TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црна недела и за Македонска берза

А1 - 11.10.2008

Финансискиот пакет тежок 700 милијарди долари не ја сопре кризата што го зафати светот. Берзите предложија да тонат и по првата недела од усвојувањето на планот за спас на американската економија. Индексот Дау Џонс на њујоршката берза ја преживеа најтешката работна недела во историјата - падна за 18,15 проценти, Стандард и Пурс 500 падна за 18,20 проценти. Црна недела и за европските индекси.

Светските берзи пак паѓаат

Утрински - 11.10.2008

Светските берзи пак паѓаат Њујоршката берза, седми ден едноподруго, ја заклучи трговијата со пад на водечките индекси откако „Дау Џонс“ опадна за 7,33 проценти и 678,91 процентен поен на 8.579,19 процентни поени, што е најниското ниво од јуни 2003 година досега.

Берзанскиот индекс падна за близу два процента

Утрински - 11.10.2008

Берзанскиот индекс падна за близу два процента И вчера беше регистриран пад, иако не драматичен, на македонскиот берзански индекс МБИ 10, и тоа за 1,92 процента.

Цените на акциите на светските берзи повторно се намалија

Н.Македонија - 11.10.2008

Њујоршката берза седми ден по ред ја заклучила трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 278,9 проценти поени, на 8.300 поени, односно пад за 3,25 отсто, што е најниско ниво од јуни 2003 година досега, јави АФП.

Тешко се враќа довербата на пазарот на капиталот

Дневник - 11.10.2008

Зачудува тоа како може да има толкав пад на акциите кога податоците за работењето кај повеќето компании се позитивни . Во последните две години инвеститорите купуваа скапи акции од истите тие компании што сега имаат големи падови. Прашање е кој и зошто сега продава со огромна капитална загуба.

Г- 8 – состојбата на светскиот финансиски пазар бара итни мерки за решавање на кризата

Канал5 - 11.10.2008

Нужно е итно да се стабилизира финансискиот пазар заклучија министрите за финансии на седумте нај развиени земји Г- 7 по состанокот во Вашингтон што се одржа на маргините на годишното заседание на Светската банка и ММФ.

Доу Џонс опадна на најниското ниво

А1 - 10.10.2008

Њујоршката берза, седми ден по ред, ја заклучи трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 7,33 проценти и 678,91 процентни поени на 8.579,19 процентни поени, што е најниското ниво од јуни 2003 година досега.

Македонски берзански реакции

BBC - 10.10.2008

А денеска за првпат од почетокот на глобалната финансиска криза и македонската берза презеде чекори за стабилизација, со тоа што ги ограничи дозволените дневни ценовни флуктуации во тргувањето со акциите од 10 на 5%.

Малку светлина на македонската берза

Време - 10.10.2008

Мерките на бордот директори на Македонска берза за спречување на падот на акциите го смирија пазарот на капитал. Индексот на десетте најликвидни компании на вчерашното тргување се намали за 0,44 проценти, што претставува подобрување во однос на претходните два дена, кога имаше континуиран пад од 14 ...

По драматичниот пад, Берзата се смири

Утрински - 10.10.2008

Вчера беше регистриран многу помал пад на МБИ 10 од само 0,43 проценти Соња Маџовска Дали е резултат на ценовните ограничувања што важат од вчера на Македонската берза, на закрепнувањето на европските берзи или, пак, се освестија инвеститорите, како и да е, факт е дека по два дена вртоглав пад на ...

Продолжува падот на американските берзи

Алсат-М - 10.10.2008

Акциите на Вол Стрит во четвртокот паѓаа седми ден по ред, а индексот Дау Џонс за прв пат од 2003 година, се спушти под девет илјади бодови.

