TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски гo поддржува референдумот, но му пречи основата на кампањата

А1 - 29.08.2004

Референдумот е едно од најдемократските форми на изразување на волјата на граѓаните и од тој аспект гледано, јас го поддржувам неговото одржување и можеби не е лошо за едно вакво крупно прашање граѓаните да ја добијат таа можност, изјави претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во ...

Јордановски допрва се консултира за гласањето околу референдумот

А1 - 28.08.2004

На неколку дена пред собраниското изјаснување за референдумот, претседателот на собранието Јордановски се уште го нема одговорено прашањето дали пратениците треба да гласаат за распишување референдум или не. „Тоа е прашање за милион долари награда, тоа треба да се подразмисли затоа што има различни ...

Правото на граѓаните посилно од принципот на Бадентер

Време - 28.08.2004

ЕКСПЕРТИТЕ ЕДНОГЛАСНИ Пратениците од заедниците не можат да употребат вето за да го спречат претстојното граѓанско изјаснување дури и ако се смени Законот за референдум, бидејќи повеќе од 150.000 потписи веќе се собрани и референдум мора да има, велат правни експерти по завчерашната најава од ...

Петров: Референдум на 7 октомври или на 31 ноември

Вест - 28.08.2004

В ПОНЕДЕЛНИК СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЌЕ ГИ ПОДИГНЕ ОБРАСЦИТЕ СО СОБРАНИТЕ ПОТПИСИ ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ Точниот датум за одржување на референдумот зависи од тоа кога ќе се објави одлуката на Собранието за негово распишување Обрасците со собраните потписи за распишување референдум шест ...

Петров побарал полицајци за да ги земе потписите

Време - 28.08.2004

ПРОВЕРЕНИ ОБРАСЦИТЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Полицијата в понеделник ќе треба засилено да ги набљудува подрачните одделенија на Министерството за правда кога претставници на СМК ќе ги земат обрасците. Ова го побара Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК), оти вчера добил анонимен ...

Министерството за правда е подготвено за референдум на Албанците

Време - 28.08.2004

МЕМЕТИ ЗА „КОХА ДИТОРЕ“ Министерството за правда е подготвено за каква било иницијатива на Албанците за референдум, ја пренесува дневниот весник на албански јазик „Коха диторе“ изјавата на министерот за правда, Иџет Мемети. Според весникот, Мемети рекол дека доколку албанските политички или ...

Условена кандидатурата на Македонија за влез во ЕУ

Утрински - 28.08.2004

Европската унија нема да го проблематизира прашалникот, но нема да поддржи ниту еднонационален референдум Прашалникот за апликација кон ЕУ, кој Македонија го очекува од Европската комисија, нема да доцни поради одржувањето на референдумот против територијалната организација во државава, но ...

Петров побара полициска заштита на референдумските потписи

Утрински - 28.08.2004

СМК на 30 август ќе ги подигне обрасците од подрачните единици на Министерството за правда Бројот на собраните потписи во кои се правеа корекции поради дупликати, се уште енигма Тодор Петров вчера побара полициска асистенција за заштита на собраните потписи на граѓаните за одржување референдум, ...

Груевски верува дека референдумот ќе успее

Утрински - 28.08.2004

ОЧЕКУВАЊА Лидерот на најголемата македонска опозициска партија, Никола Груевски, е оптимист и длабоко е убеден дека референдумот против новите прекројувања на општинските граници мора да успее. ?Атмосферата во РМ покажува дека граѓаните не се задоволни и се крајно револтирани од она што насила се ...

Ѓаволски тешко е да се исполни цензусот за референдумот

Дневник - 28.08.2004

ИНТЕРВЈУ ВЛАДО БУЧКОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ Сите знаеме дека ќе биде ѓаволски тешко да се исполни цензусот во услови кога апстинираат Албанците и ако СДСМ не учествува на референдумот Македонија се наоѓа пред голем предизвик и зависи од главните субјекти дали од оваа ...

СДСМ и ДУИ ќе повикаат на бојкот?

Дневник - 28.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ ДУИ во кампањата ќе им ги објасни на граѓаните сите придобивки што ќе ги имаат од новата територијална организација Не е исклучено СДСМ да го повика членството да го бојкотира референдумот, со што ќе ја спаси новата територијална организација, изјави за "Дневник" Владо Бучковски, ...

Тодор Петров бара полициска заштита на потписите

Дневник - 28.08.2004

ПОРАДИ АНОНИМНА ЗАКАНА Светскиот македонски конгрес (СМК) вчера побарал МВР да го засили обезбедувањето на подрачните единици на Министерството за правда, каде што се чуваат собраните потписи за референдум против новата територијална поделба на земјава.

Со решето не се плаши мечка

Дневник - 28.08.2004

Павле ТраЈанов Мора да се истакна уште еден факт, а тоа се медиумите, кои со објективното и коректно информирање дадоа огромен придонес во успехот на собирањето потписи. Тие покажаа зрелост и висока свест за сериозноста на политичкиот предизвик.

Потценувачки однос на власта

Дневник - 28.08.2004

Филип Петровски Слушнавме две изјави од СДСМ во врска со референдумот. Прво, СДСМ е сигурен дека референдумот нема да успее и тие целосно ќе ја поддржат иницијативата и, второ, независно од опозицијата, власта ќе направи референдум за да го провери спорниот закон, затоа што тој предизвикал ...

Петров инсистира да се исчистат фиктивните гласачи

А1 - 27.08.2004

Иницијаторот на референдумот Петров ќе му предложи на спикерот Јордановски референдумот за неменување на општинските граници да се одржи на почетокот на ноември. Граѓанските потписи Петров во вторник ќе ги достави до Собранието, кое треба само да објави дека референдум ќе има, вели Петров без ...

