TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ-ЛП: зад киднапирањето стои бившата ОНА

Вест - 31.08.2002

Со постојаните блокади на сообраќајниците и убиството на двајцата полицајци во Гостивар како и вчерашното киднапирање на неколку лица, за ВМР-ДПМНЕ и ЛП се примери со кои се сакало да се наруши безбедносната ситуација а посебно да се наруши изборниот процес. "За последните настани прашајте го МВР.

Полицајци-Албанци го прегрнуваа Ахмети

Утрински - 31.08.2002

Митинг на ДУИ во Куманово КУМАНОВО - Потенцијалниот апсеник на министерот Љубе Бошкоски и на државниот јавен обвинител Ставре Џиков, Али Ахмети, завчеравечер во Куманово се најде во прегратките на неколкумина полицајци од албанска националност кои беа на задача во петчлената полициска патрола за ...

Власта бара апсење и казнување на Ахмети

Утрински - 31.08.2002

ПОЗИЦИЈА ?Али Ахмети, лидер на Демократската унија за интеграција, е најодговорен за нарушената политичко-безбедносна состојба во земјава. Овој злосторник треба да биде уапсен, казнет и осуден, бидејќи е човекот кој наредуваше убиства на македонски војници, полицајци и цивили, тој е директно ...

Ахмети: Полицијата избрза со налогот за мое апсење

Утрински - 31.08.2002

Изјава на поранешниот лидер на ОНА за Радио Глас на Америка ВаШингтон - "Полицијата избрза со налогот за мое апсење", изјави претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и поранешен лидер на ОНА, Али Ахмети, во интервју за Радио Глас на Америка, програма на албански јазик.

Ахмети го признава само судот во Хаг

Дневник - 31.08.2002

ПО НАЈАВИТЕ НА МВР И НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДУИ и дел правници тврдат дека со законот за амнестија домашните судови го загубиле правото да му судат на Ахмети за злосторствата Полицијата избрза со налогот за мое апсење. Хашкиот трибунал е надлежен за обвиненијата што против мене ги подигнаа ...

СДСМ да се изјасни дали е за апсење на Ахмети

Дневник - 31.08.2002

БАРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И НА ЛП СДСМ треба да се изјасни дали е за апсење на злосторникот Али Ахмети, бидејќи со таа поддршка ќе се постигне државното единство потребно за оваа акција, соопштија вчера портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ и на Либерална партија, Владимир Ѓорчев и Ивон Величковски.

Ахмети: „Полицијата избрза со налогот за мое апсење“

А1 - 30.08.2002

„Полицијата избрза со налогот за мое апсење“, изјави претседателот на Демократската унија за интеграција и поранешен лидер на ОНА, Али Ахмети во интервју за радио „Глас на Америка“, програма на албански јазик. Ахмети рече дека за обвиненијата што против него ги подигнале македонските власти е ...

И Џиков бара да се апси Ахмети

Вест - 30.08.2002

ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ СЕ ВКЛУЧУВА ВО МИЖИТАТАРАТА - АПСЕЊЕ НА ЛИДЕРОТ НА ОНА Претставниците на меѓународната заедница го предупредиле државниот обвинител Ставре Џиков дека ако не ја преоцени добро ситуацијата и поддржи апсење на Али Ахмети, во Македонија може да се случи војна, а овој им одговорил ...

Џиков: Наредбата за апсење на Ахмети мора да се почитува!

Утрински - 30.08.2002

Републичкиот јавен обвинител го оправдува барањето на МВР и Бошкоски Државниот јавен обвинител Ставре Џиков, вчера за "Макфакс" соопшти дека наредбата за апсење на поранешниот лидер на ОВК, Али Ахмети, мора да се почитува и дека тој треба да се најде пред македонските судски органи.

Ставре Џиков нема да му прости на лидерот на ДУИ

Дневник - 30.08.2002

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КАТЕГОРИЧЕН Државниот јавен обвинител, Ставре Џиков, изјави вчера дека наредбата за апсење на поранешниот лидер на ОВК, Али Ахмети, мора да се почитува и оти тој треба да се најде пред македонските судски органи, пренесува Макфакс.

