TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ИК на ВМРО ДПМНЕ решава кој ќе биде новиот спикер

А1 - 30.07.2006

Горадна Јанкуловска најверојатно ќе биде предлогот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на македонското Собрание. Во предлозите на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Собранието во наредниот четири годишен мандат, покрај најсериозниот кандидат Јанкуловска се и Зоран Коњановски, Петар Поп Арсов, поранешната ...

Мандатарот Груевски денеска од Трново со одговор - ќе ја објавиме кога ќе ја составиме

Канал5 - 30.07.2006

Пред извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ кадровски комбинаторики, за новата влада и позицијата прв парламентарец Пред извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ кадровски комбинаторики, за новата влада и позицијата прв парламентарец. Иако од партијата го пуштија името на генералната секретарка, Гордана ...

Груевски: ДУИ не влегува во владата

Вест - 29.07.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ МУ ГО ДОДЕЛИ МАНДАТОТ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Груевски иако е убеден дека му се сигурни 65 пратеници ќе биде отворен за разговори со сите партии, но одлуката ДУИ да не влезе во владата е конечна Претседателот Бранко Црвенковски вчера во Собранието му го додели мандатот за ...

Груевски доби мандат да состави влада

Време - 29.07.2006

ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ Претседателот Бранко Црвенковски вчера му го додели мандатот за составување влада на мандатарот Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. - Владата ќе ја формираме во уставниот рок од 20 дена.

Пет кандидати за спикер

Вест - 29.07.2006

КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО САКААТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО ВО СОБРАНИЕТОИЗБОРИ Мандатарот Никола Груевски вчера информираше дека списокот на кандидати за нов собраниски спикер од пред два дена е сведен на пет имиња.

Парламентот ќе избере претседател пред Илинден

Утрински - 29.07.2006

Како најсериозен кандидат за спикер се спомнува Гордана Јанкуловска Оливера Војновска Новиот претседател на Собранието ќе биде избран пред Илинден, најверојатно, во вторник, а првиот јавен настап се очекува да го има на прославата во Пелинце.

Груевски мандатар со дваесетдневен рок да состави влада

Утрински - 29.07.2006

Соработката со Црвенковски во функција за заштита на националните интереси Лидерот на победничката десноцентристичка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера го презеде мандатот за составување влада од претседателот Црвенковски.

Груевски го доби мандатот да состави влада

Вечер Прес - 29.07.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера го доби мандатот за составување влада од претседателот Бранко Црвенковски. По добивањето на мандатот, Груевски рече дека владата ќе биде формирана во уставниот рок од 20 дена. - Ако се појави можност Владата да биде формирана и пред овој рок, ќе ја ...

Гордана Јанкуловска ќе го води парламентот

А1 - 28.07.2006

Гордана Јанкуловска ќе го води парламентот во наредните четири години. Таа е новиот собраниски спикер. Изборот на Груевски го поддржале и коалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ. Веќе е одржана и средба меѓу него и Андов на која било договорено продолжението на конститутивната седница да биде во ...

Груевски доби мандат, формира влада без ДУИ

А1 - 28.07.2006

Се ракуваа и си честитаа, Груевски доби мандат да состави влада. Има дваесет дена да го стори тоа. Црвенковски го прими во својот кабинет, официјализирајќи го она што го најави, Груевски нема пречки за да ги подели ресорите. Но, во таа влада нема место за ДУИ. Мандатарот не објасни зошто.

Груевски се однесува несериозно

Време - 28.07.2006

ВМРО - НАРОДНА ПАРТИЈА Политичка несериозност е однесувањето на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ затоа што не избраа претседател на Собранието, обвини ВМРО - народна партија, вчера, на прес-конференција. - Загрижени сме од несериозноста што ја покажува мандатарот Никола Груевски.

Првиот парламентарец и понатаму мистерија

Време - 28.07.2006

СЕ ЧЕКА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕДНИЦАТА ВМРО-ДПМНЕ и вчера не излезе со официјален предлог за нов претседател на Собранието, откако завчера беше прекината конститутивната седница. Од партијата најавија дека комисијата за избори и именувања повторно би требало да се состане во почетокот на следната недела ...

Црвенковски ќе му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Време - 28.07.2006

ДЕНЕСКА ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА Денеска претседателот Бранко Црвенковски ќе му го врачи мандатот за формирање влада на мандатарот Никола Груевски, соопшти кабинетот на Црвенковски. Црвенковски ќе го додели мандатот и покрај правната дилема за тоа дали уставниот рок за доделување ...

Никој нејќе да биде спикер

Вест - 28.07.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ВО ПАРЛАМЕНТОТ ВЕЌЕ НЕ Е АТРАКТИВНА Позицијата претседател на Собранието или втор човек во државата по претседателот на Македонија, од овие парламентарни избори веќе не е престижна. На завчерашната конститутивна седница на новото Собрание за првпат не се избра претседател, ...