Глигоров и официјално економски советник на Црвенковски

А1 - 27.08.2004

Професорот Владимир Глигоров од Виенскиот економски институт и официјално е ангажиран како советник за стратегиски прашања во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. За време на неговиот престој во Скопје, минатиот викенд, биле договорени и деталите за неговиот советнички статус.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот на ДПА за референдумот

Вест - 27.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ вчера го поздрави позитивниот став на лидерот на ДПА Арбен Џафефи во врска со референдумот за територијалната организација. "Тоа е за поздравување. Референдумот не е само на Македонците туку и на Албанците. Ова е доказ дека и Албанците протесатираат против Законот за територијална ...

Мемети денеска ќе му ги предаде потписите на Петров

Вест - 27.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ Парите за одржување на референдумот за неменување на територијалната организација ќе се обезбедат од заштеди на Буџетот, вели Димко Кокаровски, заменик-министерот за финансии Министерот за правда Иџет Мемети вчера изјави дека Министерството денеска ќе ги предаде обрасците со потписите на ...

СДСМ: Референдумот - враќање во минатото

Вест - 27.08.2004

СДСМ ќе ја поддржи иницијативата за референдум за Законот за територијалната организација во Собранието, но ќе прави кампања за да им ги објасни на граѓаните сопствените ставови околу децентрализацијата. "Ќе водиме јавна, европска и позитивистичка кампања, за да покажеме дека иднината на Македонија ...

Власта да не бега од обврската да распише референдум

Време - 27.08.2004

МАКЕДОНСКО НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ Македонското народно движење ја поздравува успешната иницијатива на Светскиот македонски конгрес за распишување референдум и апелира до партиите од владината коалиција да не се обидуваат да ја избегнат обврската за негово распишување.

Гласале или не, пратениците мора да го распишат референдумот

Време - 27.08.2004

ПРАВНИ ДИЛЕМИ ВО ВРСКА СО РЕФЕРЕНДУМОТ За правните експерти нема дилема дека Собранието мора да го распише референдумот против новата територијална организација. Затоа, пак, поделени се нивните мислења дали пратениците треба да гласаат или доволно е само да констатираат дека референдумот е распишан.

Ќе излезам на референдумот и ќе гласам позитивно!

Време - 27.08.2004

ГЛИГОРОВ ЗА „ФАКТИ“ Поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров изјави дека „ќе излезе“ на референдумот и дека „ќе одговори позитивно“ на прашањето што ќе биде поставено, јавува Макфакс. Ова негово прво децидно изјаснување за референдумот е дадено во изјава за скопскиот весник на ...

Граѓаните ќе гласаат за новата територијална организација

Време - 27.08.2004

СДСМ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ СДСМ очекува граѓаните на претстојниот референдум да ја потврдат новата територијална организација. Владејачката партија ја поддржува идејата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се зголеми бројот на набљудувачите, бидејќи „така ќе се демантираат сите клевети дека се прават сценарија ...

Проверката на потписите завршува денеска

Време - 27.08.2004

МИНИСТЕРОТ ИЏЕТ МЕМЕТИ НАЈАВИ Не го проверуваме идентитетот на потпишаните граѓани, туку ги бришеме двојните потписи за кои и од Светскиот македонски конгрес признаа дека постојат, изјави вчера министерот за правда Иџет Мемети, за текот на постапката за проверка на потписите.

Ќе гласам позитивно на референдумот

Време - 27.08.2004

КИРО ГЛИГОРОВ СЕ ИЗЈАСНИ Киро Глигоров, поранешен претседател на Македонија, ќе излезе на референдум и ќе одговори позитивно на референдумското прашање за непромена на општинските граници од 1996 година, пренесува дневниот весник на албански јазик „Факти“. - Ќе гласам.

Пред референдумот да се ажурираат избирачките списоци

Време - 27.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА Министерството за правда треба конечно да го ажурира избирачкиот список за на референдумот да не се случи повторно фалсификат каков што имавме на претседателските избори. Тоа вчера на прес-конференција го побара ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на многубројните пропусти во списокот што ...

Европа ќе не притисне за референдумот

Утрински - 27.08.2004

ЕУ со порака за граѓаните во Македонија пред изјаснувањето против новата територијална организација Европа само навидум молкум ги следи тензичните состојби предизвикани од новата територијална организација во Македонија, но тоа не значи дека нема став околу македонскиот референдум.

Кабинетот на Глигоров го демантира "Факти"

Утрински - 27.08.2004

РЕАКЦИЈА Скопје - Кабинетот на поранешниот претседател Киро Глигоров ја демантираше информацијата дека експретседателот за весникот "Факти" изјавил оти ќе излезе на референдумот против новата територијална организација и ќе гласа позитивно.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ги плаши граѓаните со три опасни тези

Утрински - 27.08.2004

Продолжува референдумската прозивка меѓу власта и опозицијата ВМРО-ДПМНЕ вчера, на нова прес-конференција предупреди на трите опасни тези со кои СДСМ ги заплашува македонските граѓани и со тоа ја продолжи прозивката што ја води со партиите на власт.

Правда денеска ќе ги предаде референдумските потписи на СМК

Утрински - 27.08.2004

Финализирана проверката на обрасците со парафи од 150.000 избирачи за граѓанската иницијатива ?Министерството за правда денеска ќе ги предаде сите обрасци со потписи на избирачи за референдум на Светскиот македонски конгрес", најави првиот човек на овој ресор, Иџет Мемети.

Груевски бара од ОБСЕ поголем број набљудувачи за референдумот

Утрински - 27.08.2004

СРЕДБА Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на завчерашниот состанок со високиот претставник на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Андреас Раб, побарал зголемување на бројот на нивните набљудувачи кои ќе го следат референдумот и претстојните локални избори.

