TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СЦГ подготвила предлог резолуција за Косово

А1 - 27.03.2004

Државната заедница на Србија и Црна Гора подготвила предлог резолуција за Косово и Метохија која ќе ја понуди на усвојување во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации(ОН) - изјави синоќа шефот на дипломатијата Горан Свилановиќ.

„Фајненшел тајмс“: Можни се нови насилства на Косово

А1 - 27.03.2004

Владите на земјите од Европската унија ќе мора повторно да се фокусираат на Балканот, или во спротивно на Косово ќе експлодираат нови етнички судири, им порача на лидерите на Унијата високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана.

Приштина ќе плати за запалените српски куќи

Време - 27.03.2004

ЕУ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПЛАЌА ЗА ОБНОВА Европската Унија нема да плати за обнова на запалените српски куќи и за уништените цркви и манастири. Тоа ќе мора да го плати косовската влада - порачал еврокомесарот Кристофер Патен, кој заедно со комесарот Хавиер Солана го посети Косово.

Српскиот парламент со декларација за Косово како нераздвоен дел на Србија

Вест - 27.03.2004

БЕЛГРАД, 27 март, (Ројтерс) - Српските парламентраци вчера ја усвоија декларацијата во која Косово се дефинира како "нераздвоен" дел од Србија и предупредува дека не смеат да се менуваат границите кога ќе се одлучува за конечниот статус на покраината.

Две бригади на Ал каеда дејствуваат на Косово

Дневник - 27.03.2004

КОСОВСКИТЕ СРБИ ТВРДАТ Екстремно насилното однесување на Албанците за време на најновото етничко чистење на Србите во Косово покажува дека во покраината постои разгранок на Ал Каеда, изјави претседателот на Српскиот национален совет за северно Косово, Милан Ивановиќ, јави МИА.

Припадници на поранешната ОВК планираат нови протести

А1 - 26.03.2004

Неколку здруженија на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) денеска објавија дека подготвуваат одржување на мирни протести низ целата територија на Косово, јавија албанските гласила. Претставници на овие групи ја обвинија цивилната администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК) за ...

Солана го предупредил Реџепи: Кога ќе апсиме, не скокајте

Време - 26.03.2004

ПОРАКА НА ЕВРОКОМЕСАРОТ Еврокомесарот Хавиер Солана, кој завчера го посети Косово, вети дека западните разузнавачки служби ќе ги фатат организаторите на минатонеделните напади врз косовските Срби. - Кога ќе почнеме да ги апсиме виновниците за злосторствата, не скокајте во нивна одбрана, да барате ...

Азем Власи: Србија да се кантонизира, а не Косово

Време - 26.03.2004

Поранешниот водач на косовските Албанци Азем Власи го осуди српскиот план за кантонизирање на Косово и предложи „Србија да се кантонизира“. - Кантонизација на Косово ќе доведе до натамошна изолација на косовските Срби и до нови фрустрации на Албанците, кои кантонизацијата ќе ја сфатат како ...

ЕУ: Насилството ќе го одложи решението за статусот на Косово

Вест - 26.03.2004

БРИСЕЛ, 26 март, (АП) - Насилството што минатата недела се случи на Косово ги намали надежите да се утврди финалниот статус на покраината, соопшти вчера шефот за надворешна политика на Европската унија Хаивер Солана. Претставници на западните влади сметаат дека крвопролевањето во кое загинаа ...

Независноста на Косово е неприфатлива за Балканот

Дневник - 26.03.2004

СТРАТФОР Независност за цело Косово е неприфатливо за Србија и за другите земји во регионот, вклучувајќи ги и Македонија и Грција. Поделбата на Косово по етничка линија, пак, би претставувало опасен преседан, кој би загрижил многу држави од централна и источна Европа, се истакнува во извештајот на ...

Анан: „Не може да се толерира насилството на Косово“

А1 - 25.03.2004

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан синоќа го осуди нападот врз полицајците на ОН на Косово, истакнувајќи дека „сегашното насилство и нестабилноста на Косово не можат да се толерираат“. Анан изјави дека за убиството на двајцата полицајци кај Подуево, еден припадник на УНМИК од Гана ...

Србите го пцуеја Солана, тој го осуди насилството на Албанците на Косово

Вест - 25.03.2004

ПРИШТИНА, 25 март, (АП) - Толпа разгневени Срби вчера го пцуеја и посочуваа со прст на високиот претставник на надворешната политика на Европската унија Хавиер Солана додека беше во обиколка на местата погодени во минатонеделните етнички судири на Косово.

Апел за воздржаност на годишнината од нападите на НАТО

Време - 25.03.2004

УНМИК И КФОР АПЕЛИРААТ ДО КОСОВЦИТЕ КФОР и УНМИК вчера апелираа до жителите на Косово да не прават инциденти при одбележувањето на петгодишнината од нападите на НАТО врз Косово. - Ја разбираме потребата за јавни собири, но тие мора да бидат мирни - пишува во соопштението на КФОР и на УНМИК, кое го ...