Европските берзи денеска почнаа со остри падови

Алсат-М - 10.10.2008

Водечките европски берзите во Лондон, Париз и во Франкфурт тргувањето го отворија со пад на вредноста на индексите од речиси 10 насто. Инвеститорите нестрпливо го очекуваат состанокот на министрите за финансии и на гувернерите на седумте индустриски најразвиени земји Г7 во Вашингтон.

Најмалку за двапати паднала вредноста на речиси сите акции

Н.Македонија - 10.10.2008

Берзата никогаш не била поактуелна. Во овој период од минатата година по скопските кафулиња граѓаните и ситните бизнисмени разговараа за шпекулативни играрии и дилеми за тоа колку е умно да се купат акции во „Емо“ или „ОХИС“ поради најавената продажба на државниот капитал во овие компании.

Доу Џонс опадна на најниското ниво

Форум - 10.10.2008

МИА) Њујоршката берза, седми ден по ред, ја заклучи трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 7,33 проценти и 678,91 процентни поени на 8.579,19 процентни поени, што е најниското ниво од јуни 2003 година досега.

Домашни компании сами си ги откупуваат акциите

Канал5 - 10.10.2008

Во време на глобална финансиска криза и пад на цената на акциите на берза, неколку домашни компании деновиве сами си ги откупуваат акциите.   Според информацијата објавена на Македонска берза, откуп на сопствени акции вчера направиле Македонија турист АД Скопје, Алкалоид, Витаминка Прилеп.

Македонската Берза клапна, но се држи

Вечер Прес - 10.10.2008

Пазарот на капитал во земјава не падна на колена поради воведените ценовни ограничувања во тргувањето со акциите, но и поради тоа што компаниите кои котираат на берзата веќе неколку дена самите си ги откупувале акциите Најбурната берзанска недела е зад нас.

Доу Џонс на најниско ниво за пет години

Вечер Прес - 10.10.2008

Њујоршката берза, седми ден по ред, ја затвори трговијата со пад на водечките индекси, откако Доу Џонс опадна за 7,33 проценти, што е најниското ниво од јуни 2003 година па досега, јави МИА.

Загрепската берза пред затворање?

Нетпрес - 10.10.2008

Откако хрватскиот берзански индекс Кробек, паднал повеќе од 13 отсто, што е најголем пад на европските берзи, има сериозни основи за привремено затворање на загрепската берза, објавуваат хрватските медиуми.

Виенската берза привремено го стопира тргувањето со акции

Нетпрес - 10.10.2008

Виенската берза денеска како последица на глобалната финансиска криза била принудена да го прекине тргувањето со акции, бидејќи индексот АХТ паднал за десет отсто.

Американските берзи тонат седми ден по ред

Макфакс - 10.10.2008

Акциите на Вол Стрит во четвртокот паѓаа седми ден по ред, а индексот Дау Џонс за прв пат од 2003 година, се спушти под девет илјади бодови.

Европските берзи денешното тргување го започнаа со остри падови.

Макфакс - 10.10.2008

Европските берзи денешното тргување го започнаа со остри падови. Водечките европски берзите во Лондон, Париз и во Франкфурт тргувањето го отворија со пад на вредноста на индексите од речиси 10 насто, а инвеститорите нестрпливо го очекуваат состанокот на министрите за финансии и на гувернерите на ...

Црна недела за паметење на Македонска берза

Макфакс - 11.10.2008

Изминатата работна недела на Македонска берза ќе остане запаметена во многу негативен контекст поради падот на индексот МБИ 10 на најниско ниво од неговиот формирање. Најдраматично беше во вторникот и средата, кога МБИ 10 достигна до над 7 проценти во црвената зона.

Македонската берза стави падобран

Време - 09.10.2008

Врвот на македонската берза вчера презеде мерки за да се спречи вртоглавиот пад на вредноста на акциите. Од денеска секоја акција која ќе има пад од 5 проценти ќе биде забрането тргувањето со неа. Досега границата беше 10 проценти.