СДСМ ќе води позитивна и европска кампања за референдумот

Утрински - 27.08.2004

Според портпаролот на социјалдемократите, Борис Кондарко СДСМ ги оценува како груби невистини и клевети обвинувањата дека партијата ги заплашува граѓаните и со тоа ги спречува слободно да излезат и да ја изразат својата волја на референдум.

Со успешно гласање ќе нема војна

Дневник - 27.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ упорно ја турка тезата дека новата територијална поделба нема алтернатива и дека ако успее референдумот во Македонија, ќе почне криза. СДСМ ги заплашува македонските граѓани пред референдумот, обвини Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.

Уште две тужби за Мемети

Дневник - 27.08.2004

Светски македонски конгрес Иницијаторот на референдумот за зачувување на старите општински граници, Светскиот македонски конгрес, вчера поднесол кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања против министерот за правда Иџет Мемети.

На референдумот 260 посматрачи?

Дневник - 27.08.2004

МОНИТОРИНГ Во ДИК велат дека Владата треба да донесе одлука референдумот засилено да се набљудува, по што МНР треба да поднесе барање до ОБСЕ Во Законот за референдумот нема конкретни одредби за набљудување на гласањето, но тоа не значи дека граѓанското изјаснување не може да биде под странски и ...

Завршена проверката на потписите од иницијативата за референдум на потек СМК

Канал5 - 27.08.2004

Завршена проверката на потписите од иницијативата за референдум за подршка на старата територијална организација на македонските општини, сега на потег е иницијаторот Светскиот Македонски Конгрес, кој треба да ги подигне обрасците од 34 подрачни одделениј Завршена проверката на потписите од ...

7-МИ НОЕМВРИ Е ИДЕАЛЕН ТЕРМИН ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ – СПИКЕРОТ ЈОРДАНОВСКИ ЗА КАНАЛ 5

Канал5 - 27.08.2004

7-ми ноември е идеален датум за одржување на референдумот ако до 5 - ти септември парламентот ја донесе одлуката за негово распишување, вели претседателот на собранието, Љупчо Јордановски.. Но, се уште останува отворена правната дилема - дали во собр 7-ми ноември е идеален датум за одржување на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Референдумот нема да доведе до граѓанска војна“

А1 - 26.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува тезата на СДСМ дека територијалната поделба, онаква каква што помина во Собранието, нема алтернатива. Постоечкото територијално решение е една од алтернативите која до сега функционираше беспрекорно, изјави Александар Бичиклиски.

Мемети: „Проверката на потписите треба да заврши утре“

А1 - 26.08.2004

Министерството за правда утре ќе ги достави потписите до иницијаторот за одржување на референдумот Светскиот македонски конгрес, ветува Мемети. Тој признава дека во списоците имало дупликат потписи, но вината за тоа не била во министерството, туку во големиот одзив на граѓаните.

СДСМ ќе го поддржи одржувањето на референдумот

А1 - 26.08.2004

Социјал демократскиот сојуз е сигурен дека граѓаните нема да дадат мнозинска поддршка на референдумот, со што неодамна донесениот закон за новите општински граници ќе остане во сила. „Немаме ништо против референдумот како институција и како уставно и демократско право, но ние постојано воочуваме и ...

Глигоров демантира дека го подржува референдумот

А1 - 26.08.2004

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров денеска реагираше во врска со веста што ја објави една скопска новинска агенција, а ја пренесоа некои медиуми, дека екс-претседателот за весникот „Факти“ изјавил дека ќе излезе на референдумот против новата територијална организација и ...

На референдумот ќе се покаже дали Македонците се за соживот

Време - 26.08.2004

ДПА Апокалиптичните визии во изјавите на ПДП и ДУИ дека успехот на референдумот ќе значи крај на Македонија се само декларативен обид да се спречи нормалното изјаснување на народот, изјави лидерот на ДПА Арбен Џафери на вчерашната прес-конференција. - Референдумот е демократско право на секој народ.

Опозицијата ќе почне кампања „од врата на врата“

Време - 26.08.2004

ОТКАКО ЌЕ СЕ ОПРЕДЕЛИ ДАТУМ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Членови на Светскиот македонски конгрес и на партии кои дадоа поддршка да се соберат потписите, ќе одат од врата на врата за да ги потсетуваат граѓаните да излезат на референдум, најави иницијаторот Тодор Петров.

СДСМ и ЛДП прават штаб за кампањата против референдумот

Време - 26.08.2004

ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ ВО АКЦИЈА Владејачките СДСМ и ЛДП го мобилизираат своето членство во оперативниот дел од кампањата против референдумот за враќање на територијалната организација од 1996 година. Тие формираат штаб што ќе ја води кампањата, а кој, според партиски извори, веројатно ќе го раководи ...

Кисела Вода се преброи, другите се влечкаат

Време - 26.08.2004

ТОДОР ПЕТРОВ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКА ДА ГИ ЗЕМЕ ПОТПИСИТЕ Набљудувачите на Светскиот македонски конгрес (СМК) очекуваат денеска да ги земат обрасците со потписи од подрачните одделенија на Министерството за правда, иако од Министерството уште не ги информирале кога ќе се случи примопредавањето на книгите ...

Референдумот и одложувањето на изборите ќе решаваат во пакет

Време - 26.08.2004

СПИКЕРОТ ЈОРДАНОВСКИ НАЈАВУВА Законот со кој ќе се одложат изборите Собранието треба да го разгледа на истата седница на која ќе ја донесе и одлуката за распишување на референдумот, оцени вчера Љупчо Јордановски, претседател на Собранието.

Црвенковски ќе почека со понудата за договор, партиите затекнати

Време - 27.08.2004

МОЖЕ ЛИ ДОГОВОР НАМЕСТО РЕФЕРЕНДУМ? Диана Младеновска Не е исклучено претседателот Бранко Црвенковски подоцна да покрене иницијатива за постигнување политички договор, но само доколку претходно има волја и согласност од сите релевантни политички партии.