Груевски денеска кај Бранко

Вест - 28.07.2006

МАНДАТОТ ЗА НОВА ВЛАДА НА ДОФАТ Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски денеска во 13 часот ќе го прими лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, за да му го врачи мандатот за формирање влада. Во вчерашното соопштение од кабинетот на Црвенковски се наведува дека претседателот не сака да ...

Никола Груевски од денеска и официјално мандатар

Утрински - 28.07.2006

Црвенковски денеска му го доверува мандатот на лидерот на победничката партија Соња Крамарска Претседателот Црвенковски вчера ја упати поканата до лидерот на победничката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да дојде во неговиот кабинет за да му го довери мандатот за состав на влада.

ВМРО-НП обвинува за несериозност

Утрински - 28.07.2006

Во ВМРО-Народна партија се загрижени поради несериозноста на мандатарот за состав на новата влада, Никола Груевски, поради неизборот на нов собраниски спикер. Во оваа партија сметаат дека и СДСМ промовира криза во државата, инсистирајќи на тврдењата за институционален вакуум.

Парламентот е конституиран, нема криза

Утрински - 28.07.2006

Оливера Војновска Нема институционална криза и не треба да се прави драма од тоа што завчера новиот парламентарен состав не избра претседател на Собранието. Познавачите на Уставот вчера предупредија дека ситуацијата со давањето на мандатот е чиста и претседателот Бранко Црвенковски не треба да се ...

Црвенковски ќе му даде мандат на Груевски

Дневник - 28.07.2006

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска во 13 часот во својот кабинет ќе му го врачи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски мандатот за формирање влада, соопшти Кабинетот на претседателот на државата . Црвенковски го поканил Груевски за да му го даде мандатот, бидејќи проценил оти владата ...

Груевски да каже има ли стабилно мнозинство

Дневник - 28.07.2006

Неизбирањето на претседател на Собранието е доказ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски нема стабилно мнозинство или оти нема политичко искуство и капацитет да состави Влада, изјави портпаролот на ВМРО-Народна партија Александар Ѓорѓиев.

Груевски го доби мандатот од Црвенковски да направи влада - во неа нема да биде ДУИ

Канал5 - 28.07.2006

Никола Груевски го доби мандатот да состави влада. По едночасовната средба во претседателскиот кабинет без камери Груевски како мандатар ја разреши дилемата- дуи не влегува во неговата влада Никола Груевски го доби мандатот да состави влада.

Црвенковски им одржа уставна лекција на сдсм-овците

Вечер Прес - 28.07.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во 13 часот ќе го добие мандатот за составување нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски. Во соопштението од Кабинетот на претседателот, наведено е дека, несакајќи да навлегува во различните експертски толкувања за пројавените правни дилеми, а ...

ВМРО ДПМНЕ не може да најде спикер

А1 - 27.07.2006

ВМРО ДПМНЕ не може да најде кандидат за претседател на Собранието. Извори за А1 тврдат дека откако биле одбиени од Тито Петковски како најсериозен кандидат, функцијата му била понудена на Љубиша Георгиевски, но и тој не ја сакал.

Црвенковски утре ќе му го врачи мандатот на Груевски

А1 - 27.07.2006

Никола Груевски од утре и официјално мандатар за состав на новата владата. По вчерашните недоумици предизвикани од СДСМ, претседателот Црвенковски денеска ја разреши дилемата. Тој упати покана, лидерот на ВМРО ДПМНЕ утре да дојде за да му биде доделен мандатот за формирање влада.

ВМРО-ДПМНЕ го прекрши обичајот

Вест - 27.07.2006

НЕ СЕ ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВОТО СОБРАНИЕ Вчера новите пратеници ги верифицираа мандатите, но не избраа претседател, што не е противуставно, но е за првпат во парламентарната демократија кај нас Коалицијата "За Македонија заедно" што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на која се ...

Парламент има, претседател нема

Време - 27.07.2006

КОНСТИТУИРАНО НОВОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА Александра М. Митевска Македонија го доби петтиот парламентарен состав, откако на вчерашната конститутивна седница им беа верификувани мандатите на сите 120 новоизбрани пратеници, со што и официјално завршија парламентарните избори 2006.

Првиот чекор во новиот парламент без претседател

Утрински - 27.07.2006

Опозицијата препознава институционална криза, а новата власт со потписи гарантира стабилна влада Оливера Војновска Парламентарците од петтиот собраниски состав вчера и официјално го почнаа четиригодишниот мандат, но како своевиден куриозитет беше тоа што овој пат пратениците не избраа претседател ...

