TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Специјални систематски прегледи за жителите околу ОКТА

Вест - 23.11.2008

Жителите од шесте села што се наоѓаат во околината на нафтената индустрија ОКТА, ќе одат на специјални систематски прегледи за да се утврди дали и колкави се последиците по нивното здравје од загадувањето на животната средина. Ова вчера го најави министерот за здравство Бујар Османи, кој присуствуваше на едукативната работилница во Општина Чаир во рамките на кампањата "Надмудри го ракот - биди ...

„Окта“ моја, прејди на другиот!

Време - 22.11.2008

Жителите на општина Илинден веќе четврти ден протестираат пред „Окта“ и не им дозволуваат на цистерните со гориво да влезат или да излезат од рафинеријата, обидувајќи се да ја натераат државата да ги заштити од труењето од скопската рафинерија.

Снемува бензин, „Окта“ се' уште под блокада

Утрински - 22.11.2008

Градоначалникот на Илинден преговара со рафинеријата, а жителите бараат и тие да присуствуваат. Сања Наумовска Неколку бензински пумпи во Тетово и во Гостивар веќе не работат, а на пумпите на „Макоил“ има залиха на бензин уште за еден до два дена.

Продолжуваат блокадите пред ОКТА

Алсат-М - 22.11.2008

Блокадите што мештаните ги организираат пред рафинеријата ОКТА и денеска продолжуваат поради непостигнувањето на договор помеѓу жителите и одговорните лица во компанијата. Одлуката за понатамошно блокирање на Рафинеријата е донесена по синоќешните неколкучасовни неуспешни преговори помеѓу мештаните и првите луѓе на ОКТА, кои изјавија дека некои од барањата на жителите, едноставно се неприфатливи ...

„Окта“прифаќа самоконтрола, но не и контрола

Н.Македонија - 22.11.2008

Не веруваме во лагите најавени од рафинеријата „Окта“, многу пати ветувале, но ништо не исполниле, рекоа жителите на Миладиновци на блокадите откако ги слушнаа резултатите од вчерашните преговори меѓу челниците на компанијата и Жика Стојановски, градоначалникот на општината Илинден.

Експлозија во ОКТА го предизвикала пожарот

Форум - 22.11.2008

Синоќешниот пожар во кругот рафинеријата ОКТА близу Скопје, настанал од експлозија на пумпа во дел каде што се дестилира нафтата, соопштија во саботата од Противпожарната бригада на Скопје која учествуваше во неговото гаснење. Од таму велат декаистрагата се’ уште не отркила дали човечка грешка е причина за пожарот.

Блоката на ОКТА продолжува, ги загрозува и другите компании

Алсат-М - 22.11.2008

Блокадата на рафинеријата ОКТА полека ги блокира и компаниите соработници. По Топлификација, со недостиг на деривати се соочуваат и претпријатијата Комуна и цигланата од Неготино. Сопствениците на бензинските пумпи велат дека губат клиенти и трпат милионски загуби од блокадата на ОКТА.

И по пожарот, ОКТА работи блокирана

Алфа - 22.11.2008

Снежната бура и ветерот синоќа ја урнаа импровизираната барака на мештаните. Петтиот ден на барикадите, на отворено се подготвуваа за подолг престој на влезот на ОКТА. По синоќешниот пожар во кој се запали постројка во ОКТА, рафинеријата и денеска работи блокирана. Мештаните, кои протестираат против загадувањето, не се откажуваат.

Шести ден блокади пред рафинеријата ОКТА

Сител - 22.11.2008

Ниту вчерашниот пожар кој избувна во кругот на фабриката, ниту денешните ниски температури и невремето не можат да ги разубедат жителите не Миладиновци, да се повлечат.Импровизираната барака која самија поставија, нокеска ја разурнал силниот ветер. Се греат на дрва кои им ги испратил градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски.

