TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мировни пораки ги заменија насилните графити

Вест - 10.11.2005

"МЕЃАШИ" ГИ РАЗДВИЖИ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ Средношколци од Скопје, Тетово и Куманово вчера под мостот кај хотелот Алксандар Палас ја почнаа акцијата за бришење на графитите со насилна содржина Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" вчера почна акција за бришење графити од јавните места низ градот.

Мирољубиви графити ги заменија насилните пораки

Време - 10.11.2005

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО АКЦИЈА „Стоп насилство“, „Сакај за да бидеш сакан“, „Мир“ и „Заедничка иднина“ се графитите што ги заменија насилните пораки испишани на ѕидовите во близина на хотелот „Александар палас“ во акцијата што вчера ја спроведоа средношколци од Скопје, Куманово и од Тетово.

Ученици бришеа графити со насилни содржини

Утрински - 10.11.2005

По повод Интернационалниот ден против фашизмот Под мото "Да го симнеме насилството од ѕидовите°, Првата детска амбасада во светот - "Меѓаши°, вчера спроведе акција за бришење графити. Акцијата се одвиваше под мостот кај хотелот "Александар палас" и кај гимназијата "Никола Карев°, а во неа ...

Со мировни пораки против насилството

Вечер Прес - 10.11.2005

Околу 40 ученици од неколку средни училишта од Тетово, Куманово и Скопје, во текот на вчерашниот ден, графитите со насилна содржина што можеа да се прочитат под мостот кај хотелот "Александар палас" и пред гимназијата "Никола Карев", ги заменија со нови, мировни.

Мировни пораки на ѕидовите со насилни графити

Дневник - 09.11.2005

АКЦИЈА НА "МЕЃАШИ" Графитите со насилна содржина испишани на ѕидовите низ Скопје денеска ќе бидат избришани. Акцијата "Да го симнеме насилството од ѕидовите", која ја организира Детската амбасада "Меѓаши", ќе почне во 11 часот, под мостот кај хотелот "Александар палас".

Сакај за да бидеш сакан, Мир, Љубов

Канал5 - 09.11.2005

Навредливи и безполезни графити кои ги гнасае скопските ѕидовите денеска беа заменети со „Сакај за да бидеш сакан, Мир, Љубов“. Средношколците од пет гимназии од Скопје, Куманово и Тетово поддржани од детската амбасада „Меѓаши“ посакаа да го симнат насилството од ѕидовите и да нацртаат графити со ...

Да го симнеме насилството од ѕидовите

Вечер Прес - 09.11.2005

Првата детска амбасада во светот "Меѓаши", денеска во 11 часот, под мостот кај хотелот "Александар палас" и во 13:30 пред гимназијата Никола Карев, ќе организира акција на бришење графити под мотото "Да го симнеме насилството од ѕидовите".