TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Загинаа најмалку 29 рудари

Време - 10.11.2007

НОВА НЕСРЕЌА ВО КИНА Најмалку 29 рудари загинале, а шестмина се уште се водат како исчезнати при истекување гас во рудникот „Кунли“ во југозападна Кина, јави Си-ен-ен. Спасувачките екипи од рудникот извлекле 28 мртви тела и спасиле 52 рудари, но еден од нив подоцна им подлегнал на повредите.

Најмалку 29 рудари загинаа во несреќа во Кина

А1 - 09.11.2007

Најмалку 29 рудари загинаа, а шест се водат како исчезнати во несреќа што се случи во јагленокоп во југоисточна Кина. Несреќата што се случи вчера попладне во рудникот Чинли во кинискиот регион Најонг била предизвикана поради истекување на гас. За време на инцидентот во рудникот имало 86 рудари.

Броjoт на загинатите во рудникот во Доњецк се зголеми на 77

Макфакс - 09.11.2007

Киев Бројот на жртвите од вчерашната експлозија во рудникот Засјадко според последните податоци е 77 лица. Ова го соопшти пресслужбата на обласната управа во Доњецк при министерството за вонредни ситуации на Украина. Судбината на 23 рудари останува неизвесна.

Најмалку 32 загинати во рудник во Кина

Макфакс - 09.11.2007

Пекинг Најмалку 29 рудари загинаа, а други тројца се исчезнати, во несреќата што се случи во кинеската покраина Гуизхоу, јавија локалните медиуми. Несреќата во рудникот за јаглен Кунли, била предизвикана од истекување на гас, додека во окното биле 86 рудари, од кои 52 се спасени.

Нов биланс- 69 загинати во рудникот во Доњетск

Макфакс - 09.11.2007

Киев Најмалку 69 загинати е новиот биланс на жртви во експлозијата што во неделата се случи во рудник во Доњетск, источна Украина, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби. Според истиот извор, неизвесна е судбината на 31 рудари.

Најмалку 17 загинати во експлозија во рудник во Украина

Макфакс - 08.11.2007

Киев Најмалку 17 рудари загинаа денеска во експлозија во рудник во Доњетск, во источна Украина, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби, не исклучувајќи можност бројот на жртвите да биде поголем. „Пронајдени се 14 тела во рударското окно, а судбината на уште 83 рудари е непозната“, се ...

Нов биланс-33 мртви во рудникот во Доњетск

Макфакс - 08.11.2007

Киев Најмалку 33 рудари загинаа денеска во експлозија во рудник во Доњетск, во источна Украина, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби, не исклучувајќи можност бројот на жртвите да биде поголем. „Пронајдени се 33 тела во рударското окно, а судбината на уште 77 рудари е непозната“, ...