Прекин на производството во ОКТА по синоќешната хаварија

Канал5 - 22.11.2008

Експлозијата во Окта го прекина производството во рафинеријата. Се тврди дека состојбата е под контрола по синоќешниот пожар, но поради хаваријата во наредните неколку дена нема да се произведуваат нафтени деривати. Потребни се поправки. Официјални информации за причините за експлозијата нема. Неофицијално, како можни причини се посочуваат прегревање на системот и откажување на сигурносен вентил.

Продолжуваат блокадите пред ОКТА

Макфакс - 22.11.2008

Блокадите што мештаните ги организираат пред рафинеријата ОКТА и денеска продолжуваат поради непостигнувањето на договор помеѓу жителите и одговорните лица во компанијата. Одлуката за понатамошно блокирање на Рафинеријата е донесена по синоќешните неколкучасовни неуспешни преговори помеѓу мештаните и првите луѓе на ОКТА, кои изјавија дека некои од барањата на жителите, едноставно се неприфатливи ...

Блокадите пред ОКТА остануваат

А1 - 21.11.2008

Mештаните и покрај ветувањето од надлежните во ОКТА дека ќе ги исполнат нивните барања, продолжуваат со блокадите. Тие бараат гаранции од ОКТА дека доследно ќе ги оствари нивните барања. Во моментов градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, е на средба со раководството на компанијата и мештаните се надеваат на позитивен одговор.

Блокадата на ОКТА продолжува

А1 - 21.11.2008

Раководството на ОКТА не ги прифати барањата на луѓето кои веќе четири дена ја блокираат рафинеријата. Градоначалникот на општина Илинден и покрај почетниот оптимизам, на општо изненадување рече дека некои од барањата на месното население не се прифатливи за грчките газди на ОКТА.

Пожар во рафинеријата ОКТА

А1 - 21.11.2008

Пожар вечерва избувна во рафинеријата ОКТА. Дежурните во Противпожарната бригада на Скопје информираат дека нивни единици се веќе таму и работат на гаснење на пожарот. Засега нема сознанија што е причината за ...

Блокирани цистерните во „Окта“

Време - 21.11.2008

Блокадите пред „Окта“ продолжуваат, а мештаните од околните места не дозволуваат цистерните ниту да влезат ниту да излезат од рафинеријата. Жителите од општина Илинден ги пуштаат само вработените да одат на своите работни места. Штрајкувачите вчера ги посети и Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина, која на граѓаните им вети дека надлежните органи ќе направат се што е нивна ...

Шпанска инквизиција

Време - 21.11.2008

Стевче Јакимовски Како мине времето, така на оваа влада судските процеси и станаа потесна специјалност. Ги негува и умножува до максимум (издржливост) и притоа во континуитет се обидува да се однесува како експертска, а најмалку како политичка влада. Тоа, заради политичката одговорност, која, кога-тогаш мора да ја понесе со себе.

Сулфурна политика

Утрински - 21.11.2008

Министерството за екологија конечно се разбуди и реши да ги заостри казните за прекршителите на животната средина. Индустриските загадувачи во иднина ќе бидат казнувани со по 100 илјади евра, а нивните раководители со 5.000 евра. „Виновник“ за зголемувањето на паричните казни е рафинеријата „Окта“, чии оџаци со години го трујат населението од околните села.

Спречен инцидент на блокадите кај „Окта“

Н.Македонија - 21.11.2008

Полицијата спречила поголем инцидент на блокадите кај „Окта“ меѓу жителите на околните села и вработените, кои се заканиле дека нема да дозволат рафинеријата да биде блокирана. Месното население вчера го посети Соња Лепиткова, заменик-министерката за животна средина, која им ги соопштила новите, построги казни за загадувачите, односно дека за прекршоците за кои досега се плаќале 20 илјади евра ...

Најавени здравствени прегледи на жителите од околината на ОКТА

Алсат-М - 21.11.2008

Продолжува блокадата на рафинеријата ОКТА, бидејќи денеска не се постигна решение за барањата на локалното население кое протестира против големото загадување од рафинеријата. Министерот за здравство, Бујар Османи најави дека медицински тимови ќе излезат на терен и ќе ги прегледаат локалните жители, по што ќе се препорача дали има потреба од лекување.

