TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски мисли кого да предложи за претседател на ДИК

А1 - 02.04.2006

Универзитетски професори и правници. Груевски од нив цело попладне составува листа со 10-тина имиња, кого да го предложи за претседател на Државната изборна комисија. Ѓорѓи Иванов, политиколог и професор, има големи шанси. А1 дознава дека токму за него лобирале дипломатите.

Почнува трката за ДИК

Време - 01.04.2006

СЕ ЗАБРЗУВА ПОСТАПКАТА Собранието вчера доцна попладне требаше да распише конкурс за избор на членови на Државната изборна комисија, која ќе ги спроведе претстојните парламентарни избори. Откако претседателот Бранко Црвенковски го потпиша указот на изборниот законик, вчера била закажана вонредна ...

Димитров и Шкариќ не се гледаат како претседатели на ДИК

Утрински - 01.04.2006

Црвенковски експресно го потпиша изборниот законик, кој од вчера стапи во сила. Стартуваа сите изборни дејства Кандидатската листа за ДИК ќе се комплетира до 8 април КАТИЦА ЧАНГОВА Поранешниот амбасадор во САД, Никола Димитров и професорот на Правниот факултет, Светомир Шкариќ не се гледаат себе си ...

ДИК ќе добие дополнителни простории за нормално функционирање

Макфакс - 01.04.2006

Скопје ДИК ќе добие дополнителни простории за нормално функционирање до трајно решавање на проблемот со просториите на комисијата – било договорено на денешната средба меѓу членовите на ДИК и премиерот Владо Бучковски. На средбата, како што е официјално соопштено „било договорено на комисијата да и ...

Изгласана одлуката за огласување избор на Претседател на ДИК

А1 - 31.03.2006

Шефот на државата, Црвенковски и претседателот на Собранието, Јордановски, го потпишаа изборниот законик. За да течат роковите што побрзо, денеска експресно, мнозинството ја изгласа одлуката за огласување избор на претседател, заменик и членови на Државната изборна комисија.

Прво да состави ДИК, па ќе се закажат изборите

Време - 31.03.2006

ОТКАКО СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНИКОТ Формирањето на ДИК е првата обврска што треба да ја заврши Собранието откако завчера беше донесен новиот изборен законик со 65 гласа „за“ и во отсуство на пратеничката група на ВМРО-НП. Дури откако ќе се состави највисокото изборно тело, претседателот на парламентот ќе ...

Јордановски ќе распише избори до крајот на април

Вест - 31.03.2006

ПАРЛАМЕНТОТ ГО ДОНЕСЕ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Спикерот на Собранието Љупчо Јордановски најдоцна до 25 април ќе ги распише парламентарни избори ако власта и опозицијата сакат избори на 5 јули. "Сега е донесен Изборниот законик и ако има договор меѓу партиите, јас изборите можам да ги закажам меѓу 8 и 25 ...

Парламентарните избори, сепак, на 5 јули?

Утрински - 31.03.2006

По десетдневна расправа, Собранието го усвои новиот Закон за избори. Пратениците се подготвуваат за избори во првиот редовен термин Собранието би ги распишало изборите на 25 април? ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Парламентарните избори ќе се распишат најдоцна до 25 април, а Собранието ќе ги избере претседателот ...

Новиот ДИК последен услов за избори на 5 јули

Дневник - 31.03.2006

Изборните рокови ќе почнат да течат од денот на објавувањето на Изборниот законик во „Службен весник“ Претседателот на државата Бранко Црвенковски ќе го потпише указот за прогласување на Изборниот законик веднаш штом ќе го добие, за да може да се испочитуваат предвидените рокови за распишување и ...

ВМРО-ДПМНЕ се врати на седницата за законикот

Време - 30.03.2006

ВЛАДАТА ИЗБРА КОЈ Е ОПОЗИЦИЈА Александра М. Митевска Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера се вратија во собраниските клупи и се вклучија во расправата за изборниот законик, откако Владата достави амандман со кој се прецизира дека членови во изборните тела ќе предлага партијата што освоила најмногу ...

Шефот на ДИК не е ексклузивитет на ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 30.03.2006

Расчистени дилемите околу изборот на хиерархиски највисоката функција во изборната администрација Консензусот на сите партии во власта и во опозицијата е услов за прифаќање на личноста која ќе седи во жешката фотелја на ДИК Со конструктивен амандман, расчистувајќи ги дилемите кои партии се главна ...

Георгиевски втора виолина на Груевски ако биде поддржан за претседател

Утрински - 30.03.2006

Дали има шанси за помирување на раскараната опозиција иако лидерите разменуваат отровни стрели Договорите што ги прави премиерот Бучковски наизменично со ВМРО-ДПМНЕ и со ВМРО-Народна партија ги доведоа односите во опозицијата до точка на вриење.