Акциите можат да паднат само до 5 %

Вест - 09.10.2008

Цените на акциите дневно може да пораснат или да паднат само по 5 проценти. Ваквата одлука на Одборот на директори на Македонската берза доаѓа по неколкудневниот драстичен пад на цените на хартиите од вредност.

Берзата тоне се' подолу и подолу

Утрински - 09.10.2008

Компаниите кои го сочинуваат МБИ 10 сметаат дека падот на нивните акции не влијае врз работењето Соња Маџовска Откако втор ден драстично паѓа берзанскиот индекс и цените на акциите, Македонската берза, како и што се очекуваше, излезе со мерки за ограничување на ценовните осцилации.

Берзата како во воена состојба

Дневник - 09.10.2008

За разлика од економиите, берзите во светот се тесно поврзани, бидејќи инвеститорите може да вложуваат во сите светски берзи Македонската берза одлучи да го ограничи дневното движење на цените на акциите за да го ублажи драстичниот континуиран пад на индексот.

Нови правила на тргување на Македонската берза

Алсат-М - 09.10.2008

Нови правила на тргување од денеска се воведени на Македонската берза кои се однесуваат на ценовни ограничувања на акциите. Според тоа, во континуираното тргување наместо досегашните 10 проценти, цената на акцијата нема да може да падне или да се искачи за повеќе од 5 проценти во текот на еден ден.

Јапонската берза во благо стабилизирање

Форум - 09.10.2008

По намалувањето на каматите на водечките Централни банки во Европа и САД, берзата во Токио денеска забележа благо одлепување од вчерашните рекордни 9,5% пад на индексот. Прогнозите се дека до денеска напладне, индексот ќе биде подобрен за два процента.

Берзата со директни мерки против потенцијален крах на пазарот

Н.Македонија - 09.10.2008

Одборот на директори на Македонската берза вчера реши да воведе мерки со кои би требало да се забави темпото со кое во изминативе денови паѓа вредноста на акциите. Со мерките се ограничува опсегот на дневните промени на цените на акциите.

Стабилизирање на светските берзи

Алсат-М - 09.10.2008

Речиси сите европски пазар за хартии од вредност денеска денот го почнаа со раст. Берзата на Париз почна со + 1,9 отсто, во Франкфурт со +0,81, Лондон со + 1,48, а берзата на Москва со високи 5,39 отсто.

Берзите закрепнуваат

Дневник - 09.10.2008

Полека почнува да се враќа довербата во финансиските пазари, откако истовремено централните банки на Велика Британија, САД, Канада, Швајцарија и на Шведска, како и Централната европска банка објавија дека ги намалуваат каматните стапки за 0,5 отсто.

СЕ НАМАЛУВААТ ДНЕВНИТЕ ЦЕНОВНИ ФЛУКТУАЦИИ НА БЕРЗАТА

Сител - 09.10.2008

СЕ НАМАЛУВААТ ДНЕВНИТЕ ЦЕНОВНИ ФЛУКТУАЦИИ НА БЕРЗАТА На Македонската берза од денеска се намалуваат дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од вредност на плус/минус пет проценти, од досегашните плус/минус 10 проценти, одлучи вчера Одборот на директори на ...

На Берзата од денеска се намалуваат дневните ценовни флуктуации

Канал5 - 09.10.2008

Скопје, 9 октомври (МИА) - На Македонската берза од денеска се намалуваат дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од вредност на плус/минус пет проценти, од досегашните плус/минус 10 проценти, одлучи вчера Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје.

Берзата закрепнува

Вечер Прес - 09.10.2008

Македонската берза за хартии од вредност вчера се стабилизираше по големиот пад на главниот берзански индекс МБИ -10 во изминатите два дена.

Нови правила на тргување на Македонската берза

Макфакс - 09.10.2008

Нови правила на тргување од денеска се воведени на Македонската берза. Новите правила, согласно вчерашната одлука на берзанските власти, се однесуваат на ценовни ограничувања на акциите.

