TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ден на жалост во знак на сеќавање на жртвите во Бали

А1 - 20.10.2002

Австралија денеска го одбележува денот на жалоста во спомен на жртвите на бомбашките напади на Бали, во кои минатата недела загинаа повеќе од 180 странски туристи, повеќето Австралијци. Илјадници луѓе се собраа во црквите, парковите, плажите и стадионите за да оддадат почит на повеќе од стотина ...

Индонезија усвои декрет за борба против тероризмот

А1 - 19.10.2002

Индонезиската влада усвои вонреден декрет за борба против тероризмот кој е фокусиран на приведувањето на одговорните за минатонеделниот напад на Бали во кој загинаа речиси 200 лица. Министерот за правда Јусрил Иза Махендра изјави дека одредбите од Декретот ќе ги спроведува полицијата.

Индонезија под силен меѓународен притисок

Утрински - 19.10.2002

По катастрофалната експлозија на островот Бали во која загинаа близу 200 луѓе, главно западни туристи ЏАКАРТА/БАЛИ - Поттикната од катастрофалната експлозија во Бали, Индонезија, ќе сослуша еден милитантен муслимански свештеник, за кој соседните земји и западните разузнавачки агенции тврдат дека е ...

Малезија се плаши дека ќе биде следната станица на јужноазиските терористи

Дневник - 19.10.2002

ПО БОМБАШКИТЕ НАПАДИ ВО ИНДОНЕЗИЈА И ФИЛИПИНИТЕ Малезискиот претседател Махатир Мохамад вчера со загриженост оцени дека неговата земја веројатно ќе биде следната цел на терористите што во изминатата недела активираа бомби на индонезискиот остров Бали и на филипинскиот остров Минданао, убивајќи ...

Голема можност од терористички напади

А1 - 18.10.2002

„Можноста од нови напади во југоисточна Азија е многу голема“, оцени денеска австралискиот премиер Џон Хауард на Бали, каде минатата сабота во терористички напад загинаа 180 лица, од кои 119 Австралијанци. Хауард додаде дека атентатот на Бали ја промени Австралија, бидејќи таа земја во мирнодопски ...

Полиција приведе четири лица за нападите во Бали

Утрински - 18.10.2002

Додека се трага по врски меѓу радикалните индонезиски и странски исламистички групи БАЛИ - Индонезија под притисокот да се справи псериозно со тероризамот по минатонеделниот бомбашки напад во кој загинаа 187 луѓе во Бали, вчера соопшти дека новиот антитерористички декрет ќе содржи и смртна казна.

Австралија ги повлекува своите државјани од Индонезија

Утрински - 18.10.2002

Пред нови закани против западњаците КАНБЕРА - Австралија вчера апелираше до своите државјани да ја напуштат Индонезија, наведувајќи дека добила нови информации околу закани против западњаците, по нападите во Бали. Министерот за надворешни работи Александер Даунер изјави дека "новите вознемирувачки ...

Полицијата испитува четири лица за нападот во Бали

А1 - 17.10.2002

Индонезиската полиција испитува четири лица осомничени за поврзаност со нападот на Бали, во кој изминатиот викенд загинаа над 180 лица, но засега никој не е уапсен, соопштија официјални претставници. Индонезискиот министер за политички работи и безбедност Сусило Бамбанг Јудојоно призна дека ...

Двајца Индонезијци осомничени за терористичкиот напад на Бали

Вест - 17.10.2002

ЏАКАРТА, 17 октомври (Ројтерс) - Двајца Индонезијци вчера биле официјално приведени како осомничени извршители на крвавите експлозии на Бали, во кои загинаа над 180 лица. "Да, се плашевме дека може да избегаат затоа мораше да бидат приведени.

Потврдена смртта на 33 Австралијци на Бали

Утрински - 17.10.2002

Австралиските власти соопштија КАМБЕРА - Австралиските власти вчера ја потврдија смртта на 33 австралиски државјани, по тешкиот бомбашки напад во Бали за време на викендот, додека дополнитени 140 лица сў уште се водат како исчезнати.

