Повеќе улици во градот изминативе денови пропаднаа во мрак или светилките се палеа неколку часа по стемнувањето. Ваквите проблеми од случајни, станаа редовна практика во градското осветлување, а ниту локалните власти, ниту надлежните од ЕВН Македонија, не сакаат да преземат одговорност за проблемот.
Скопските општини ќе добијат илјада светилки, донација од Градот. Станува збор за стари светилки што Градот ги замени на магистралните и собирните улици со нови поекономични и посовремени.
Паркот Жена - борец навечер е мрачен и неосветлен, бидејќи канделабрите светат преку ден. Уличното осветлување во паркот подолго време е расштимано, а од ЕВН, задолжено да ги регулира тајмерите на светилките, велат дека не интервенирале, бидејќи Општина Центар не ги известила дека има ваков проблем.
Градските власти на скопските општини ќе им подарат 1.000 стари светилки, кои биле извадени од уличното осветлување на главните улици каде се ставени нови штедливи светилки.
Градот ќе им подари светилки на општините Градот Скопје ќе подари 1.000 стари употребливи светилки за неколку скопски општини. Советот на Град Скопје на утрешната седница треба да се изјасни за оваа предлог-одлука на Градот.
Вкупно 1.000 стари светилки што градот ги отстрани од булеварите и од магистралните улици ќе им бидат подарени на четири општини. Оваа одлука за донација градскиот совет треба да ја усвои на седницата што ќе се одржи задутре.
Град Скопје ќе донира 1000 светилки на скопските општини. Според предлог-одлуката која треба да биде усвоена на седницата на Советот што ќе се одржи утре, Градот на Општина Бутел ќе и додели 300 светилки, а на Општина Карпош 400.