, извесен Иницијативен одбор на проамериканските здруженија и граѓани и граѓански асоцијации од Македонија најавува нов на кој прашањето по кое би се изјаснувале граѓаните би било дали ...

ГЕНЕРАЛНО - СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА ОБСЕ

Вечер Прес - 09.11.2004

Шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, Фридрих Бауер, и покрај обврската за политичка опсервација на мисијата пред и за време на референдумот, вчера не одговори на едноставното прашање колку повикот на власта да не се излегува на гласање влијаел на слабиот одѕив на гласањето.

Берлин го поздравува исходот од референдумот

А1 - 08.11.2004

Владата во Берлин го поздравува исходот од референдумот и смета дека децентрализацијата е значајна за доближување на Македонија кон ЕУ. Портпаролот на министерството за надворешни работи Антија Лендерсен денеска за Дојче веле изјави дека фактот што референдумот не ја обезбеди потребната квота и не ...

МОСТ регистрирал повеќе нерегуларности

А1 - 08.11.2004

Во текот на референдумското изјаснување на граѓаните, набљудувачите на МОСТ регистрирале повеќе нерегуларности, како неотворање на гласачки места, задоцнето отварање, повремени прекини во гласањето, предвремено затварање на избирачките места.

Странските весници и интернет-изданија за референдумот

А1 - 08.11.2004

Радиото Б-92 пишува дека референдумот е одржан оти македонските националисти сметаат дека Охридскиот мировен договор им дал на Албанците премногу права бидејќи Владата ја реорганизирала локалната самоуправа, односно ги прекроила границите на некои општини.

Референдумот е успешен, граѓаните слободно се изјаснија, вели власта

А1 - 08.11.2004

Откако стана јасно дека референдумското прашање не го поддржаа мнозинството граѓани, власта излезе со оценка дека референдумот сепак бил успешен, зашто изјаснувањето се одвивало регуларно. Во СДСМ сметаат дека сега не се можни корекции во новиот закон за територијална организација, иако велат дека ...

Британската Влада ги поздрави резултатите на референдумот

А1 - 08.11.2004

Британската Влада ги поздрави резултатите на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во Македонија, нагласувајќи дека во нив геда тоа знак дека Македонците не сакаат ги оживеат етничките тензии. „Владата и албанските и македонските лидери испратија јасен сигнал дека во ...

ДИК: Одзивот на гласачите 26%

А1 - 08.11.2004

Референдумот не успеа. Гласале 26,24% од граѓаните. Од нив на референдумското прашање дали сте за територијалната организација од 96-та позитивно одговориле околу 410.000 граѓани или приближно 94%. Против биле речиси 5%. Ова неколку минути пред полноќ го соопшти Државната изборна комисија.

Партиите на Албанците задоволни од референдумот

А1 - 08.11.2004

Партиите на Албанците генерално задоволни од вчерашниот референдумски ден. Постигнатиот резултат од нула излезени Албанци и малиот одзив на Македонците од западниот дел на Македонија за ДУИ, ДПА и ПДП бил очекуван. За владеачката ДУИ неуспешниот референдум покажал дека граѓаните не сакаат да се ...

ОДИХР: „Референдумот согласно меѓународните стандарди“

А1 - 08.11.2004

„Референдумот од 7-ми ноември што се одржа во вашата земја, општо гледано е во согласност со стандардите за демократски изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа. Генерално, референдумскиот ден беше мирен и без нереди. Го поздравуваме фактот што за време на референдумот имаше само неколку ...

Медиумите во САД: „Референдумот неуспешен, ќе продолжат реформите“

А1 - 08.11.2004

Македонија и неделава е тема за медиумите во САД, анти албанското гласање во Македонија пропадна, референдумот е неуспешен, сиромашен исход од гласањето. Етничките Албанци ги задржаа прават во Македонија. Под овие наслови најголемите весници и новински агенции во САД пишуваат за неуспешниот ...

