TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тоше на последното патување

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Македонија денеска ќе се прости од својот сограѓанин, 26. годишниот пеач, музичар и композитор Тоше Проески. Мега ѕвездата Проески загина вчера во сообраќајна несреќа во Хрватска, а синоќа беше донесен во Македонија. Погребот со највисоки државни почести ќе се изврши во Крушево, во родниот ...

Последната песна на Тоше

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Последната нумера која ја сними трагично загинатиот Тоше Проески, песната „Македонија навива за вас“, ексклузивно ќе биде промовирана вечерва, на фудбалскиот меч Македонија – Андора во Скопје. Оваа досега необјавена песна беше одбрана со уште 11 композиции во најтесниот избор за официјална ...

„Беше допрен од Бога“

Макфакс - 07.10.2007

Крушево – Државниот и црковниот врв на Македонија се прости од трагично загинатиот Тоше Проески, на погребната церемонија во родното Крушево, на која присуствуваа десетици илјади граѓани. „Се простуваме од најголемиот војвода на песната од нашето време, песните на Тоше се молитва за Македонија и ...

Книга на жалост во македонската Амбасада во Подгорица

Макфакс - 07.10.2007

Подгорица Обожавателите и почитувачи на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески се запишуваат во книгата на жалост, што е отворена во македонската Амбасада во Подгорица. Неговите обожаватели чекаат на ред за да се запишат во книгата на жалост што ќе биде отворена денеска до 17 часот.

Светските гласила за Тоше Проески

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Пејачот со ангелски глас, балканската поп-ѕвезда, македонски пејач со нежен изглед – се само некои од епитетите со кои домашните и странските гласила известуваат за смртта на Тоше Проески, кој почина во вторникот во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Посмртните останки на Тоше пренесени во Македонија

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Посмртните останки на големото име на македонската музика Тоше Проески доцна синоќа со хеликоптер беа пренесени во Скопје, од Хрватска каде што трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Хеликоптерот на АРМ со ковчегот пристигна на аеродромот Александар Велики синоќа нешто по 23 ...

Македонија се прости со Тоше

Макфакс - 07.10.2007

Крушево Македонија со плач и со аплауз се прости денеска со својот сограѓанин Тоше Проески, по што, посмртните останки беа погребани на гробиштата во Крушево. Мега популарниот пеач, музичар, композитор и хуманист Тоше Проески на 26.годишна возраст загина вчера во сообраќајна несреќа во Хрватска, а ...

Денес и Франција тагува за Тоше

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Франција сочувствува со трагичната несреќа на пејачот Тоше Проески, кој “беше искра која светеше со својот талент“. Ова се наведува во изјавата од француската Амбасада во Скопје по повод трагичната смрт на македонската поп-ѕвезда.

Сочувство од српскиот претседател Тадиќ

Макфакс - 07.10.2007

Белград Претседателот на Србија Борис Тадиќ испрати денеска телеграма со сочувство до семејството на големото име на македонската музика Тоше Проески, кој трагично загина во вторникот. „Вашиот син беше исклучително талентирано момче, кого и ние во Србија го доживуваме како свој.

Посмртните останки на Проески изложени на одарот пред Македониум

Макфакс - 07.10.2007

Крушево Звуците на посмртниот марш го проследија изложувањето на посмртните останки на Тоше Проески на платото пред споменикот Македониум во Крушево. Бескрајна колона луѓе траорно и тивко го следеше лафетот со ковчегот на Тоше Проески од црквата Пресвета Богородица каде се одржа црковниот обред до ...

Смрт на младиот принц со ангелски глас

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Трагичната смрт на големото име на македонската и балканската музика Тоше Проески денеска е централна вест во речиси сите печатени медиуми и интернет портали во регионот. Под централен наслов „Згасна пејачката ѕвезда“ хрватскиот весник „Нови Лист“ пишува дека веста за смртта на омилениот ...

Македонија се простува од својот голем сограѓанин Тоше Проески

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Македонија денеска со длабока тага и солзи се простува од својот голем сограѓанин Тоше Проески, пеач, музичар, композитор, хуманист. Мега ѕвездата Тоше Проески (26) трагично загина во вторникот во сообраќајна несреќа во Хрватска.

“Тоше си направи вечен споменик во срцата“

Макфакс - 07.10.2007

Крушево Тоше си направи вечен споменик во срцата на луѓето во Крушево, Македонија и во светот, рече на црковниот обред во Крушево Митрополитот Пелагониско-Преспански Петар. Траурно, со плач, солзи и писок од Тоше Проески се простија неговите најблиски на крајот на црковниот обред во црквата ...

Почна погребната церемонија на Тоше Проески

Макфакс - 07.10.2007

Крушево Црковниот обред по повод трагичната смрт на македонската мега ѕвезда Тоше Проески започна утрината во Крушево. Посмртните останки на Тоше Проески се донесени во црквата Пресвета Богородица во Крушево, каде од него се простуваат најблиските, родителите, роднините, пријателите.