"Тајм" обвинет за ширење војна против исламот

Утрински - 17.10.2002

Индонезија ЏАКАРТА - Индонезискиот муслимански свештеник, поврзан со соседните држави со регионална мрежа осомничена за планирање на бомбашкиот напад во Бали, вчера изјави дека бомбите биле поставени од неверници кои се решени да почнат војна против исламот.

Бомбата на Бали ја финансирал Саудиец

Дневник - 17.10.2002

ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ВИНОВНИКОТ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА БАЛИ Неидентификуван државјанин на Саудиска Арабија и дал пари на индонезиската терористичка група Џема исламија да купат големо количество разорен експлозив "Ц-4" пред стравотната експлозија во ноќниот клуб на Бали, во која загинаа стотици луѓе, јави ...

Први докази за нападот во Бали

А1 - 16.10.2002

Индонезиската полиција уапси поранешен офицер на военото воздухопловство, кој признал дека ја изработил бомбата употребена во терористичкиот напад на Бали во саботата во кој загинаа над 180 лица, јавија денеска американските гласила.

Двајца Индонезијци под истрага за нападот во Бали

Вест - 16.10.2002

ЏАКАРТА, 16 октомври (Ројтерс) - Двајца Индонезијци се под истрага во врска со експлозиите што се случија во Бали во која загинаа реиси 200 лица. ЏАКАРТА, 16 октомври (Ројтерс) - Двајца Индонезијци се под истрага во врска со експлозиите што се случија во Бали во која загинаа реиси 200 лица.

Се враќаме од Бали, ни се скрши ќефот

Вест - 16.10.2002

БРАЧНАТА ДВОЈКА БИШЕВАЦ ГО ПРЕКИНА МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ НА РАЈСКИОТ ОСТРОВ Жарко и Боркица Бишевац чекаат слободен лет, затоа што аеродромите на Бали се пребукирани со испаничени туристи, а авионите се преполни со повредени По терористичкиот напад на Бали, единствените Македонци на овој индонезиски ...

Терор на зелената трансверзала

Утрински - 16.10.2002

Масакрот во Бали најавува радикализирање на конфесионалната различност во светот Димитар Чулев Три нешта, дефинитивно, (можат да) ќе се случат по минатонедлениот масакр во Бали - Индонезија во кои 200 лица загинаа во евидентен терористички напад кој, во еден поширок конекст гледано, може да го ...

САД, Австралија, Франција и Јапонија се вклучија во истрагата

Утрински - 16.10.2002

Индонезија под меѓународен притисок по нападот во Бали Индонезија се наоѓа под растечки меѓународен притисок за пронаоѓање на лицата кои стојат зад бомбашкиот напад во Бали за време на викендот, во кој беа убиени 183 луѓе. Полицијата спроведува интензивни испрашувања на двајца индонезиски државјани ...

Групата Џемаа исламија е виновна за убиството на 183 лица

Утрински - 16.10.2002

Австралија ги посочи виновниците за нападот во Бали КАМБЕРА - Австралија вчера соопшти дека групата Џемаа исламија од Југоисточна Азија, која е поврзана со Ал Каеда, а е осомничена за нападот во Бали во кој настрадаа 183 лица, би требало да биде ставена на листата на терористички организации од ...

Терористичките напади на Бали ја поскапеа нафтата

Утрински - 16.10.2002

На светските берзи ЛОНДОН- Цената на нафтата на пазарите во светот бележи зголемување поради претпоставката дека терористичките напади на индонезискиот остров Бали можат дополнително да ги охрабрат САД да го нападнат Ирак, како следен чекор во борбата против тероризмот.

За двојката Бишевац нема место ниту во "рајот", ниту во "Малезија ерлајнс"

Дневник - 16.10.2002

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ "ЗАГЛАВИЈА" НА БАЛИ На островот владееле хаос и страв, а аеродромот бил преполн со растревожени туристи, јавил Жарко, кој со Боркица таму е на свадбено патување Македонците, брачната двојка Боркица и Жарко Бишевац, се уште не можат да го напуштат рајскиот остров Бали, кој по ...

