TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одлука за германски бродови во мисијата на ОН во Либан

Макфакс - 03.09.2006

Берлин Германската Влада денеска ќе донесе одлука дали ќе испрати воени бродови на Блискиот исток, како дел од мисијата на Обединетите нации (ОН) во Либан. Германската морнарица, како што јави радио Дојче веле, програма на македонски јазик, би требало да помогне на средоземноморскиот брег на Либан ...

Германската влада одобри испраќање на војници во Либан

Макфакс - 03.09.2006

Берлин Германската влада одобри испраќање на војници во Либан во рамки на Мисијата на Обединетите нации УНИФИЛ, соопшти канцеларката Ангела Меркел. „Одлуката има историски карактер и истовремено треба да го гарантира правото на постоење на Израел и да придонесе за мирното разрешување на кризата во ...

Израелски генерал поднесе оставка поради војната во Либан

Макфакс - 03.09.2006

Ерусалим Израелскиот генерал Уди Адам, кој беше еден од главните фигури во војната со Либан, денеска поднесе оставка, соопшти портпаролот на израелската армија. Причина за оставката е силната критика до војската и Владата, поради начинот на кој се војуваше во Либан, пренесуваат локалните медиуми.

Истрага на ОН за обвиненијата против Израел

Макфакс - 03.09.2006

Њујорк Обединетите нации(ОН) одредија трочлен тим што ќе ги истражува обвиненијата против Израел за систематско убивање на цивилите. Истрагата треба да го утврди користењето на напалм и касетни бомби за време на едномесечната офанзива врз Либан.

Сирија вети посилно ембарго за Хезболах

Вест - 02.09.2006

ДАМАСК, 2 септември (Ројтерс) - Генералниот секретар на ОН Кофи Анан вчера изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад ветил оти ќе го зајакне военото ембарго врз Хезболах според резолуцијата на ОН што ја запре војната меѓу Израел и либанската милитантна група.

За Палестинците 390 милиони, за Либанците 730 милиони евра помош

Време - 02.09.2006

ВЕСТИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Учесниците на донаторската конференција во шведскиот главен град Стокхолм вчера ветиле повеќе од 390 милиони евра помош за Палестинците, откако завчера ветија околу 730 милиони евра за обнова на Либан.

Италијанските мировници пристигнуваат денеска

Утрински - 02.09.2006

БЕЈРУТ - Првиот голем контингент на италијански војници денес ќе пристигне во јужен Либан за да им се приклучи на мировниците кои го надгледуваат примирјето меѓу Израел и Хезболах, соопштија вчера Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

Анан бара Сирија да прекине со шверцот на оружје за Хезболах

Дневник - 02.09.2006

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изјави дека разговарал со сирискиот претседател Башар ал Асад, кој го уверил дека ќе го засили ембаргото на оружје за Хезболах, јави Ројтерс. - Претседателот ме информираше дека Сирија ја поддржува Резолуцијата 1.701 на Советот за безбедност на Обединетите ...

Светот дава над 940 мил. $

Вечер Прес - 02.09.2006

Повеќе од 940 милиони долари за почетна обнова на Либан е помошта што ја одобрија светските донатори на конференцијата одржана вчера во главниот град на Шведска, Стокхолм. Тоа е многу повеќе од очекувањата на организаторот на донаторската конференција и ако на оваа бројка се додадат претходните ...

Насрула: Војната во Либан ја смислија САД

Макфакс - 02.09.2006

Бејрут Војната во Либан беше смислена во Соединетите Американски Држави – изјави денеска на масовен митинг во Бејрут лидерот на Хезболах, шеик Хасан Насрула. „ Таа војна беше планирана во САД, се водеше со американско оружје и по одлука и волја на САД“, изјави лидерот на Хезболах на крајот од ...

Србија испраќа војници во Либан и Авганистан

Макфакс - 02.09.2006

Белград Српскиот министер за одбрана Зоран Станковиќ изјави дека владата во Белград донела одлука за учество на припадниците на српската војска во мировните мисии во Либан и Авганистан. Станковиќ вчера изјави дека конечната одлуката за испраќањето војници треба да ја донесе парламентот.

Мировниците на ОН во Либан за 10 дена

Вест - 01.09.2006

МРТВОТО МОРЕ, Јордан, 1 септември (Ројтерс) - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан вчера ги обнови апелите за Израел итно да ги укине блокадите врз Либан и целосно да се повлече од земјата откако ќе се распоредат петте илјади мировници на ОН на југот од државата.

