TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тамилските тигри нападнаа пристаниште

Макфакс - 08.10.2006

Коломбо Најмалку две лица загинаа, а десетина се ранети откако утринава припадниците на Тамилските тигри го нападнаа пристаништето Гале во јужниот дел на Шри Ланка. Тие, како што соопштија локалните власти, во пристаништето навлегле со пет брода, од кои три експлодирале.

Најмалку 50 загинати и ранети во експлозија во Шри Ланка

Макфакс - 06.10.2006

Коломбо Најмалку 50 луѓе загинале или се ранети откако покрај конвој на војската на Шри Ланка експлодираше автомобил-бомба, веројатно дело на бунтовниците од организацијата на Тамилските тигри. Ова го соопшти локалната полиција, која прецизира дека инцидентот се случил во североисточниот дел на ...

Над 90 загинати во нападот во Шри Ланка

Макфакс - 06.10.2006

Коломбо Најмалку 90 војници загинаа, а над 150 се ранети, откако покрај армиски конвој во Шри Ланка денеска експлодираше камион-бомба, на Тамилските тигри. Камионот полн со експлозив експлодирал крај 15-тина автобуси со кои патувале маринците во североисточната провинција Тринкомале, прецизира ...

Околу 100 загинати во нападот во Шри Ланка

Макфакс - 06.10.2006

Коломбо Најмалку 99 војници загинаа, а над 150 се ранети, откако, покрај армиски конвој во Шри Ланка денеска експлодираше камион-бомба, на Тамилските тигри. Ова го соопштија официјални извори според најновиот биланс на жртвите од самоубиствениот напад.

44 војници убиени во офанзивата против тамилските тигри

Макфакс - 02.10.2006

Коломбо Владата на Шри Ланка денеска призна дека изгубила најмалку 44 војници во воената офанзива против тамилските бунтовници на северот на островот и оти неутврден број се сметаат за исчезнати. Властите во Коломбо признаа и дека најмалку 430 војници се ранети во борбите во средата.

Шри Ланка забрани играчки на далечинско управување

Макфакс - 02.10.2006

Шри Ланка забрани увоз на играчки на далечинско управување, како што се детските автомобилчиња, бродови или авиончиња, стравувајќи дека побунетите Тамилски тигри би можеле да ги полнат со експлозив и да ги употребат како бомби.

Норвешките дипломати започнаа мировни преговори во Шри Ланка

Макфакс - 02.10.2006

Коломбо Мировните преговори помеѓу владата на Шри Ланка и локалните бунтовници, денеска повторно беа обновени благодарение на норвешките дипломати. Преговорите ги предводи специјалниот норвешки пратеник Џон Хансен - Бауер, кој денеска разговараше со високи владини претставници на Шри Ланка.