TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Донесен Законот за следење на комуникациите

Макфакс - 05.11.2006

Скопје Македонското собрание, денеска, со двотретинско мнозинство го изгласа Законот за следење на комуникациите. Законот, познат меѓу граѓаните како „закон за прислушување“, беше усвоен со 82 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“.

Фантомското уво сите не слуша

Време - 04.11.2006

ЗОШТО НЕМА РАЗРЕШНИЦА МАКЕДОНСКИОТ „ВОТЕРГЕЈТ“? Александра М. Митевска Се прислушуваат дури и црвените (службени) телефони во домовите на највисоките државни функционери, чии броеви им се на располагање само на тесен круг луѓе.

Секоја дигитална направа може да „слуша“

Време - 04.11.2006

ТЕХНОЛОГИЈА Техничарите на разузнавачките и контраразузнавачките служби знаат која било дигитална опрема да ја претворат во уред за прислушување, а единствените кои граѓанинот можат да го ослободат од бубачките на „големите уши“, повторно се истите разузнавачки служби.

Има ганц-опрема, ама за други цели

Време - 04.11.2006

СО ШТО РАСПОЛАГА ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Воената служба за безбедност и разузнавање ниту поседува опрема за прислушување, ниту пак добила каква било наредба да прислушува политичари и функционери, тврди полковник Ристо Георгиев, шеф на службата во Министерството за одбрана.

Демоде прислушување!

Утрински - 04.11.2006

ЕДИТОРИЈАЛ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Откако лидерот на НСДП, Тито Петковски, од само нему познати причини, ја реактуализираше аферата со прислушувањето, со што по подолга пауза успеа да излезе на насловните страници во весниците, речиси нема ден а некој политичар да не се пожали или пофали дека бил ...

Аферата „Прислушување“ прерасна во жестока политичка пресметка

Утрински - 04.11.2006

Многу политичари изнесоа серија обвинувања на сметка на претседателот Црвенковски БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Истрагата е во тек! Познатото клише кое првата полицајка во државава Гордана Јанкуловска вчера го употреби како одговор на прашањето до каде е истрагата за тврдењата на пратеникот Тито Петковски оти ...

Големото уво!

Дневник - 04.11.2006

Најмногу беа прислушувани партиите и поединците што имаа влијание над политичките процеси во државата, потоа политичките противници заради навремено откривање на нивните потези и поединците што требаше да бидат дискредитирани и дисквалификувани , а најмалку оние што 15 години ја ограбуваа државата ...

По битката - сите генерали

Дневник - 04.11.2006

Ако прислушувањето не се демонтира и по идеолошка и политичка вертикала, ќе се покаже дека помеѓу налогодавците и самопрокламираните политички жртви нема никаква разлика, освен во договорената поделба на улогите Требаше Владо Бучковски да изјави дека згрешил што го оставил Никола Поповски да биде ...

Обвинителството го анализира „политичкото“ прислушување

Дневник - 04.11.2006

Обвинителството ги анализира обвинувањата од пратениците за прислушување и следење од државни органи и политички партии, но официјална постапка не е отворена Обвинителството ги анализира обвинувањата од пратениците за прислушување и следење од државни органи и политички партии, но официјална ...

Има прислушување или не, прашање е сега

Вечер Прес - 04.11.2006

Прислушувања, како и да е, мора да има затоа што тоа е едно од најпотребните средства за заштита на безбедноста на една држава. Но проблемот кај нас е што тие што имаат можност да прислушуваат тоа го прават и за да се уверат дали швалерката ги изневерува Во времето на министерувањето на Доста ...

МВР чека писмени докази од Петковски

Вечер Прес - 04.11.2006

МВР чека писмени докази од Тито Петковски за тоа кој се прислушува. Министерката Јанкуловска вчера со кус одговор дека истрагата за овој случај е во тек. "Со господинот Петковски имавме средба во Собранието, каде што ми пренесе дел од неговите сознанија, но останатиот дел од сознанијата ќе бидат ...

МО го прислушувало првиот парламентарец

Време - 03.11.2006

НИКОЛА ПОПОВСКИ ОБВИНИ Министерството за одбрана следело и прислушувало високи функционери, како претседателот на Собранието и министри, објави вчера Никола Поповски од СДСМ, во текот на собраниската расправа за законот за следење на комуникациите.