Граѓаните и испратија силна порака на власта

Време - 08.11.2004

ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА Половина милион гласови треба да бидат доволен мотив за власта уште еднаш да размисли за корекции во Законот за територијална организација, порача синоќа по затворањето на гласачките кутии лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Опозицијата обвини за кршење на молкот и најави кривични пријави против организаторите

Време - 08.11.2004

ПО САБОТНИОТ МИТИНГ ПО ПОВОД ПРИЗНАВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ Саботниот собир што Сојузот на организации на жени на Македонија(СОЖМ) го организира по повод признавањето на уставното име од Соединетите Американски Држави, а на кој се појави целокупниот државен врв, е грубо прекршување на изборниот молк ...

Референдумот не треба да успее

Време - 08.11.2004

СПОРЕД АЛБАНСКИТЕ ГЛАСИЛА Референдумот во Македонија не треба да успее бидејќи е закана по стабилноста на целиот регион, коментираа вчера албанските електронски гласила, кои во ударните термини известуваа за референдумското изјаснување во Македонија.

Референдумот ќе даде позитивни ефекти

Време - 08.11.2004

Поповска и Петковски гласаа Убедена сум во позитивните ефекти од референдумот, независно од исходот, изјави вчера Лилјана Поповска, потпретседателка на Собранието од ЛДП. Таа заедно со сопругот гласаше на избирачкото место во Основното училиште „Војдан Чернодрински“ во скопската општина Карпош.

Го преспавме референдумот

Вест - 08.11.2004

ВЧЕРА СЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗИАЦИЈА Одsивот на гласачите на вчерашното референдумско изјаснување против новата територијална организиација, според неофицијлани податоци од ДИК и невладината организицја "Мост" и Координативното тело на Тодор Петров, е релативно низок.

Слаб одѕив во Штип, Делчево и во Кочани

Време - 08.11.2004

ТРИ ЧАСА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕТО НА ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА До 16 часот во Штип и во општината Карбинци гласале околу 21 отсто од граѓаните. Бројот на гласачите на 85 гласачки места се зголемуваше во попладневните часови. Најслаб беше одѕивот во селата Горачани, Сушево и Почивало, каде што на гласање излегле по ...

Сите го чекаа единствениот Македонец на избирачкото место 2.432?

Време - 08.11.2004

ПРАЗНИ КУТИИ ВО САРАЈ И ВО КОНДОВО Сотир Ристо Само еден Македонец беше регистриран во избирачкиот список со 772 гласачи на избирачкото место 2.432 во училиштето „Борис Кидрич“ во општината Сарај кај Скопје. Членовите на комисијата цел ден се досадуваа и чекаа да се појави Македонецот да гласа, ...

Пресудно признавањето од САД

Време - 08.11.2004

ЕКСПЕРТИТЕ ОЦЕНУВААТ Одѕивот на референдумот е резултат на затворањето на прашањето за иднината на Македонија, зашто признавањето на уставното име од САД предизвика укоченост на граѓаните, ги оценуваат резултатите од изјаснувањето Ѓорѓи Кимов, директор на „Брима Галуп“ и Ило Трајковски, ...

Кој кого проголта?

Време - 08.11.2004

Александра М. Митевска Времето ќе покаже каква е врската меѓу референдумското изјаснување и прославата на американското признавање на уставното име на Република Македонија. Дали неколкумесечната предреферендумска еуфорија издиша само за еден ден по добрата вест од Вашингтон така што граѓаните, ...

Гласачите се броеја на прсти

Време - 08.11.2004

ВО ТЕТОВСКО И ВО ГОСТИВАРСКО Најголем дел од граѓаните во Тетовско и во Гостиварско вчера не излегоа на референдум, а гласачките кутии на избирачките места останаа речиси празни. Од вкупно 211 гласачки места во Тетовско, до пладне дури на 80 не излегол да гласа ниту еден граѓанин.

Стружани очекуваат околу 30 отсто гласачи

Време - 08.11.2004

Гласачкиот ден во Струга ќе се заокружи со околу 30 проценти излезени граѓани со право на глас, предвидуваат штабовите на избирачките места во општината што четири месеци остро се спротивставува на владиниот Закон за територијална организација. Инциденти засега не се забележани.