Груевски чека Црвенковски да му го врачи мандатот

Утрински - 27.07.2006

Груевски со партнерите веќе има 64 од вкупно 120 места во парламентот, со што го исполнува условот за мандатар Соња Крамарска По изминати три седмици жешки преговори околу политичкиот состав на коалицијата што ќе застане зад владата, вчера од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека Груевски конечно е подготвен да ...

Пратениците не си избраа претседател

Дневник - 27.07.2006

СДСМ обвини дека се создава институционална криза и го доведе под сомнеж капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ да собере мнозинство Собранието вчера се конституира, но не избра претседател. Тоа во новото владејачко мнозинство го објаснија со потребата од дополнителни консултации и усогласувања со коалициските ...

Црвенковски утре ќе му го додели мандатот на Груевски за побрзо да формира влада

Канал5 - 27.07.2006

Претседателот Бранко Црвенковски утре на Никола Груевски ќе му го врачи мандатот за состав на влада. За ова претседателот денеска телефонски го известил лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Претседателот Бранко Црвенковски утре на Никола Груевски ќе му го врачи мандатот за состав на влада.

Немањето спикер го комплицира изборот на Влада

А1 - 26.07.2006

Отсуството на договор за нов парламентарен спикер, може да ја искомплицира процедурата за доделување на мандат за состав на новата влада. Социјал-демократите денес предупредија дека се до завршувањето на конститутивната седница, што ќе се случи дури по изборот на спикерот, претседателот Црвенковски ...

Петтиот собраниски состав на прва седница

Време - 26.07.2006

ДЕНЕСКА СЕ КОНСТИТУИРА ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ Седницата на која ќе се конституира петтиот состав на законодавниот дом ќе почне денеска во 10 часот, на 21 ден од одржувањето на парламентарните избори. На заседанието може да присуствуваат 118 кандидати за пратеници од листите на партиите што обезбедија ...

Новиот парламент на годишнината од земјотресот

Утрински - 26.07.2006

Протоколот направил шема како ќе седат пратениците, вообичаена како и за претходните парламенти ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Новоизбраните пратеници денеска во 10 часот треба да се појават во пленарната собраниска сала за кога е најавена конститутивната седница на петтиот парламент.

Стојан Андов ќе ја води првата седница

Дневник - 26.07.2006

Голема е веројатноста првиот човек на Собранието да биде кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а за најголем фаворит се смета Силвана Бонева Новоизбраните пратеници денеска ќе ја одржат првата собраниска седница на која треба да се конституира петтиот парламентарен состав на Македонија.

Милошоски: Очекуваме Груевски утре да го добие мандатот за составување нова влада

Канал5 - 26.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ очекува нивниот лидер Никола Груевски утре да го добие мандатот за составување нова влада од претседателот Бранко Црвенковски Скопје, 26 јули (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ очекува нивниот лидер Никола Груевски утре да го добие мандатот за составување нова влада од претседателот Бранко Црвенковски.

Собранието ги верификува мандатите на сите 120 избрани пратеници

Канал5 - 26.07.2006

Собранието на Република Македонија денеска на конститутивната седница со 115 гласови за ги верификуваше мандатите на сите 120 избрани пратеници на парламентарните избори, врз основа на извештајот што до него го достави Верификационата комисија и предлогот да бидат верифицирани мандатите на сите ...

Пратениците не избраа претседател на Собранието

Канал5 - 26.07.2006

Собранието на Република Македонија на денешната конститутивна седница не избра свој претседател, со оглед дека Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, по нејзината седница не достави предлог, како што немаше ниту кандидат предложен од најмалку 20 пратеници Скопје, 26 јули (МИА) - ...

Груевски во очекување претседателот Црвенковски да му го довери мандатот за состав на новата влада

Канал5 - 26.07.2006

ВМРО ДПМНЕ ја врака ДУИ во разговорите пред составувањето на новата влада. Дијалогот ќе продолжи - вели Милошовски - деновиве ВМРО ДПМНЕ ја врака ДУИ во разговорите пред составувањето на новата влада. Дијалогот ќе продолжи - вели Милошовски - деновиве Воздржани изјави кои по посетата на ...

ВМРО ДПМНЕ се уште нема решение за спикерското место

А1 - 25.07.2006

На утрешната конститутивна седница нема да се знае кој ќе го води Собранието во наредните четири години. Засега, немало таков меѓупартиски дил во победничката коалиција. Во ВМРО ДПМНЕ велат дека не им било најбитно уште утре да биде познато името на новиот спикер на Собранието.

Првото лето на новитепратеници без летување

Време - 25.07.2006

ПО КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА ЌЕ СЕ ЧЕКА ВЛАДА Новите пратеници, на кои утре ќе им се верификува мандатот, барем до средината на август нема да може да заминат на одмор бидејќи ќе треба да ја чекаат седницата на која ќе се избира идната влада. Според деловникот, пратениците одат на одмор во август.