Анан договорил израелско повлекување

Време - 01.09.2006

ВЕСТИ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, кој го посети Израел, се договорил израелската војска целосно да се повлече од јужен Либан, кога во оваа област ќе се распоредат 5.000 „сини шлема“ и 15.000 либански војници.

Германија ќе испрати 1.200 војници на Блискиот Исток

Утрински - 01.09.2006

БЕРЛИН - Германскиот министер за одбрана изјави вчера во интервју за печатот дека очекува земјата да испрати над 1.200 војници во мировна мисија на ОН во Либан. „Сж уште преговараме, особено со либанската влада. Претпоставувам дека бројот ќе биде поголем", изјави Франц Јозеф Јунг за дневниот весник ...

Израел ќе преговара за ослободување на грабнатите војници

Дневник - 01.09.2006

Израел е подготвен да преговара со либанската влада за ослободување на двајцата војници, кои во јули ги грабнаа милитантите на Хезболах, акција што предизвика едномесечен воен конфликт помеѓу двете земји, јави МИА. Израелското армиско радио тврди дека Израел нема да разговара за размена на ...

Сирија ветила спроведување на Резолуцијата 1701 за Либан

Макфакс - 01.09.2006

Дамаск Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан денеска добил гаранции од Сирија дека оваа земја ќе помогне во примената на Резолуцијата 1701 со која запреа судирите меѓу Израел и Хезболах. Анан, по состанокот со сирискиот претседател Башар ал-Асад, изјави дека Сирија ветила дека ќе ги ...

Над 900 милиони долари за реконструкција на Либан

Макфакс - 01.09.2006

Стокхолм Донаторите ветија над 900 милиони долари за реконструкција на Либан, по воениот конфликт со Израел. Оваа сума ќе ја обезбедат државите - донатори со цел надминување на кризата, најави шведскиот министер за надворешни работи Јан Елиасон.

ОН: Израел користеше касетни бомби при нападите врз Либан

А1 - 31.08.2006

Обединетите нации синоќа го обвинија Израел дека користел касетни бомби при последните напади врз Либан, непосредно пред усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се стави крај на конфликтот. Според експерите на ОН, дури 90 проценти од сите касетни бомби употребени во ...

Израел виновен за кршењата на примирјето

Време - 31.08.2006

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН НА ТУРНЕЈА ПО БЛИСКИОТ ИСТОК Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, ги обвини Израелците за најголем дел од досегашните прекршувања на прекинот на огнот во јужен Либан и побара од Израел да ја крене блокадата врз либанските аеродроми и пристаништа.

Израел одби да ја повлече опсадата на Либан

Вест - 31.08.2006

ЕРУСАЛИМ, 31 август (Ројтерс) - Израел го одби барањето на генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан за повлекување на воздушната и морската блокада од Либан, велејќи дека ќе ја прекине седумнеделната опсада само кога ќе бидат задоволени сите фактори за прекин на огнот.

Израел не сака да го деблокира Либан

Утрински - 31.08.2006

Анан изврши притисок врз Олмерт за укинување на блокадата, но безуспешно ЕРУСАЛИМ - Израел ги отфрли вчерашните повици од генералниот секретар на ОН, Кофи Анан за кревање на шестнеделната воздушна и поморска блокада врз Либан, наведувајќи дека тоа ќе се случи тогаш кога сите елементи на прекинот на ...

ОН го обвинија Израел за користење касетни бомби при нападите во Либан

Канал5 - 31.08.2006

Обединетите нации синоќа го обвинија Израел дека користел касетни бомби при последните напади врз Либан, непосредно пред усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се стави крај на конфликтот Њујорк, 31 август (МИА) - Обединетите нации синоќа го обвинија Израел дека ...

Израел спремен за преговори со Либан за ослободување на киднапираните војници

Канал5 - 31.08.2006

Израел е спремен да преговара со либанската Влада за ослободување на двајцата војници киднапирани од Хезболах во јули, што предизвика едномесечен конфликт, јави армиското радио повикувајќи се на изјава на неименуван официјален претставник.

Блокадата на Либан останува

Вечер Прес - 31.08.2006

Израел го одби повикот на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, веднаш да ја прекине воздушната и поморската блокада на Либан. Анан блокадата ја смета за понижувачка повреда на либанскиот суверенитет, но Израелците тврдат дека е таа неопходна бидејќи го спречува дотурот на оружје за Хезболах и тоа ...