Смртта на Тоше Проески - ненадоместива загуба за Македонија

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Амбасадата на Украина во Скопје изрази денеска најдлабоко сочувство по повод трагичната смрт на големото име на македонската музика Тоше Проески, нарекувајќи ја „ненадоместива загуба за Македонија“. „Македонскиот народ изгуби син, музичка ѕвезда, којашто им се придружи на тие на небото за да ...

Леб и сол – Почивај во мир Тоше Мајсторе

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Најпозната македонската рок група „Леб и сол“ изрази сочувство по повод трагичната смрт на големото име на македонската музика Тоше Проески, нарекувајќи го „мајстор пред кого предстоеше голема кариера“. „Лути сме ти што си замина прерано од нашите животи и отиде во вселената со боговите каде ...

Хеликоптерот со посмртните останки на Тоше Проески на пат кон Македонија

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Хеликоптерот со посмртните останки на Тоше Проески вечерва полетал од Нова Градишка кон Скопје, јави хрватската телевизија Нова. Телевизијата во централните вести посветува голем дел за несреќата во која загина Тоше Проески, како и за неговата кариера.

Тоше патувал на снимање во Загреб

Макфакс - 06.10.2007

Загреб Тоше Проески патувал во Загреб, каде во студиото на Никша Братош требало да сними англиска верзија на еден од неговите хитови. Композиторот Братош за „Вечерњи лист“ изјави дека оваа трагедија е „тотален шок“. „Се слушнав со него пред неколку дена и денеска требаше да дојде кај мене.

Хрватска ќе го испрати Тоше со највисоки почести

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Република Хрватска сака да ги испрати посмртните останки на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески со највисоки државни почести. Ова на македонската Влада и било соопштено од официјален претставник на хрватската Влада.

Светските медиуми за Тоше

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Веста за загинувањето на Тоше Проески ја објавија најголемите светски новински агенции и медиуми, нарекувајќи го една од најголемите балкански ѕвезди. Популарноста на македонска поп ѕвезда на Балканот се поистоветуваше со онаа на Елвис Присли во Америка, пишува Би Би Си .

Црвенковски и Груевски сочувствуваат со смртта на Тоше Проески

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Сочуство за трагичната смрт на пејачот Тоше Проески денеска изразија македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. „Господ ја дари Македонија со среќата вашиот сакан син да биде нејзин сопатник, а ние да бидеме благословени со големиот уметник и со неговата хумана ...

Посмртните останки на Тоше Проески во Македонија

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Хеликоптерот со посмртните останки на Тоше Проески синоќа слета во Скопје, од каде телото беше транспортирано во родното Крушево Хеликоптерот на АРМ со посмртните останки на Тоше Проески синоќа полета од Нова Градишка, Хрватска, во чија близина загина Проесеки во сообраќајна несреќа.

Загина Тоше Проески

Макфакс - 06.10.2007

Загреб Македонската и балканската поп - рок мега ѕвезда Тоше Проески загина денеска на 26 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Проески, според официјални информации, настрада во 6:20 минути по локално време кога возилото со кое патувал во насока на Загреб удрило во приколка на камион, а потоа ...

Амбасадата во Загреб ја потврди веста за смрта Тоше Проески

Макфакс - 06.10.2007

Загреб Трагичната вест за загинувањето на најпопулариот македонски пејач Тоше Проевски за Макфакс неофицијално ја потврди македонската амбасада во Загреб. Вршителот на должност Столе Руменовски изјави дека во разговор со началникот на хрватската полиција Борис Орловиќ му било потврдено дека во ...

Биографија на Тоше Проески

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Пејачот Тоше Проески, кој денеска трагично загина и беше од најпознатите музичари во Македонија и на Балканот, е роден на 25, јануари 1981 година во Крушево. Тоше Проески пред само десет дена одржа голем хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, што за жал, беше негов последен ...

Посмртните останки на Тоше Проески денеска ќе бидат донесени во Македонија

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Посмртните останки на трагично починатиот Тоше Проески денеска ќе бидат пренесени во Македонија со сите државни почести, соопшти македонското Министерство за култура. „Република Македонија денеска е свиена од болка за загубата на своето национално и културно богатство, на својот Тоше, ...

Македонија плаче за Тоше

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Македонија е во плач и тага за поп – кралот Тоше Проески, кој загина денеска на 26 годишна возраст. Преку целиот ден на плоштадот Македонија во Скопје пристигнуваат илјадници граѓани и палат свеќи пред плакатите и фотографиите на Тоше.

Одложено одбележувањето на меѓународниот ден на сиромаштијата

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Обединетите нации(ОН) во Македонија го одложија одбележувањето на меѓународниот ден за одбележување на сиромаштијата, 17 октомври поради смртта на македонскиот музичар Тоше Проески. „На овој начин ОН во Македонија сакаат да го искажат своето сочувство кон смртта на Тоше Проески и да одадат ...

Македонија се простува од Тоше – ден на жалост

Макфакс - 07.10.2007

Скопје Македонија денеска ќе се прости од поп ѕвездата Тоше Проески. Погребот со највисоки државни почести ќе се изврши во родното Крушево во 13 часот. Со ова, како што соопштија вчера од Владата се согласило и неговото семејството.