Блокадата на ОКТА продолжува, ништо од договор

Алфа - 21.11.2008

Наспроти вчерашното тврдење на градоначникот на Илинден – дека раководството на ОКТА ги прифаќа сите барања на мештаните, денеска ново, спротивно тврдење. Истиот градоначалник, по 4-часовни разговори со претставниците на ОКТА, изјави дека тие всушност не ги прифаќаат барањата во целост.

Хаварија во ОКТА

Форум - 21.11.2008

Во скопската рафинерија ОКТА вечерва се случил инцидент. Засега нема официјални информации од раководството на рафинеријата што точно се случило таму и во кои размери е хаваријата. Скопската противпожарна бригада потврди дека нејзините единици веќе се во кругот на рафинеријата ОКТА и дека работата на гаснење на пожарот.

Загадувачот „Окта“ отстапи од ветеното

Дневник - 21.11.2008

Наместо станица со повеќе анализери, раководството прифатило да постави станица за мерење само на сулфурдиоксидот во воздухот, со образложение дека нема друго загадување. Управата на скопската рафинерија „Окта“ вчера го промени ставот и прифати само делумно да ги исполни барањата за кои претходно вети дека ќе ги исполни.

Османи: Жителите од околината на ОКТА на специјални систематски прегледи

Кирилица - 21.11.2008

- Се подготвуваат мобилни медицински екипи кои ќе ги прегледуваат овие лица за да се види каква е нивната здравствена состојба. Врз основа на резултатите ќе дадеме сугестии за нивно натамошно лекување, изјави Османи. Жителите на населените места околу ОКТА со мирен протест бараат да се забрани работата на рафинеријата и веднаш да се прогласи еколошка катастрофа поради испуштањето отровни гасови и ...

Блокадата на ОКТА продолжува

Канал5 - 21.11.2008

Нема договор меѓу ОКТА и жителите. Четврт ден од протестите против загадувањето, рафинеријата останува блокирана. Маратонската средба на градоначалникот на Илинден и раководството на компанијата заврши без резултати. ОКТА не сака да ги исполни барањата на жителите. - Не се целосно усогласени ставовите околу барањата.

Ќе има ли нафтена криза во земјава?

Вечер Прес - 21.11.2008

На земјава и се заканува нафтена криза откако и вчера продолжи блокадата на рафинерија Окта од страна на жителите од скопско Миладиновци и околните места. Граѓаните вчера одлучија и во следните денови да продолжи протестот пред Окта бидејќи со менаџментот на компанијата не постигнале договор за решавање на проблемот со загадувањето.

Хаварија во ОКТА

Канал5 - 21.11.2008

Хаварија во рафинеријата ОКТА. Пред околу три часа во одделот за преработка на нафта се случи експлозија по што избувнал пожар. Повредени нема. Според очевидци, пламенот во првите минути по експлозијата бил висок неколку метри. Очевидци на настонот се жителите на блиското село Миладиновци кои четврти ден протестираат против загадувањата од ОКТА.

Лепиткова: Проблемот со ОКТА ќе се реши

А1 - 20.11.2008

„Ќе ставиме крај на проблемот, верувам во тоа, затоа што навистина, како заменик министер сум на страна на граѓаните“, изјави во интервју за А1 др. Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина. Госпоѓо Лепиткова, Вие бевте и денеска кај граѓаните, ги слушнавте нивните аргументи, бараат мерни станици и филтер за сулфурот бидејќи има загадување.

ОКТА ги прифати барањата - можен прекин на блокадата

А1 - 20.11.2008

ОКТА ги прифати главните барања на жителите кои три дена ја блокираат рафинеријата. Градоначалникот на општина Илинден доцна попладнево по состанокот со раководството на компанијата вели дека тие прифатиле четири барања на мештаните, дури и самите предложиле градење на канал кој ќе го спречи загадувањето на околните реки.

