TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поплавите и натаму се закануваат

А1 - 18.08.2002

Челниците на средноевропските држави Германија, Чешка, Австрија и Словачка, како и претседателот на европската комисија Романо Проди денеска во Берлин треба да се состанат на разговори за последиците од катастрофалните поплави кои зафатија многу градови во регионот и се уште се закануваат.

Спасувачите во Дрезден конечно видоа малку надеж

А1 - 17.08.2002

По неколку дневни борби со надојдената река, спасувачите во Дрезден конечно видоа малку надеж откако денеска нивото на водата на Елба почна да се стабилизира. За разлика од Дрезден, поплавите продолжија да ги пустошат останатите источни области во Германија.

ЕУ ќе даде помош за своите поплавени земји

Вест - 17.08.2002

Поплавен и славниот театар Семперопер во Дрезден БРИСЕЛ, 17 август (АП) - Претседателот на Европската комисија Романо Проди ќе се сретне со германскиот канцелар Герхард Шредер за време на викендот за да извршат проценка колкава помош може ЕУ да им понуди на жртвите на поплавите.

Загинаа 900 лица

Утрински - 17.08.2002

Поплави во Јужна Азија Њу Делхи - Повеќе од 900 лица пострадале во катастрофалните поплави кои од средината на јули ја зафатија Индија, Непал, Бангладеш, а преку еден милион останале без покрив над главата, соопштија денеска претставници на Црвениот крст.

Дрезден под водена блокада

Утрински - 17.08.2002

Со ниво од девет метри над просечното Елба му се заканува на источногерманските градови Рекордно ниво на водата во последните 157 години Историскиот центар на источногерманскиот град Дрезден се наоѓа во критична опасност, поради континуираното зголемување на нивото на реката Елба, што е причина ...

Поплави во Мексиско, тајфун на Филипини

А1 - 16.08.2002

Поплавите што го зафатија северниот дел на Мексико, според најновите податоци одзедоа најмалку 14 животи, а над седум илјади луѓе беа повредени. Властите прогласија вонредна состојба во поплавените области, а најтешко е погодена сојузната држава Сан Луис Потоа.

Реката Елба достигна рекордна височина

А1 - 16.08.2002

Нивото на реката Елба во германскиот град Дрезден денеска ја достигна рекордната височина. Изутрината во пет часот нивото на Елба беше 8.85 метри, а реката се уште расте, соопштија официјални претставници на германската покраина Саксонија.

Дрезден под вода, над 20 илјади евакуирани по текот на Елба

Вест - 16.08.2002

ПОПЛАВИ НИЗ ЕВРОПА Лебеди во потрага по храна во поплавениот центар на Прага ДРЕЗДЕН, 16 август (АП) - Надојдените води од поплавите во историскиот центар на Дрезден вчера го достигна највисокото ниво за последните 150 години заканувајќи се да ја зафатат и операта во барокен стил која е значајно ...

Братислава се подготвува за поплава

Дневник - 16.08.2002

ПО ПРАГА И ВИЕНА Особена грижа предизвикува што поплавите се приближуваат до германската индустриска зона Битерфелд, во која работат околу 350 хемиски компании, меѓу кои и гигантот "Баер" Нивото на реката Влтава, која поплави делови од чешкиот главен град Прага, вчера конечно почнало да се спушта, ...

Поплавите се уште закана за Eвропа

А1 - 15.08.2002

Најмалку 94 лица досега ги загубија животите во повеќедневните поплави што зафатија неколку европски држави, при што најголем број жртви се регистрирани во Русија - дури 59, јавија агенциите. Опасноста од поплави во поедини земји на стариот континент и понатаму е голема, иако метеоролозите засега ...

Засега 94 мртви, дождовите продолжуваат

Вест - 15.08.2002

ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА Виена под вода ПРАГА, 15 август (АП) - Полицијата вчера ги евакуирала жителите на Стариот град на Прага, а на туристите им дозволила да го посетат историскиот плоштад откако се намалила заканата од поплавите што ја зафатија Чешката Република и поголемиот дел од Европа.

Поројни дождови убија 16 лица

Утрински - 15.08.2002

Бура и силно невреме ги зафатија филипинските острови Поројни дождови и поплави убиле најмалку 16 лица на Филипините, принудувајќи илјадници лица да ги напуштат нивните домови. Канцеларијата на цивилна одбрана соопшти дека најголемиот дел смртни случаи се случил на островот Негрос, централни ...