Коштуница повеќе не бара кантонизација

Време - 25.03.2004

ПО РАЗГОВОРИТЕ ВО БРИСЕЛ Српскиот премиер Воислав Коштуница по завчерашната блиц-посета на Брисел и Париз престана да зборува за кантонизација и поделба на Косово и сега бара децентрализација на покраината. Коштуница се сретна со еврокомесарите Романо Проди и Хавиер Солана, како и со генералниот ...

Да се обезбеди заштита за Србите на Косово

Време - 25.03.2004

БИСЕРКА МАТИЌ-СПАСОЈЕВИЌ, АМБАСАДОРКА НА СЦГ ВО МАКЕДОНИЈА Србија и Црна Гора не бара поделба на Косово или менување на границите, туку бара почитување на меѓународните норми, изјави Бисерка Матиќ-Спасојевиќ, амбасадорка на СЦГ во Македонија, на прес-конференција во Скопје.

Настаните во Косово уште еден негативен поен за Балканот

Утрински - 25.03.2004

Прес-конференција во амбасадата на Србија и Црна Гора Мартовските настани во Косово испратија уште една загрижувачка порака за Балканот кој не се помрдна од квалификацијата буре барут, но добро е што пропадна сфаќањето за таканаречената рамнотежа на злото, според која постојат две страни на ...

Убиени полицаец на ОН и локален полицаец

Утрински - 25.03.2004

Ново насилство во Косово: крвава заседа во близината на Приштина ПРИШТИНА - Локалната полиција и ОН соопштуваат дека еден полицаец на ОН и еден локален полицаец се убиени во Косово. Двајцата биле застрелани во нивното возило со ознаките на ОН во селото Лужане, северно од Приштина, изјави ...

Белград бара гаранција за безбедноста на Србите

Дневник - 25.03.2004

АМБАСАДА НА СЦГ ВО СКОПЈЕ Матиќ потсети дека границата на Македонија со Косово не е докрај затворена поради конфигурацијата на теренот Србија и Црна Гора (СЦГ) ја повикува меѓународната заедница да ја преземе одговорноста за Косово и да ги заштити српското и другото неалбанско население во ...

Коштуница ја шири во ЕУформулата за кантонизација

Дневник - 25.03.2004

РЕАКЦИИ ПО НАСИЛСТВАТА НА КОСОВО Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера во Брисел го претстави својот план за кантонизација на Косово и објасни дека таквата форма на децентрализација ќе обезбеди демократија и заштита на човековите права во провинцијата, јави МИА.

Охридски договор и за Косово?

Дневник - 25.03.2004

ПРЕДЛОГ НА ЕУ Косовското прашање може да се решава според македонскиот модел - му одговорија функционерите во Брисел на српскиот премиер Воислав Коштуница, кој пред ЕУ го промовираше својот план за кантонизација на Косово. Европскиот комесар Хавиер Солана, на српскиот премиер му рекол дека ...

Амбасадата на СЦГ ги обвини косовските Албанци за етничко чистење

А1 - 24.03.2004

Амбасадата на Србија и Црна Гора една недела по последните немири на Косово ги обвини косовските Албанци дека вршат етничко чистење врз српското и неалбанското население. Амбасадорката Бисерка Матиќ побара од меѓународната заедница, која е одговорна за Косово да ја преиспита својата политика и ...

ЕНП го предлага Хавиер Солана за министер за надворешни работи на ЕУ

А1 - 24.03.2004

Европската народна партија го предлага актуелниот висок претстваник за заедничка надворешна и безбедносна полтика на ЕУ Хавиер Солана за местото министер за надворешни работи на Унијата, функција чие воведување е предвидено со Уставот на ЕУ.

Коштуница го критикува НАТО дека не ги штити Србите на Косово

Вест - 24.03.2004

БРИСЕЛ, 24 март, (Ројтерс) - Премиерот на Србија вчера рече дека е уверен оти неговата земја сака забрзано да се доближи до Европа и покрај тензиите со ЕУ и НАТО поради Косово и потерата по осомничените воени криминалци. "Европа е патот по кој се движиме, и наша иднина токму поради историската и ...

Шансите за соживот во Косово сега ги нема

Утрински - 24.03.2004

Марек Антони Новицки, омбудсман на меѓународната заедница во Косово Од нашиот дописник Ришард Билски ВАРШАВА - Господине Новицки, вие сте задолжен од меѓународната заедница да ги штитите човековите права во Косово. Зошто дојде до нова косовска експлозија? Дали ова значи крај на шансите за ...

Албанците ја загубија довербата од меѓународната заедница

Утрински - 24.03.2004

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, го посети Косово ПРИШТИНА - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ги обвини екстремистичките етнички албански фракции за минатонеделното насилство во Косово. Во изјавата што ја даде во Приштина, тој истакна дека нападите во кои загинаа 28 ...