Кој би прислушувал маргиналец како Поповски

Вест - 03.11.2006

БУЧКОВСКИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Пратеникот Никола Поповски вчера го обвини Владо Бучковски дека како министер за одбрана го прислушувал преку военото разузнавање Лидерот на СДСМ во оставка Владо Бучковски вчера ги одби како неосновани тврдењата на пратеникот Никола Поповски, кој вчера го обвини ...

Поповски алудира дека и Бучковски прислушувал

Утрински - 03.11.2006

Службите во одбраната немаат опрема за прислушување, тврди Бучковски ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА „Добро е тоа што Владата со амандман во законот за следење на комуникациите ја исклучи можноста Министерството за одбрана да ги има истите функции што ги има и МВР во сферата на прислушувањето, бидејќи ќе има ...

И во одбраната имало големо уво

Дневник - 03.11.2006

Луѓе што раководеа со одбраната, го употребуваа ресорот за политички дискредитации со прислушување, за да стекнат подобри позиции во општеството и во својата партија, изјави Поповски Министерството за одбрана и армиските служби во минатото прислушуваа и следеа највисоки државни функционери, ...

Бучковски прислушувал државни функционери?

Вечер Прес - 03.11.2006

Прислушувал ли лидерот на СДСМ во заминување Владо Бучковски државни функционери за партиски цели додека бил министер за одбрана? Вакво индиректно обвинување кон него, упати сопартиецот Никола Поповски вчера од собраниската говорница.

Собрание - гласање за законот за прислушкување

Макфакс - 03.11.2006

Скопје Пратениците во Собранието на Македонија денеска се очекува да гласаат за Законот за следење на комуникациите. За донесување на законот за прислушкување потребни се гласови на две третини од пратениците. ...

Пратениците се препукуваа за старите афери за прислушување

А1 - 02.11.2006

Законот за следење на комуникациите падна под сенка на препукувањата на пратениците околу старите афери за прислушување. Се отворија и нови. „Користено беше Министерството за одбрана, односно армијата и нејзините служби за да се прислушкува и врз таа база да се следат највисоки државни функционери, ...

За легализирање на прислушувањето нема маратонски говори

Утрински - 02.11.2006

За законот за следење на комуникациите, со кој фактички ќе се легализира прислушувањето, нема да има маратонски говори, бидејќи дискусиите на пратениците се ограничени на десет минути, а на шефовите на пратеничките групи на 15 минути.

НСДП се пишмани за прислушувањето

Дневник - 02.11.2006

Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски ќе го поддржи законот за следење на комуникациите и нема да ја условува Владата со барањето и Министерството за одбрана да може да прислушува. Во првата верзија на законот се предвидуваше освен МВР, за прислушување да биде овластено и МО.

Министерството за одбрана прислушуваше за политички дискредитации

Канал5 - 02.11.2006

Наместо Тито Петковски, Никола Поповски ги разбранува страстите во дебатата за законот за прислушување. Од собраниската говорница излезе со тврдење дека Министерството за одбрана прислушувало за политички цели. Наместо Тито Петковски, Никола Поповски ги разбранува страстите во дебатата за законот ...

Закон за прислушување

Вечер Прес - 02.11.2006

Собранието вчера ја почна расправата по Предлог-законот за следење на комуникациите. Атмосферата на почетокот ја вжешти усвоениот предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ - секој пратеник да може да дискутира само по еднаш и во траење од 10 минути, а координаторите и предлагачот по 15 минути.

Продолжува расправата за Законот за прислушкување

Макфакс - 02.11.2006

Скопје Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи седницата за Законот за следење на комуникациите за чие донесување се потребни да гласаат две третини од сите пратеници. Со овој закон се предвидува да се легализира прислушкувањето и тоа само по барање на Министерството за Внатрешни ...

Почна расправата за законот за следење на комуникациите

А1 - 01.11.2006

Законот за следење на комуникациите стигна пред народните пратеници, спремни се да го легализираат прислушувањето , со цел да се овозможи подобра борба против организираниот криминал, како и да се зголеми нивото на безбедноста во државата.