Груевски нема да ги дели одборите со Георгиевски

Утрински - 30.03.2006

Откако премиерот попушти и со амандман се прецизира поимот "опозициска партија", ВМРО-ДПМНЕ се врати во собраниската сала Во пакет со законската гаранција дека нема да биде изигран од ВМРО-Народна, Груевски и неговите пратеници ја добија и етикетата "плачковци" ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пратениците од ...

СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Канал5 - 30.03.2006

Македонското Собрание денеска го донесе Изборниот законик. На предлог на Владата, а врз основа на претходно постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата, составен дел од законикот стана и членот 192-а, кој амандмански беше додаден на Предлог-законикот, прашање кое беше клучен проблем.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го предлага првиот човек на ДИК

А1 - 29.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, откако Владата вечера дефинитивно ја скрати дилемата што е опозициска партија. ВМРО-ДПМНЕ ќе го предлага првиот човек на ДИК. Направив серија отстапки за да создадеме позитивна атмосфера, изјави Бучковски. Сега се е во рацете на Груевски.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа изборниот законик

А1 - 29.03.2006

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа изборниот законик, но без ВМРО-Народна. Пратениците на Георгиевски ја напуштија собраниската седница со образложение дека треба да си го донесат законикот тие што се договориле. Со ова, партијата на Георгиевски нема да брои гласови на изборите, бидејќи СДСМ и ...

Љубчо сака да преговара со Груевски

Време - 29.03.2006

ВМРО-НП ЌЕ ГИ СПАСУВА ИЗБОРИТЕ ВМРО-НП ќе ги повлече амандманите на изборниот законик и ќе се согласи претседателот на ДИК да го предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, доколку и се овозможи да има свои претставници во изборните тела. Тоа било заклучено на вчерашната вонредна седница на извршниот комитет на ...

Георгиевски нуди компромис за одборите, Груевски молчи

Утрински - 29.03.2006

ВМРО-Народна на итен состанок на Извршниот комитет реши да се откаже од сите барања, само за да влезе во избирачките одбори Георгиевски јавно му порача на Груевски дека неговата партија воопшто нема да се меша во изборот на претседателот на ДИК ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Неформалниот лидер на ВМРО-Народна, ...

ВМРО-Народна сака свои претставници во избирачките одбори

Дневник - 29.03.2006

По амандманската расправа ќе решиме дали ќе гласаме за изборниот законик, изјавија во ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-Народна партија бара во избирачките одбори да има свои претставници. Партијата е подготвена да се откаже од сите други барања во врска со изборниот законик и прифаќа претседателот на Државната ...

Циркус во собранието - ВМРО-ДПМНЕ се врати со потврда дека тие се главната опозиција

Канал5 - 29.03.2006

ВМРО ДПМНЕ го прекина бојкотот и се врати во Собранието. Откако владата напиша амандман со кој дефинираше која е опозицијата. Премиерот вели ова беше последната отстапка за да се создаде позитивна предизборна атмосфера. ВМРО ДПМНЕ го прекина бојкотот и се врати во Собранието.

ВМРО-Народна бара учество во избирачките одбори

Вечер Прес - 29.03.2006

ВМРО-Народна ќе ги повлече амандманите на изборниот законик, ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги вклучи во избирачките одбори. Ова го изјави в.д. претседателот на партијата, Весна Јаневска, по вчерашниот итен состанок на извршниот одбор, на кој присуствуваа и пратениците од нивната пратеничка група.

Владата дефинираше што подразбира под опозиција

А1 - 28.03.2006

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира собраниските седници, во Парламентот стигна амандманот што го бара Греувски: јасно дефинирање на тоа што е најголема опозициска партија. Бучковски потпишал дека опозицијата ја сочинуваат политички партии кои на последните избори за пратеници во Собранието на ...

Продолжи амандманската расправа по Предлог изборниот законик

А1 - 28.03.2006

Амандманската расправа по Предлог изборниот законик на барање на ВМРО-НП е одложена за еден час, а поради спојување на оваа пауза со редовната, Парламентот ќе продолжи со 128-та седница во 15 часот. Во текот на расправата, која денеска почна со половина час задоцнување, бидејќи не беше обезбеден ...

Вмровците се расправаат кој е главен во опозицијата

Време - 28.03.2006

ВЛАСТА МЕЃУ ДВА ОГНА ЗА ЗАКОНИКОТ Кој е главен во опозицијата - ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу пратеници на последните избори, или ВМРО-НП, која моментално ја има најголемата пратеничка група во опозицискиот блок? Тоа е дилемата на која заглави собраниската расправа за изборниот законик, бидејќи ...

Груевски да предложи претседател на ДИК

Време - 28.03.2006

БУЧКОВСКИ ПОВИКУВА Премиерот Владо Бучковски го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да даде кандидат за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), пренесоа вчера извори од кабинетот на Бучковски. Поканата уследи по повеќедневните препукувања, пред се помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, за ...

