TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Утре седница на уставната комисија

А1 - 21.10.2001

Првиот парламентарец за утре ја свика седницата на уставната комисија, а за в среда седницата на собранието на кои, по три одложувања, треба да започне расправата по предлогот амандмани за измени на уставот на земјата. „Очекувам на овие седници да земат учество и пратениците на Партијата за ...

Андов: Солана и Робертсон се важни луѓе

Вест - 20.10.2001

Ние можеме да имаме некои забелешки за нивната работа. Но, ние сме мала земја. Хавиер Солана и Џорџ Робертсон се важни луѓе кои претставуваат важни меѓународни институции. Битно е што тие ги почитуваат македонските државни институции, затоа ние треба да ги почитуваме, и да не влегуваме со емоции во ...

Амандманот за Преамбулата - последен

Вест - 20.10.2001

ЗА ПОНЕДЕЛНИК ЗАКАЖАНА СЕДНИЦА НА УСТАВНАТА КОМИСИЈА Евродипломатите Солана, Робертсон и Џоана оценуваат дека парламентарната расправа по амандманите ќе заврши до крајот на месецов Претседателот на Собранието на Македонија Стојан Андов, за в понеделник закажа седница на Уставната комисија на која ...

Амнестијата ќе се разменува за преамбулата?

Дневник - 20.10.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС Е СПАСЕН Собранието в среда ќе решава дали во новата преамбула ќе "преживее" македонскиот народ Политичкиот процес ќе продолжи во наредната недела, откако меѓународните претставници Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Мирчеа Џоана завчера добија гаранции дека ПДП и ДПА ќе го прекинат ...

Деблoкада на парламентот - во среда седница

А1 - 19.10.2001

Спикерот Андов денеска потврди дека в понеделник ќе биде закажана седницата на уставната комисија, а за в среда седницата на паралемнтот на која ќе се разгледуваат текстовите на предлог амандманите доставени од претседателот Трајковски.

В понеделник уставна, в среда парламентарна сесија

Вест - 19.10.2001

ИДНАТА НЕДЕЛА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА МИРОВНИОТ ПРОЦЕС Се очекува до почетокот на парламентарната дебата амандманите да се комплетираат Претседателот на Собранието на Македонија Стојан Андов има намера в понеделник да ја свика Уставната комисија, а в среда ќе закаже и парламентарна сесија за уставните ...

Евродипломатите и одбројуваат на Македонија, Трајковски ја брани новата преамбула

Дневник - 19.10.2001

СОЛАНА, РОБЕРТСОН, ЏОАНА И РАЛСТОН ВО СКОПЈЕ ЕУ, НАТО и ОБСЕ го завршија својот дел од работата, на ред се македонската Влада и Парламентот, рече Робертсон Македонскиот народ треба да стои во преамбулата на Уставот, зашто тоа е во интерес на мирот во Македонија.

Политичкиот процес во државава деблокиран

А1 - 18.10.2001

До среда претседателот Трајковски треба да ги достави предлог амандманите во пакет, по што спикерот Андов ќе ја закаже собраниската седница на која ќе учествуваат и ДПА и ПДП, е епилогот од посетата на Робертсон, Солана и Џоана, со што е деблокиран политичкиот процес во државава.

Последен обид на Трајковски со Преамбулата да го спаси процесот

Вест - 18.10.2001

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ВЧЕРА СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРСКАТА ЧЕТВОРКА Трајковски за последен пат, пред денешното доаѓање на Робертсон и Солана, ќе се обиде да ги убеди политичките лидери за потребата од менување на Преамбулата, во која ќе остане референцата "македонски народ" Претседателот Борис ...

Солана утре во Скопје

А1 - 17.10.2001

Високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана утре треба да допатува во еднодневна посета на Македонија во нов обид да ја поттикне парламентарната процедура за усвојување на измени на Уставот.

Повторно блокиран процесот за измени на Уставот

А1 - 17.10.2001

Собранискиот спикер денеска по трет пат беше принуден да ја одложи седницата на уставната комисија поради неприсуството на членовите на партиите на Албанците кои не отстапуваат од барањето предлагачот на измените на Уставот да го достави сиот пакет од 15 амандамни.

ПДП и ДПА го обвинуваат шефот на државата за опструкција

Вест - 17.10.2001

АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК ГО БЕТОНИРА СТАВОТ ЗА БОЈКОТИРАЊЕ НА СОБРАНИЕТО Двете партии на етничките Албанци оценуват дека со доставувањето на уставните амандмани во делови, претседателот Трајковски го кочи мировниот процес Двете парламентарни партии на Албанците на Македонија и денес нема да ...

Компромисот падна во Охрид и тоа треба да се почитува

Дневник - 17.10.2001

ДПА И ПДП ГО КРИТИКУВААТ ТРАЈКОВСКИ СДСМ смета дека одложувањето да се достават амандманите не предизвикува ниеден позитивен ефект ДПА и ПДП вчера го обвинија шефот на државата Борис Трајковски дека го попречува процесот на уставните промени со тоа што не ги поднесува амандманите предвидени со ...

Имплементацијата на уставните измени дефинитивно во блокада

А1 - 16.10.2001

Во Парламентот продолжува статус квo состојбата. Наспроти најавата на претседателот на Собранието оти очекува на седницата на уставната кoмисија да дојдат и пратениците на ПДП и ДПА, од нивна страна денеска потврда на веќе познатите ставови.

Трајковски се закани дека ќе се откаже од предлогот за уставни промени

Вест - 16.10.2001

БЛОКАДАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПРОДОЛЖУВА "Доколку продолжи блокадата од одделни пратенички групи, тоа ќе го сметам за обид за диктат, чие наложување не го прифаќам и ќе ме присили да размислам дали и натаму да ја задржам улогата на предлагач на ...

Трајковски достави уште три предлог амандмани

А1 - 15.10.2001

Претседателот Борис Трајковски денеска до собранието достави уште три предлог амандмани 12,13 и 14-от, со што вкупниот број на досега доставени амандмани е девет. Веднаш по доставувањето на новите амандмани, претседателот на собранието Андов, како што самиот најави, за в среда во 10 часот закажал ...

Македонскиот народ останува во преамбулата

А1 - 15.10.2001

Претседателот Борис Трајковски го менува амандманот на преамбулата и во него, надвор од рамковниот договор, ја внесува одредницата „македонски народ“, тврди скопскиот весник на албански јазик „Факти", повикувајќи се на свои неименувани извори.