TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Охридскиот договор води кон децентрализација, а не кон двонационална држава

Дневник - 26.04.2003

Интервју - Алексис Брунс, специјален претставник на ЕУ Оваа 2003 година ќе биде клучна за Македонија во процесот на нејзината евроинтеграција и спроведувањето на Охридскиот договор, вели Алексис Брунс, специјалниот претставник на Европската Унија во Скопје.

ДПА е против Бранковиот рамковен договор

Вест - 25.04.2003

Медух Тачи, потпретседател на ДПА вчера изјави дека неговата партија не е против рамковниот договор, туку против Бранковиот Рамковен договор. "Дефинитивно ние сме за Рамковниот договор, но сме против договорите на Бранко и неговите закони.

Услов за враќање на ДПА во Собранието е остварување на Рамковниот договор

А1 - 24.04.2003

„Услов за враќање на пратеничката група на ДПА во Собранието е исполнување на Охридскиот договор“, изјави денеска потпретседателот на партијата во оставка, Мендух Тачи. Тачи информира дека одлуката на ДПА за мораториум на политичкото дејствување ќе трае во зависност од тоа што ќе одлучи партијата.

Џафери не се откажува од етничка држава, Ахмети од охридскиот договор

Дневник - 24.04.2003

ВО ТЕТОВО СЕ СРЕТНАА ЛИДЕРИТЕ НА ДУИ И НА ДПА Времето ќе покаже чија опција била правилна, порачаа челниците на двете партии по состанокот во Тетово Али Ахмети, лидерот на ДУИ, вчера не успеал да го разубеди Арбен Џафери да го прекине мораториумот на партиското дејствување, поради, како што ...

Ахмети не успеа да го разубеди Џафери

А1 - 23.04.2003

Обидите за доближување на ставовите на ДПА и ДУИ по тричасовната средба на нивните лидери Арбен Џафери и Али Ахмети паднаа во вода. „Се уште има време ДПА да се убеди во резултатите што ДУИ ќе ги покаже како партија на власт со фактите и аргументите од примената на Охридскиот договор“, изјави ...

Георгиевски, Џафери и Тачи луѓе од 19-ти век

А1 - 23.04.2003

Ова се луѓе од 19-от век, но тие ја постигнаа својата цел - да се дебатира за нивните демек големи, а во суштина ужасни идеи. Вака реагираат некои од македонските интелектуалци за изјавите на Георгиевски, Џафери и Тачи дека Рамковниот договор е мртов и дека иднината е во поделба на државата врз ...

Бигман: Меѓународната заедница е "алергична" на идеите за етнички чисти држави

Утрински - 23.04.2003

Интервју на амбасадорот на НАТО во земјава за Радио Слободна Европа Скопје - "Меѓународната заедница е сто проценти против идеите за етнички чисти држави, без разлика дали тие доаѓаат од Љупчо Георгиевски, од ДПА или од кого и да е", изјави во интервјуто за Радио Слободна Европа амбасадорот на НАТО ...

Идеите на Георгиевски и на Џафери според Европејците се глупави, но безопасни

Дневник - 23.04.2003

ЛИДЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И НА ДПА НЕ ЈА ВОЗБУДИЈА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Опозицијата или некои политичари во неа го загубија патот и не знаат каде да одат, но реално не можат да ја дестабилизираат државата, изјавил амбасадорот на НАТО, Николас Бигман Меѓународната заедница ги отфрли идеите за етнички ...

Бигман сто проценти против идеите за етнички чисти држави

А1 - 22.04.2003

Меѓународната заедница е сто проценти против идеите за етнички чисти држави, без разлика дали тие доаѓаат од Љубчо Георгиевски, од ДПА или од кого и да е. Таквите идеи предизвикаа реки крв на Балканот и насекаде во светот и меѓународната заедница стана алергична на нив.

Поповски ја повика ДПА да не го бојкотира парламентот

Утрински - 22.04.2003

Партијата на Џафери го замрзна дејствувањето во државните институции Претседателот на парламентот Никола Поповски вчера ги повика пратениците на ДПА да не ја бојкотираат работата на парламентот, во рамките на мораториумот донесен на завчерашното централно собрание на партијата.

