Пакистанските власти го забранија движењето на нафтени камиони на автопатот кон Авганистан, што пак може да передизвика последци врз снабдувачкиот синџир на американските и НАТО трупите во таа земја. Според пакистанските власти овој чекор бил преземен поради безбедносни причини и ќе биде прекинат најбрзо што може.
Одлуката на Пакистан привремено да спречи дел од камионите да преминуваат преку главниот планински премин на границата со Авганистан ја загрозува главната рута за снабдување на НАТО силите во Авганистан. Американскиот и НАТО контингентите стравуваат од влошување на безбедносната состојба во пограничниот регион во кој дејствуваат милитантите блиски до талибанците и терористичката организација Ал ...
Беспилотно летало на САД уби 12 лица во Авганистан. КАБУЛ - Од ракети истрелани од американско беспилотно летало загинаа најмалку 12 лица во пакистанскиот племенски регион на границата со Авганистан, изјавија официјални лица. Тие посочија дека проектилите уништиле куќа во едно село.
Јапонски и авганистански новинар денеска се убиени во северозападниот пакистански град Пешавар, во кој се повеќе има исламистички бунтовници, кои доаѓаат од племенските области долж границата со Авганистан, соопшти локалната полиција. Двајцата новинари биле нападнати од автомобил во движење во квартот Хајатабад, во кој пред два дена беше убиен еден хуманитарен работник.
Најмалку десет луѓе загинале во, како што јавуваат агенциите, американски ракетен напад врз регионот на Пакистан кој граничи со Авганистан. Цел на нападот бил засолниште на талибанците и на приврзаници на Ал Каида. Претходно, претставници на американската разузнавачка агенција ЦИА изјавија дека Осама бин Ладен бил изолиран од дневните операции на оваа терористичка организација и сега единствено ...
Најмалку 12 луѓе загинаа кога американско беcпилотно летало истрелалo ракети врз цели во Вазиристан, северен Пакистан. Во напад на село, што се наоѓа во област која што е под силно влијание на талибанците и Ал Каеда, загинале и петмина странски државјани, јавуваат агенциите.
Отава, 14 ноември (МИА) - Кандаска новинарка беше киднапирана оваа недела во северозападниот дел од Пакистан. Беверли Гисбрехт (52) која работи за интернет издание под името Хаџиџа Абдул Кар, подготвувала „алтернативни материјали“ за исламскиот свет. Била киднапирана заедно со својот преведувач во реоот на градот Бану.
Во ракетен напад на американски беспилотни летала рано утринава во пакистанскиот племенски регион Вазиристан загинале 12 лица меѓу кои и пет странски државјани, соопштиле пакистанските влсти. Мета на нападите било едно село на границата помеѓу северен и јужен Вазиристан во областа позната како засолниште на пакистанско- талибанскиот командант Баитул Месхуд.
Најмалку 12 луѓе загинаа кога американско беcпилотно летало истрелалo ракети врз цели во Вазиристан, северен Пакистан, соопштија владини извори. Во напад на село, што се наоѓа во област која што е под силно влијание на талибанците и Ал Каеда, загинале и петмина странски државјани, јавуваат агенциите.
Ирански дипломат е киднапиран на северозападот на Пакистан, а неговиот телохранител е убиен. Грабнувачите отвориле оган врз неговиот автомобил, го застрелале неговиот телохранител и го одвеле. Инцидентот се случи во Пешавар, во пакистанско-авганистанскиот пограничен регион. Таму вчера беше убиен еден американски активист на хуманитарна организација. Регионот важи за упориште на Талибанците.
Вооружени напаѓачи денес киднапирале ирански дипломат и го убиле неговиот возач во градот Пешавар, во северозападен Пакистан, пренесуваат светските агнеции. Се претпоставува дека зад киднапирањето стојат талибанските бунтовници и нивните помагачи, меѓушиитскитe екстремисти кои и понатаму негуваат огромна нетрпеливост кон шиитите кои го чинат мнозинското население во Иран.
Милитанти киднапираа 13 камиони на американските сојузници во Пакистан. ЛАНДИКОТАЛ - Милитантите од северозападен Пакистан вчера киднапираа 13 камиони кои пренесуваа резерви за западните сили во Авганистан, додека минуваа низ Киберовиот Премин, јави претставник на владата.
Исламски екстремисти во северозападен Пакистан киднапираа 12 камиони со залихи за американските и западни сили во Авганистан, ги испразниле возилата и ги оставиле во една долина, соопштија денеска претставници на локалната власт. Вооружена група од околу 60 маскирани напаѓачи киднапираа вчера камиони заедно со возачите додека конвојот минувал низ клисурата Хибер.
Исламабад, 11 ноември (МИА) – Исламски екстремисти кои на северозапад во Пакистан киднапираа 12 камиони со залихи за американските и западни сили во Авганистан, ги испразниле возилата и ги оставиле во една долина, соопштија денеска претставници на локалната власт. Вооружена група од околу 60 маскирани напаѓачи киднапираа вчера камиони заедно со возачите додека конвојот минувал низ клисурата Хибер.
Новинар на американскиот весник “Њујорк Тајм“ е киднапиран во Авганистан. Новинарот како и неговите авганистански помошници се киднапирани во провинцијата Логар, јужно од Кабул. Веста е потврдена од заменик на полициската служби од провинцијата Логар, каде е цитиран во новинската агенција “Нова Кина“, каде е соопштено само името на киднапираниот новинар Дејвис.