Црна среда – берзите во паника

Макфакс - 09.10.2008

Црна среда се случи на пазарите на капитал ширум светот. Речиси сите берзи на Далечниот исток завршија во црвени бројки, катастрофата продолжи и низ Европа, каде две берзи - во Москва и во Букурешт, без целосно затворени. Светските, а пред се европските берзи ги зафати паника.

Помал пад на индексите

Макфакс - 10.10.2008

Во петокот пазарот на капитал заврши со промет од 39.397.773,79 денари од 301 трансакција. На Официјалниот Пазар прометот изнесуваше 36.658.931,79 денари, а на Редовниот Пазар прометот беше 2.738.842,00 денари. Индексите и понатаму паѓаат, ситуацијата слична како во четвртокот.

Скок се очекува на Њујоршката берза

Макфакс - 09.10.2008

Скок на вредноста на акциите и на индексите на Њујоршката берза очекуваат денеска аналитичарите. Оптимизмот по “црната среда“ го темелат на растежот на терминските индекси и на добрите деловни резултати на компанијата ИБМ, кои укажуваат дека финансиската криза не им наштети на сите компании.

Нови правила на Македонската берза

А1 - 08.10.2008

По дводневниот пад на македонскиот берзански индекс за повеќе од 7 проценти, берзанските власти решија да интервенираат со цел да се спречи евентуален крах на берзата. Кој би бил предизвикан од паничната реакција на овдешните инвеститори по падот на Волстрит.

МБИ 10 во слободен пад

Време - 08.10.2008

Кризата на македонската берза се продлабочува. Индексот на десетте најликвидни компании само вчера забележа пад од 7,84 проценти во однос на понеделникот, што е втор најголем пад од отворањето на берзата во 1996 година.

Паника на Берзата

Вест - 08.10.2008

Вчера Македонската берза доживеа втор најголем пад на вредноста на индексот МБИ 10 во последниве три години. Во еден ден вредноста на акциите на десетте компании кои влегуваат во индексот падна за 7,84 проценти.

Црн вторник на Берзата

Утрински - 08.10.2008

Вчера беше остварен најголем промет годинава од 370 милиони денари, но најголем дел беа државни обврзници Соња Маџовска Црн вторник се случи вчера на Македонската берза, со минусни рекорди на берзанскиот индекс МБИ 10.

Берзите и натаму во минус

Форум - 08.10.2008

Финансиската криза и натаму е причина за лош тренд на берзите и покрај подготвеноста на американската Централна банка, да и помогне на домашната економија преку намалување на каматите. Индексот на берзата во Њујорк падна за дополнителни 5%. Слична е ситуацијата и на Јапонската берза.

Продолжува падот на акциите на македонската берза

Алсат-М - 08.10.2008

Втор ден како паѓаат цените на акциите на компаниите кои котираат на македонската берза. По вчерашниот пад од 7,8 отсто на индекот МБИ – 10, во кој влегуваат акциите на десетте најсилни компании кои се на берзата, денеска индексот падна за дополнителни 7,6 отсто.

Паѓа берзата два дена по ред

Канал5 - 08.10.2008

Берзата во обид да го спречи вртоглавиот ценовен пад. Од утре акциите ќе се тргуваат со нови ограничувања. Дневно цената ќе може да се менува само за пет отсто во минус или во плус, наместо досега дозволените десет проценти.

БЕРЗАТА ГО ОГРАНИЧИ ПАДОТ И РАСТОТ НА АКЦИИТЕ

Сител - 08.10.2008

Стави нови ценовни ограничувања на акциите. Во континуираното тргување наместо досегашните 10%, цената на акцијата нема да може да падне или да се искачи за повеќе од 5% во денот. За првпат се воведува ценовно ограничување и во фискното тргување од најмногу 10% дневна промена на цената.