„Окта“ под граѓанска опсада

Време - 20.11.2008

Рафинеријата „Окта“ втор ден е под опсада на жителите на општина Илинден кои протестираат поради нејзиното загадување. - Влезот ќе биде блокиран се додека не бидат поставени мерните станици кои секојдневно ќе го следат загадувањето на околината во која живееме.

„Окта“ може да се соочи со казна од 100.000 евра

Утрински - 20.11.2008

„Окта“ може да се соочи со казна од 100.000 евра. Државата со поригорозни парични казни ќе се обиде да стави крај на загадувањето од оџаците на „Окта“ и на другите загадувачи. Наместо досегашните 20.000 евра казна, која на рафинеријата и' беше изречена неодамна, загадувачот на Миладиновци и околината во иднина ќе може да се соочи со пет пати поголема казна, односно 100.000 евра и 5.000 евра казна ...

Продолжија и протестите и загадувањето од „Окта“

Дневник - 20.11.2008

Продолжија и протестите и загадувањето од „Окта“. Жителите од околината на „Окта“ продолжуваат да протестираат, државата најавува поригорозни казни за загадувачите, а од рафинеријата ги игнорираат и едните и другите. - Производството си тече.

ОКТА ги прифаќа барањата на селаните, блокадата продолжува

Алфа - 20.11.2008

Мештаните од околината на ОКТА ќе ја блокираат работата на рафинеријата се додека таа не ги исполни нивните барања, кои инаку денеска во целост ги прифати. Првите луѓе на ОКТА до доцна попладнето разговараа со градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски. Ги прифаќаат сите барања на жителите од шесте села кои протестираат пред ОКТА, но не споменуваат рокови – кога ќе ги исполнат.

Наместо клуч за „Окта“, закани за жителите

Дневник - 20.11.2008

Ако се случи макар и еден од нас да биде отпушен од работа, ќе настапиме уште пожестоко против зага дувањето од рафинеријата, вели Миливое Станковски од Координативното тело. Рафинерии има секаде во светот, но што би се случило ако секаде би ги иселувале населените места околу нив ?. Наместо рафинеријата да добие казни за загадувањето што го предизвикува, жителите што протестираат пред „Окта“ ...

На Македонија и се заканува нафтена криза

Канал5 - 20.11.2008

Снемува гориво на бензинските. Блокадата на ОКТА ги исцеди пумпите низ земјава. Дотур не може да се направи бидејќи цистерните се уште чекаат за влез во рафинеријата. Дел од трговците предупредуваат дека утре комплетно ќе престанат да точат бензин. За ситуацијата е алармирана и Владата.

ОКТА под блокада на мештаните - овојпат не отстапуваат

А1 - 19.11.2008

ОКТА е под целосна блокада од луѓето кои живеат во нејзината околина. Рафинеријата работи, но цистерните не можат да влезат ниту да излезат. На блокадата денес се приклучија и екологистите од Велес. „Ние имаме министерство, инспекторати, за жал, досегашните министри во најголем дел недоволно се грижеа за заштите на животната средина и справувањето со загадувачите“, изјави Ненад Коциќ, еколошко ...

Демонстрации за затворање на "Окта"

Вест - 19.11.2008

Жители од шесте села од околината на "Окта" вчера попладне пак протестираа против загадувањето на животната средина, со блокада на природниот пат кон Рафинеријата. Дождот и студот не ги разбркаа револтираните мештани. Велат дека блокадата овој пат ќе продолжи секојдневно, се до конечно затворање на Рафинеријата, во чија околина вчера не се чувствуваше силната смрдеа од сулфур и од дизел, ...

Стоп за загадувањето или клуч на „Окта“!

Утрински - 19.11.2008

Населението од Илинден и од Петровец ќе протестира додека не добие мерни инструменти надвор од „Окта“. Сања Наумовска. Итно исполнување на барањата на жителите од околните населени места доставени до „Окта“ и до Министерството за животна средина пред шест месеци или клуч на рафинеријата, побараа вчера граѓани од општината Илинден, поддржани од свои сограѓани од Петровец и од Скопје, на собирот ...