Од ЕУ за Либан 42 милиони евра помош

А1 - 30.08.2006

Европската Комисија ќе донира 42 милиона евра помош за обнова на Либан, се наведува во денешното соопштение од Комисијата. Одлуката за тоа ќе ја објави комесарот за надворешни прашања на ЕУ Бенита Фереро Валднер на донаторската конференција што утре ќе се одржи во Стокхолм.

Анан побара ослободување на израелските војници

Време - 30.08.2006

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, вчера го посетил јужен Либан за да утврди колкаво е уништувањето на регионот по едномесечниот конфликт на Блискиот Исток, јави новинската агенција АФП.

Анан: Израел и Хезболах итно да го решат спорот

Вест - 30.08.2006

НАКУРА, Либан, 30 август (Ројтерс) - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан кој е во посета на разорениот јужен Либан вчера апелираше до Израел и Хезболах побрзо да ги решат споровите што го блокираат трајниот прекин на огнот што ќе треб НАКУРА, Либан, 30 август (Ројтерс) - Генералниот ...

Тргнаа првите 800 италијански мировници

Утрински - 30.08.2006

бриндизи - Првите 800 војници од италијанскиот контингент за главните мировни сили на ОН за Либан вчера тргнаа кон својата крајна дестинација, во мисијата за која владата во Рим предупреди дека ќе биде „долга и ризична". Носачот на авиони „Гарибалди", најголемиот во италијанската флота, се сретна ...

Илјада италијански војници заминаа за Либан

Дневник - 30.08.2006

Пет италијански воени брода, носачот на авиони „Гарибалди“, три десантни и еден патролен брод вчера од пристаништето Таренте отпловија кон Либан Пет италијански воени брода, носачот на авиони „Гарибалди“, три десантни и еден патролен брод вчера од пристаништето Таренте отпловија кон Либан, јави ...

Да знаев, не ќе ги заробевме војниците

Вечер Прес - 30.08.2006

Шеикот Хасан Насралах, водач на либанското шиитско движење "Хезболах", во интервју за државната телевизија изјави дека никогаш не би наредил заробување на двајцата израелски војници кога би знаел дека тоа на Израел ќе му послужи како повод за разорување на неговата земја.

Анан побара прекин на блокадите во Либан

А1 - 29.08.2006

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан во Бејрут побара прекин на блокадите во Либан. Тој се заложи за ослободување на двајцата израелски војници киднапирани од Хезболах, како и ослободување на Либанците заробени во Израел.

Шеик Хасан Насрала: Не знаевме дека Израелците ќе реагираат така

Време - 29.08.2006

ВОДАЧОТ НА ХЕЗБОЛАХ ПРИЗНА Хасан Насрала, водач на терористичката група Хезболах, призна дека шиитската група направила грешка кога на 12 јули ги киднапирала двајцата израелски војници, што предизвика едномесечна војна во Либан.

Анан во Бејрут лично се залага за крај на либанската криза

Утрински - 29.08.2006

Генералниот секретар на ОН, Анан, се соочи со барањата за итно укинување на израелската воздушна и поморска блокада врз Либан БЕЈРУТ - Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, обидувајќи се да го претвори кревкото примирје меѓу Израел и герилците на Хезболах во траен мир, вчера пристигна во посета на ...

Хезболах се кае оти ги грабнал израелските војници

Дневник - 29.08.2006

Водачот на Хезболах, шеикот Хасан Насралах, изјави дека никогаш немало да нареди грабнување на израелските војници да знаел дека Израел ќе го искористи киднапирањето како повод за напад Водачот на Хезболах, шеикот Хасан Насралах, изјави дека никогаш немало да нареди грабнување на израелските ...

САД ќе ја блокираат помошта ако Либан не дозволи мировници кон Сирија

Утрински - 28.08.2006

Демократот Том Лантос ќе преземе законски мерки за сопирање на предлогот на Буш за помош од 230 милиони долари ЕРУСАЛИМ - Клучен американски законодавец вчера во Израел изјави дека ќе ја блокира помошта што претседателот Џорџ Буш ја вети за Либан и ќе ги отвори фондовите само тогаш кога Бејрут ќе ...

ОН не сакаат да го уништат Хезболах

Вечер Прес - 28.08.2006

"Хезболах е важен дел на либанското општество и целта на мировните сили на ОН во Либан не е негово уништување", изјави италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д'Алема за "Тајм". Според него, мировниците имаат цел да ја поддржат тамошната демократска влада по 34-дневната војна помеѓу ...