TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се смрди во „Бачило“

Макфакс - 02.04.2006

(Дневник) – петок, 31.03.2006 Антикорупциската комисија бара Републичкиот судски совет да ги провери стручноста и совесноста на судиите што работеле на случајот Сомнително е дали воопшто имало гранатирање на бачилото, за кое државата плати 720.000 евра отштета и камати, сомнително е како е утврдена ...

Нема фотографии од убиени овци

Вест - 01.04.2006

СЛУЧАЈ БАЧИЛО Ако навистина за време на конфликтот 2001 година биле убиени 929 овци, над 30 коњи, тоа е една огромна маса мрши која би била голем еколошки и здравствен проблем за тој регион, вели претседателот на Антикорупциската Александар Маневски За случајот Бачило во кој Иснифарис Џемаили доби ...

Ниту фотографија, ниту збор од увидот во „Бачилото“

Време - 01.04.2006

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА СО ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ Ниту една фотографија како доказ не и беше доставена на Државната комисија за спречување на корупцијата за случајот „Бачило“, и покрај тоа што неколкупати баравме фотодокументација, рече вчера Михајло Маневски, претседател на антикорупциската ...

Судиите во процесот "Бачило" ставени на тапет

Утрински - 01.04.2006

Антикорупционерите бараат одговорност од Јавното правобранителство и од судиите за отштетата од 727.000 евра Маневски: Се е сомнително во случајот со обесштетувањето Жаклина Ѓорѓевиќ "Случајот Бачило" е сомнителен. Сомнителни се фактите за направената штета, вештачењата, постапките на судиите и на ...

Владата денеска со заклучоци за случајот „Бачило“

Макфакс - 01.04.2006

Скопје Владата денеска треба да го разгледа и да донесе заклучоци во врска со постапувањето на Јавно правобранителство. за случајот Бачило, при што ќе ги земе предвид заклучоците и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата како и на Врховниот суд.

Влада - „Бачило“ е организиран криминал!

Макфакс - 01.04.2006

Скопје Македонската Влада се сомнева дека исплатата на штета на лицето Иснифарис Џемаили е случај на корупција и организиран криминал. Ова е еден од заклучоците од седницата на Владата, која денеска ја разгледа Информацијата за исплатата на штета на Иснифарис Џемаили, како и препораките и ...

Јавната правобранителка да си оди

Вечер Прес - 01.04.2006

Јавната правобранителка Зоја Лега Станојевска да си поднесе неотповиклива оставка, побара вчера ВМРО-Народна партија. Јавната правобранителка, пак, вели дека нема намера да се повлече од функцијата. Смета дека постапувала согласно со Законите и овластувањата.

Антикорупциска: Никој не ги видел убиените овци

А1 - 31.03.2006

Антикорупциската комисија открива нови детали за овците на Џемаили од Камењане. Немало фотодокументација. Никој не ги видел убиените овци. Се било сомнително во овој случај, од тоа дали бачилото е гранатирано, до огромната камата од 300.000 евра.

Во „Бачилото“ најмногу „смрдат“ судиите

Време - 31.03.2006

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА БАРА ДА СЕ РАСВЕТЛИ ТАЈНАТА ЗА АСТРОНОМСКАТА ОТШТЕТА Мери Јордановска Антикорупциската комисија бара да се преиспита случајот „Бачило“ и Републичкиот судски совет да ја стави под лупа работата на судиите што ја воделе постапката.

Антикорупционерите да направат увид во "случајот Бачило"

Утрински - 31.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ со барање да се расчисти аферата ВМРО-ДПМНЕ вчера ја повика Антикорупциската комисија да го исполни ветувањето и до крајот на неделава да побара увид во сите документи за “случајот Бачило" и задолжително да преземе мерки и против државните функционери инволвирани во тој случај.

За Правобранителството се е докажано, за антикорупциската нема докази за ништо

Дневник - 31.03.2006

Антикорупциската дури се сомнева дали воопшто се случил таков инцидент, во кој биле убиени околу 900 овци Јавното правобранителство тврди дека се во случајот „Бачило“ е поткрепено со докази. Антикорупциската комисија завчера побара одговорност од судиите и ја оспори речиси целата постапка, во која ...