Прекршочна пријава за "окта"

Телма - 19.11.2008

Инспекторатот за животна средина поднесе нова прекршочна пријава против ОКТА откако по извршени мерења во текот на месец октомври утврдил дека рафинеријата во воздухот испушта јаглерод моноксид над дозволените количини. Биле извршени четири инспекциски надзори на квалитетот на воздухот од оџакот и атмосферксиот воздух при што било констатирано присуство на јаглерод моноксид од 20 до 80 милиграми ...

Илинден бара клуч за загадувачот „Окта“

Дневник - 19.11.2008

Продолжете да загадувате и направете од нас мутанти, беше една од паролите со кои вчера пред „Окта“ протестираа жители од општините Илинден и Петровец, кои ги блокираа сите влезови во скопската рафинерија. На други транспаренти пишуваше „Окта доста правевте експерименти на живите луѓе“ и „Велес и Миладиновци ја делат истата судбина“.

И Хитлер бил подобар од „Окта“

Н.Македонија - 19.11.2008

Тортурата што ни ја врши рафинеријата „Окта“ не ја правел ниту Хитлер во своето време, ниту тој не ги загадувал водата и воздухот, рекоа жителите на Миладиновци и на околните села, кои вчера протестираа против загадувањето и го блокираа пристапот кон фабриката.

ОКТА загадува, се најавуваат драстични казни

Алсат-М - 19.11.2008

Рафинеријата ОКТА кон крајот на октомври повеќе од 2 часа испуштала зголемено количество на јаглероден моноксид во воздухот утврдила контрола од страна на инспекциските служби. Се констатирало загадување на водата и воздухот, апосебно загрижувачки било што во водата имало пронајдено органски компоненти.

ОКТА ги труе граѓаните

Форум - 19.11.2008

Со последните мерења извршени на издувните гасови од оџакот на ОКТА, како и мерењата на штетните материи во атмосферскиот воздух и во водите од каналот, се покажало дека се надминати дозволените вредности, дознава forum.com.mk Според Законот за животна средина, концентрацијата на јаглерод моноксид не треба да ја помине границата од 170 мг на метар кубен, и тоа во траење од 30 минути.

Владата со построги казни за загадувачите

Алфа - 19.11.2008

Попладнево, жителите на Миладиновци и околните села, кои го блокираат влезот во рафинеријата ОКТА добија добра вест – владата ќе го менува Законот за заштита на животната средина, предвидувајќи петпати поголеми казни од досегашните за големите загадувачи. Највисоката казна, која досега беше 20 000 , отсега ќе изнесува 100 000 евра.

Продолжија протестите против загадувањето на ОКТА

Канал5 - 19.11.2008

Клуч за ОКТА побараа жителите што веќе втор ден протестираа против загадувањето на рафинеријата. Се заканија дека ако надлежните не ја затворат компанијата нема да ги пуштат цистерните да достават нафта на пазарот. - Барањата ги пренасочуваме во ултиматум.

Сеуште е блокиран патот на ОКТА од жителите на Миладиновци

Сител - 19.11.2008

Надлежните да ја затворат рафинеријата или целото село да биде преместено на друга локација. Ова се барањата на жителите на скопско Миладиновци. Додека не бидат исполнети нивните барања тие се заканија дека ќе продолжат да ја блокираат ОКТА. - Имавме барање, а сега ултиматум, да стави клуч и да престанат да ја загадуваат околината - вели жител на Миладиновци.

Окта не реагира на протестите

Вечер Прес - 19.11.2008

Ни дождот ни студот не ги поколеба жителите на населбите околу ОКТА да ги прекинат блокадите кои ги почнаа завчера и мирно да протестираат поради неконтролираното и перманентно загадување на воздухот, водата и почвата што го врши скопската Рафинерија.