Исходот од референдумот не обврзува да понудиме повеќе

Време - 08.11.2004

СДСМ ПОРАЧА Исходот од референдумот за СДСМ претставува обврска на сите граѓани на Македонија да им понудиме повеќе и да им обезбедиме реални перспективи, изјави синоќа Владо Бучковски, потпретседател на социјалдемократите. - Референдумот покажа дека граѓаните во Македонија гледаат во иднината, а ...

Граѓаните докажаа дека сакаат во Европа

Време - 08.11.2004

ДУИ Граѓаните докажаа дека ги поддржуваат новиот Закон за територијална организација и патот кон Европската Унија и НАТО, изјави вчера Ермира Мехмети, портпаролка на Демократската унија за интеграција - Резултатите покажаа дека референдумот не успеа.

Петнаесетина лица полнеле кутии во Струшко

Утрински - 08.11.2004

Слаб одѕив на Македонците во Струга и во Охрид, Албанците го бојкотираа референдумот Симон Илиевски Вчера попладне, нешто пред 17 часот, на Избирачкото место бр. 1.655, сместено во ОУ ?Браќа Миладиновци? во Струга, насилно се полнеа избирачките кутии.

Во Кондово не се појави ниту еден гласач

Утрински - 08.11.2004

Референдумското изјаснување во скопските општини помина мирно и без инциденти Гласањето во Сарај, Карпош и во Чаир вчера се одвиваше мирно и без поголеми проблеми ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Гласачките кутии во двете избирачки места во скопското село Кондово вчера останаа празни.

Референдумот не успеа

Утрински - 08.11.2004

Вчера граѓаните на Република Македонија се изјаснуваа дали да остане територијалната организација од 1996 година Референдумот не успеа, мнозинството граѓани на Република Македонија вчера апстинираа и не ги посетија во доволен број гласачките места.

Гласачките кутии останаа празни

Утрински - 08.11.2004

ТЕТОВСКО ТЕТОВО - Во Џепчиште на гласачкото место 2.003 на кое има 795 запишани избирачи, гласачката кутија остана празна. Насир Јонузи, претседател на Избирачкиот одбор, вели : "Отворивме точно во 7 часот. Тука сме постојано. Досега никој не влезе да побара референдумско ливче".

Неправилности во гласањето

Дневник - 08.11.2004

"МОСТ" Четири избирачки места воопшто не биле отворени, во 19 гласањето не почнало навреме, се преместувале гласачки кутии, отворено се агитирало, се блокирале избирачки места, насилно се полнеле кутии, предвреме се затвориле гласачки места, а неколкупати интервенирала полиција, известија ...

Референдумот во Македонија не треба да успее

Дневник - 08.11.2004

ТИРАНА Референдумот во Македонија не треба да успее, бидејќи е закана по стабилноста на целиот регион, коментираа вчера албанските електронски гласила, кои во ударните термини известуваа за референдумското изјаснување во Македонија.

Од целосен бојкот до минимален одѕив

Дневник - 08.11.2004

СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА Бојкот во албанските средини и мал одѕив во македонските, тоа беше главниот впечаток од гласањето во скопските општини. Во селата во кои живее само албанско население апстиненцијата беше целосна. Во Кондово во изборните единици 2451 и 2452, каде што вкупно има 2.323 гласачи, ...

Референдумот не успеа

Дневник - 08.11.2004

МАКЕДОНИЈА вЧера ГЛАСАШЕ Одѕивот на граѓаните не беше доволен за да биде укинат Законот за територијална организација На вчерашниот референдум, според првите, неофицијални податоци, гласале помалку од 50 отсто од вкупниот број гласачи во Македонија.

Испитот го положивме

Дневник - 08.11.2004

КОментар - Бранко Ѓорѓевски Македонија го положи тестот на демократска зрелост. Вчерашниот референдум помина без поголеми проблеми, без инциденти, пресметки, полнење гласачки кутии, фалсификати...Работи кои во нашето практикување на изборната демократија не се ретки и поради кои изборите редовно ги ...

ОБСЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Канал5 - 08.11.2004

Вчерашниот референдум беше спроведен во тивка и редовна атмосфера и во согласност со стандардите за изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа. Ограничениот број неправилности не го нарушија референдумското изјаснување. Ова е оценката на мисијат Вчерашниот референдум беше спроведен во тивка и ...

Државната изборна комисија најверојатно утре ќе ги објави конечните резултати од вчерашниот референдум

Канал5 - 08.11.2004

Законскиот рок кој го има ДИК да го соопшти исходот од изјаснувањето е 48 часа откако ќе ги добие резултатите од 34-те општински изборни комисии.. Конечните податоци нема многу да се разликуваат од првичните објавени синоќа на полноќ..

МОСТ: СЛАБ ОДЅИВ И ОТВОРЕН БОЈКОТ ОД ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО И АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА КАРАКТЕРИСТИКИ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Канал5 - 08.11.2004

Главна карактеристика на референдумот според граѓанската асоцијација “МОСТ е слабиот одѕив на гласачите, како и отворениот бојкот од страна на владејачкото мнозинство и албанската заедница во Република Македонија. Соопштувајќи ги прелиминарните Главна карактеристика на референдумот според ...

СДСМ Рефереднумот беше успешен

Канал5 - 08.11.2004

Вчерашниот референдум беше спроведен во мирна атмосвера, и го оценуваме како успешен оцени денеска владејачкиот СДСМ. Излезените 453.752 граѓани на вчерашниот референдум за Социјалдемократскиот сојуз не се за потценување, и затоа оваа партија ја сваќа пор Вчерашниот референдум беше спроведен во ...

ДОСТОИНСТВЕНО, НО СО ДОЗА НА СТРАВ

Вечер Прес - 08.11.2004

Мирно, достоинствено, но и со доза на стравување, скопјани вчера излегоа да го остварат своето граѓанско право. Од обиколката на повеќе гласач ки места остана впечатокот дека до пладневните часови граѓаните на главниот град не манифестираа посебна заинтересираност за гласање.

ВО ПРАШАЊЕ Е ДОВЕДЕНА РЕГУЛАРНОСТА

Вечер Прес - 08.11.2004

Координативното тело за референдумот информира дека на 20 отсто од територијата на Република Македонија гласачките места не биле воопшто ни отворени со што се доведува во прашање регуларноста на референдумот. Според иницијаторот на референдумот Тодор Петров, СДСМ во текот на вчерашниот ден ...

ВЛАСТА ГО МИНИРАШЕ РЕФЕРЕНДУМОТ

Вечер Прес - 08.11.2004

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, гласаше на изборното место во зградата на "Електростопанство" Скопје. "Ова е референдум за иднината на Македонија. Власта го минираше референдумот со заплашување на граѓаните да не излегуваат на гласање, албанскиот фактор вршеше притисок врз ...

РЕФЕРЕНДУМОТ НЕ ПОМИНА?

Вечер Прес - 08.11.2004

Референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, најверојатно, ќе биде неуспешен. Според податоците на граѓанската асоцијација “МОСТ", вчера, до 17 часот, на гласање излегле само 21 отсто од избирачите.

НЕЗАВИСНО ОД РЕЗУЛТАТОТ, РЕФЕРЕНДУМОТ Е УСПЕШЕН

Вечер Прес - 08.11.2004

Го остварив своето гласач ко право, излегувајќ и да гласам на референдумот. Она што особено ме радува е тоа што одѕивот е многу поголем од оној кој го објавува ДИК, со што шири дополнителни дезинформации. На моето гласачко место до 13 часот се излезени 23 отсто од гласачите, што ми дава огромна ...

ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ

Вечер Прес - 08.11.2004

Гласам на овој референдум, со што ја исполнувам својата граѓанска должност. Референдумот е распишан од Собранието на Република Македонија, и сметам дека е редно да се излезе и да се гласа на него. Од рефередумското изјаснување ќе имаме повеќе позитивни ефекти, независно од неговиот резултат.