Референдумот нема да го доведе во прашање опстанокот на Македонија

Време - 26.08.2004

РАЗГОВОР: НАЗМИ МАЛИЌИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛБАНСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Иван Блажевски Претседателот на Унијата на албанската интелигенција во Македонија, Назми Малиќи, смета дека референдумот во земјава нема да успее, но оценува дека ако се случи спротивното, новите закони може уште помалку ...

Македонија - дел од светската практика и демократската традиција

Време - 26.08.2004

СТРАНЦИТЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Македонија е демократска земја и луѓето како и секаде во светот имаат право слободно да го изразат својот став на референдум, смета мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тоа е внатрешно прашање на земјата и Европската Унија нема да го коментира, смета скопската делегација на ...

Референдумот во ноември, локалните избори до 1 март

Утрински - 26.08.2004

Најтесните органи кај социјалдемократите и либералдемократите расправаа за претстојната жешка есен Дали со пролонгирањето на локалните избори нема да се продолжи мандатот на актуелните општински раководства и да се скрати мандатот на тие што допрва ќе се избираат Претседателството на ...

Парламентарците во дилема дали да се гласа за референдумска одлука

Утрински - 26.08.2004

Поделени мислења дали Собранието треба да дебатира и да се изјаснува за иницијатива што има поддршка од 150.000 избирачи Катица Чангова Првиот парламентарец во државава, Љупчо Јордановски, е во дилема дали за референдумската одлука која има поддршка од 150.000 избирачи треба да се отвори расправа и ...

Референдумот ќе покаже дали Македонците сакаат соживот со Албанците

Утрински - 26.08.2004

Според ДПА, нема мир ако не се почитува мултиетничноста во државава ЏАФЕРИ: Вакви референдуми се организираат во време на кризи каква што е присутна во Македонија, а ние не сакаме да бидеме дел од неа ТЕТОВО -"Референдумот го сметам за демократско право на граѓаните, па макар организиран и на ...

Црвенковски нема да иницира лидерска средба за општините

Утрински - 26.08.2004

По најавите дека претседателот ќе ги свика партиите за нов договор околу територијалната организација Референдумот не може да се спречи со измена на закони Претседателот на државата нема да ги свика релевантните партии за нов договор околу територијалната организација.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека ги плаши граѓаните со граѓанска војна

Утрински - 26.08.2004

Најголемата опозициска партија бара да нема притисоци пред референдумот Доколку се повтори фалсификатот од претседателските избори, постои сериозен ризик од радикализација на состојбите во Македонија "Најважен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е успешното завршување на референдумот против ...

Петров денеска ќе му поднесе кривична пријава на Мемети?

Утрински - 26.08.2004

НАЈАВА Светскиот македонски конгрес, иницијатор на референдумот за задржување на границите од 1996 година, денеска ќе му поднесе кривична пријава на министерот за правда, Иџет Мемети, за злоупотреба на службената позиција. Причина за пријавата, која ќе биде адресирана до јавниот обвинител, е ...

Референдумот да се распише на 5 септември

Дневник - 26.08.2004

СПОРЕД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО Пратениците расправаат само за датумот на неговото одржување, смета спикерот Љупчо Јордановски Петти септември е најоптималниот термин Собранието да распише референдум на седница на која ќе се расправа и за измени на Законот за локалните избори, оцени ...

Социјалдемократите се изјаснија за референдум

Дневник - 26.08.2004

СТАВ Пратеничката група на владејачкиот Социјалдемократски сојуз едногласно ќе ја поддржи иницијативата за распишување референдум за задржување на старата територијална организација. Оваа одлука на прексиноќешната седница ја донесло претседателството на партијата.

Нема договор што ќе го замени референдумот

Дневник - 26.08.2004

ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ Референдумот не може да се спречи со никаков политички договор за измени во Законот за територијалната организација, тврдат и во власта и во опозицијата. - Со референдумот ќе одиме до крај без оглед дали во меѓувреме власта преку политички договор ќе реши да ги измени решенијата ...

Фашизоидни закани

Дневник - 26.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ Со "фашизоидни и радикални" закани власта го заплашува народот пред изјаснувањето, тврди најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Таа ја обвини владејачката коалиција дека ја радикализира состојбата во земјава пред референдумот и ја предупреди дека "последиците од тоа можат да бидат ...

На Ахмети му здодеа костумот

Дневник - 26.08.2004

Коментар - Тодор Пендаров Ако успее референдумот, тоа може да доведе до граѓанска војна. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна ја оцени граѓанската иницијатива за распишување референдум против новата територијална организација на општините.

Иџет Мемети: Проверката на потписите на Министерството за правда најверојатно ќе заврши утре, кога и обрасците ќе му ...

Канал5 - 26.08.2004

Проверката на потписите на Министерството за правда најверојатно ќе заврши утре, кога и обрасците ќе му бидат предадени на иницијаторот, истакнува министерот за правда Иџет Мемети. Министерството за правда, вели Мемети, стори се за да на граѓаните им с Проверката на потписите на Министерството за ...

ВМРО ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека пласира загрижувачки тези со кои сака да ги заплаши граѓаните во пресрет на ...

Канал5 - 26.08.2004

ВМРО ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека пласира загрижувачки тези со кои сака да ги заплаши граѓаните во пресрет на одржувањето на референдумот против новата територијална организација.. Првата е дека СДС постојано повторуваат дека нема алтернатива за закон ВМРО ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека пласира ...

