TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

42 пакистански војници загинаа од бомбаш-самоубиец

Вест - 09.11.2006

ИСЛАМАБАД, 9 ноември (Ројтерс) - Бомбаш-самоубиец вчера убил 42 пакистански војници на терен за обука во напад што војската рече дека е поврзан со крвавиот напад на војската врз логор на милитанти што се случи минатата недела.

Бомбаш-самоубиец убил 35 војници

Време - 09.11.2006

НАПАД ВРЗ КАСАРНА ВО ПАКИСТАН При вчерашен напад на бомбаш-самоубиец во касарна во северозападен Пакистан, најмалку 35 регрути биле убиени, а повеќе од 20 биле ранети. - Околу 35 регрути умреа, а уште дваесетина се ранети. Некои од нив се во критична состојба.

Бомбаш-самоубиец разнесе 35 војници во тренинг-центар во Пакистан

Утрински - 09.11.2006

Нападот бил извршен од човек кој излегол од автомобил облечен во мантил и влегол меѓу војниците ИСЛАМАБАД - Бомбаш-самоубиец уби 35 војници во армискиот тренинг-центар во северозападниот дел на Пакистан, изјавија официјални лица.

Бомбаш разнесе 34 војници

Дневник - 09.11.2006

Самоубиствен бомбаш уби 35 пакистански војници во центар за обука на регрути вчера во градот Даргај, јави Ројтерс. Нападот се смета за одмазда за воената операција пред една недела во верско училиште во центар на милитанти, кога беа убиени 80 лица.

Масакр во касарна

Вечер Прес - 09.11.2006

Повеќе од 42 пакистански војници се убиени во касарна во северозападен Пакистан, кога напаѓач - самоубиец активираше бомба, јави БТА. Засега ниту една организација не ја презеде одговорноста за нападот во градот Даргај, на околу 100 километри од Пешевар.

Најмалку 42 загинати при самоубиствен напад во Пакистан

А1 - 08.11.2006

Најмалку 42 пакистански војници загинаа денеска при самоубиствен бомбашки напад во касарна во градот Даргај во северозападниот дел на Пакистан. Инцидентот во Даргај, на 70 километри северно од Пешевар, се случил кога бомбаш-самоубиец што влегол во касарната ја активирал експлозивната направа што ја ...

Терористички напад во Пакистан, 35 загинати

Макфакс - 08.11.2006

Исламабад Најмалку 35 пакистански војници загинаа при терористички напад на воен камп во Даргај, северен Пакистан, соопштија локалните власти. Нападот го извршил бомбаш самоубиец, кој успеал да се камуфлира помеѓу пакистанските војници, кои се подготвувале за воена вежба.

Бомбаш самоубиец уби двајца војници на НАТО во Авганистан

Макфакс - 07.11.2006

Кандахар Бомбаш самоубиец утината нападнал конвој на НАТО во јужноавганистанскиот град Кандахар при што убил двајца војници. Ова го соопшти претставникот на НАТО, кој не прецизираше од каде се убиените војници на мисијата. „Двајца војници на ИСАФ утринава се убиени во напад на бомбаш самоубиец.

Самоубиствен напад во Авганистан, 10 загинати

Макфакс - 06.11.2006

Кабул Најмалку 10 лица загинаа, а 19 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што се случи денеска во југоисточниот дел на Авганистан, соопштено е од официјални извори. До нападот дошло во близина на пазарот во местото Оргун, во провинцијата Пактика, што се граничи со Пакистан.