Државната заедница на Србија и Црна Гора подготвила предлог резолуција за Косово и Метохија која ќе ја понуди на усвојување во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации(ОН) - изјави синоќа шефот на дипломатијата Горан Свилановиќ.
Владите на земјите од Европската унија ќе мора повторно да се фокусираат на Балканот, или во спротивно на Косово ќе експлодираат нови етнички судири, им порача на лидерите на Унијата високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана.
ЕУ ВЕЌЕ НЕМА ДА ПЛАЌА ЗА ОБНОВА Европската Унија нема да плати за обнова на запалените српски куќи и за уништените цркви и манастири. Тоа ќе мора да го плати косовската влада - порачал еврокомесарот Кристофер Патен, кој заедно со комесарот Хавиер Солана го посети Косово.
БЕЛГРАД, 27 март, (Ројтерс) - Српските парламентраци вчера ја усвоија декларацијата во која Косово се дефинира како "нераздвоен" дел од Србија и предупредува дека не смеат да се менуваат границите кога ќе се одлучува за конечниот статус на покраината.
КОСОВСКИТЕ СРБИ ТВРДАТ Екстремно насилното однесување на Албанците за време на најновото етничко чистење на Србите во Косово покажува дека во покраината постои разгранок на Ал Каеда, изјави претседателот на Српскиот национален совет за северно Косово, Милан Ивановиќ, јави МИА.
Неколку здруженија на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) денеска објавија дека подготвуваат одржување на мирни протести низ целата територија на Косово, јавија албанските гласила. Претставници на овие групи ја обвинија цивилната администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК) за ...
ПОРАКА НА ЕВРОКОМЕСАРОТ Еврокомесарот Хавиер Солана, кој завчера го посети Косово, вети дека западните разузнавачки служби ќе ги фатат организаторите на минатонеделните напади врз косовските Срби. - Кога ќе почнеме да ги апсиме виновниците за злосторствата, не скокајте во нивна одбрана, да барате ...
Поранешниот водач на косовските Албанци Азем Власи го осуди српскиот план за кантонизирање на Косово и предложи „Србија да се кантонизира“. - Кантонизација на Косово ќе доведе до натамошна изолација на косовските Срби и до нови фрустрации на Албанците, кои кантонизацијата ќе ја сфатат како ...
БРИСЕЛ, 26 март, (АП) - Насилството што минатата недела се случи на Косово ги намали надежите да се утврди финалниот статус на покраината, соопшти вчера шефот за надворешна политика на Европската унија Хаивер Солана. Претставници на западните влади сметаат дека крвопролевањето во кое загинаа ...
СТРАТФОР Независност за цело Косово е неприфатливо за Србија и за другите земји во регионот, вклучувајќи ги и Македонија и Грција. Поделбата на Косово по етничка линија, пак, би претставувало опасен преседан, кој би загрижил многу држави од централна и источна Европа, се истакнува во извештајот на ...
Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан синоќа го осуди нападот врз полицајците на ОН на Косово, истакнувајќи дека „сегашното насилство и нестабилноста на Косово не можат да се толерираат“. Анан изјави дека за убиството на двајцата полицајци кај Подуево, еден припадник на УНМИК од Гана ...
ПРИШТИНА, 25 март, (АП) - Толпа разгневени Срби вчера го пцуеја и посочуваа со прст на високиот претставник на надворешната политика на Европската унија Хавиер Солана додека беше во обиколка на местата погодени во минатонеделните етнички судири на Косово.
УНМИК И КФОР АПЕЛИРААТ ДО КОСОВЦИТЕ КФОР и УНМИК вчера апелираа до жителите на Косово да не прават инциденти при одбележувањето на петгодишнината од нападите на НАТО врз Косово. - Ја разбираме потребата за јавни собири, но тие мора да бидат мирни - пишува во соопштението на КФОР и на УНМИК, кое го ...
ПО РАЗГОВОРИТЕ ВО БРИСЕЛ Српскиот премиер Воислав Коштуница по завчерашната блиц-посета на Брисел и Париз престана да зборува за кантонизација и поделба на Косово и сега бара децентрализација на покраината. Коштуница се сретна со еврокомесарите Романо Проди и Хавиер Солана, како и со генералниот ...
БИСЕРКА МАТИЌ-СПАСОЈЕВИЌ, АМБАСАДОРКА НА СЦГ ВО МАКЕДОНИЈА Србија и Црна Гора не бара поделба на Косово или менување на границите, туку бара почитување на меѓународните норми, изјави Бисерка Матиќ-Спасојевиќ, амбасадорка на СЦГ во Македонија, на прес-конференција во Скопје.
Прес-конференција во амбасадата на Србија и Црна Гора Мартовските настани во Косово испратија уште една загрижувачка порака за Балканот кој не се помрдна од квалификацијата буре барут, но добро е што пропадна сфаќањето за таканаречената рамнотежа на злото, според која постојат две страни на ...
Ново насилство во Косово: крвава заседа во близината на Приштина ПРИШТИНА - Локалната полиција и ОН соопштуваат дека еден полицаец на ОН и еден локален полицаец се убиени во Косово. Двајцата биле застрелани во нивното возило со ознаките на ОН во селото Лужане, северно од Приштина, изјави ...
АМБАСАДА НА СЦГ ВО СКОПЈЕ Матиќ потсети дека границата на Македонија со Косово не е докрај затворена поради конфигурацијата на теренот Србија и Црна Гора (СЦГ) ја повикува меѓународната заедница да ја преземе одговорноста за Косово и да ги заштити српското и другото неалбанско население во ...