Џиков - Ахмети ќе биде уапсен

А1 - 29.08.2002

По Бошковски и Џиков остро најавува - Алија Ахмети ќе биде уапсен, а покрај него и останатите одговорни за жртвите од минатогодишната криза. „Ова е правна држава и доколку се поведе постапка против некои лица и се побара притвор, наредбата мора да се почитува и тие да излезат пред македонските ...

Ахмети, Велиу и Острени со "имунитет" до 15 септември

Утрински - 29.08.2002

НАТО со прецизни барања до македонските власти НАТО во понеделникот и писмено побарал од министерот Љубе Бошкоски да си седи мадро овој период и да не ја вжештува атмосферата со закани за апсења на функционерите на ДУИ. Во писмото што шефот на мисијата на НАТО, Николас Бигман, му го упатил на ...

Ахмети, сепак, ќе дојде на митинг во Скопје?

Утрински - 29.08.2002

И покрај заканите со апсење од МВР Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и покрај заканите со апсење и подметнатиот експлозив пред седиштето во Чаир , најверојатно ќе дојде во Скопје на презакажаниот генерален митинг на неговата партија на 11 септември - се дознава неофицијално од дипломатски извори.

Бошковски нема да ги апси челниците на ДУИ

А1 - 28.08.2002

Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски се обврзал дека за време на изборната кампања нема да ги апси екс лидерите на ОНА и актуелни челници на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, Г'зим Острени, Фазли Велиу, како и ниту еден друг член на ДУИ.

Игнорирањето на ДУИ ќе го поттикне развојот на демократијата

Вест - 28.08.2002

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП ЈА ПОВТОРИЈА ПОНУДАТА ДО СДСМ ЗА ПОЛИТИЧКА ИЗОЛАЦИЈА НА АЛИ АХМЕТИ Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија, вчера ја повторија понудата до опозиционата коалиција, предводена од СДСМ, за потпишување спогодба за политичка изолација на Али Ахмети и на неговата партија ДУИ.

Опозицијата уште еднаш го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 28.08.2002

По новата понуда за изолација на Ахмети Скопје - ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија на Македонија вчера уште еднаш јавно ја повикуваа коалицијата предводена од СДСМ да ја разгледа предложената спогодба за политичка изолација на Али Ахмети и на ДУИ, како главен носител на минатогодишното оружено ...

ДУИ најавува ескалација ако се продолжело со опструкциите!

Утрински - 28.08.2002

Демократската унија за интеграција, наместо митинг, одржа прес Демократската унија за интеграција на Али Ахмети најавува ескалација на ситуацијата во Македонија, но не од нејзиното членство, туку од ?населението што има големи симпатии за партијата°.

Партијата на Ахмети веќе нема да ги трпи заканите од власта

Дневник - 28.08.2002

ДУИ СЕ ОБРАТИ ДО МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Портпаролот Агрон Буџаку изјави дека нивната партија е под силен притисок од власта, меѓу другото и со закани за апсења, и додаде дека "не знае како ќе реагира албанскиот народ ако заканите продолжат" Веќе нема да ги трпиме заканите, апсењата и медиумскиот ...

Бошковски му порачал на Ахмети да си седи во Речица

Дневник - 28.08.2002

ПО НАЈАВАТА ЗА МИТИНГ НА ДУИ ВО СКОПЈЕ Пораката на Ахмети му ја пренел амбасадорот на НАТО, Николас Бигман Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се обврзал да не се појавува лично на јавни собири на својата партија во Скопје, а МВР ветило дека за време на изборниот процес нема ...

Вчерашното двојно убиство е изолиран криминален акт

А1 - 27.08.2002

„Во Македонија во моментот не дејствува организирана воена структура, туку две-три разбојнички банди. Поради тоа и не можеме да го прифатиме ставот на владата дека убиството на двајцата полицајци во Гостивар е терористички чин со политичка позадина, туку тврдиме дека станува збор за изолиран ...