Директорите се мобилизираа за да ја спасат Берзата од крах

Вечер Прес - 08.10.2008

Директорите се мобилизираа за да ја спасат Берзата од крах Од Македонска берза вчера соопштија дека никако не можат да влијаат врз движењето на цените на акциите бидејќи нив ги формира понудата и побарувачката на пазарот Кризата која ги зафати глобалните финансиски пазари и светските берзи ...

Македонска берза е организатор на тргувањето со хартии со вредност, не влијае врз цените на акциите

Нетпрес - 08.10.2008

Македонска берза е организатор на тргувањето со хартии со вредност, не влијае врз цените на акциите На седницата на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје, одржана денеска, се разгледуваа актуелните случувања на македонскиот пазар на хартии од вредност и се донесоа соодветни одлуки во ...

Намалени ценовните флуктации на тргување со хартии од вредност

Нетпрес - 08.10.2008

Намалени ценовните флуктации на тргување со хартии од вредност Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата седницата одржана денеска оцени дека моментално дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од вредност на секундарниот пазар од плус минус 10 ...

Македонска берза не е имуна на светските настани

Макфакс - 08.10.2008

Случувањата на светските берзи, кои се последица од кризата која ги зафати глобалните финансиски пазари, очигледно влијаат на цените на акциите и индексите на Македонската берза.

Остар пад на американските берзански индекси

А1 - 07.10.2008

Њујоршката берза преживеа уште еден драматичен ден, откако индексот „Dow Jones“ најнапред падна за рекордни 800 поени, а на затворањето на Волт стрит заврши со минус од 370 поени.

Индексот на Македонската берза најнизок годинава

Утрински - 07.10.2008

Македонската берза вчера доживеа најниска вредност на индексот МБИ 10 годинава. Тој вчера изнесуваше 4.255 индексни поени и отиде во минус за 1,9 проценти, со што се позиционира под лимитот за кој не се ни претпоставуваше дека може да го достигне, односно да се намали под 4.300 поени.

ДОСЕГА НЕВИДЕН ПАД НА АКЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА

Телма - 07.10.2008

ДОСЕГА НЕВИДЕН ПАД НА АКЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА Огромен пад на цените на хартиите од вредност , невиден од постоењето на Македонската Берза, проследен со голем пад на индексите го одбележа денешното тргување.

Берзите и натаму со проблеми во работењето

Форум - 07.10.2008

Падот во работењето на меѓународните финансиски пазари продолжува. На берзите во Азија утринава повторно е забележан минус во тргувањето. Јапонскиот индекс, Никеи, падна на најниското ниво за последните пет години.

Нов пад на американските берзански индекси

Алсат-М - 07.10.2008

Њујоршката берза преживеа уште еден драматичен ден, откако индексот „Dow Jones“ најнапред падна за рекордни 800 поени, а на затворањето на Волт стрит заврши со минус од 370 поени.

Продолжуваат падовите на светските берзи

Алсат-М - 07.10.2008

Падови денеска забележаа речиси сите поголеми берзи, а во исто време државите внесуваат дополнителни пари во финансиските пазари за да ги стабилизираат.

Голем пад на македонската берза

Алсат-М - 07.10.2008

Цените на хартиите од вредност денеска паднаа за досега невидени 7,84 проценти, незабележано откако постои Македонската Берза. Паднаа сите акции. Индексот на јавно поседуваните друштва падна за 2,80 проценти, а на обврзниците изгуби 0,06 проценти од својата вредност.

Историски пад на Македонската берза

Дневник - 07.10.2008

Македонската берза вчера доживеа рекорден пад на акциите како резултат на паничната реакција и психолошкиот страв на инвеститорите од глобалната финансиска криза во САД и во Европа.

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ВОДЕЧКИТЕ ИНДЕКСИ НА ВОЛСТРИТ

Сител - 07.10.2008

Зголемените стравувања од продлабочување на глобалната економска криза синоќа пред затворањето на Њујоршката берза резултираа со драстилен пад на водечките берзански индекси.