Солана го поздрави аплицирањето на Македонија во ЕУ

Утрински - 24.03.2004

Одгласи од Брисел по поднесувањето на апликацијата Брисел - Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана, го поздрави предавањето на апликацијата на Македонија за членство во Унијата.

За протекторатот ќе се бара побрзо решение

Утрински - 24.03.2004

Запад ја отвори расправата за идниот статус на Косово Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Малку подзаборавено и оставено зад тековните проблеми и распалените политички страсти врзани за Ирак и за "војната со тероризмот", Косово со најновите настани и насилствата што предизвикаа смрт на ...

Косово според австриски модел

Дневник - 24.03.2004

ТАЕН ПЛАН ЗА КОСОВСКАТА КРИЗА Се разгледува можноста Косово да добие независност без право да се обединува со Албанија или со делови од други земји Соседите на Косово работат на таен план според кој српската провинција ќе се уреди според моделот на Австрија по Втората светска војна, тврди ...

Почеток на долго и тешко патување до ЕУ

Дневник - 24.03.2004

по АПЛИКАЦИЈАта во даблин Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија Хавиер Солана го поздрави предавањето на апликацијата на Македонија за членство во Унијата. >?Го поздравувам чинот на предавањето на апликацијата за членство во ЕУ.

Информативна Група Џејнс: Таен план за Косово по урнек на „Австрискиот модел“

А1 - 23.03.2004

„Косово, оспорениот регион во Србија, се соочува со несигурна иднина. Потребен е договор околу неговиот конечен статус. Неговите соседи, вклучувајќи ја и Албанија, работат на таен план. Но, дали тој план ќе успее?“, наведува меѓународната Информативна Група Џејнс во анализата за Косово.

Руски историчар тврди дека не се исполнува резолуцијата 1244 за Косово

А1 - 23.03.2004

Сегашната ситуација на Косово е идентична на онаа од пред 5 години, бидејќи не е исполнета ниту една одредба од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, оцени соработникот на Институтот за славистика на Руската академија на науките, историчарот Петар Искендеров.

Насилството не ја уништи каузата за независност на Косово

Утрински - 23.03.2004

Додека во протекторатот вчера се одржа ден на жалост за загинатите ПРИШТИНА - Косово вчера одржа ден на жалост за 28-те жртви што загинаа во минатонеделното насилство меѓу етничките Албанци и Србите во покраината. Напнатоста сў уште трае, а генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, пристигна ...

Експерт на ЕУ: „Независноста на Косово би довела до негова поделба“

А1 - 22.03.2004

„Независноста на Косово би довела до поделба на покраината“, смета Фридхелм Фришеншлагер, експерт од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тој оценува дека со независноста на Косово северниот дел на покраината би припаднал на Србија, што голем дел од Албанците не би прифатиле.

Студентите во Тирана бараа независно Косово

Време - 22.03.2004

Во албанскиот главен град Тирана во петокот и во саботата се одржале студентски и опозициски демонстрации, на кои демонстрантите побарале Косово да добие независност. - Протестираме во знак на солидарност со нашите браќа на Косово, бидејќи српското насилство продолжува.

Косово ги брои мртвите

Време - 22.03.2004

. ПО „ВАРТОЛОМЕЈСКАТА НОЌ“ ЗА КОСОВСКИТЕ СРБИ УНМИК соопшти дека 3.600 жители на Косово, главно етнички Срби, се избркани од своите домови по трите дена организирано насилство на Албанците од оваа српска провинција. Две третини од нив побегнале во потесна Србија или во релативно безбедните српски ...

Косово остана мирно по погребот на двете албански момчиња

Вест - 22.03.2004

ЧАБРА, 22 март, (Ројтерс) - Косово се извлече од најкритичниот момент по воспоставувањето мир за време на викендот откако погребот на двете амбански момчиња заврши тивко и без инцидент во присуство на неколку илјади ужалени граѓани.

Насилствата протераа уште 3.600 Срби

Утрински - 22.03.2004

Според податоците на УНМИК во немирите на Косово загинаа 24 лица а 851 беа ранети Демолирани и запалени 30 православни цркви и манастири ПриШтина - Загинати 24 лица и 851 повредени, од кои 22 се во тешка здравствена состојба, е билансот од повеќедневното насилство на Косово, објавен во последниот ...

Косово мирно, светот лут на албанските лидери

Дневник - 22.03.2004

ПО НЕКОЛКУДНЕВНИТЕ НЕРЕДИ Меѓународната заедница се поостро ги осудува албанските политичари на Косово за новиот бран етничко чистење на покраината Хаосот на Косово стивнува. Во изминативе два дена не се регистрирани нови судири иако состојбата и понатаму е напната.

Вистината за Косово се проби

Дневник - 22.03.2004

Коментар - Тодор Пендаров Последните крвави настани на Косово, 29 мртви и повеќе од 600 ранети, покажуваат дека меѓународната заедница, која според резолуцијата 1244 е одговорна за мирот во покраината, не успева во своите намери.