TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Конвој за Лешок за прослава на Голема Богородица

А1 - 26.08.2001

Конвој на автобуси и возила ќе биде организиран за Лешочкиот манастир на 28 -ми август по повод прославата на празникот Голема Богородица, соопшти Координативното тело на Владата за справување со кризи. Во конвојот ќе има најмалку 20 автобуси, а другите детали ќе бидат дополнително соопштени.

Да ја прославиме Голема Богородица во Лешок!

Дневник - 25.08.2001

ИНИЦИЈАТИВА НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО И НА "ДНЕВНИК" Во вторник, 28 август, конвој што го организира владиното Координативно тело за кризи, во кој ќе има и 5 автобуси што ги обезбеди "Дневник", ќе појде во Лешок да го прослави големиот празник Во вторник, 28 август, претпладне, на празникот Успение ...

Европа треба да го прими повикот за "Св.Атанасие"

Вест - 24.08.2001

ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИТЕ По повод уривањето на црквата "Св. Атанасие" во тетовското село Лешок од страна на албанските терористи, претседалот на Друштвото на пистелите, Веле Смилевски испрати соопштение до јавноста во кое се вели: "Црквата "Св.

Лешочката црква-отворена рана на Европа

Дневник - 24.08.2001

дпм Црквата "Свети Атанасие" во Лешок сега е отворена рана на Европа. Разурнатиот религиски и културен споменик ги испраќа последните предупредување и повик до светската јавност за разум и праведност, се вели во соопштението на Друштвото на писателите на Македонија, по повод уривањето на храмот од ...

Од терористите не куртулија ниту црквите ниту џамиите

Дневник - 24.08.2001

ВАНДАЛИЗАМ ВРЗ СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА Штетата направена врз културното наследство е непроценлива, но во Министерството за култура најавува дека урнатите споменици ќе бидат повторно изградени Безбедноста на вкупно пет објекти-споменици на културата во земјава е директно загрозена бидејќи се ...

Семејството Христови ќе пешачи од Струмица до Лешок!

Дневник - 24.08.2001

ХРАБРО ХОДОЧАСТИЕ ДО УРНАТИОТ МАНАСТИР Струмичанецот Мирко Христов, заедно со ќерката Олимпија (13), синот Стефан (7) и сопругата Гордана Сребреновска вчера околу 14 часот пеш од Струмица тргнаа кон Лешочкиот манастир. Тој и неговото семејство планираат во Лешок да пристигнат на 28 август, на ...

ОНА негира дека го минирала лешочкиот манастир

А1 - 23.08.2001

Командант на таканаречената ОНА ги отфрли обвинувањата дека е одговорна за уривањето на црквата „Свети Атанасиј“ од комплексот на Лешочкиот манастир во близина на Тетово. "Се уште немам прецизни информации за тоа како е разурнат Лешочкиот манастир.

ЕУ го осуди вандалскиот чин во Лешок

А1 - 23.08.2001

Претседателството на Европската Унија е длабоко шокирано од вандалскиот чин на уривање на црквата "Свети Атанасиј" во манастирот Лешок, црква која е симбол на културното наследство на сите граѓани на Македонија. Оваа оценка е содржана во соопштението на австриската амбасада во Скопје, која ја ...

"Св.АТанасие" ќе биде реконструиран, кога ќе може

Вест - 23.08.2001

Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата веќе го оформи досието со целокупната фото и техничка документација на црквата "Св. Атанасие" во Лешок и ја информира јавноста дека споменикот ќе биде комплетно реконструиран. Кога за тоа ќе се создадат услови.

Минирањето на "Св.Атанасиј" чин на верска омраза

Вест - 23.08.2001

МАКЕДОНСКИ ПЕН ЦЕНТАР И Македонскиот ПЕН центар (Светска асоцијација на писатели) реагира искажувајќи ја својата згрозеност од вандалскиот чин на албанските терористи на уништивањето на црквата "Св.Атанасиј" во манастирскиот компелс во Лешок.

Хаг се заинтересира за Лешок

Дневник - 23.08.2001

трибунал Истражните органи на Хашкиот трибунал за воените злосторства е запознаен со случајот на уривање на црквата "Свети Атанасиј" во Лешок. Канцеларијата на Трибуналот во Скопје за тоа веднаш ја информирала својата централа во Хаг, така што може да се очекува понатамошно следење на овој случај.

Жестока осуда на антицивилизацискиот вандалски чин на терористите во Лешок

Дневник - 23.08.2001

МАКЕДОНСКИ ПЕН-ЦЕНТАР Македонскиот ПЕН-центар жестоко го осуди вандалскиот чин извршен од албанските терористи - уништувањето на црквата "Св. Атанасие" во Лешочкиот манастирски комплекс. "Овој вандалски чин, и сличните на него извршени досега, докрај ги разобличува и целите и самите извршители, ...