Ден на жалоста - денот на погребот на Проески

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Ден на жалост по повод трагичната смрт на најпознатиот македонски пејач Тоше Проески ќе биде денот на неговото погребување. Ова денеска го реши Владата на Република Македонија. Претходно беше соопштено дека Владата за утре ќе прогласи Ден на жалоста.

Сведоштва за смртта на Тоше Проески

Макфакс - 06.10.2007

Загреб „Фолксвагенот Туарег“ со кој управуваше Георги Георгиевски (32) најверојатно поради неприлагодена брзина и мало растојание меѓу возилата удри во приколка на камион, при што десната, совозачка страна на возилото, каде седеше македонската мега ѕвезда Тоше Проески влезе под приколката.

Владата објави ден на жалост во Македонија

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Ден на жалост по повод трагичната смрт на најпознатиот македонски пејач Тоше Проески Владата ќе го прогласи утрешниот ден -среда 17 октомври. Ова за Макфакс го соопшти Владиниот портпарол Ивица Боцевски, додавајќи дека македонската Влада добила официјална потврда за веста што ја потресе ...

Хуманитарен концерт на Тоше

Вест - 05.10.2007

НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ Мегаsвездата Тоше Проески вечерва ВО 19,30 часот на Градскиот стадион во Скопје ќе одржи хуманитарен концерт, во организација на "Аворд" и УСАИД. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за подобрување на образованието, односно за набавка на компјутери во ...

Голем хуманитарен концерт на Тоше Проески

Време - 05.10.2007

ВЕЧЕРВА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ Под мотото „Образованието е одговорност за сите“ вечерва, на Градскиот стадион во Скопје, Тоше Проески ќе одржи голем хуманитарен концерт. За овој настан Тоше има покането голем број гости, кои ќе ја збогатат програмата.

Хуманитарниот концерт на Тоше се очекува да обезбеди 150.000 долари

Утрински - 05.10.2007

„Образованието е одговорност на сите“ е мотото под кое вечерва со почеток во 19,30 часот Тоше Проески ќе одржи хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Настанот е дел од петгодишниот проект за основното образование, финансиран од УСАИД, а во соработка со Министерството за образование и ...

Тоше со хуманитарен концерт на Градскиот стадион

Дневник - 05.10.2007

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ поп-ѕвездата Тоше Проески, вечерва со почеток во 19. 30 часот, ќе има хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, поддржан од организацијата УСАИД . Парите од билетите, кои чинат 200 денари, ќе се искористат за петгодишниот проект за основно ...

Тајмс“ за Тоше: Ги премости разликите меѓу народите и културите

Макфакс - 05.10.2007

Лондон Тоше Проески-најпопуларен пеач на Балканот, е оценката што денеска ја изнесе лондонски „Тајмс“ во текст посветен на македонскиот пејач и хуманист, кој неодамна трагично загина во Хрватска. „Најпопуларниот пеач на Балканот во текот на својот краток живот успеа, како никој друг пред тоа, да ги ...

Добротворен концерт на Тоше Проески во соработка со УСАИД

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Добротворниот концерт на Тоше Проески, организиран во соработка со Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) се очекува да обезбеди околу 150 илјади долари за поддршка на образовните програми во Македонија. Американската агенција соопшти денеска дека парите собрани од концертот, што ќе ...

В петок концерт на Тоше Проески во Скопје

А1 - 03.10.2007

Македонската поп ѕвезда Тоше Проески в петок на Градскиот стадион во Скопје, ќе одржи хуманитарен концерт под мотото „Образованието е одговорност на сите“. Средствата од продажбата на билетите за концертот ќе бидат наменети за подобрување на условите во неколку основни училишта во државата.

По Австралија, Тоше на средба со новинарите

Утрински - 02.10.2007

Омилен меѓу Македонците во Австралија: Тоше Проески По завршената мини-турнеја во неколку австралиски града, Тоше Проески, в четврток, во 12 часот, во хотелот „Континентал“ ќе се сретне со претставниците на седмата сила. Пресот наедно ќе биде и најава за големиот хуманитарен концерт на Проески, кој ...

Проески возел до границата со Хрватска

Макфакс - 02.10.2007

Скопје/Загреб Тоше Проески управувал со службеното возило Фолксваген Туарег од Скопје до границата со Хрватска, по што, воланот му го препуштил на неговиот другар Ѓорѓи Георгиевски. Ова го тврди ракометарката Адријана Будимир која му беше долгогодишна девојка на Тоше.

Владата формира работна група за заштита на ликот и делото на Проески

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Работна група за заштита на ликот и делото на неодамна загинатиот Тоше Проески формира Владата на Република Македонија. Работната група е формирана со одлука на Влада на вчерашната седница, а на барање на родителите на Проески.

Тоше се враќа дома

Вечер Прес - 01.10.2007

Синоќешниот последен концерт во Перт го означи крајот на австралиската турнеја на Тоше Проески, организирана непосредно по издавањето на албумот "Игри без граници". Од Австралија, каде гостуваше во Сиднеј и Мелбурн, Тоше се враќа утре по што ќе следуваат подготовки за петочниот спектакл на Градски.