TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата денеска ќе расправа за ЕСМ

Канал5 - 27.11.2005

Министерот за економија Фатмир Бесими ќе побарал од Владата дополнително време за подготовка на тендерот за продажба на ЕСМ Дистрибуција, велат извори од Министерството за економија. Министерот за економија Фатмир Бесими ќе побарал од Владата дополнително време за подготовка на тендерот за продажба ...

Струјата се троши недомаќински, ЕСМ блокирано од дефекти

Време - 26.11.2005

НИСКОНАПОНСКАТА МРЕЖА ПАЃА КАКО КРУША Дотраената електромрежа на ЕСМ-Дистрибуција и лошите временски услови со часови оставаат илјадници домаќинства во студ и темнина. Откако падна снегот, одеднаш се зголеми потрошувачката на електрична енергија, а нисконапонската мрежа не може да го издржи ...

Драчево по два пати дневно останува без струја

А1 - 25.11.2005

Расипани фрижидери, компјутери и друга техника. Ова е слика на повеќе скопски населби кои секојдневно во одредени периоди остануваат без струја. Најпогодени се жителите од скопската населба Драчево. Се жалат дека веќе две недели, по два пати дневно и тоа секој ден во исто време - немаат струја.

Струја и ДДВ за гага

Време - 25.11.2005

СТОЈАНКА МИТРЕСКА „Силмак“ и должи на државата дури девет милиони евра за потрошена струја сосе ДДВ. Тоа значи дека Французите што сега газдуваат со поранешниот загубар кај Јегуновце со години си трошеле на вересија спиејќи си на увото дека државата ќе им ги прости долговите затоа што некојси ...

Владата ги толерира големите неплаќачи на струја

Утрински - 25.11.2005

Светска банка предупредува за нарушување на енергетската стабилност и за избегнување плаќање данок До Владата стигна уште една препорака од Светска банка. Таа бара да се најде итно решение за наплатата на долгот за струја кој ги имаат големите потрошувачи.

„Силмак“ тврди дека редовно го подмирувале долгот за ДДВ

А1 - 24.11.2005

Контра удар на „Силмак“, ја негира Светска банка. Тврди дека редовно го подмирувале долгот за ДДВ, но признава дека должи за струја. Побрза да направи договор за еднаш засекогаш да го реши огромниот долг за неплатена струја. Во „Силмак“ велат, можеби не сме плаќале струја, но секогаш на ЕСМ сме му ...

На продажба скијачкиот центар „Попова Шапка“ и хотелот „Молика“

Време - 24.11.2005

ПОЧНУВА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ЕСМ Со продажба на хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ почнува приватизацијата на „Електростопанство на Македонија“, потврдија високи владини извори. Овие атрактивни туристички капацитети во сопственост на ЕСМ ќе се продаваат на тендер што ќе биде објавен најверојатно во ...

Сите го плаќаме данокот на „Силмак“

Време - 24.11.2005

ДОДЕКА ДРЖАВАТА ТОЛЕРИРА Мирче Котевски Никој во Владата не знае зошто „Силмак“ не плаќал данок на додадена вредност (ДДВ) со сметките за струја. Откако Светска банка во својот извештај од последната мисија во земјава, кој вчера го објави „Време“, обелодени дека комбинатот кај Јегуновце не го ...

Цената на струјата ќе се зголеми кога ќе влезат странците

Утрински - 24.11.2005

Очекувања Што се однесува до стравувањата дека со продажбата на "Дистрибуција " на странски инвеститор неминовно ќе дојде до зголемување на цената на струјата, владини извори велат дека во иднина не можеме веќе струјата да ја третираме како социјална категорија, туку само како пазарна.

Акциите на "Дистрибуција" при ЕСМ одат на продажба

Утрински - 24.11.2005

Привршува тендерската документација за продажба на дел од "Електростопанство" Седум странски енергетски компании досега најавиле учество на тендерот на АД "Дистрибуција и снабдување со електрична енергија" МАЈА ТОМИЌ Меѓународниот тендер за продажба на АД "Дистрибуција и снабдување со електрична ...

Неплаќањето ДДВ од „Силмак“ е криминал со амин на државата

А1 - 23.11.2005

Криминал со амин на државата. Вака експертите го толкуваат најновиот скандал „Силмак“ не плаќал ДДВ за струја. А1 вчера обелодени документ во кој Светска банка ја предупредува Владата дека се нарушува финансиската стабилност на енергетскиот сектор.

ЕСМ го исклучи половина Сарај

Време - 23.11.2005

ПОРАДИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЕСМ вчера од 13 до 18 часот им ја исклучи струјата на потрошувачите во пет села од општината Сарај поради неплатени сметки. Во ЕСМ информираа дека станува збор за селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане и Сејменишта и предупредија дека жителите на овие села ќе останат ...

„Силмак“ не плаќал ни сметки за струја, ни ДДВ

Време - 23.11.2005

СВЕТСКА БАНКА УКАЖУВА Мирче Котевски Новите газди на „Силмак“ откако го рестартирале комбинатот само делумно намирувале сметки за струја, но воопшто не го плаќале данокот на додадена вредност. Трошоците морала да ги покрива државната компанија за пренос на струја МЕПСО.

„Силмак“ работи без да плаќа ДДВ за струјата

А1 - 22.11.2005

Француски „Силмак“ работи без да плаќа ДДВ за струјата. Ова во последниот допис предупредување до Владата го открива Светската банка. Тврди дека таквиот однос ја нарушува финансиската стабилност на енергетскиот сектор. Во документот до кој дојде А1 Светска банка со писмо до министерот за економија ...

Без струја цели 5 часа 5 села од општина Сарај

А1 - 22.11.2005

Граѓаните останаа единствената мета на ЕСМ во обидот да ги наплати долговите. Денеска цели 5 часа без струја останаа 5 села од општината Сарај. Од дистрибуција велат, ова е само предупредување, акцијата за исклучување на должниците продолжува и во наредните денови .

Малите хидроелектрани ќе ја намалат цената на ЕСМ Дистрибуција

Вест - 21.11.2005

СЕДУМ ОД 11 ХИДРОЦЕНТРАЛИ ШТО ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ СЕ ИЗДАДЕНИ ПОД КОНЦЕСИЈА НА ЧЕШКИ ХИДРОПОЛ Скопската Матка, Калиманци во Делчево, Пена во Тетово, Сапунчица во Битола, Песочани во Охрид, Зрновци во Кочани и Дошница во Демир Капија ќе бидат под концесија до 2012 година, што ќе ја намали цената на ...