Водената стихија се заканува да ја однесе Прага

Утрински - 15.08.2002

Невремето и ијладагодишните дождови сериозно и се закануваат на чешката престолнина Во најголемата евакуација по Втората светска војна, над 200.000 жители ги напуштија домовите ПРАГА - Спасувачите вчера очајнички се обидуваа да ги спасат средновековните мостови и архитектура во Прага, во услови ...

Елба повисока за пет метри

Утрински - 15.08.2002

Невидена поплава во историјата на Саксонија ДРЕЗДЕН - Во најтешката поплава во историјата на источната германска држава Саксонија, животот го загубија најмалку шест лица, а делови од историскиот град Дрезден се најдоа под вод длабока најмалку еден метар, соопштија вчера државните претставници.

Централна Европа вакви сцени не видела од војната

Дневник - 15.08.2002

ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА Бројот на загинатите во поплавите постојано расте, а најмалку 200.000 Чеси и 30.000 Германци се евакуирани, доброволно или под присила Седум Австријци, тројца Романци, меѓу кои и мајка со дете и најмалку шест Германци се најновите жртви на силните поплави што ја опустошија средна ...

Германија - „поплави на векот“

А1 - 14.08.2002

Поројните дождови кои продолжуваат да паѓаат во јужна и во Источна Германија, ја влошуваат состојбата со поплавите кои веќе се нарекуваат „поплави на векот“. Во источно германската покраина Саксонија најмалку шест лица загинаа а голем број се водат како исчезнати.

800 жртви на поплавите во Азија

А1 - 14.08.2002

Најмалку 800 лица загинаа во поплавите кои се последица на поројните дождови кои неколку недели паѓаат во Азија. Најжестоко се погодени државите, Непал, Бангладеш, Индија и Кина. Надојдените води предизвикаа големи штети на посевите, патиштата и во селата.

Потоп во Европа

Вест - 14.08.2002

Црниот биланс се искачи на 76 загинати, од кои најмалку 58 загинале во Русија, а четворица во Австрија. Влтава ја поплави Прага, а голем број брани се во опасност да пукнат во гратчињата по текот на Дунав во ... ЧЕШКА/АВСТРИЈА/ГЕРМАНИЈА/РУСИЈА, 14 август (АП) - Во повеќе делови од Европа поројните ...

Повеќе од сто жртви во Европа

Дневник - 14.08.2002

ЕВРОПА И АЗИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА Врнежите од дожд во Европа и во делови од Азија се последица на ширењето на озонската дупка во атмосферата, на зголемената температура на површината на океаните и на загадувањето од сообраќајот и индустриите, предупредуваат стручњаците Неколку стотици лица, од кои ...

Вонредна состојба во Чешка поради поплавите

А1 - 13.08.2002

Прага се подготвува за најопасните поплави од 1954-тата година, околу 40 илјади лица ги напуштиле нивните куќи поради тоа што денеска нивото на водата во реката Волтава многу брзо се покачува. Во обраќањето на градоначалникот на Прага, Игор Немец, тој ги повика луѓето од областите во кои постои ...

74 жртви од поплавите низ Европа

А1 - 13.08.2002

Вчера бројот на жртвите од поплавите во Европа изнесуваше најмалку 74 лица. Обилните дождови ги избркаа руските туристи, предизвикаа лизгање на земјиштето во Германија и Швајцарија и го прекинаа сообраќајот по реката Дунав во Австрија.

Големи поплави во Манила на Филипините

А1 - 13.08.2002

Денеска големи поплави го зафатија главниот град на Филипините, Манила, а голем дел од земјата се бореше да се справи со последиците од обилните дождови и бури. Тропското намалување на притисокот, миленио, кое предизвикува обилни дождови и ветар кој се движи со брзина до 55 километри на час, ...

Прага очекува најлоша поплава последниве 100 години

Вест - 13.08.2002

ПРАГА, 13 август (Ројтерс) - Чешкиот главен град вчера подготвено ја пречека најлошата поплава што се помни последните 100 години, неколку дена откако 6-мина загинаа во невремето што го зафати јужниот дел од државата ПРАГА, 13 август (Ројтерс) - Чешкиот главен град вчера подготвено ја пречека ...

Невремето од Европа ќе ја одбегне Македонија

Дневник - 13.08.2002

ПОДГОТВЕНИ ЛИ СМЕ ЗА МОЖНИ ВРЕМЕНСКИ НЕПРИЛИКИ? Во земјава нема кој да даде информации за подготвеноста на надлежните институции за справување со поплави или други временски катастрофи Превентивни мерки за намалување на последиците од евентуални поплави се преземаат, но информации не смееме да ...