Нејасно дали за референдумот ќе се гласа или само ќе се констатира

А1 - 25.08.2004

Претседателот на Собранието Јордановски е во консултации со правни експерти дали за одлуката за распишување на референдум пратениците ќе гласаат или таа ќе се констатира. Собранието согласно Уставот, вели Јордановски, е должно да распише референдум кога се собрани 150.000 граѓански потписи.

ДПМНЕ обвинува за закани и заплашувања на граѓаните

А1 - 25.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека радикалните структури на Албанците во државава и СДСМ ги заплашуваат граѓаните, за да ги спречат слободно на референдум да се изјаснат против законот за територијална поделба. „Заканите со граѓанска војна, дестабилизација за државата како и тероризирањето на македонската ...

Нов политички договор против референдумот

Време - 25.08.2004

ВЛАСТ ПОДГОТВУВА СПАСОНОСНА ИНИЦИЈАТИВА Експерти блиски до претседателот Бранко Црвенковски размислуваат да му предложат да ги свика лидерите на најрелевантните партии на средба, на која би било понудено да се постигне меѓупартиски договор за новата територијална организација наместо одржување ...

Фашизоидни закани за да не се поддржи референдумот

Време - 25.08.2004

ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ИЗЈАВАТА НА АХМЕТИ ВО „БОТА СОТ“ Изјавата на Али Ахмети за приштинскиот весник „Бота сот“ дека „ако успее референдумот, во Македонија ќе има граѓанска војна“ е фашизоидна и со цел да се заплаши населението да не го поддржи референдумот, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Криво насадено, криво никнато

Вест - 25.08.2004

ЦРВЕНКОВСКИ И ВЛАДАТА НН РЕЗИЛАТ ПРЕД СВЕТОТ СО ТЕРМИНОТ "ЕТНИЧКИ РЕФЕРЕНДУМ" Дали со упорното користење на тереминот "етнички референдум" власта потценува се што е друга етничка заедница освен Албанците? Светските новински агенции кои известуваат за ситуацијата со референдумот во Македонија, во ...

Се проверуваат потписите за референдум

Време - 25.08.2004

ОД ВЧЕРА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА Раководителите на подрачните единици на Министерството за правда од вчера ги проверуваат околу 185-те илјади потписи од граѓани што ги собра здружената опозиција по иницијатива на Светскиот македонски конгрес (СМК).

Алиу: Референдумот е против Албанците

Време - 25.08.2004

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПДП Успешниот референдум против Законот за територијална организација ќе значи крај за Македонија, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролот на ПДП, Ќенан Алиу. Според него, референдумот е со етнички карактер и е насочен против Албанците.

Правда не знае кога ќе му ги предаде потписите на Петров

Вест - 25.08.2004

РЕФЕРЕНДУМ Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес го обвинува Министерството за правда дека со проверката на потписите смислено ја опструираат граѓанската иницијатива и дека "измислија незаконска надлежност да ги проверат потписите" Министерството за правда не знае колку време ќе ...

Нема вечна територијална организација

Време - 25.08.2004

ЃОРЃИ КИМОВ, ДИРЕКТОР НА „БРИМА-ГАЛУП“ Александра М. Митевска Незадоволството од територијалната реорганизација, кое резултираше со референдум, е предизвикано од општата социјална, економска и политичка криза во Македонија, смета Ѓорѓи Кимов, аналитичар и директор на агенцијата за истражување на ...

Просперитетот е против референдум со етничка боја

Утрински - 25.08.2004

Прес во ПДП ТЕТОВО - ПДП не е против референдум како израз на демократското право и волја на народот, туку е против ваков референдум каков што се најавува и има етничка боја. Овој референдум не е излез, а ако успее Македонија ќе ја нема.

Петров ќе му предложи на Јордановски два термина за референдум

Утрински - 25.08.2004

СМК објави дека на граѓанската иницијатива се потпишале приближно 182.000 избирачи Иницијаторот за референдум нема информации од Министерството за правда кога ќе биде направено примопредавање на книгите во кои изминативе шест месеци, заклучно со 23 август, се собираа потписите Претседателот на СМК, ...

СДСМ ја договара кампањата за референдумот

Утрински - 25.08.2004

Седница на Претседателството на социјалдемократите Највисокиот оперативен орган на владејачките социјалдемократи- Претседателството на партијата, вчера попладне ја имаше првата средба по годишните одмори на која ја разгледуваше актуелната состојба визави фактот дека ќе се организира референдум за ...

На суд ако доцни проверката на потписите

Дневник - 25.08.2004

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес ќе поднесе кривична пријава против министерот за правда ако денеска не биде готова проверката на потписите, најави претседателот на СМК, Тодор Петров. Иницијаторот за распишување на референдумот за непроменливост на општинските граници, ...

Референдумот не може да се блокира со Бадентер

Дневник - 25.08.2004

ПРАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ЕДНОГЛАСНИ Ако успее референдумот, Собранието мора да го уреди прашањето, а тогаш на сцена ќе стапи Бадинтеровата формула За одлуката за распишување референдум, по иницијативата на 150.000 избирачи, пратениците гласаат само формално, со 61 глас, сметаат правните експерти.

Никој нема да оди в планина за привилегиите на Ахмети

Дневник - 25.08.2004

РЕАКЦИИ НА ЗАКАНИТЕ НА ДУИ СО ГРАЃАНСКА ВОЈНА Не сакаме да коментираме изјави, но ја предочуваме опасноста од еднонационалниот референдум, изјави Борис Кондарко, портпарол на СДСМ Никој веќе нема да оди во планина за Али Ахмети да ги ужива привилегиите на власта, велат во здружената опозиција за ...

Подготовки

Дневник - 25.08.2004

Колумна - Ѓунер Исмаил Би било наивно да се очекува дека сите "заинтересирани" околу собитијата на Балканот ќе си седат "мадро", властите ќе повелат да ги замолат "гарантите" на рамковниот преку своите механизми да ги "информираат соодветно" Колку за почеток, да го повторам ставот од минатата среда.

