TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Радиоактивен воз прегазил екологист

Време - 09.11.2004

ФРАНЦИЈА Воз што пренесувал нуклеарен отпад од нуклеарната централа „Ла хаг“ завчера прегазил екологист што се врзал за шините за да го запре товарот, јави новинската агенција АФП. Екологистот со синџири се врзал за шините близу градот Нанси, во северна Франција. Машиновозачот не запрел навреме.

Воз прегазил дете

Време - 09.11.2004

НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ Товарен воз усмртил дванаесетгодишно дете, кое ја минувало пругата на необележан премин, завчера напладне кај скопското Ново Село, соопшти полицијата. Несреќниот случај бил регистриран во неделата околу 12.30 часот во непосредна близина на железничкиот премин кај Ново Село.

Воз прегази 12-годишно дете

Вест - 09.11.2004

НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА МЕЃУ СКОПСКИТЕ СЕЛА ВОЛКОВО И НОВО СЕЛО Загинувањето на 12-годишниот Илија не е прв случај некој да биде прегазен од воз на пругата кај скопските села Волково И Ново село, но сеуште никој не презел ништо да се огради пругата во населените места Завчера во скопско Ново Село ...

ВОЗ ПРЕГАЗИ ДВАНАЕСЕТГОДИШ НО ДЕТЕ

Вечер Прес - 09.11.2004

Кај Ново Село, Скопско, товарен воз прегази дванаесетгодишно дете. Телото на починатото дете со налог на истражен судија е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика. Несреќата се случила во саботата околу 12,30 часот.

Воз прегази 12-годишно момче кај скопско Ново Село

А1 - 08.11.2004

12-годишно момче вчера било прегазено од воз на пругата што минува низ скопското Ново Село. Несреќата се случила откако момчето играјќи фудбал со своите другари, истрчало по топката што одлетала кон пругата, токму во моментот кога минувал воз.