ОКТА загадува над дозволеното

Нетпрес - 19.11.2008

При последните контролни проверки на загаденоста на воздухот од оџак, амбиенталниот отпад и загаденоста на водата на ОКТА било откриено присуство на јаглерод моноксид над дозволеното време и концентрација на истиот над дозволената а воедно било забележано присуство на алуминиум сулфид и органски компоненти во водата.

Кривична пријава против ОКТА

Макфакс - 19.11.2008

По прекршочната, македонската Влада најави дека ќе поднесе и кривична пријава против Рафинеријата ОКТА, која според анализите на Министерството за животна средина и понатаму ја загадува околината. Рафинеријата денеска е под целосна блокада од мештаните од Миладиновци, на кои денеска им се приклучија и екологистите од Велес.

ОКТА блокирана од жителите на околните села

А1 - 18.11.2008

Граѓаните кои живеат во околината на скопската рафинерија ОКТА денеска повторно ја блокираа рафинеријата, бараат ОКТА да престане да загадува. Надлежното Министерство за животна средина и Државниот инспекторат покажаа тотална некоординација.

Протест против работењето на "окта"

Телма - 18.11.2008

Жителите со блокадите сакаат да ги алармираат сите надлежни во земјава да преземат итни мерки за дислоцирање на рафинеријата Окта или пак од неа да биде побарано да го намали производството.Тие се жалат дека поради неподносливата миризба на сулфур во воздухот принудени се постојано да одат на лекарски ...

Високооктанско заложништво

Дневник - 18.11.2008

Денешниот протест на жителите на селата околу рафинеријата „Окта“ само ќе биде нова потврда за доброволното заложништво во кое се стави државата кон индустријата што ги труе нејзините граѓани. Да беше поинаку, последната и најголемата санкција со која и' се закани Министерството за екологија поради загадувањето на животната средина немаше да изнесува само 20.000 евра.

Штрајк против загадувачот „Окта“

Дневник - 18.11.2008

Жителите од Миладиновци, Бујковци и од другите села во околината на рафинеријата „Окта“, денеска напладне ќе штрајкуваат и ќе бараат таа да се затвори зашто е голем загадувач на воздухот, водата и на почвата. Тие се незадоволни зашто „Окта“ не само што не исполнила ниедно од нивните барања туку продолжила уште повеќе да загадува со своите отпадни води.

Селаните повторно ја блокираа рафинеријата ОКТА поради загадувањето

Алсат-М - 18.11.2008

„Преку ден ја намалуваат, а преку викендите и навечер испуштаат ненормално. Значи преку ноќ го трујат народот , ова ниту Хитлер не го правел“вели Миливое Станковски, претседател на иницијативниот совет “Во сабота навечер и во недела два часа ќе пуштаат сулфур и не се излегува надвор , не можеме ниту прозорци да отвориме, ова е катастрофа“ вели еден од жителите.

Рафинеријата ОКТА одново блокирана

Алфа - 18.11.2008

Дождот и студот не спречија стотина жители на шесте села околу ОКТА да го блокираат влезот во рафинеријата. Точно напладне, тие ги запреа сите цистерни за влез и излез од ОКТА. Жителите велат дека нема да дозволат рафинеријата непречено да работи, додека не се исполнат нивните барања – државата да постави мерни станици за квалитетот на воздухот, а ОКТА да престане да ја загадува водата.

Градоначалникот Костовски на протест против загадувањето на Окта

Кирилица - 18.11.2008

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски ќе го поддржи протестот на жителите од населените места околу рафинеријата ОКТА и ќе се приклучи кон групата која денеска, напладне, ќе ги блокира влезовите во рафинеријата со цел да го искаже своето незадоволство поради испуштањето отровни гасови и загадувањето на животната средина, што е причина за нарушување на здравјето на локалното ...

Жителите на Миладиновци ја блокираа ОКТА

Сител - 18.11.2008

Со жив штит жителите на Миладиновци денеска се обидоа да го запрат работењето на рафинеријата ОКТА. Бараат клуч на врата или прогласување на еколошка катастрофа. Ако до сега не труеја преку воздухот, сега полека не убиваат и преку водата, велат жителите на Миладиновци. - Никој нема излезено да измери колкаво загадување има во воздухот. Од последниот пат е само полошо.