Успешен референдум е крај за државата

Дневник - 25.08.2004

ПАРТИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Ако успее референдумот против Законот за територијалната организација, тоа ќе биде крај за Македонија, изјави вчера портпаролот на Партијата за демократски просперитет, Ќенан Алиу, на прес-конференцијата во Тетово.

Власта ќе плаши,опозицијата ќе храбри

Дневник - 25.08.2004

РЕФЕРЕНДУМСКА КАМПАЊА Опозицијата ќе го повика народот да гласа за да ја зачува државата, а од истите причини, власта ќе бара да не се гласа. - Најголем луксуз е да се изгуби државата. Затоа порачуваме заеднички да направиме се за да ги зачуваме нејзиниот суверенитет и територијален интегритет - ...

СЕ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ТОЧНО ЌЕ СЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ, НИТУ, ПАК, СЕ ЗНАЕ КОГА СОБРАНИЕТО ЌЕ ЈА НОСИ ОДЛУКАТА ЗА ...

Канал5 - 25.08.2004

Локалните избори ќе се одржат најдоцна до 15-ти март догодина.. Ова најверојатно ќе бидат предлог-измените на законот за локални избори кои ќе произлезат од наредната владина седница.. Начелниот договор бил направен на синоќешниот состанок на претседателс Локалните избори ќе се одржат најдоцна до ...

Пратениците на СДСМ ќе гласаат за референдум

А1 - 24.08.2004

Врвот на СДСМ вечерва ќе одлучи со каква кампања ќе настапи на референдумот за неменување на општинските граници. Засега не откриваат дали ќе го повикаат своето членство да го бојкотира референдумот, иако велат дека нивните пратеници во Собранието ќе дадат поддршка на одлуката за одржување на ...

ПДП против референдумот за територијалната органзизација

А1 - 24.08.2004

Евентуалниот успех на референдумот за новата територијална организација на државата, ПДП смета дека ќе биде почеток на крајот на она што се вика Македонија, рече на денешната прес конференција во Тетово партискиот портпарол Кенан Алиу.

ЛДП: „Мора да се почитуваат уставните рокови за референдум“

А1 - 24.08.2004

Уставните рокови потребни за одржување на референдум за територијалната организација мора да се почитуваат и тоа не може да биде прашање на договор меѓу политичките субјекти во Република Македонија, изјави попладнево по завршувањето на седницата на Извршниот одобр на ЛДП, Славко Петров, член на ...

Ахмети: Ако успее референдумот, ќе има граѓанска војна

Вест - 24.08.2004

ЛИДЕРОТ НА ДУИ ЗА КОСОВСКИ "БОТА СОТ" Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за косовскиот дневен весник "Бота сот" изјавил дека успехот на референдумот против новата територијална организиација ќе значи граѓанско војна во Македонија.

ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА: Референдумот, тест за легитимитетот на власта

Вест - 24.08.2004

ВМРО - Народна партија бара од власта референдумот за територијалната поделба на Македонија да го спроведе во законски утврдените рокови, и ги осудува сите обиди за негова дискредитација преку употребата на Бадинтеровото правило и оценките дека тоа е етнички референдум. Весна Јаневска, в.д.

Референдумот сигурно ќе успее

Време - 24.08.2004

ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА ВМРО-народна партија, повикувајќи се на сознанијата од теренот, очекува дека референдумот сигурно ќе успее, ако власта не се обиде да ја саботира процедурата или да ги фалсификува резултатите. Тоа беше речено на вчерашната конференција за печатот на партијата, на која в. д.

Албанците ќе бараат референдум за независност

Време - 24.08.2004

ЏАФЕРИ ЗА КУВАЈТСКА ИНФОРМАТИВНА АГЕНЦИЈА Албанците ќе бараат да организираат референдум за независност, ако Македонците на претстојниот референдум се изјаснат против новата територијална поделба, изјавил лидерот на ДПА, Арбен Џафери, за кувајтската информативна агенција КУНА.

Ахмети се заканува со војна ако успее референдумот

Време - 24.08.2004

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ПРИШТИНСКИ „БОТА СОТ“ Успешниот референдум ќе ја воведе Македонија во нова граѓанска војна, предупредува лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, во интервјуто за приштинскиот весник „Бота сот“. Според Ахмети, опозициските партии што стојат зад референдумот не се против ...

Бојкот или „против“ - ќе решат партиските тела

Време - 24.08.2004

ВЛАСТА И РЕФЕРЕНДУМОТ Александра М. Митевска Партиските тела на владејачките СДСМ и ЛДП ќе решат со каква порака да му се обратат на своето гласачко тело во кампањата за референдумот за враќање на територијалната организација од 1996 година - најавуваат од двете партии.

Референдумот ќе успее, избори во март

Време - 24.08.2004

ЗАВРШИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Сунчица Стојановска Околу 185.000 потписи очекуваше да собере здружената опозиција до вчера до 16 часот. Светскиот македонски конгрес пред шест месеци ги повика граѓаните да соберат 150.000 потписи за Собранието да распише референдум за новата територијална ...

Оставете не да се излуксузираме

Време - 24.08.2004

Сунчица Стојановска Социјалдемократите почнуваат кампања за да ги убедат граѓаните во штетноста и бесполезноста да се трошат пари, време и енергија за референдумот, зашто тоа било „луксуз за Македонија“. Вака СДСМ одговори на најсилната порака што досега граѓаните и ја испратиле на некоја власт - ...