Меѓународната заедница не поддржува етничка поделба на Македонија

Утрински - 22.04.2003

Заедничко соопштение на амбасдорите на ЕУ, НАТО, САД и на ОБСЕ за колумната на Георгиевски ТАМАРА ГРНЧАРОСКА "Рамковниот договор не е една опција меѓу многуте. Тоа е единствениот пат за напред. Политичките партии и претставници кои го потпишаа Договорот се одговорни активно да го поддржуваат ...

Црвенковски: Платформата на Георгиевски е директен повик за војна!

Утрински - 22.04.2003

Премиерот ги осуди ставовите за етнички делби на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА Жаклина Ѓорѓевиќ Промовирањето на концептот за менување на граници за етничко чистење и подигање берлински ѕидови за разграничување значи директен повик за етничка војна и поделба на државава, изјави премиерот ...

Црвенковски: Џафери и Георгиевски со опасни сценарија за нова војна

Дневник - 22.04.2003

ПО ОДЛУКАТА НА ДПА ДА ГИ ЗАМРЗНЕ СИТЕ ФУНКЦИИ Претставниците на меѓународната заедница ги потсетуваат сите потписници на охридскиот договор на обврската за негово доследно спроведување Одлуката на ДПА за мораториум на партиското дејствување и неодамнешната колумна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со тези ...

Алексис Брунс: „Македонија нема друга опција освен Рамковниот договор“

А1 - 21.04.2003

„Европската Унија, која со САД, е гарант на мировниот процес во Македонија, ги отфрла како неприфатливи изјавите и тезите на Џафери, Тачи и на Георгиевски дека Охридскиот договор е мртов и дека иднината на државата е во поделба по етничка основа.

Меѓународните претставници инсистираат на Рамковниот договор

А1 - 21.04.2003

„Целосната имплементација на Рамковната спогодба е од фундаментално значење со цел да се избегнат трагедиите од минатото и е клуч за исполнување на политичките услови за интеграција во евроатлантските структури“, се вели во заедничката изјава на претставниците на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во земјава.

Поповски ја повика ДПА да се врати во Собранието

А1 - 21.04.2003

„Неосновани се оценките дека не се спроведува Рамковниот договор. Речиси на секоја седница споредуваме закони од Договорот, иако за нив, пасошот и јазичниот спор во Собранието ДПА гласаше против. Немаат сериозни аргументи и имам впечаток дека нивната одлука ќе заврши со враќање во Собранието, како ...

Црвенковски: „Георгиевски и Џафери повикаа на етничка војна“

А1 - 21.04.2003

Владата на денешната седница расправала за последните јавно изречени ставови на опозиционите лидери на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, кои премиерот Бранко Црвенковски ги нарече „јавно промовирани стравични сценарија на Љупчо Георгиевски поддржани од челните луѓе на ДПА“.

Џафери бара меѓународен протекторат врз Македонија

Вест - 21.04.2003

ДПА ПРОГЛАСИ МОРАТОРИУМ НА СВОЕТО ПОЛИТИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ Лидерот на ДПА и неговиот потпретседател Мендух Тачи понудија неотповикливи оставки до членството, кои не им беа прифатени, а протекторатот го побараа оти "Охридскиот рамковен договор е мртов...

ДПА го замрзна своето политичко дејствување

Утрински - 21.04.2003

Неочекувани одлуки на Централното собрание на ДПА во Тетово Гојко Ефтоски ТЕТОВО - На седницата одржана во саботата во Тетово, Централното собрание на ДПА прогласи мораториум на политичкото дејствување. Тоа подразбира еден вид политичко мирување на сите структури на партијата од централните органи ...

Џафери и Тачи со оставки во ДПА ќе градат етничка држава

Дневник - 21.04.2003

ПАРТИСКО ЦЕНТРАЛНО СОБРАНИЕ ВО ТЕТОВО Џафери не верува во меѓуетнички соживот, охридскиот договор за ДПА е мртов Арбен Џафери и Мендух Тачи, претседателот и потпретседателот на ДПА, на централното собрание на партијата поднесоа неотповикливи оставки, а делегатите изгласаа мораториум на ДПА.

Џафери се качи на ѕидот на Георгиевски

Дневник - 21.04.2003

Коментар Со мораториум на работата на партијата и на функциите што ги имаат во локалната власт и во Парламентот, ДПА го изразува својот револт против актуелната власт и против ставот на меѓународниот фактор за албанското прашање во Македонија.