Жителите од околината на ОКТА ги блокираа влезовите на рафинеријата

Канал5 - 18.11.2008

Блокада на ОКТА. Жителите од околината на рафинеријата ги затворија влезовите за цистерните, револтирани поради загадувањето на ОКТА. Меѓу нив е и Кузман Ангеловски повратник од странство, кој наместо мирни пензионерски денови во родното Миладиновци се жали на влошено здравје :. - Живеев 6 години во Германија. Се вратив тука за да можам мирно да ја проживеам староста.

Монструмот ОКТА јаде бебиња

Вечер Прес - 18.11.2008

Во изминативе две години смртноста е зголемена за 20 до 30 насто. За шест месеци се починати четири новороденчиња. Тоа никој јавно не го кажува, се жалат жителите на селата во општина Миладиновци. "Сулфурот од Окта перманентно не труе. Во изминативе две години смртноста е зголемена за 20 до 30 насто. За шест месеци се починати четири новороденчиња. Тоа никој јавно не го кажува.

Рекордни шест години истрага за скандалозната продажба на „Окта“

Н.Македонија - 17.11.2008

Со крајот на 2008 година ќе изминат рекордни шест години откако антикорупциската комисија првпат поднесе иницијатива за отворање кривична постапка за скандалозната продажба на рафинеријата „Окта“. Епилог на истрагата сè уште нема, иако во обвинителството велат дека на случајот се работи. Пред повеќе од една година истрагата ја презеде одделението за организиран криминал во Јавното обвинителство.

Вештачко дишење

Н.Македонија - 17.11.2008

Гнасотијата во Скопје и другите градови го доживува сопствениот „процут“ во есенските денови. Покрај калливите улици и тротоари, тогаш како најмногу да ги забележуваме крстосниците замаглени од издувните гасови, а мирисот на сулфур и други „ароми“ како да се засилува под незаобиколната магла.

Рафинеријата Окта ја загадува околината

Кирилица - 17.11.2008

Жителите на населените места околу рафинеријата ОКТА утре напладне со мирен протест уште еднаш ќе го искажат своето незадоволство поради испуштањето отровни гасови и загадувањето на животната средина, што е причина и за нарушување на здравјето на локалното ...

Жителите од околината на ОКТА на протест поради загадувањето на животната средина

Сител - 17.11.2008

Жителите на населените места околу рафинеријата ОКТА утре напладне со мирен протест уште еднаш ќе го искажат своето незадоволство поради испуштањето отровни гасови и загадувањето на животната средина, што е причина и за нарушување на здравјето на локалното население.

Еколошка катастрофа од работата на ОКТА

Сител - 17.11.2008

Миладиновци влезе на светската туристичка мапа, но остана заборавено од сопствената држава. Ако се прошетате низ селото од истите зборови ќе ги слушнете од секоја куќа. Семјството Стојановски беше прва цел на нашата посета. Здравјето им се влошило, децата секоја недела се на доктор. Времето кое го поминуваат во дворот попусто го трошат на одгледување зеленчук.

Утре блокади пред ОКТА

Канал5 - 17.11.2008

Жителите од околината на ОКТА утре ќе ги блокираат двата влеза на рафинеријата. Мештаните се жалат дека ОКТА и понатаму испушта нафтени деривати во отпадните води. Компанијата иако им вети, досега не ги инсталираше ниту мониторинг станиците со кои жителите ќе се информираат за количеството на сулфур во воздухот.

Протест против загадувањето на ОКТА

Вечер Прес - 17.11.2008

Жителите на населените места околу рафинеријата ОКТА, денеска, напладне со мирен протест уште еднаш ќе го искажат своето незадоволство поради испуштањето отровни гасови и загадувањето на животната средина, што е причина и за нарушување на здравјето на локалното население.