TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Потпишан социјалниот договор

Вест - 21.12.2002

Во социјалниот договор не е прецизирано најглавното прашање за ССМ - законот за загубарите, за кој ќе се разговара по склучувањето на аранжманите со ММФ и Светска банка Претседателот на Владата Бранко Црвенковски и првиот синдикалец Ванчо Муратовски, вчера во ССМ го потпишаа социјалниот договор.

Владата и Синдикатот го потпишаа Социјалниот договор

Утрински - 21.12.2002

По речиси едномесечни преговори, беше финализиран првиот документ договорен меѓу двата социјални партнера МАЈА ТОМИЌ По речиси едномесечни преговори, Владата и Синдикатот вчера го потпишаа социјалниот договор, прв документ од овој вид во Македонија, кој содржи конкретни активности за двете страни ...

Владата и Синдикатот станаа социјални партнери

Дневник - 21.12.2002

ПОТПИШАН СОЦИЈАЛНИОТ ДОГОВОР Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски и премиерот Бранко Црвенковски вчера го потпишаа социјалниот договор, со што и официјално станаа социјални партнери, кои треба заеднички да ги решаваат прашањата од областа на економскиот и социјалниот развој .

Синдикатот и Владата станаа социјални партнери

А1 - 20.12.2002

Синдикатот и Владата од денеска станаа социјални партнери. Со потпишувањето на социјалниот договор, приоритети во решавањето на Владата и ССМ во наредниот период, меѓу другото, ќе бидат економски развој, намалување на невработеноста и сиромаштијата.

Законот за загубарите ќе се донесе на крајот на февруари идната година

Утрински - 20.12.2002

Владата и Синдикатот денеска ќе го потпишат социјалниот договор По неколкудневно усогласување на разликите во текстот, Владата и Синдикатот конечно денеска ќе го потпишат социјалниот договор. Верификувањето на документот ќе биде напладне во ССМ, параф ќе стават премиерот Бранко Црвенковски и ...

Владата и синдикатот денеска ќе го потпишат социјалниот договор

Дневник - 20.12.2002

ССМ ЈА НАПЛАТИ ПРЕДИЗБОРНАТА ПОДДРШКА За законот за загубари ќе се разговара дури по потпишувањето на аранжманите со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка, кое треба да се случи во февруари Владата и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска ќе го потпишат социјалниот договор ...

ССМ и Владата утре ќе потпишат социјален договор

А1 - 19.12.2002

„Преговорите меѓу ССМ и Владата околу текстот на социјалниот договор завршија и тој ќе биде потпишан утре“, изјави денеска портпаролот на ССМ, Мато Симоски. Договорот опфаќа синдикални барања за решавање повеќе социјални прашања и донесување измени на законски решенија од економско-социјалната ...

Околу 70% од македонските семејства живеат од социјална помош

Капитал - 19.12.2002

Јован Манасиевски, министер за труд и социјална политикаОколу 70% од македонските семејства живеат од социјална помошЗагубарите се баласт во изминатите десет години. Со нив мора да се заврши, за потоа да се сконцентрираме на развој на стратегии за создавање на нови работни места.

Синдикатот # одбројува на Владата

Дневник - 19.12.2002

СОЦИЈАЛНИОТ ДОГОВОР ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ Ако премиерот Црвенковски не даде рокови за донесување на социјалните закони, в петок синдикатот ќе почне генерален штрајк, најави Муратовски Сојузот на синдикатите и остави уште еден ден на Владата за таа да ги вметне во социјалниот договор роковите за ...

ССМ и Владата ги испеглаа спорните точки во социјалниот договор

А1 - 18.12.2002

Синдикатот и Владата ги испеглаа спорните точки во социјалниот договор. Останува да се решат уште неколку технички прашања, пред социјалниот договор и официјално да биде потпишан во петок. Работните групи на Синдикатот и Владата вчера ги утврдиле роковите во кои треба да биде исполнето поединечно ...

Муратовски ќе преговара со Бишев да врати на работа 50 отпуштени работници

Вест - 18.12.2002

ПРЕКУБРОЈНИТЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА БАРААТ ПОМОШ ОД ССМ Првиот синдикалец ќе бара од првиот директор на Стопанска банка да останат на работа вработените на кои платата од Стопанска банка им е единствен извор на средства за егзистенција на семејството Прекубројните работници во Стопанска банка, вчера, ...

Синдикатот ја прифати иницијативата на ДПМ

Утрински - 18.12.2002

Статусни прашања на писателите Сојузот на синдикатите на Македонија ја прифати иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија за колективно членство во Синдикатот на здруженија на граѓани (УПОЗ). Неодамна претседателството на ДПМ ја покрена оваа иницијатива со цел да ги заштити правата на ...

Синдикатот нема да штрајкува на 20 декември

Утрински - 18.12.2002

ОДЛУКА Штрајк на загубарите на 20 декември, како што во неколку наврати најави Сојузот на синдикатите на Македонија, нема да има, иако тој стои како опција за некој од наредните денови, доколку задутре не дојде до потпишување на социјалната спогодба.

Синдикатот даде рок Владата да попушти до петок

Дневник - 18.12.2002

С¦ УШТЕ БЕЗ СОЦИЈАЛЕН ДОГОВОР Владиниот текст на договорот е воопштен, неконкретен и без динамика, што е неприфатливо за синдикатот, обвинува синдикалниот лидер Муратовски Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) инсистира Владата да ги утврди роковите со кои ќе гарантира исплата на заостанати ...

Синдикалците во петок нема да штрајкуваат

А1 - 17.12.2002

Првиот синдикалец Муратовски, денеска изјави дека предлог социјалниот договор од владата во 90 проценти ги исполнува барањата на синдикатот, но прашањата се општи, неконкретни и без динамика на исполнување. Поради тоа работни групи од владата и синдикатот од денеска работат на конкретизирање на ...

Во ССМ незадоволни од владината верзија на социјалниот договор

Утрински - 17.12.2002

Синдикатот денеска ќе одлучи дали на 20 декември ќе има генерален штрајк МАЈА ТОМИЌ Предложената верзија на социјалниот договор која Владата му ја достави на Сојузот на синдикатите пред четири дена, како одговор на нивниот претходно доставен нацрт-текст, е неприфатлива за Синдикатот.

Друштвото на писателите доби виза од Синдикатот на здруженијата

Дневник - 17.12.2002

ПИСАТЕЛИТЕ И АСОЦИЈАЦИИТЕ Сојузот на синдикатите на Македонија, ја прифати иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија, за колективно членство во Синдикатот на здруженија на граѓани (УПОЗ). Претседателството на ДПМ неодамна ја покрена оваа иницијатива со цел да ги заштити правата на ...

ССМ утре ќе се изјасни по предлог социјалниот договор

А1 - 16.12.2002

Сојузот на синдикатите утре ќе се изјасни дали ќе стави потпис на социјалниот договор што им го предложи Владата. Синдикатот треба да одлучи дали ќе прифати договор во кој ја нема обврската на Владата за донесување на законот за предвремено пензионирање на работниците од фирмите загубари.