Огромен пад на цените на акциите на македонската берза

Канал5 - 07.10.2008

Огромен пад на цените на акциите денеска најголем во историјата на македонската берза. Индексот падна за неверојатни 7,8 отсто.   Дневната берзанска анализа е поразителна. Немаше акција што ја зголеми својата вредност, изгубија сите.

'Ршум и на Македонската берза

Вечер Прес - 07.10.2008

Ршум и на Македонската берза Голем пад на цените на акциите и на индексите, невиден од постоењето на Македонската Берза, го одбележа вчерашното тргување.

Индексот на берзата во Прага со најголем дневен пад

Нетпрес - 07.10.2008

Индексот на берзата во Прага со најголем дневен пад Индексот на берзата во Прага во текот на вчерашниот ден загуби скоро девет насто од вредноста, што е најголем дневен пад од формирањето на берзата во 1993 година.

Остар пад на американските берзански индекси

Макфакс - 07.10.2008

Њујоршката берза преживеа уште еден драматичен ден, откако индексот „Dow Jones“ најнапред падна за рекордни 800 поени, а на затворањето на Волт стрит заврши со минус од 370 поени.

Драматичен пад на берзата, најбарани државни обврзници

Макфакс - 07.10.2008

Огромен пад на цените на хартиите од вредност , невиден од постоењето на Македонската Берза, проследен со голем пад на индексите го одбележа денешното тргување.

Светските акции во опаѓање

BBC - 06.10.2008

Акциите нагло опаднаа на американските берзи во првиот работен ден откако Конгресот го одобри пакетот мерки на администрацијата на претседателот Буш.

Македонска берза се' поблиску до продажба

Утрински - 06.10.2008

Светската финансиска криза неопходно води кон интеграција на пазарот на капитал Соња Маџовска Веќе нема дилема дали да се промени сопственоста на Македонската берза, туку како и кога ќе се реализира тоа.

Берзите во Азија под голем притисок

Форум - 06.10.2008

Сомнежите околу успешноста на американскиот план за санација на финансиските пазари и загриженисто од ситуацијата со европските банки, предизвикаа пад на азиските берзи. Индексот на берзата во Токио на половина од работниот ден беше 3,6% во минус.

Економска хистерија

Н.Македонија - 06.10.2008

Економската ситуација во државата или ако сакате бизнис-климата многу често немаат никаква врска со работењето на берзата. Всушност, неретко се однесуваат како два одвоени света. Само за момент присетете се на минатогодишниот рапиден пораст на цените на берзата кај нас.

Вртоглав пад на берзанскиот индекс на водечките европски берзи

Канал5 - 06.10.2008

Потоп на европските берзи. За повеќе од 4 проценти утрото паднаа индексите на водечките берзи. Вртоглав пад за 4,2 % забележа берзанскиот индекс Еурофирст 300, најголем пад има кај Лондонскиот за 4,7 %. За повеќе од 4 отсто се намали и индексот на парискиот и франкфуртскиот пазар на капитал.

Нов финансиски удар врз светските берзи

Нетпрес - 06.10.2008

Вредноста на јапонскиот берзански индекс Никкеи утринава, веднаш по отворањето на берзата, паднал за 4,25 отсто, јави руската новинска агенција “РИА Новости“. Во веста се вели дека тоа е неговот најниско ниво во изминативе 4 години.

Берзанската недела започна со негативен тренд

Макфакс - 06.10.2008

Новата работна недела на домашниот Пазар на капитал повторно започна со пад на цените на хартиите од вредност како и на берзанскиот индекс, кој во понеделникот изгуби 1,90 проценти од својата вредност односно падна на 4.255 вредносни поени.

Прекинато тргувањето на Руската берза

Макфакс - 06.10.2008

Тргувањето на водечката руска берза Мицекс денеска е прекинато, откако вредноста на акциите падна за над 15 насто, поттикната од поевтинувањето на нафтата и стравувањата од кочење на светската економија.