Истрагата ниту вчера не изврши увид во Лешочкиот манастир

Дневник - 23.08.2001

ПО МИНИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА "СВЕТИ АТАНАСИЈ" Истражните екипи ниту вчера не успеаја да извршат увид во манастирскиот комплекс во Лешок, каде што е минирана црквата "Свети Атанасиј" за да соберат докази со кои би се откриле сторителите на овој вандалски чин.

Бугарија смета дека Лешок е нејзин

А1 - 22.08.2001

"Терористите разурнаа бугарско светилиште" е наслов на првата страница на најтиражниот софиски весник "Труд" известувајќи за вчерашниот злостор на албанските терористи кои ја разурнаа црквата "Свети Атанасиј" во Лешочкиот манастир.

Реакции за разрушување на црквата во Лешок

А1 - 22.08.2001

За македонскиот претседател Трајковски минирањето на црквата во Лешок е потврда за “двојниот морал на терористичките банди кои декларативно зборуваат за мир, а во суштина војуваат.“ И според првиот човек на Алијансата, Џорџ Робертсон со вакви неприфатливи напади се поткопуваат напорите за враќање ...

изјави

Вест - 22.08.2001

ЈОВАН КОНДИЈАНОВ - директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата: н. Терористите воведоа нови правила на игра Јасно е дека со минирањето на манастирскиот комплекс "Св. Атанасие" во Лешок албанските терористи воведуваат нови правила на игра.

Западните дипломати се сомневаат дека ОНА ја уништила лешочката црква

Вест - 22.08.2001

Западен дипломат вчера за агенцијата Ројтерс изјави дека се сомнева оти терористите ја минирале црквата во Лешок. "Навистина е сомнително. ОНА досега не напаѓала религиозни објекти", - изјавил за Ројтерс неименувануот западен дипломат и додал "Ако сакаш да најдеш начин како да го минираш мировниот ...

Лешочкиот манастир дигнат во воздух

Вест - 22.08.2001

ДОДЕКА ПРЕТХОДНИЦАТА НА НАТО ПРЕГОВАРА СО ВОДАЧИТЕ НА ОНА Вчераутро, околу 03 часот, со мина поставена од северната страна на манастирот каде што се наоѓа и гробот на македонскиот просветител и црковен деец Кирил Пејчиновиќ, катедралниот и монументален Лешочки...

Сите што прават вакви злодела и оние што не ги спречиле ќе бидат проколнати од Бога

Вест - 22.08.2001

МПЦ ЗГРОЗЕНА ОД УРИВАЊЕТО НА МАНАСТИРОТ ВО СЕЛО ЛЕШОК, ТЕТОВСКО, ОД СТРАНА НА АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ МПЦ е згрозена од вчерашното уривање на соборниот храм "Св. Лазар" од страна на албанските терористи, а наедно и од сквернавењето на останатите црковни објекти во манастирскиот комплекс од 14 век во ...

Лешочкиот комплекс - чувар на најстарите македонски ракописи

Дневник - 22.08.2001

Целиот манастирски комплекс во Лешок е споменик на културата и датира од почетокот на 14 век (1326 г.). Комплексот го обновил македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ во 1818 г., кога се изградени манастирските конаци. Во комплексот има две цркви.

Терористите ја кренаа во воздух црквата во Лешочкиот манастир

Дневник - 22.08.2001

ЅВЕРСКО СКВЕРНАВЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИЛИШТА Бандитите ја минирале црквата "Свети Атанасиј" и пукале врз влезната врата на старата црква "Света Богородица", но не успеале да влезат Албанските терористи вчера рано изутрина ја минирале и целосно ја урнале црквата "Свети Атанасиј", изградена во 1924 ...

Лешочкиот манастир настрада од балкански Талибанци

Дневник - 22.08.2001

партиите остро го осудуваат уривањето на македонските светилишта Како што Талибанците во Авганистан ги уништуваа будистичките храмови, така нивните балкански колеги - албанските терористи го уништија манастирот во Лешок, вели Оливер Ромевски, портпарол на ВМРО-вистинска Политичките партии и ...

Црквата „Свети Атанасиј“ во Лешок минирана и целосно уништена од страна на албанските терористи

А1 - 21.08.2001

Силна експлозија утрово во 3 и 10 го потресе Лешок - велат неговите жители - барем оние што останаа во селото. Ноќта била мирна беаз престрелки - тишината беше дури застрашувачка, а од експлозијата се затресоа дури и куќите - велат во телефонскиот разговор за А1 жителите на Лешок, кои сакаат да ...