Успешниот референдум ќе ја воведе Македонија во граѓанска војна

Утрински - 24.08.2004

Изјава на Али Ахмети за приштинскиот весник "Бота сот". Мехмети не ја потврди изјавата на лидерот Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, смета дека со пропаѓањето на Рамковниот договор Македонија ќе влезе во опасна фаза, од која штотуку излезе, а успешниот референдум ќе ја ...

Референдумските потписи ќе се архивираат на 26 август

Утрински - 24.08.2004

Иницијаторот на акцијата за одржување на непосредно изјаснување е оптимист Цензусот е постигнат, процедурата продолжува во Собранието што без расправа донесува одлука за референдум КАТИЦА ЧАНГОВА Иницијаторот на референдумот за непроменливост на општинските граници од 1996 година, Светскиот ...

Избирачите ќе се изјаснуваат „за“ и „против“ меѓите од 1996 година

Утрински - 24.08.2004

Референдумското прашање е составен дел од иницијативата на СМК кое со обрасците ќе биде доставено во Собранието Дали сте за територијалната организација од 1996 година (општините и градот Скопје), утврдени со Законот за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на ...

Почна броењето потписи

Дневник - 24.08.2004

од денеска Вчера беше последниот ден за собирање потписи за распишување на референдумот на кој граѓаните на Македонија треба да се изјаснат дали се за непроменливост на општинските граници утврдени со Законот за територијалната поделба од 1996 година.

Албанците ќе гласаат за отцепување

Дневник - 24.08.2004

АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕ ЗАКАНУВА Ги отфрламе еднонационалните референдуми зашто Македонија ќе ја вратат пред 2001 година, велат во ДУИ И Албанците ќе организираат референдум ако успее граѓанската иницијатива за зачувување на територијалната карта од 1996 година.

Власта мора да си оди,ако референдумот успее

Дневник - 24.08.2004

ВМРО-НАРОДНА Дилемите за Бадентеровото мнозинство, според нас, се само политички трик за да се избегне одговорноста, е ставот на ВМРО-Народна Ако народот се изјасни против усвоениот Закон за територијалната поделба на Македонија, Владата веднаш треба да си оди и да распише предвремени парламентарни ...

Загрозена е власта, а не државата

Дневник - 24.08.2004

КОАЛИЦИЈА "ТРЕТ ПАТ" Собранието да распише референдум на 10 септември, гласањето да биде по 10 ноември, а локалните избори во март, смета коалицијата "Третиот пат" и побара власта да ги почитува законите. - Не се сомневаме дека граѓаните на референдумот ќе го урнат законот со кој се дели државата.

И Бадентер немоќен против народот

Дневник - 24.08.2004

ПРАВНИ ДИЛЕМИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Што ако некој покрене референдум со кој ќе се одземе правото на образование на мајчин јазик, прашува професорот Владо Поповски Се помалку и се понеуверливи се тврдењата дека со примена на Бадентеровиот принцип може да се блокира распишувањето референдум.

Практикувањето на демократијата не е луксуз

Дневник - 24.08.2004

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА, ПРОФЕСОРКА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ Неуспехот на референдумот би бил најочигледен ако за време на неговото одржување завладеат недемократски дух и не дај боже, насилство Со тоа што не потсетуваат на српското сценарио, власта сака демократските принципи и механизми да ги прикаже ...

Ахмети: Успешен референдум против новата територијална карта ќе ја воведе Македонија во граѓанска војна

Канал5 - 24.08.2004

Во изјавата дадена за приштинскиот весник ,, Бота Сот,, претседателот на албанската владеачка партија констатира дека со пропаѓањето на рамковниот договор Македонија ќе влезе во една опасна фаза, од која, како што вели туку што излегла.

178.000 ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРНДУМ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Канал5 - 24.08.2004

182.000 потписи, ова е апроксимативниот број потписи според информациите на Tодор Петров иницијаторот на граѓанската иницијатива за референдум. Сепак ,според него ова не е конечната цифра, бидејќи во определен број месни канцеларии на овластените набљудув 182.000 потписи, ова е апроксимативниот ...

Третиот пат: „Локални избори по старата територијална организација“

А1 - 23.08.2004

Коалицијата Третиот пат инисистира да се почитуваат законските решенија за распишување на референдум. Според нив, референдумот треба да се одржи после 10 ноември, а оптимално време за одржување на локалните избори би било март 2005.

ВМРО - Народна го поздравува одржувањето на референдумот

А1 - 23.08.2004

Новоформираната ВМРО-Народна најавува дека ќе се вклучи со сопствена кампања за референдумот да биде успешен. Јавната подршка на референдумот од партијата на Љубчо Георгиевски доаѓа откако се собрани потписите. В.Д. претседателката Јаневска за ваквиот чекор и затоа дека не се членови на ...

Заврши собирањето на потписи, собрани околу 185.000

А1 - 23.08.2004

По 6 месеци денеска заврши иницијативата за собирање на потписи за одржување на референдум. Според иницијаторот Светскиот македонски конгрес околу 185.000 граѓани се потпишале на барањето за референдум. Петров смета дека тој и спикерот Јордановски треба да го одредат денот кога ќе се распише ...

Би-Би-Си: „Референдумот е предизвик за Рамковниот договор“

А1 - 23.08.2004

Ако противниците на договорот со кој на Албанците во Македонија им се даваат повеќе права успеат во својата намера, тогаш референдумот за тоа прашање ќе биде сериозен предизвик за Охридскиот мировен договор со кој во 2001 година државата се спаси од вистинска граѓанска војна, оценува Би-Би-Си.

Референдумот во ноември, изборите во јануари или февруари

Време - 23.08.2004

СПОРЕД СДСМ Референдумот ќе се распише до 10 септември, а локалните избори ќе се одржат во јануари или февруари, најави СДСМ на вчерашната прес-конференција. Партијата обвини дека референдум е против охридскиот договор и против Социјалдемократскиот сојуз.