Груевски и Бучковски се инаетат околу првиот човек на ДИК

Утрински - 28.03.2006

Изборниот законик вчера заглави во Собранието поради инсистирањето да се прецизира кој е опозиција Нема потреба од страв, нагласуваат од Кабинетот на премиерот и потенцираат дека ќе му се остави на Груевски да го предложи претседателот на ДИК во консултација со ДПА и со СДСМ Оливера Војновска ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи претседателот на ДИК

Дневник - 28.03.2006

Во СДСМ велат дека Груевски пред почетокот на последната лидерска средба доставил писмо во кое вели дека ги повлекува сите барања, освен барањето во избирачките одбори да останат партиските претставници Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не треба да се грижи, бидејќи веднаш откако ќе биде усвоен ...

Владата предложи нов амандман на Изборниот законик

Канал5 - 28.03.2006

Македонската Влада, со желба утре во Собранието на во присуство на сите политички партии да се донесе Изборниот законик, направи уште еден конструктивен чекор и до законодавниот дом достави амандман по Предлог на изборниот Законик, соопшти попладнево прес-службата на Владата.

Не е прекршен договорот за избор на претседател на ДИК

Вечер Прес - 28.03.2006

Нема прекршување на договорот за избор на претседател на ДИК, постигнат на последната лидерска средба за изборното законодавство, тврдат во кабинетот на премиерот Владо Бучковски. Тоа било заедничка констатација на Бучковски и заменик претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Опозицијата бојкотира, СДСМ нема кворум

Вечер Прес - 28.03.2006

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, ДОМ, ЗНП, СП и ДПА ги остварија заканите за бојкот и вчера не се појавија на собраниската седница на која се разгледуваше изборниот законик. Излегоа со заеднички став дека, “премиерот, наместо да праќа пораки од Шар Планина, да го види видеозаписот од лидерската ...

Собраниска расправа за изборниот законик без ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 27.03.2006

Груевски останува на своето, Бучковски во изборниот законик да дефинира што значи опозициска партија. Бучковски, пак, дека исполнил се што ветил на лидерските средби, повикувајќи се на аудио записите, но и на потписите на опозиционерите, со кои, како што велат од неговиот кабинет, се откажале од ...

Груевски е како незрело дете

Вест - 27.03.2006

БУЧКОВСКИ СО ПСИХОАНАЛИЗА НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Премиерот Владо Бучковски тврди дека испочитувал се што се договориле за Изборниот законик со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и веќе не сака да слуша неосновани напади бидејќи, како што изјави вчера, преку глава му е од ултиматуми и од ...

Бучковски: Почитував се што реков

Време - 27.03.2006

ОТКАКО ОПОЗИЦИЈАТА МУ СЕ НАСТРВИ Премиерот Владо Бучковски вчера рече дека почитувал се што ветил во преговорите за новиот изборен законик. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се закани со бојкот, а и другите опозициски партии почнаа бурно да негодуваат поради „пазарењата“ со нови ...

Расправата ќе ги помести изборите за септември?

Утрински - 27.03.2006

Продолжува жестоката парламентарна и вонпарламентарна дебата за изборниот закон Изборните правила се во Гордиев јазол. Ќе се најде ли некаков консензус меѓу опозициските и владејачките партии. Парламентарната дебата е заглавена поради наизменичното незадоволство на пратениците од ВМРО-Народна и од ...

Ми здодеаја забелешките на Груевски

Дневник - 27.03.2006

Ми здодеаја сите ултиматуми, забелешки и коментари од Никола Гуревски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува како мало дете кога е во прашање изборниот законик и организирањето на изборите, што е уште еден доказ за неговата политичка незрелост, изјави премиерот Владо Бучковски по вчерашната посета ...

Власта и опозицијата не можат да се договорат за изборниот законик

Канал5 - 27.03.2006

Се што ветив се исполнив. Груевски одбра да плаче и да обвинува без аргументи зашто бара алиби за изборниот неуспех - врати денеска премиерот на обвинувањата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека Бучковски ниеднаш не си го одржал зборот. Се што ветив се исполнив.

Груевски и Бучковски не можат да се договорат што се договориле за изборниот законик

Канал5 - 27.03.2006

Заглавено е донесувањето на изборниот законик. Станува се понеизвесно, откако денеска пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја бојкотираа работата на Собранието. Заглавено е донесувањето на изборниот законик. Станува се понеизвесно, откако денеска пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја бојкотираа работата на Собранието.

Бучковски ќе посредува меѓу Груевски и Тачи?!

Вечер Прес - 27.03.2006

ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за изборниот законик ако Владата денеска не поднесе амандман кој ќе дефинира дека тие ќе го предлагаат претседателот на ДИК, бидејќи се опозиција што освоила најмногу гласови на последните избори. Ова викендов го изјави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи го ...