Тито бара проверка од МВР

Дневник - 01.11.2006

“ Претседателот на НСДП Тито Петковски ќе ги соопшти во Собранието партиите што имаат уреди за прислушување, но дури откако МВР и Управата за безбедност и контраразузнавање ќе ги проверат информациите, дознава „Дневник“. Според нашиот извор, Петковски нема намера да појде во полиција, бидејќи тоа ...

По законот за полиција, пред собранието – легализација на прислушувањето

Канал5 - 01.11.2006

Собранието веднаш по почетокот од денешното продолжение на шестата седница, на која на дневен ред е Предлогот за донесување закон за следење на комуникациите, со Предлог закон, прогласи пауза на барање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ заради координација на пратеничките групи.

Законот за прислушкување на „пленарка“ во Собранието

Макфакс - 01.11.2006

Скопје Собранието на Македонија попладнево ја започна седницата за Законот за следење на комуникациите, за чие донесување се потребни да гласаат две третини од сите пратеници. Со овој закон се предвидува да се легализира прислушкувањето и тоа само по барање на Министерството за Внатрешни Работи ...

Ќе ја расчисти ли оваа Влада аферата „Големото уво“?

А1 - 31.10.2006

Ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ, немаат волја да се расветли аферата „Големо уво“. И по пет години, нема никаква кривична или политичка одговорност од никого, за прекршувањето на човековите права, на над 100 јавни личности. Сопките почнале уште на почеток на истрагата, кога вештачењето покажало дека опрема ...

ЛДП собра 20 потписи за анкетна комисија

Време - 31.10.2006

ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГО ИСПИТУВААТ ПАРТИСКОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ Либералдемократите денеска ќе ја официјализираат иницијативата за анкетна комисија за случајот „партиско прислушување“, откако ги собрале потребните 20 потписи од пратеници. Целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и дел пратеници од СДСМ застанала ...

Петковски го пишува писмото за МВР - содржината не ја открива ни времето на праќање

Канал5 - 31.10.2006

Тито Петковски го пишува писмото за МВР. Не открива ни збор за содржината, ни кога ќе го достави до полицијата. За него не било најважно дали она што знае ќе го каже во станица или ќе го достави на хартија, туку да се докаже дали партиите прислушуваат и како се спречи тоа.

Владата ветува дека ќе ја реши аферата „Големо уво“

А1 - 30.10.2006

Нема недопирливи во државата. Недопирлив не е ни претседателот Црвенковски. Владините партнери ветуваат дека ќе ја решат најголемата афера за прислушување, „Големото уво“. Пред пет години неа ја обелодени тогашниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски, кој заедно со тогашната министерка за ...

Се чека Петковски да даде докази за прислушувањето

Утрински - 30.10.2006

Ниту МВР ниту Петковски не кажуваат дали тој ќе се појави на сослушување БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Скандалот со прислушувањето што го отвори пратеникот и лидер на НСДП, Тито Петковски, мора да добие своја целосна разрешница, согласни се и политичарите и аналитичарите.

На Тито не му се оди во МВР

Дневник - 30.10.2006

Сознанијата што ги имам за партиските опреми за прислушување прво ќе ги соопштам на собраниската седница за законот за следење на комуникациите, изјави вчера лидерот на НСДП, Тито Петковски. - Тоа можеби ќе се случи веќе денеска, доколку се одржи расправата по гласањето за законот за полиција.

Се што знае Петковски кој и кого прислушувал неделава преку писмо ќе ја извести полицијата

Канал5 - 30.10.2006

Тито Петковски ќе напише што знае за прислушните уреди во партиите, и тоа ќе го достави до полицијата. Тито Петковски ќе напише што знае за прислушните уреди во партиите, и тоа ќе го достави до полицијата. Ова Петковски, според информации на канал 5 и го ветил на министерката за внатрешни работи ...

Тито Петковски во МВР

Вечер Прес - 30.10.2006

Најдоцна до крајот на неделата претседателот на НСДП,Тито Петковски ќе биде повикан во МВР за да ги аргументира неговите тврдења дека поголемите партии поседуваат сопствени уреди за прислушување на своите политички противници.