Полицијата трага по бомбашот во Бали

А1 - 15.10.2002

Индонезиската полиција е во потрага по човекот за кој се верува дека е клучен осомничен за бомбашкиот напад на островот Бали. Претставник на полицијата соопшти дека се истражуваат неколку траги во случајот Бали, вклучувајќи можни врски меѓу локалните групи и странски терористички мрежи.

Двајца Македонци го видоа пеколот на Бали

Вест - 15.10.2002

БРАЧНАТА ДВОЈКА БИШЕВАЦ НА СВАДБЕНО ПАТУВАЊЕ НА РАЈСКИОТ ОСТРОВ Жарко и Боркица Бишевац, новопечени младоженци од Скопје, кои Бали го избрале за свое свадбено патување, во моментот на терористичкиот напад биле на излет на некој вулкан, 20 километри оддалечени од дискотек Меѓу илјадниците странски ...

Ал Каеда осомничена за бомбашкиот напад на Бали

Вест - 15.10.2002

Индонезиската војска донесе ковчези за транспорт на жртвите БАЛИ, Индонезија, 15 октомври (Ројтерс) - Бомбашките напади во кои загинаа речиси 200 лица се дело на професионалци и го покажуваат присуството на мрежата на Ал аеда во Индонезија, соопшто вчера министерот за одбрана Матори Абдул Џалил.

Канбера најавува контраодговор

Утрински - 15.10.2002

Светот шокиран и гневен од нападот на индонезискиот остров Бали Неизвесна судбината на дополнителни двесте Австралијци Иследниците почнаа истрага околу експлозијата на бомба на индонезискиот остров Бали, што во саботата беше активирана во еден ноќен клуб, при што беа убиени 187 лица, а повредени ...

Дванаесет земји жалат за загинатите туристи, Индонезија жали за "смртта" на Бали

Дневник - 15.10.2002

ПО СТРАВОТНАТА ЕКСПЛОЗИЈА ШТО УБИ СТОТИЦИ ЛУЃЕ Ако повеќе не е безбедно на Бали, не е безбедно на кое било место во светот - изјави еден Индонезиец Додека 12 земји во светот жалат за нивните државјани што загинаа при страотната експлозија на индонезискиот остров Бали, локалните уметници и ...

Индонезија прифати странска помош во потрагата по напаѓачите

А1 - 14.10.2002

Индонезија е подготвена да прифати странска помош во потрага по сторителите на бомбашките напади на островот Бали, во кој во саботата загинаа најмалку 187 луѓе, а над 300 беа повредени. Властите се уште никого не обвинија за нападите.

187 загинаа во експлозија на Бали

Вест - 14.10.2002

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИНДОНЕЗИЈА Автомобил - бомба пред ноќен клуб уби најмалку 187 луѓе, а над 300 се повредени - најголем дел од жртвите се Австралијци и други странци БАЛИ (АП) - Во страотната експлозија на автомобил - бомба беше уништен еден ноќен клуб на туристичкиот остров Бали, Индонезија, а ...

Во бомбашки напад на Бали убиени се 182 лица

Утрински - 14.10.2002

По заканите за тероризам во Индонезија, најнаселената муслиманска држава во светот БАЛИ - Најмалку 182 лица, главно странски туристи, загинаа во бомбашките напади што се случија во саботата навечер во центарот на индонезискиот остров Бали, а многу тела сў уште се извлекуваат од под урнатините.

Бомбашки пекол на рајскиот остров Бали

Дневник - 14.10.2002

ОКОЛУ 200 ЖРТВИ НА СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА Моќна бомба уби речиси 200 луѓе прексиноќа на индонезискиот остров Бали, едно од најпривлечните места за туристи од целиот свет. Нападот е оценет како терористички акт и ги потврдува претпоставките дека групата Ал каеда на Осама бин Ладен се обидува да се вгнезди ...