Се смрди во „Бачило“

Дневник - 31.03.2006

Антикорупциската комисија бара Републичкиот судски совет да ги провери стручноста и совесноста на судиите што работеле на случајот Сомнително е дали воопшто имало гранатирање на бачилото, за кое државата плати 720.000 евра отштета и камати, сомнително е како е утврдена висината на штетата, а ...

Антикорупциската комисија изрази сомневање за случајот “Бачило”

Канал5 - 31.03.2006

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ја заврши расправата во врска со случајот “Бачило”, за исплата на штета на лицето Иснифарис Џемаили. Скопје, 30 март (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ја заврши расправата во врска со ...

Антикорупционерите со сомнежи кон случајот „Бачило“-СДСМ бара оставка на претседателот на Комисијата

Канал5 - 31.03.2006

Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска побара оставка од претседателот на Комисијата за спречување на корупцијата Михајло Маневски, поради наводно избегнување на законската обврска на Комисијата да провери дали имотот на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е стакнат од пријавени ...

Антикорупциска се сомнева во вистината за бачилото на Џемаили

А1 - 30.03.2006

Фамозно бачило. Антикорупциската комисија се сомнева во вистината за убиените овци на Иснифарис Џемаили. Бара одговорност од институциите за најскапото стадо кое државата ја чинеше 727.000 евра. Се сомнева дека бачилото е гранатирано. Прва на удар е Јавната правобранителка, Зоја Лега-Станоевска.

Кисело вино

Дневник - 29.03.2006

Ова е кисело комуњарско вино, сервирано во демократски, ама пластични чаши! Се чудам како Европа поднесува вакви лаги и како не и е здодевно да повторува папагалски: чесни избори, па чесни избори?! Како може да се спроведат чесни избори врз нечесни премиси?! На чесен и разбран човек, ако уште при ...

“Пресуда” за Бачило

Вечер Прес - 29.03.2006

Антикорупционерите се пред финалниот заклучок за случајот “Бачило”. Тие најавуваат дека на утрешната седница тие ќе го донесат својот конечен став, по што ќе побараат одредени институции да преземат мерки. “Раговаравме за “Бачило”, дебатиравме долго време и мислам дека деведесет отсто од заклучокот ...

Прчевски не гледа пропусти во случајот „бачило“

А1 - 28.03.2006

По Премиерот и правобранителката и Јавниот обвинител не гледа пропусти во случајот „бачило“. И Прчевски се правда: се било чисто од негова страна. Не одговори зошто Обвинителството така лесно дозволило на Иснифарис Џемаили државата да му даде 727.000 евра.

Антикорупциската го затвора случајот „Бачило“

Дневник - 28.03.2006

Сопственикот на бачилото Иснифарис Џемаили во 1998 година бил кандидат за пратеник на Демократска алтернатива Државната комисија за спречување корупција до крајот на неделава ќе го расчисти случајот „Бачило“, во кој државата исплати повеќе од 720 илјади евра отштета и камати за бачило гранатирано ...

Парите за овците всушност се отштета за ОНА

Време - 27.03.2006

ТМРО Отштетата за убиените овци во воениот судир 2001 година всушност е договор на државните воени органи со ДУИ за исплата на поранешните припадници на ОНА. Ова вчера го соопшти партијата ТМРО, каде што велат дека скандалозниот износ од 727 илјади евра за сопственикот на бачилото, Џемаили ...

Парите од „Бачило“ за припадниците на ОНА

Дневник - 27.03.2006

Власта на нелегален начин врши исплата на пензиите за поранешните припадници на ОНА преку 727.000 евра наменети за отштета на овчарот Џемаили Иснифарис, обвини вчера ТМРО. - ТМРО од свои извори дознава дека власта, настојувајќи да му се додвори на албанскиот политички фактор, врши нелегална исплата ...

Пензии за ОНА со парите од “Бачило”

Вечер Прес - 27.03.2006

Исплатата на отштетата за случајот “Бачило” е политички договор помеѓу владејачките партии СДСМ и ДУИ, а парите ќе се искористат за пензии на поранешните припадниците на ОНА, обвинува партијата ТМРО. Во СДСМ не сакаа да ги коментираат обвинувањата на ТМРО, а во ДУИ молк - никој не одговараше на ...