Бучко ја плаши Македонија со Косово

Вест - 23.08.2004

СДСМ ВО КАМПАЊА ЗА НЕУСПЕХ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА "Не така одамна, и во Србија се случи народ. Следуваа серија референдуми, потоа Србите на трактори се враќаа во Србија, на крајот Србија го изгуби Косово, а најзагрижените Срби, оние што велеа дека ја спасуваат Србија, во ...

Правните експерти го толкуваат Бадентер

Време - 23.08.2004

ДУИ Во Уставот и во законите има многу нејаснотии во врска со тоа кога етничките заедници можат да го употребат правото на вето за прашања што го засегнуваат нивниот национален интерес и затоа правни експерти треба да ја разјаснат дилемата за употреба на Бадентеровото мнозинство, изјави Ермира ...

ВМРО - ДПМНЕ: Пенов му се додворува на ДУИ

Вест - 23.08.2004

Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов или целосно не ги познава законите, ги потценува македонските граѓани или пак, што е најверојатно, се додворува на ДУИ, бидејќи кандидатурата за градоначалник се поочигледно е дека нема да му биде поддржана од СДСМ, сметаат во ВМРО - ДПМНЕ, коментирајќи ја ...

Бадинтеровиот принцип не е предвиден при референдум

Време - 23.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ Бадинтеровиот принцип во никој случај не може да се употреби при користењето на највисокото уставно право на непосредно изјаснување на граѓаните, а тоа е референдумот, рече Александар Бичиклиски, заменик-портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

Петров бара цврсти гаранции за референдум во редовните рокови

Време - 23.08.2004

ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ Сунчица Стојановска Денеска во 16 часот завршува иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за собирање 150.000 потписи за референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали да опстанат сите 123 општини според територијалната организација од 1996 година.

Според СДСМ, референдумот е опасност за иднината на државата

Утрински - 23.08.2004

Социјалдемократите активно ќе се вклучат во кампања против успехот на референдумот Бучковски: Целта на СДСМ е да ги убеди граѓаните да ја сфатат штетноста, бесполезноста од вакво трошење пари, време и енергија за референдумот, што е луксуз за Македонија СДСМ активно ќе учествува во кампањата за ...

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за смена на Пендаровски

Утрински - 23.08.2004

Опозицијата реагира по изјавата на Пенов дека треба да се употреби Бадинтеровиот принцип Изјавата на градоначалникот Ристо Пенов дека е потребно при одлуката за распишување референдум да се употреби Бадинтеровиот принцип, укажува на хаосот и збунетоста што постои во редовите на владејачката ...

Малиќи: Референдумот ќе ги врати назад процесите во Македонија

Утрински - 23.08.2004

Според првиот човек на Унијата на албанската интелигенција ПриШтина - "Евентуалното одржување референдум во Македонија против новата територијална организација ќе ги врати назад сите процеси и ќе ја одложи реализацијата на Охридскиот договор, сметаат првите луѓе од Унијата на албанската ...

Ристо Пенов # се додворува на ДУИ

Дневник - 23.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ Владејачката коалиција е збунета и се наоѓа во хаос, смета најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. - Потврда за тоа е изјавата на Ристо Пенов во која тврдеше дека за распишување референдум ќе треба да се примени Бадинтеровиот принцип - изјави вчера портпаролот Александар Бичиклиски.

Околу 35.000 потписи плус

Дневник - 23.08.2004

денеска ЗАВРШУВА изЈаснувањето за референдум Потписите нема да бидат доставени до Собранието се додека Владата не вети дека нема да го менува Законот за референдумот, вели Тодор Петров, претседател на СМК Рокот за собирање 150.000 потписи, неопходни за распишување референдум, завршува денеска во 16 ...

Народот ќе гласа

Дневник - 23.08.2004

МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА РЕФЕРЕНДУМ На Македонија и претстои референдум, најмасовното изјаснување за или против Законот за територијалната организација на земјата. Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, иницијаторот на акцијата за собирање потписи најавува дека на Собранието ...

Власта се фаќа за Бадинтерова сламка

Дневник - 23.08.2004

ПРАВНИ ДИЛЕМИ СДСМ ги убедува ДУИ и ЛДП да не инсистираат на Бадинтеровата формула при распишувањето на референдумот Социјалдемократите ќе ги убедуваат коалициските партнери ДУИ и ЛДП дека треба да се надминат уставно-правните дилеми дали за референдумот треба да се примени Бадинтеровото мнозинство.

Етничките референдуми се лош луксуз

Дневник - 23.08.2004

СДСМ ВО КАМПАЊА Со копирање на српското сценарио не се постигнува политичка и економска стабилност, рече Владо Бучковски, потпретседател на партијата Социјалдемократскиот сојуз подготвен влегува во кампањата за референдумот, ќе создаде поволна клима и нема да го опструира граѓанското изјаснување, ...

Не важи бадентеровото правило за референдумот, - немаат дилема експертите

Канал5 - 23.08.2004

Собранието гласа кога ја носи одлуката за распишување референдум, но уставот ги обврзува пратениците притоа позитивно да се изјаснат.. Ова за Канал 5 го тврдат експертите по уставно право, според кои, изјаснувањето на парламентот е само формалност кога ве Собранието гласа кога ја носи одлуката за ...

Референдум ќе има сакала власта или не, а за тоа одлучуваат повеќе од 180.000 потписи на граѓаните, а не Владата, велат ...

Канал5 - 23.08.2004

Референдум ќе има сакала власта или не, а за тоа одлучуваат повеќе од 180.000 потписи на граѓаните, а не Владата, велат во Третиот пат. изјавите на СДСМ дека тие ќе распишеле референдум доколку иницијативата не успеела, Трајанов ги толкува како краен Референдум ќе има сакала власта или не, а за тоа ...