СО ВЛЕЗОТ НА ПДП ВО ВЛАДАТА Со влегувањето на партијата на Абдулади Вејсели во владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби едно министерство. Жртва во оваа миниреконструкција на Владата ќе биде министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски.
За евентуалното заминување на Зоран Коњановски од челната позиција во ресорот локална самоуправа одлучува премиерот Никола Груевски. По неофицијалните информации дека Партијата за демократски просперитет влегува во Владата и тоа токму преку ресорот локална самоуправа, актуелниот министер со ...
-Премиерот Никола Груевски има мандат да преговара и тој ќе ја донесе конечната одлука дали и кој ресор во Владата ќе го добие ПДП, изјави вчера министерот за Локална самоуправа Зоран Коњановски околу најавите дека токму министерството со кое тој раководи ќе и припадне на партијата на Вејсели.
Влегувањето на Партијата за демократски просперитет (ПДП) во Владата се' уште е предмет на преговори и тактизирања. Премиерот Никола Груевски, вчера во изјава за новинарите рече дека со лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, не разговарале околу деталите за можно министерско место на ПДП во Владата.
ПДП ќе го добие Министерството за локална самоуправа, а министерот Зоран Коњановски ќе стане директор на РЕК „Битола“, дознаваме од партиски извори во ПДП. Не се исклучува можноста премиерот Никола Груевски и лидерот на ПДП Абдулади Вејсели за распределбата на ресорите да разговараат вчеравечер.
Лидерот на ПДП Абдулади Вејсели ја прифатил владината платформа, ќе работел чесно, транспарентно, ефикасно и напорно во две смени, како што Груевски ја рекламира работата на владата. Ова било договорено на средбата меѓу премиерот Груевски и Вејсели.
ВЕЈСЕЛИ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ Абдулади Вејсели, лидерот на ПДП, доцна завчеравечер се сретнал со премиерот Никола Груевски и му соопштил дека безусловно прифаќа влез во Владата, без разлика на понудата што ќе ја добие, дознаваме од владини извори.
Претседателот на ПДП Абдулади Вејсели во понеделникот и официјално му соопштил на Премиерот Никола Груевски дека ја прифаќа понудата за влез во Владината коалиција. На средба во Владата, веднаш по враќањето на Вејсели од Тирана лидерот на Просперитетот ветил дека партијата ќе понуди квалитетни ...
ПДП се надева на едно министерско, едно заемничко министерско и три директорки места во владата на Груевски. Седумнаесетгодишнината од постоењето членовите ја прославија со информациите од лидерот Вејсели на средба вчеравечер е подадена рака со премиерот Груевски – ПДП да се придружи на владината ...
ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ОКРУПНУВА Влезот на ПДП во Владата ќе го подобри кворумот во Собранието, оцени Тито Петковски, лидер на НСДП, по поканата на премиерот Груевски до Абдулади Вејсели, претседател на ПДП, оваа партија да влезе во власта.
Изградба на училишта од приватни лица и компании ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - „Уште од почетокот и' понудивме коалиција на ПДП. Верувам дека програмата на Владата и начинот на кој работиме веќе осум месеци со голема енергија и труд и трошење на многу од слободното време за да стигнеме до проектите што им ...
Дали на ред е влез во Владата и на Демократската партија на Србите со еден пратеник СОЊА КРАМАРСКА „Ние сме подготвени да му понудиме на премиерот Груевски кадри од сите области “, одговори вчера лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели на пораката од Груевски.
Си беше еднаш една ПДП. Со големи желби. Со големи идеали. Со големи соништа. И за малку да заврши на распродажба Си беше еднаш една ПДП. Беше тоа многу одамна. Децата што се родија во исто време кога се основаше оваа партија веќе се матуранти. И ако добро се сеќавам, матура во превод значи зрелост.
Премиерот Никола Груевски најави скора средба со лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, и разговори за нивното можно приклучување во владината коалиција. - Ќе се сретнеме наскоро. Ние уште од почетокот им понудивме на ПДП да дојдат со нас во коалиција. Веројатно и тие размислуваат за тоа.
Во очекување на конечната одлука на партиските тела на ПДП за влез во владината коалиција, ниту ДПА ниту НСДП не се расположени да отстапат од некои од министерствата со кои раководат во корист на партијата на Вејсели. Новите социјалдемократи велат дека за тоа постоел договор уште при преговорите ...