TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Светилките дење горат, навечер се гасат

Време - 07.10.2008

Повеќе улици во градот изминативе денови пропаднаа во мрак или светилките се палеа неколку часа по стемнувањето. Ваквите проблеми од случајни, станаа редовна практика во градското осветлување, а ниту локалните власти, ниту надлежните од ЕВН Македонија, не сакаат да преземат одговорност за проблемот.

Општините ќе добијат донација од 1.000 светилки

Време - 07.10.2008

Скопските општини ќе добијат илјада светилки, донација од Градот. Станува збор за стари светилки што Градот ги замени на магистралните и собирните улици со нови поекономични и посовремени.

Жена - парк преку ден свети, навечер во темница

Вест - 07.10.2008

Паркот Жена - борец навечер е мрачен и неосветлен, бидејќи канделабрите светат преку ден. Уличното осветлување во паркот подолго време е расштимано, а од ЕВН, задолжено да ги регулира тајмерите на светилките, велат дека не интервенирале, бидејќи Општина Центар не ги известила дека има ваков проблем.

Градот ќе им подари 1.000 стари светилки на скопските општини

Вест - 07.10.2008

Градските власти на скопските општини ќе им подарат 1.000 стари светилки, кои биле извадени од уличното осветлување на главните улици каде се ставени нови штедливи светилки.

Градот ќе им подари светилки на општините

Дневник - 07.10.2008

Градот ќе им подари светилки на општините Градот Скопје ќе подари 1.000 стари употребливи светилки за неколку скопски општини. Советот на Град Скопје на утрешната седница треба да се изјасни за оваа предлог-одлука на Градот.

Бакшиш стари светилки од градот за општините

Н.Македонија - 06.10.2008

Вкупно 1.000 стари светилки што градот ги отстрани од булеварите и од магистралните улици ќе им бидат подарени на четири општини. Оваа одлука за донација градскиот совет треба да ја усвои на седницата што ќе се одржи задутре.

Илјада светилки за скопските општини

Вечер Прес - 06.10.2008

Град Скопје ќе донира 1000 светилки на скопските општини. Според предлог-одлуката која треба да биде усвоена на седницата на Советот што ќе се одржи утре, Градот на Општина Бутел ќе и додели 300 светилки, а на Општина Карпош 400.