Средба Лазарова - Џиков

А1 - 27.08.2002

Претседателката на ДИК Мирјана Лазарова Трајковска вчера се сретнала со јавниот обвинител на Македонија Ставре Џиков. На средбата било разговарано за потребата за почитување на законите при спроведувањето на парламентарните избори на 15-ти септември.

Али Ахмети го откажа митингот во Универзална

Вест - 27.08.2002

НАПНАТА АТМОСФЕРА И БЛОКАДИ ВО СКОПЈЕ Основна причина поради која Ахмети одлучи да нема предизборна средба со своите симпатезери во Скопје е да се избегне каков било инцидент за што веќе постоеја и конкретни закани. Вчера попладне околу 15 часот Претседателството на Демократската унија за ...

Одложен митингот на ДУИ во Скопје

Утрински - 27.08.2002

Од необјасниви причини, раководството на Демократската унија за интеграција на Али Ахмети вчера експресно го одложи нивниот партиски митинг кој требаше да се одржи синоќа во Универзалната сала во Скопје. Партиските челници вчера одржаа итен состанок , а никој не сакаше да даде коментар околу ...

Жив ѕид против собирот на Али Ахмети

Дневник - 27.08.2002

БЛОКАДА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Повеќе од 200 граѓани од населбата Ѓорче Петров вчера попладнето го блокираа влезот во Скопје за да го спречат Али Ахмети да ја одржи најавената конвенција во Универзалната сала. Додека траеше блокадата во Ѓорче Петров, на другиот крај во главниот град, во Чаир и на ...

Блокиран влезот од Скопје под слоганот „Стоп за Али Ахмети“

А1 - 26.08.2002

Во скопската населба Ѓорче Петров, кај супермаркетот „Баумаркет“, со поставени три градски автобуси на ЈСП два часа беше блокиран влезот и излезот на Скопје. „Стоп за Али Ахмети и неговите убијци“ е паролата под која се спроведуваше блокадата.

Ле Роа се сретнал со Али Ахмети

Вест - 26.08.2002

И ЕУ ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ЛИДЕР НА ОНА Со Ахмети досега не се сретнал единствено американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) во Македонија Ален Ле Роа го посетил во петокот лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во ...

Љубчо и Бранко се скараа за Али Ахмети

Вест - 26.08.2002

ТЕРОРИСТИТЕ ЈА ДИКТИРААТ КАМПАЊАТА - ВМРО-ДПМНЕ и ЛП го повикуваат СДСМ за изолација на Ахмети, а социјалдемократите одговараат дека за Али Ахмети нема место во нивната влада и дека ВМРО-ДПМНЕ и ЛП веќе се во коалиција со терористите - ВМРО-ДПМНЕ и Либерална партија упатија вчера предлог-спогодба ...

Тие што бараат изолација на Ахмети веќе се во коалиција со терористите

Утрински - 26.08.2002

СДСМ одговара на понудата на ВМРО-ДПМНЕ "Тие што заговараат политичка изолација на терористите, од друга страна веќе практично се во коалиција со терористите кои вршеа етничко чистење и наредуваа убиства на припадниците на македонските безбедносни сили" е одговорот на СДСМ на вчерашната понуда на ...

ВМРО-ДПМНЕ со блокада ќе го спречи доаѓањето на Ахмети во Скопје

Утрински - 26.08.2002

Предупредување на Демократски сојуз Демократскиот сојуз има сознанија дека ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвува блокада на патот Тетово-Скопје со цел да се спречи влезот на лидерот на т.н. ОНА и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Според сознанијата на Демократски сојуз, активистите на ВМРО-ДПМНЕ планираат во ...

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ заеднички бојкот на Ахмети

Дневник - 26.08.2002

ВЛАСТА СО ПРЕДЛОГ ДО ОПОЗИЦИЈАТА СДСМ ја одби понудата и повтори дека нема да коалицира со Ахмети, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ веќе коалицира со командантите на ОНА што се вдомија во ДПА Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП вчера и понуди на опозициската коалиција "Заедно за Македонија" заеднички да ...