РЕАКЦИИ ПО НАСИЛСТВАТА НА КОСОВО Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера во Брисел го претстави својот план за кантонизација на Косово и објасни дека таквата форма на децентрализација ќе обезбеди демократија и заштита на човековите права во провинцијата, јави МИА.
ПРЕДЛОГ НА ЕУ Косовското прашање може да се решава според македонскиот модел - му одговорија функционерите во Брисел на српскиот премиер Воислав Коштуница, кој пред ЕУ го промовираше својот план за кантонизација на Косово. Европскиот комесар Хавиер Солана, на српскиот премиер му рекол дека ...
Амбасадата на Србија и Црна Гора една недела по последните немири на Косово ги обвини косовските Албанци дека вршат етничко чистење врз српското и неалбанското население. Амбасадорката Бисерка Матиќ побара од меѓународната заедница, која е одговорна за Косово да ја преиспита својата политика и ...
Европската народна партија го предлага актуелниот висок претстваник за заедничка надворешна и безбедносна полтика на ЕУ Хавиер Солана за местото министер за надворешни работи на Унијата, функција чие воведување е предвидено со Уставот на ЕУ.
БРИСЕЛ, 24 март, (Ројтерс) - Премиерот на Србија вчера рече дека е уверен оти неговата земја сака забрзано да се доближи до Европа и покрај тензиите со ЕУ и НАТО поради Косово и потерата по осомничените воени криминалци. "Европа е патот по кој се движиме, и наша иднина токму поради историската и ...
Марек Антони Новицки, омбудсман на меѓународната заедница во Косово Од нашиот дописник Ришард Билски ВАРШАВА - Господине Новицки, вие сте задолжен од меѓународната заедница да ги штитите човековите права во Косово. Зошто дојде до нова косовска експлозија? Дали ова значи крај на шансите за ...
Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, го посети Косово ПРИШТИНА - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ги обвини екстремистичките етнички албански фракции за минатонеделното насилство во Косово. Во изјавата што ја даде во Приштина, тој истакна дека нападите во кои загинаа 28 ...
Одгласи од Брисел по поднесувањето на апликацијата Брисел - Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана, го поздрави предавањето на апликацијата на Македонија за членство во Унијата.
Запад ја отвори расправата за идниот статус на Косово Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Малку подзаборавено и оставено зад тековните проблеми и распалените политички страсти врзани за Ирак и за "војната со тероризмот", Косово со најновите настани и насилствата што предизвикаа смрт на ...
ТАЕН ПЛАН ЗА КОСОВСКАТА КРИЗА Се разгледува можноста Косово да добие независност без право да се обединува со Албанија или со делови од други земји Соседите на Косово работат на таен план според кој српската провинција ќе се уреди според моделот на Австрија по Втората светска војна, тврди ...
по АПЛИКАЦИЈАта во даблин Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија Хавиер Солана го поздрави предавањето на апликацијата на Македонија за членство во Унијата. >?Го поздравувам чинот на предавањето на апликацијата за членство во ЕУ.
„Косово, оспорениот регион во Србија, се соочува со несигурна иднина. Потребен е договор околу неговиот конечен статус. Неговите соседи, вклучувајќи ја и Албанија, работат на таен план. Но, дали тој план ќе успее?“, наведува меѓународната Информативна Група Џејнс во анализата за Косово.
Сегашната ситуација на Косово е идентична на онаа од пред 5 години, бидејќи не е исполнета ниту една одредба од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, оцени соработникот на Институтот за славистика на Руската академија на науките, историчарот Петар Искендеров.
Додека во протекторатот вчера се одржа ден на жалост за загинатите ПРИШТИНА - Косово вчера одржа ден на жалост за 28-те жртви што загинаа во минатонеделното насилство меѓу етничките Албанци и Србите во покраината. Напнатоста сў уште трае, а генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, пристигна ...
„Независноста на Косово би довела до поделба на покраината“, смета Фридхелм Фришеншлагер, експерт од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тој оценува дека со независноста на Косово северниот дел на покраината би припаднал на Србија, што голем дел од Албанците не би прифатиле.
Во албанскиот главен град Тирана во петокот и во саботата се одржале студентски и опозициски демонстрации, на кои демонстрантите побарале Косово да добие независност. - Протестираме во знак на солидарност со нашите браќа на Косово, бидејќи српското насилство продолжува.
. ПО „ВАРТОЛОМЕЈСКАТА НОЌ“ ЗА КОСОВСКИТЕ СРБИ УНМИК соопшти дека 3.600 жители на Косово, главно етнички Срби, се избркани од своите домови по трите дена организирано насилство на Албанците од оваа српска провинција. Две третини од нив побегнале во потесна Србија или во релативно безбедните српски ...
ЧАБРА, 22 март, (Ројтерс) - Косово се извлече од најкритичниот момент по воспоставувањето мир за време на викендот откако погребот на двете амбански момчиња заврши тивко и без инцидент во присуство на неколку илјади ужалени граѓани.
Според податоците на УНМИК во немирите на Косово загинаа 24 лица а 851 беа ранети Демолирани и запалени 30 православни цркви и манастири ПриШтина - Загинати 24 лица и 851 повредени, од кои 22 се во тешка здравствена состојба, е билансот од повеќедневното насилство на Косово, објавен во последниот ...
ПО НЕКОЛКУДНЕВНИТЕ НЕРЕДИ Меѓународната заедница се поостро ги осудува албанските политичари на Косово за новиот бран етничко чистење на покраината Хаосот на Косово стивнува. Во изминативе два дена не се регистрирани нови судири иако состојбата и понатаму е напната.
Коментар - Тодор Пендаров Последните крвави настани на Косово, 29 мртви и повеќе од 600 ранети, покажуваат дека меѓународната заедница, која според резолуцијата 1244 е одговорна за мирот во покраината, не успева во своите намери.